Турски „ТАВ“ ги зеде аеродромите под свое

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ставен е потпис за старт на проектот што на аеродромите во Скопје и Охрид треба да им донесе европски изглед. Двете авиопристаништа во земјава, кои повеќе наликуваат на несредена автобуска станица во неразвиениот свет и го даваат првиот впечаток за Македонија, за две години треба да станат модерни регионални аеродроми кои ќе го поврзуваат Балканот со останатиот дел на светот.
Бизнисот го презема турската компанија ТАВ која има богато искуство во оваа дејност. Оперира со три аеродроми во Турција, три во Тунис, два во Грузија.
На многумина македонски граѓани можеби им е познат аеродромот во Истанбул. Ако скопскиот барем малку наликува на него по реконструкцијата, „Александар Велики“ ќе си го заслужи името.
„Ние веруваме во иднината на Македонија и и ветуваме на Владата и на народот на Македонија дека ќе изградиме врвен аеродром во Скопје со кој сите ќе се гордеат“, рече Мустафа Сани Шенер, претседател на УО на ТАВ.
Освен реконструкција на охридскиот и скопскиот, турските инвеститори се обврзани да изградат и карго аеродром во Штип. Инвестицијата се проценува на околу 200 милиони евра.
За возврат Турците ги преземаат аеродромите под концесија на 20 години.

„Сите вработени до еден ќе бидат преземени од новото претпријатие што е формирано и што е потписник на концесијата“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Роковите за реализација на проектот во Македонија се куси. За помалку од две години, „Александар Велики“ во Скопје треба да добие нов терминал, нова писта и нова административна зграда.

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Аиде аирлија работа нека е.
Да се средат еднаш засекогаш аеродромите, па да бидат далеку, далеку почеста станица на ластовиците. :)
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе ај дека не сум се уклучил на вести и не следам па некој ако знае. Дали со ова разубавување на стадиониве ќе ги сголемат за да примаме и поголеми авиони како боинг 747 и ербас новиве да видам и таков во мк. Ај кој знае нека пише. Глеам на сликине од братот има и такви ама дали и пистата тоа значи дека ќе ја зголемуваат, ќе прават уште една две или? Ај ако има на нет некакви детални планови за тоа нека пише некој да видам што како.
 
Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53

За Боинг 747 можно е да има, но за ербас, мислам дека не. Инаку ќе ги продолжат пистите, барем така слушнав. Ајде да се надеваме дека се ќе биде како што треба, конечно и нашиов аеродром да заличи на аеродром бе, а не на една пуста селска штала.
 
Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Топ е аеродромов.
Ко за нас е измислен.
Ајде едвај чекам да го изградат.
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Абе многу убави аеродроми прават ама што правиме со тоа што во Грузија а заврне дожд аеродромот прокиснува.:toe:
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
ako uspeat da go napravat nasiov ace veliki kako na slikive top ke bide rabotata.
ke imame aerodrom kakov sto i dolikuva na edna metropola
 
DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.911
Поени од реакции
165
да се надеваме дека добро ќе работат овие турциве
и ќе биде нешто од македонскиве аеродроми
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Абе ај дека не сум се уклучил на вести и не следам па некој ако знае. Дали со ова разубавување на стадиониве ќе ги сголемат за да примаме и поголеми авиони како боинг 747 и ербас новиве да видам и таков во мк. Ај кој знае нека пише. Глеам на сликине од братот има и такви ама дали и пистата тоа значи дека ќе ја зголемуваат, ќе прават уште една две или? Ај ако има на нет некакви детални планови за тоа нека пише некој да видам што како.

Па боинг има слетано кај нас и на оваа писта што ја имаме, ако не ти се верува, тркни до Аеродром, погледни малце, веќе 2 недели седи паркиран џамбото на крај на платформа. Не е до пистата проблемот колку што е фрката што Џамбото лета на долги релации, а од Скопје такви релации немаме. Кога би имале Скопје - Њу Јорк директен лет, тогаш и џамбо би полетувал почесто. Сега засега једини џамбо што слетал кај нас бил карго воен, и еве сега новиов што спие на писта веќе 2 недели, комерцијален карго.
 
Airbus

Fighter Pilot
Член од
12 јануари 2008
Мислења
299
Поени од реакции
230

Ако е целосно натоварен нема да може да полета ...кратка е пистата на LWSK.Затоа во договорот што го потпишаа со Турците ,стои и продолжување на пистата.За слетување не е проблем.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
abe ako zboruvame za toa koj ima sletano na nasiov aerodrom togas za vreme na vojnata 2001 na nasiov aerodrom ima sletano i Antonov
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Па боинг има слетано кај нас и на оваа писта што ја имаме, ако не ти се верува, тркни до Аеродром, погледни малце, веќе 2 недели седи паркиран џамбото на крај на платформа. Не е до пистата проблемот колку што е фрката што Џамбото лета на долги релации, а од Скопје такви релации немаме. Кога би имале Скопје - Њу Јорк директен лет, тогаш и џамбо би полетувал почесто. Сега засега једини џамбо што слетал кај нас бил карго воен, и еве сега новиов што спие на писта веќе 2 недели, комерцијален карго.
Да бе и јас се зачудив. Бев за рамазан вторник ли беше брат ми да го земам и видов еден 747 ама карго беше. Вака на изглед не изгледа нешто голем како што го праат на телевизија. Ама сепак као што знам од луѓе што работат на аеродром ми кажале дека на нашиот можело и ербас да слета. Ама работата било секое слетивање си имало свој проблем. Некогаш се принудни ова она и во такви случаи би била прекратка пистата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom