Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.498
Ставен е потпис за старт на проектот што на аеродромите во Скопје и Охрид треба да им донесе европски изглед. Двете авиопристаништа во земјава, кои повеќе наликуваат на несредена автобуска станица во неразвиениот свет и го даваат првиот впечаток за Македонија, за две години треба да станат модерни регионални аеродроми кои ќе го поврзуваат Балканот со останатиот дел на светот.
Бизнисот го презема турската компанија ТАВ која има богато искуство во оваа дејност. Оперира со три аеродроми во Турција, три во Тунис, два во Грузија.
На многумина македонски граѓани можеби им е познат аеродромот во Истанбул. Ако скопскиот барем малку наликува на него по реконструкцијата, „Александар Велики“ ќе си го заслужи името.
„Ние веруваме во иднината на Македонија и и ветуваме на Владата и на народот на Македонија дека ќе изградиме врвен аеродром во Скопје со кој сите ќе се гордеат“, рече Мустафа Сани Шенер, претседател на УО на ТАВ.
Освен реконструкција на охридскиот и скопскиот, турските инвеститори се обврзани да изградат и карго аеродром во Штип. Инвестицијата се проценува на околу 200 милиони евра.
За возврат Турците ги преземаат аеродромите под концесија на 20 години.
„Сите вработени до еден ќе бидат преземени од новото претпријатие што е формирано и што е потписник на концесијата“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Роковите за реализација на проектот во Македонија се куси. За помалку од две години, „Александар Велики“ во Скопје треба да добие нов терминал, нова писта и нова административна зграда.