Европската Заедница, следејќи го процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ, како и процесот на дисолуција на поранешниот СССР формира Конференција за Југославија во чии рамки формира и Арбитражна комисија во состав претседателите на уставните судови на пет земји членки на Европската Заедница. Советот на Европската Заедница
на 17 декември 1991 година утврди Насоки за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот Сојуз и Декларација за Југославија. Во согласност со овие акти, Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија усвои Извештај во којшто
утврди дека Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот Сојуз и од Декларацијата за Југославија, и дека “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“, како и дека
единствено Македонија и Словенија од републиките во поранешна СФРЈ
заслужуваат признавање како самостојни и суверени држави.
-------------------------------------------
После оваа декларација Словенија беше примена во ООН на
22 мај 1992 година , значи ..примена.
А што се случи со Македонија во меѓувреме..???
------------------------------
Истовремено, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на
29 јули 1992 година донесе Одлука за стапување на Република Македонија во членство на Организацијата на Обединетите Нации (“Службен весник на РМ“ број 46/1992).
За жал, барањето до Обединетите Нации за прием на Република Македонија како самостојна и суверена држава во нејзино членство,
претседателот на Републиката го достави дури на 7 јануари 1993 година, откако на прес конференција на портпаролот на генералниот секретар на ОН во Њујорк на
3 јануари 1993 година беше објавено дека Република Македонија “се уште нема поднеснено барање за членство во Обединетите Нации“.
Ова е само исправка за нашиот високо ценет и благонадежен г-дин Реален-07.
Значи... не ме сфаќај погрешно, но твое толкување не е ни потребно, бидејќи се' е кристално ЈАСНО каква била улогата на
Киро Глигоров во нашата историја.
А ти повторно обвини ме за “партиска“ пропаганда и перење мозок.
ЗА сите историски грешки по правило нема поправен.