Тупурко: БЦ и Киро се виновни за референцата ФИРОМ

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.564
Поени од реакции
286
Биди сигурен.Моите напади кон Бранко и СДСМ не се должат на мојата определеност(неопределеност)
Nishto ne sum osporil,kje dojde momentot koga Grujo i Gjole kosmodisk kje svitkaat kichma,togash kje bidi interesno da se prochita stavot na simpatizerite na dpmne kako i tvojot,a za toa kolku imash stav i chij stav imash kje vidime po 2nedeli.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
По твоја логика, Гвујо требаше пред самитот во Букурешт да поднесе апликација за членство во НАТО под уставното име, за да си неаме проблеми со грција :toe:

Ама не е така.
Факт е дека Македонија навреме ја поднесе својата апликација за членство во ООН. Факт е дека таа иста апликација преку средствата кои грција низ сите можни институции ги имаше на располагање е оспорена (саботирана) од страна на грците, бидејќи во барањето за членство стоеше нашето уставно име. Уште понеоспорлив факт е дека грција тогаш (како и сега) ги имаше сите легални и нелегални механизми за да услови нашето зачленување во ООН со наметнување на проблемот со името.
Fakt e deka lazesh, sabotirana e od Gligorov i Crvenkovski:

Европската Заедница, следејќи го процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ, како и процесот на дисолуција на поранешниот СССР формира Конференција за Југославија во чии рамки формира и Арбитражна комисија во состав претседателите на уставните судови на пет земји членки на Европската Заедница. Советот на Европската Заедница на 17 декември 1991 година утврди Насоки за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот Сојуз и Декларација за Југославија. Во согласност со овие акти, Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија усвои Извештај во којшто утврди дека Република Македонија ги исполнува условите од Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот Сојуз и од Декларацијата за Југославија, и дека “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“, како и дека единствено Македонија и Словенија од републиките во поранешна СФРЈ заслужуваат признавање како самостојни и суверени држави.

-------------------------------------------

После оваа декларација Словенија беше примена во ООН на 22 мај 1992 година , значи ..примена.

А што се случи со Македонија во меѓувреме..???

------------------------------

Истовремено, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 29 јули 1992 година донесе Одлука за стапување на Република Македонија во членство на Организацијата на Обединетите Нации (“Службен весник на РМ“ број 46/1992). За жал, барањето до Обединетите Нации за прием на Република Македонија како самостојна и суверена држава во нејзино членство, претседателот на Републиката го достави дури на 7 јануари 1993 година, откако на прес конференција на портпаролот на генералниот секретар на ОН во Њујорк на 3 јануари 1993 година беше објавено дека Република Македонија “се уште нема поднеснено барање за членство во Обединетите Нации“.

Ова е само исправка за нашиот високо ценет и благонадежен г-дин Реален-07.

Значи... не ме сфаќај погрешно, но твое толкување не е ни потребно, бидејќи се' е кристално ЈАСНО каква била улогата на Киро Глигоров во нашата историја.

А ти повторно обвини ме за “партиска“ пропаганда и перење мозок.

ЗА сите историски грешки по правило нема поправен. :toe:

Тука да напоменам дека секоја бивша Ју република во нејзиниот пат кон осамостојувањето и зачленувањето во ООН, имаше директна подршка и логистика од некоја европска сила или велесила како Германија, Австрија.....итн.
Македонија....немаше сојузник кој ќе ја протурка низ овие лавиринти.

И уште пожално е што ова теза ја туркаат, токму оние кои овде имат напишано дека грција околу Македонското прашање се мобилизира кон крајот на седумдесетите, и почетокот на осумдесеттите....
Makedonija nemashe sojuznik vo EU zatoa shto Gligorov i Crvenkovski se borea da ja sochuvaat Jugoslavija. Ako pokazeshe zelba za samostojnost ke najdeshe i sojuznik.

Intervjuto na Tupurkovsk:

"Realen" se nadevam deka si go pochituvash sopstvenoto moto-potpis.

Но, да се вратиме на нашите маки. Според вас клучни стратешки грешки се направени меѓу 1992-до 1994 година. Зошто Македонија веднаш не аплицираше во ООН? Имаше ли Глигоров стратегија?

ТУПУРКОВСКИ: Со Глиговор разговаравме и градевме стратегија. Со кого тој понатаму ја пласираше како председател на РМ беше негов избор. Во таа стратегија ние прво во март 1992 г. Издејствуваме писмо од председателот сениор Буш дека ќе ја признае РМ. Претходно, од 15-ти јануари, веќе го имавме позитивниот став на ЕУ преку Бандентеровата комисија која се однесуваше само на Словенија и на РМ . Значи тоа можевме да го ставиме во игра околу нашиот прием во ООН. Дури во јули 1992 г. На самиотот во Лисабон, ЕУ формулираше став како израз на единствена надворешна политика во полза на позициите на Грција.

ФОКУС: Зошто тој период, од јануари до јули 1992 г. Не се искористи за нашиот прием во ОН?

ТУПУРКОВСКИ: Напротив, во мај 1992 г. Обезбедивме работна средба со генералниот секретар на ООН. Таа беше така подготвувана што ќе го дадеше процедуралниот патоказ за влез на РМ под нејзинотот уставно име во ООН.

ФОКУС: Кој е одговорен за овој катастрофален кикс?

ТУПУРКОВСКИ: Никој друг освен Киро Глигоров кој не го покрена прашањето за нашиот прием во ООН на така организираниот состанок на 18- ти мај 1992 г. Никој друг! Јас бев на тој состанок, јас го организирав, а освен мене и Глигоров беше присутен и министерот Малевски и шефот на кабинетот на председателот Глигоров. Никој ништо не спомена бидејќи не можеме ние да зборуваме во присуство на шефот на државата. Според тоа, председателот Глигоров одбра да не го покрене прашањето. Јас можев само да паднам во несвест. Ќе беше апсурдно во негово присуство јас да покренам прашање што е сосема спротивно или поинакво од тоа што владата го третира во тој момент.

ФОКУС: Дали потоа го прашавте: зошто?

ТУПУРКОВСКИ: Не го прашав, туку поднесов оставка истиот ден, на 18-ти мај, на позицијата претставник на претседателот во САД. Мојот став беше јасен, беше политички, но никогаш не се дозволи да се расправа за тоа во Собранието или во РМ .

ФОКУС: Зошто тогаш не ги изнесовте овие детали во јавноста?

ТУПУРКОВСКИ: Не ги изнесов од две причини. На 19-ти бев на средби кај министрите: Мок од Австрија и Јасенски од Унгарија. Само на 20-ти мај бев во Скопје. Тогаш го запознав претседателот Глигоров со тоа што го добив од нив, но веќе како приватен граѓанин и нивен личен пријател. Затоа и ми беа изнесени предлозите на Грција, односно нивните гледања на конфликтот помеѓу РМ и Грција. Утредента се вратив во САД да си го соберам семејството. Истиот ден ме нападнаа за предавство.
ФОКУС: Тогаш се шпекулираше и за вашите разидувања со нашата амбасадорка во Вашинготн, Љубица Ачовска, но и со Џон Битов?

ТУПУРКОВСКИ: Јас во Америка имав проблем со лобито околу Џон Битов. Уште од нашите први контакти во јануари 1992 година кога отидов во САД, лобито беше определено не за признавање на Македонија, туку за економска подршка на РМ. Ние се разидовме, но разликите дојдоа до израз особено на 15, 16 и17-ти мај во Вашингтон кога лобито предложи да се направи една прес турнеја на председателот Глигоров, а јас имав обезбедено прва средба со шефот на Стејт Депарментот, Џејмс Бејкер. За прв пат требаше да се сретне нашиот председател со него. Ја имавме обезбедено политичката елита на САД во Сенатот и во Конгресот и до тие средби и конечно дојде. Но, тоа беше еден огромен судир на трошење на енергија во кое што председателот Глигоров не интервенираше во полза на РМ, туку ги заштити интересите на лобито. Тогаш лобито направи напори да го оневозможи состанокот со Бутрос Гали во Њујорк, бидејќи јас го организирав, мои беа контактите и врските. Сето тоа ми беше соопштено од канцеларијата на генералниот секретар, но јас тоа го оневозможив и средбата се случи.

КРУПНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА НА ГЛИГОРОВ

ФОКУС: Во секој случај, не се валоризираше подршката од Буш сениор во таа 1992 година? Верувам дека на Вашингтон му било јансо на кде дува ветерот од Скопје.

ТУПУРКОВСКИ: Јавноста во Македонија никогаш не дозна дека писмото од Буш го излобирав јас со тогашниот заменик на подсекретарот на САД за Балканот, Ралф Џонсон. Тоа писмо мене ми беше пратено 24 часа пред да биде упатено на Глигоров. Јас му го упатив на председателот. Глигоров, а тој писмото го препрати на лобито. И лобито за да направи конфузија и да стекне некаква заслуга за тоа, писмото ми го испрати мене со покриен број на факс, затоа што оригинално произлезе од кај мене во Вашингтон. Такви детски и инфатилни игри во едни историски мигови, мене не ме импресионираа. Писмото стигна во Македонија и незнам колку тука беше афирмирано, но првичниот сигнал од официјален Вашингтон е дека Македонија има преспектива и дека можеме да вршиме притисок за прием во ООН. На таа основа делував и сигурен сум дека ако беше послушано, во отсуство на единствена надворешна политика на Европа, кога Франција и Велика Британија како постојани членки на Советот за безбедност беа без обврска да ја подржат Грција, а да ја респектираат повелбата на ООН, Македонија ќе беше членка под уставното име. Се уште во Грција немаше идеја на кој начин ќе може да се злоупотреби сувереното право на еден народ и на една земја да ги определи своите државни атрибути. Се уште немаше јасна политичка линија, ниту пак подршка за нејзината нејаснотија.

ФОКУС: Последиците од овие грешки ги чувствуваме и сега?

ТУПУРКОВСКИ: Секако дека историјата тоа ќе го оцени како крупна историска грешка и лично ќе му ја препише на председателот Глигоров. Јас сум сигурен дека на тоа подоцна кумуваше и подршката на Владата, на политичката гарнитура на Бранко Црвенковски.

ФОКУС: Таа структура на СДСМ е мајстор за манипупалција со
јавното мислење. Иако постојано се повторуваше дека Македонија нема да го промени своето име, дека 100-на држави не признале веќе под уставното име ... И сега наеднаш истите политичари, исти експерти, исти новинари наеднаш свртеа од 5-та брзина во рикверц. И народот сега треба да го свари тоа без потрес?! Кога разговарав со вас пред три години на оваа тема, кога тие патриотски се удираа во гради како ќе се сочуваат името, вие рековте дека 'власта само не подготвува за промена на името кое порано или подоцна ќе се одигра, затоа што тие свесно или несвесно веќе го прифатила тоа'. А во претходниот период вие бевте наречен велепредавник, затоа што сте сослушале некаква таква понуда од европски фактори?

ТУПУРКОВСКИ: Прво јас никогаш не сум преговарал за името и никогаш не би си го дозволил тоа. Значи други прифаќајќи ја конкретната содржина на привремената спогодба прифатија дека под покровителство на ОН ќе преговараат на компромисот. Штом се бара некое компромисно решение, јасно било уште тогаш дека еден ден ќе стигне понуда со која што можеби и ние нема да биде среќни. Исто така бидејќи е компромис во прашање и Грција нема да биде среќна, но Грција дипломатски постапи многу помудро и не' надитри. Грција на почетокот екстремно стоеше на позицијата дека не смее да има ништо од зборот Македонија во името на северниот сосед, а ние појдовме од позиција на уставносто име. Движејќи се кон компромис, Грција денеска прифаќа дека ние сме Македонија, но бара некоја географска одредница, а ние стоиме и понатака на позицијата на уставното име. Кога сте прифатиле на тој начин да разговарате со таков мандат, сосема е сигурно дека меѓународната заедница на крајот ќе ве натера да го платиоте цехот на вашите сопствени одлуки.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
I za "realniot" po neznam koj pat izjava na PREMIEROT CRVENKOVSKI DEKA KE GO REAKTIVIRA BARANJERTO:

"realen_07", na lagata i se kratki nozete, obrni vnimanie na bildiranoto a najmnogu na datumite :

MILS - NEWS 17 dekemvri, 1992

OBNOVENO BARANJETO ZA PRIEM VO ON

Skopje. Vladata na Republika Makedonija sinoka donese odluka za
reaktiviranje na baranjeto za priem vo ON, podneseno vo juni godinava.
Vladata, kako sto se veli vo oficijalnoto soopstenie,
bese zapoznata so dosegasnite konsultacii so zemjite clenki na
Sovetot za bezbednost na ON. Obnovenoto baranje za priem vo
Obedinetite nacii ke bide pod nejzinoto ustavno ime "Republika
Makedonija".
http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/news/101-200/196.1

INTERVJU SO PREMIEROT NA VLADATA
Skopje. Vo denesniot broj na nedelnikot "PULS", pretsedatelot na
makedonskata vlada, Branko Crvenkovski, megju drugoto izjavi deka
ne ocekuval problemot so priznavanjeto na Republikata da se resi
vo Edinburg. Magjutoa, dodava toj, bitno e da ne se zazeme stav
koj ke ni ja zatvori vratata i vo Obedinetite nacii. Crvenkovski
naglasuva deka e neophodno brgu da se dejstvuva i da se aktivira kandidaturata vo ON .
Ocenuvajki gi "stote dena" na vladata, Crvenkovski izjavi deka
prvata povekepartiska makedonska vlada uspeala bez pogolemi
potresi da go nadmine najgolemiot del od iskuseniijata.

http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/news/101-200/196.1
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Fakt e deka lazesh, sabotirana e od Gligorov i Crvenkovski:
Види ванчевтодор.
Ти можеш уште еден месец да се пењавиш овде, и уште десет интервјуа на Тупурковски да пастираш, но кога ќе ми го побиеш аргументот од официјалниот бележник на настани на ООН, кој вели дека Македонија својата прва апликација за членство ја поднела на 30 Јули 1992 година, тогаш можеби и ќе ме убедиш да ја продолжам дискусијата со тебе.

До тогаш кулирај и не замарај.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Види ванчевтодор.
Ти можеш уште еден месец да се пењавиш овде, и уште десет интервјуа на Тупурковски да пастираш, но кога ќе ми го побиеш аргументот од официјалниот бележник на настани на ООН, кој вели дека Македонија својата прва апликација за членство ја поднела на 30 Јули 1992 година, тогаш можеби и ќе ме убедиш да ја продолжам дискусијата со тебе.

До тогаш кулирај и не замарај.

Postirav intervju na TOGASHNIOT PREMIER Branko Crvenkovski, koj go potvrduva onaa shto go izjavuva Tupurkovski vo Fokus, po se ne si go videl pa aj ushte ednas:

INTERVJU SO PREMIEROT NA VLADATA
Skopje. Vo denesniot broj na nedelnikot "PULS", pretsedatelot na
makedonskata vlada, Branko Crvenkovski, megju drugoto izjavi deka
ne ocekuval problemot so priznavanjeto na Republikata da se resi
vo Edinburg. Magjutoa, dodava toj, bitno e da ne se zazeme stav
koj ke ni ja zatvori vratata i vo Obedinetite nacii. Crvenkovski
naglasuva deka e neophodno brgu da se dejstvuva i da se aktivira
kandidaturata vo ON .

http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/news/101-200/196.1

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
De be vo toa vreme BC bese poznat po toa deka edno kazuvase doma-po mediumi drugo pravese nadvor. I so kandidaturive mislam dkea pravese finti.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
De be vo toa vreme BC bese poznat po toa deka edno kazuvase doma-po mediumi drugo pravese nadvor. I so kandidaturive mislam dkea pravese finti.
Gligorov:

Pretsedatelot Gligorov ja dade slednata izjava za novinarite: "Site sogovornici izrazija stav deka Republika Makedonija treba da bide megjunarodno priznaena i deka taa sega moze da go bara svoeto priznavanje vo megjunarodnite organizacii, kako sto e ON".
http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/news/101-200/196.1

Vladina odluka:
17 dekemvri, 1992

OBNOVENO BARANJETO ZA PRIEM VO ON
Skopje. Vladata na Republika Makedonija sinoka donese odluka za
reaktiviranje na baranjeto za priem vo ON, podneseno vo juni
godinava. Vladata, kako sto se veli vo oficijalnoto soopstenie,
bese zapoznata so dosegasnite konsultacii so zemjite clenki na
Sovetot za bezbednost na ON. Obnovenoto baranje za priem vo
Obedinetite nacii ke bide pod nejzinoto ustavno ime "Republika
Makedonija".
http://www.b-info.com/places/Macedonia/republic/news/101-200/196.1
 
Член од
30 март 2009
Мислења
418
Поени од реакции
27
Prv sto pocna da pregovara za imeto e V.Tupurkovski vo Avstrija.Po mesec dena bese izemen od funkcijata .Od togas pocna da se turka promena na imeto kako bi vlegle vo OON.Samiot Vasil Tupurkovski go ima priznaeno .
 
Rabotite pod polna parea, lagi i samo lagi, povtoreni po koj znae koj pat.
Pet shest posta podolu ja imash izjavata na Tupurkovski. I pak se obiduvash da lazesh.

ФОКУС: Кој е одговорен за овој катастрофален кикс?

ТУПУРКОВСКИ: Никој друг освен Киро Глигоров кој не го покрена прашањето за нашиот прием во ООН на така организираниот состанок на 18- ти мај 1992 г. Никој друг! Јас бев на тој состанок, јас го организирав, а освен мене и Глигоров беше присутен и министерот Малевски и шефот на кабинетот на председателот Глигоров. Никој ништо не спомена бидејќи не можеме ние да зборуваме во присуство на шефот на државата. Според тоа, председателот Глигоров одбра да не го покрене прашањето. Јас можев само да паднам во несвест. Ќе беше апсурдно во негово присуство јас да покренам прашање што е сосема спротивно или поинакво од тоа што владата го третира во тој момент.

ФОКУС: Дали потоа го прашавте: зошто?

ТУПУРКОВСКИ: Не го прашав, туку поднесов оставка истиот ден, на 18-ти мај, на позицијата претставник на претседателот во САД. Мојот став беше јасен, беше политички, но никогаш не се дозволи да се расправа за тоа во Собранието или во РМ .

ФОКУС: Зошто тогаш не ги изнесовте овие детали во јавноста?

ТУПУРКОВСКИ: Не ги изнесов од две причини. На 19-ти бев на средби кај министрите: Мок од Австрија и Јасенски од Унгарија. Само на 20-ти мај бев во Скопје. Тогаш го запознав претседателот Глигоров со тоа што го добив од нив, но веќе како приватен граѓанин и нивен личен пријател. Затоа и ми беа изнесени предлозите на Грција, односно нивните гледања на конфликтот помеѓу РМ и Грција. Утредента се вратив во САД да си го соберам семејството. Истиот ден ме нападнаа за предавство.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
418
Поени од реакции
27
Prv koj go pocna dialogot so zapadot za promena na imeto e Vasil Tupurkovski.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Prv koj go pocna dialogot so zapadot za promena na imeto e Vasil Tupurkovski.
Dijalog od позицијата претставник на претседателот во САД.... namali malku so lagi ili barem kako realniot koga ke bidesh demantirana APSTINIRAJ-nisi iz tu....

.
ТУПУРКОВСКИ: Не го прашав, туку поднесов оставка истиот ден, на 18-ти мај, на позицијата претставник на претседателот во САД....
 
Член од
30 март 2009
Мислења
418
Поени од реакции
27
Dijalog od позицијата претставник на претседателот во САД.... namali malku so lagi ili barem kako realniot koga ke bidesh demantirana APSTINIRAJ-nisi iz tu....
Znaci ne gi pobivas moite stavovi deka V.Tupurkovski e prviot Makedonski politicar koj gi zapocna razgovorite za promena na imeto.Se drugo e iskanje na muvata od sebe.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Хахахаха, политичар од 3 ешалон сам почнал да преговара за името.
Е тоа е перална на мозок брате.
И нема да им се враќа Бранко.
Ужасна состојба на умот.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Znaci ne gi pobivas moite stavovi deka V.Tupurkovski e prviot Makedonski politicar koj gi zapocna razgovorite za promena na imeto.Se drugo e iskanje na muvata od sebe.

Tupurkovski bil ovlasten od PREDSEDATELOT GLIGOROV. Toj bil samo KURIR, prenesuvach na KIROVITE STAVOVI.

.
ТУПУРКОВСКИ: Не го прашав, туку поднесов оставка истиот ден, на 18-ти мај, на позицијата претставник на претседателот во САД....
ps. imaj malku pochit kon uchesnicive na forumov, ne se site na intelektualnoto nivo na klientelata od Bihakjka.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom