Турција и Русија во битка за Македонија

Член од
4 ноември 2010
Мислења
305
Поени од реакции
50
Za koja rusija pravite muabet be luge, imam sretnato rusi so koj imam razgovarano nemaat pojma koja e Makedonija nitu znaat kade se naoga, a ovde pak gledam kako bugarive se zagrizile za nas kako turcive ke ne islamizirale, a tie samite imaat gospod znae kolku turski investicii, imam prijatel bugarin i mi kazuvase kako toa turcite vleguvale vo site biznisi vo bugarija kasina, hoteli i slicno da ne redam i kako toa na nego mu smetalo, pa ako e taka sto ne gi izbrkaa da kazea ne sakame turski investicii, a sega nas ni solat pamet, mene licno ne mi smataat nitu turski nitu ruski investicii, koj sto e rasplozen neka dojde neka investira, bitno e narodot da zema solidna plata i redovna, sto ako mi e gazda makedonec a ne ti dva plata, imam rodnina koj sto rabotese vo edna ohridska firma i zemase plata okolo 25000 denari, sega e vraboten vo Skopje vo J Meti i zema okolu 45000 i sega sto da kaze da ti ebam amerikancite ne rabotam za niv, daj ne lupajte prazni muabeti.
Во право си. Парите не мирисат. Това кои ти е газдата не е битно. Битно е колко пари дават. Вистина е и дека странците, и наи веке балканците идат
да печелат колко може повеке и да ебават држава. Ако не е така ке си стоиар дома.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
...а сложни Турци големи фирми си градат


Забележително е дека бизнисмените во оваа земја честопати успеваат да просперираат со тоа што го здружуваат личниот капитал со бизнис-партнери, со намера заеднички да достигнат поголеми резултати



Седиштето на телевизијата СТВ
Огромниот број тезги на пазарите и на улиците, илјадници дуќани, стотици трговски центри, како и милиони луѓе што купуваат во Истанбул, можеби најдобро ја отсликуваат Турција, чии власти тврдат дека нивната земја во 2010 година остварила економски пораст од неверојатни 8,9 отсто. Три дена престој во градот на Босфорот се повеќе од доволни да се уверите дека во оваа земја навистина добро се живее и бројките не се случајност. Колегите новинари во телевизијата СТВ кажуваат дека плата од 1.500 евра заработува редовен известувач од турскиот парламент, додека репортерот што заминал во Либија да известува за безредијата месецов ќе земе многу повеќе пари. Наставник во основно училиште, со тригодишен стаж, има 900 евра плата, што веќе од наредната година треба да се зголеми во согласност со прописите. На прашањето во што е тајната на успехот, Турците кажуваат повеќе фактори.

Забележително е дека бизнисмените во оваа земја честопати успеваат да просперираат со тоа што го здружуваат личниот капитал со бизнис-партнери, со намера заеднички да достигнат поголеми резултати.
Турците вешто успеваат со децении да одржат здрав и нераскинлив партнерски однос со своите ортаци.
Голем е бројот на луѓе што со своите бизнис-партнери основаат фирма, а со текот на времето ја зајакнуваат заемната доверба и соработка, што резултира со гигантски развој. Приказна од типот „сложни браќа куќа градат“ се покажува и во примерот со приватната телевизија СТВ. Телевизијата во 1993 година ја основале дури 12 ортаци. Цели 18 години подоцна, дванаесеттемина сé уште се заедно, сега веќе како сопственици на огромна корпорација, „Саманјолу групација“, во чии рамки егзистираат разни продукции, новинска агенција, како и ТВ-станици во Азербејџан и во Америка. Слично е искуството и на Садик Садикоглу, роден во Тетово, кој 50 години живее во Истанбул. Тој е сопственик на „Космо хоум“, синџир на дуќани за козметика и парфимерии, а партнер во повеќе други бизниси. Со уште тројца луѓе заедно се сопственици на четирите приватни средни училишта „Јахја Кемал“ во Македонија. Партнерството е почнато во 1996 година со отворање на првото училиште и сé уште се одржува. И овие четворица бизнисмени грабаат напред - се гради и наскоро треба да профункционира петтото училиште во тетовското село Боговиње. Бизнисменот Садикоглу вели дека размислува на други партнери да им предложи отворање приватна болница во Македонија.

- Луѓето мора да се почитуваат, да градат доверба, за да можат да постигнат нешто повеќе. Сами како единки можеме да направиме многу, но уште повеќе се достигнува во животот доколку работиме заеднички со други луѓе. Потоа и Господ помага - објаснува Садикоглу.



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41511841222&id=9&setIzdanie=22258
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Nisto loso vo investiciite. Kako zemja koja sme vo momentov, zavisna odnosno ocajna za novi rabotni mesta i podobra ekonomija, sigurno deka ni se dobredojdeni site investicii od nadvor. Kakov efekt ke imaat istite ponatamu zavisi od zakonite i nivnoto sproveduvanje vo Makedonija. Kolku nasite vladi ke bidat pametni koga dozvoluvaat ili potocno molat nekoj da gradi na nasata pocva!? Promenija nekoi od zakonite i danocite kako olesnuvanje za investitorite, za zal nema nikakvi beneficii ili zakoni koi ke gi zastitat rabotnicite, a kako sto site znaeme zaradi profit sekoj investitor kako najvazen faktor gi gleda, eftinata rabotna raka i moznostite za manipulacija so istata. Vprocem ova veke i se slucuva kaj nekoi od veke vlezenite investitori vo Makedonija. Dali po sekoja cena se dozvoluva nekoj da investira i vprocem i ostvaruva profit vo Makedonija, a istovremeno ne se vodi nikakva griza za "eftinata rabotna raka" koja se nudi? Zosto vsusnost nastapuvame so takvi aduti??? "Povelete eftina rabotna sila, prost narod koj ke vi bide dozvoleno da go dupite kade ke ftasate" !!!
 
F

FilipMacedon

Гостин
Како велат,додека двајца се караат,третиот користи...наше е во ваква можност да искористиме највеќе што можеме...:)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.317
Поени од реакции
8.312
Како велат,додека двајца се караат,третиот користи...наше е во ваква можност да искористиме највеќе што можеме...:)
Toчно така но биди сигурен дека ние не сме тие туку ќе бидат американците и никој друг ! ! !
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Македонија и странски инвестиции? Ма ајде бре, без НАТО не верувам дека некоја земја ќе инвестира во Македонија..
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Македонија и странски инвестиции? Ма ајде бре, без НАТО не верувам дека некоја земја ќе инвестира во Македонија..
Море Гркоман, пак си ти овде??,Мрш таму во Грција...:tapp:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
тоа не е гркоман, тоа е грчко копиљче бе..
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
bogami masala ima i za sto bitka da vodat Makedonija golem....pazar e
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Македонско - Турски бизнис форум



22.06.2011 16:57



Македонија и Турција, треба да ја зголемат трговската размена, бидејќи сегашниот обем од околу 300 милиони долари годишно е на незадоволително ниво, констатираа бизнисмените учесници на македонско - турскиот бизнис форум, што денеска се одржа во Скопје.
Немирите во медитеранските земји како Либија и Египет, ги натераа турските компании се повеќе да ги напуштаат овие региони како нивни клучни инвестициски центри и својот капитал да го префрлаат на балканот, што според стопанствениците е добра можност и за Македонија.
„Сметам дека е битно, странските бизнисмени кои што ја посетуваат Македонија да не ја гледаат само како мал пазар на 2,2 милиони население, туку да гледаат од регионален аспект, со тоа што може да се смета како 10 милионски пазар“, вели Хасан Хошбен, потпретседател на македонско - турски деловен совет.
„Има два битни моменти во поглед на привлекување на инвестициите, а тоа се предностите кои што ги нуди Македонија, како прво и од друга страна турските инвестиции да ја земат Македонија во предвид за натамошните инвестиции“, изјави Хасан Шерт, претседател на турско бизнис здружение ТУМСАИД.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=139620
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
„Фибула Ер Травел“ ќе гради луксузен хотелски комплекс во Охрид

01.09.2011 - 13:58 |

Турската Фибула Аир Травел ќе гради во Охрид

Планирано е на површина од 38 .227 метри квадратни да биде изграден хотелскиот комплекс по светски терк.
На местото кај Трудбеник во близина на каналот Студенчишта ќе никне хотелски комплекс со 5 * кој ќе биде спремен да прифати елитни туристи со сите нивни потреби и барања.
Ова е трет обид во последниве 30 години на истата локација да се гради хотел.
Како што велат од Фибула сеуште траат преговорите со неколку светски брендови за потребите на хотелот кој треба да биде изграден во Охрид
- Изборот на хотелскиот бренд ќе зависи од најдобрата понуда, односно кој од понудувачите ќе одговори на нашите барања, но и специфичните услови на македонската туристичка понуда и потребите од туристите кои доаѓаат тука, појасни Меѓедовиќ.
Со оваа турска инвестиција во Охрид се отвара еден нов импулс за придвижување на стопанството и економијата со отварање на нови работни места за кадарот кој излегува од факултетот за туризам и угостителство вели Танески .
- Позитивните аспекти од изградбата на таков луксузен сместувачки комплекс произлегуваат и од тоа што за изградба на објектот би била ангажирана локалната занатско-градежна оператива, вработување на локален угостителски и гастрономски кадар односно повеќе од 1.500 нови работни места, вели Танески.
Станува збор за инвестиција вредна помеѓу 50-60 милиони евра како и отварање на минимум 500 работни места .

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/„fibula-er-travel“-ke-gradi-luksuzen-hotelski-kompleks-vo-ohrid
 

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Со мало закаснување.

Руската фармацевтска групација „Протек“ гради фабрика во Бунарџик

Со поставување камен-темелник денеска во слободната економска зона Бунарџик почна да се гради нова фабрика на компанијата „Продис“ дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек Груп“, во која ќе се произведуваат природни и здрави производи.

Станува збор за инвестиција во вредност од пет милиони евра која ќе се одвива во две фази при што ќе обезбеди вкупно 300 нови вработувања, најави сопственикот на „Протек Груп“ Вадим Сергејевич Јакунин на поставувањето камен-темелник во присуство на премиерот Никола Груевски, вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претставници на други институции.

Поздрав Поларис! :icon_lol:
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Со мало закаснување.

Руската фармацевтска групација „Протек“ гради фабрика во Бунарџик

Со поставување камен-темелник денеска во слободната економска зона Бунарџик почна да се гради нова фабрика на компанијата „Продис“ дел од рускиот фармацевтски холдинг „Протек Груп“, во која ќе се произведуваат природни и здрави производи.

Станува збор за инвестиција во вредност од пет милиони евра која ќе се одвива во две фази при што ќе обезбеди вкупно 300 нови вработувања, најави сопственикот на „Протек Груп“ Вадим Сергејевич Јакунин на поставувањето камен-темелник во присуство на премиерот Никола Груевски, вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претставници на други институции.

Поздрав Поларис! :icon_lol:
So malo zakasnuvanje i od mene

Таип Ердоган прв ќе стапне на новата платформа на аеродромот "Александар Велики"

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прв ќе стапне на новата платформа на аеродромот "Александар Велики" кога на 6 септември ќе се случи официјалното пуштење во употреба на терминалната зграда и полетно-слетната патека, дознава ВЕЧЕР. Претседателот Ердоган ќе долета со редовната линија на Туркиш ерлајнс од Истанбул во 12.55 часот.
За отворањето се организира голема фешта со присуство на врвни луѓе од земјава и Турција. Шеесет и осумте двокатни автобуси (даблдекери) што истиот ден пред хотелот "Александар Палас" во Скопје ќе ги промовира ЈСП "Скопје", ќе ги пренесат учесниците на скопскиот аеродром на пуштањето во употреба на новата терминална зграда.

http://daily.mk/cluster/125569b299ca65591533de8083c7e823

Pozdrav ACHQ.... :icon_lol:
 

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
So malo zakasnuvanje i od mene

Таип Ердоган прв ќе стапне на новата платформа на аеродромот "Александар Велики"

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прв ќе стапне на новата платформа на аеродромот "Александар Велики" кога на 6 септември ќе се случи официјалното пуштење во употреба на терминалната зграда и полетно-слетната патека, дознава ВЕЧЕР. Претседателот Ердоган ќе долета со редовната линија на Туркиш ерлајнс од Истанбул во 12.55 часот.
За отворањето се организира голема фешта со присуство на врвни луѓе од земјава и Турција. Шеесет и осумте двокатни автобуси (даблдекери) што истиот ден пред хотелот "Александар Палас" во Скопје ќе ги промовира ЈСП "Скопје", ќе ги пренесат учесниците на скопскиот аеродром на пуштањето во употреба на новата терминална зграда.

http://daily.mk/cluster/125569b299ca65591533de8083c7e823

Pozdrav ACHQ.... :icon_lol:
Значи која привилегија, секоја чест, Путин таа платформа може само да ја сонува!:cuc:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Турски пари за македонско лобирање за уставното име во Америка:)

Здружението на Турците кои живеат во Соединетите Држави во следните три години ќе донира 150 илјади долари за емигрантската организација на Македонија во САД, пишува во вчерашното издание Катимерини

Турците кои живеат во Соединетите Држави финансиски ќе им помагаат на Македонците во процесот на лобирање за уставното име. Здружението на Турците во Америка во следните три години ќе донира 150 илјади долари за емигрантската организација на Македонија, пишува грчкиот весник Катимерини во вчерашното издание. За ова се договориле две организации, Турска коалиција за Америка и Обединета македонска дијаспора. Договорот за донацијата според весникот бил постигнат во Вашингтон. Според текстот, таквиот договор јасно ја откривал намерата на Турција да ги поддржува, како што наведува, "иредентистичките провокации на Скопје против Грција". Основна цел на Обединетата македонска дијаспора во САД, пишува во натписот во Катимерини, била антигрчката пропаганда.
Весникот коментира дека оваа соработка и зближување меѓу Турција и Македонија доаѓа откако меѓународниот посредник Метју Нимиц го претстави во Њујорк минатата недела новиот пакет идеи за решавање на спорот меѓу Атина и Скопје во врска со уставното име на Македонија. Поддршката за земјава од турското лоби во Соединетите Држави воопшто не е случајна, се наведува во текстот во Катимерини.
Тоа се случува откако македонскиот премиер Никола Груевски отвори повеќе прашања меѓу кои прашањето за имотите на македонските бегалци од Грција, а Турција им овозможи на македонските граѓани пристап до нејзините архиви за да можат да ги пронајдат документите и нотарските акти, кои би можеле да им помогнат при добивање на нивните барања. Голем број Македонци со потекло од егејскиот дел на Македонија кои имаат имот, а не им се враќа, ја тужат Грција и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. За тн. "егејско прашање" се заинтересирал и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун на минатонеделната средба со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Неговиот интерес се толкува како пораз на Грција која досега успеваше оваа тема да ја отстрани од агендата на Обединетите нации, бранејќи ја својата позиција со резолуции на Советот за безбедност донесени по Втората светска војна.
Во контекст на прашањето за името дипломати во Атина сметаат дека до крајот на месецов врз грчката страна ќе биде извршен силен притисок за постигнување договор со Скопје. Тие стравуваат дека доколку не биде постигнат напредок во решавањето на спорот со името во скоро време, би можело да се очекува Вашингтон да преземе активности за надминување на постоечкиот безизлез, пишува Катимерини.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B974160F412A16449518746C033EFC36
 

Kajgana Shop

На врв Bottom