Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Член од
14 февруари 2007
Мислења
108
Поени од реакции
13
Сите лежевме на свежо искосената трева и сонувавме за исти работи. Со погледите упатени нагоре, со брчки по лицата, кои ги гужвавме како парче хартија, заради светлината од сонцето, со насмевки и надежи, правевме круг, круг полн со љубов и очекувања...Па дури и суштествата од најодалечените планети можеа да не забележат од енергијата што ја зрачевме, која беше зачинета со мирисот од розевите редови на цветови кои не опкружуваа. Го поседувавме целото небо, владеевме со просторот и времето, со воздухот зачинет со преубавата арома која доаѓаше од редовите, редовите со розеви цветови.

Се будам наеднаш и го барам мрисот, ама џабе, ништо не осеќам, само на студ мириса сега. Ме преместиле на врв на некоја планина, ми викаат “Убаво е и тука, природа како природа“....Ама не сум слепа јас, драги мои, го гледам мразот и снегот, го чувствувам, ми студи...Зошто баш во зима да сум на врв на планина? Уште не можам да сфатам...Ама има надвор една песочна кула, која ми дава надеж. Стои таму и кога ќе се доближам песокот е толку топол и мириса на море, па дури и се слушаат брановите, што е просто неверојатно, пред се како може да остане топла на олку ладно време...Тука решив да ги поминам деновите, топло е и има розеви редови од песок..Ха, исто како цветовите во ливадата...Ми дава надеж тоа, ќе преживеам..Се надевам.
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Се секавам на деновите поминати во смеа игра забава се секаваш ли и ти мој пријателе?? Се секаваш ли кога игравме ластик кога правевме споменари и ги пополнувавме со слатки мали тајни сликички,песнички сите испишани на розови редови.Се секаваш ли колку бевме срекни??Каде исќезнаа тие денови ?? Зарем немаме повеке време да и се радуваме на природата ,зарем немаме повеке време да го оживееме она детското во нас??Што ли се случува со нас пријателе???Зарем толку сме затрупани со безначајни проблеми??Ах колку ми недостигаат тие денови...и сега кога ги прелистувам страниците на стариот споменар исполнати со слатки тајни,сликички и песни сите напишани на тие розови страници ми насолзуваат очите и знаам дека сите тајни од детството се скриени во тие розови редови
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Знаете, не постои ни една работа што не е длабоко, имагинарно врежана во мене, нема ни еден миг кој е заборавен. Постои потсвесно, не се предава. Понекогаш мислите се разлетуваат како искри на сите страни, но во потребниот момент повторно ги враќам назад и не им дозволувам да ми ја разголат душата. Знаат да бидат никакви, кретенски, егоистички но и оптимистички и отворени кон светот. Зарем сите не сме го почувствувале тоа? И да, не е ништо специјално и посебно за кое вреди да се пишува.

Но тука постојат приказни на вистински ликови, а не имагинарни. Се кријат во страниците на еден детски дневник.

Девојчето живееше изолирано од секакви лоши мисли и беше со чиста душа. Чиста како солза. Своите тајни ги испишуваше таму во дневникот сигурна дека никогаш никој нема да ги открие. Го заклучуваше со златен катанец, а потоа со насмевка на себе заспиваше. Сонуваше како и се остваруваат желбите и беше среќна. Но, среќна само во сонот, само во својот имагинарен свет.

Денес конечно реши да продолжи да верува во реалноста и да се обиде да ги поправи нештата, а само понекогаш да се потсети на дневникот на чии страници гледаше само розеви редови. Макар што мораше да ги извади и своите розеви очила за да погледне кон вистинскиот свет.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Розеви редови

Станот беше навистина убаво уреден.Во него живееше таа,со нејзиниот сопруг и нивните две деца.Нивниот живот беше совршен,многумина би убиле да имаат таков среќен,хармоничен живот.Имаа убава работа,љубов,деца...Се беше совршено.
Но во последните неколку години,како нешто да се имаше променето.Едноставно,знаеше дека го сака,но осеќаше некое студенило,ладнокрвност кон нејзиниот сопруг,иако беше убедена дека тој е љубовта на нејзиниот живот.
Покрај тоа,тој доби унапредување,така што работата му налагаше постојано да патува,така што многу ретко беше дома.
Беше уште една таква долга,празна,тажна ноќ без него.Децата одамна беа заспани,а таа седеше пред телевизорот и на масата имаше чаша црвено вино.Иако телевизорот беше пуштен,таа сепак,не посветуваше внимание на програмата,со мислите беше залутана,некаде далеку.
Мислите и ги прекина телефонот.
-Ало - одговори,додека се враќаше во реалноста.
Тишина.
-Ало,кој е таму? - повтори.
Одеднаш линијата се прекина.
“Веројатно грешка“,помисли и се напи голтка вино од чашата.
15тина минути подоцна,повторно заѕвони телефонот.
-Ало?
Повторно тишина.
-Ало?Кој е? - веќе беше прилично нервозна.
-Здраво. - одговори тивок машки глас.
Се вкочани.Веројатно не е тоа што мислеше дека е.
-Да?Кого барате? - Се трудеше да остане сериозна
Се слушна насмевка. - Хм,мислам дека знаеш кој е.И да,тој сум.Долго време се мислев дали да ти го завртам бројот,но се плашев дека сопругот ќе крене.Изгледа имав среќа.- повторно се насмеа.
-Зашто се јавуваш?Сакаш да ми биде тешко?
-Не,сакав само да ти го слушнам гласот. - воздивна машкиот глас - Помина долго време...Како си?
-Добро сум.
Разговорот траеше не повеќе од 20 минути.
Ноќта не можеше да заспие и размислуваше за телефонскиот повик.
***
Наредниот ден,отиде заедно со децата во куќата на нејзините родители.Планот беше таму да се соберат сите,затоа што сопругот требаше да се врати од службениот пат.
Се поздрави со мајка и и татко и,а децата весело трчаа во дворот и се валкаа во зелената трева.Татко и трчаше со децата,мајка и отиде да внимава на ручекот,а таа отиде во нејзината стара соба.
Колку и беше интересно.Ништо не се променило.Се е истото уште од кога беше девојче.Постерите од Битлси,се уште висеа во нејзината соба.Седна на креветот.Се чувстуваше како 16 годишно девојче.
Го отвори плакарот и во аголот имаше една стара кутија.Ја извади старата кутија.Сакаше да види што има внатре.
Почна да вади секакви работи:Ластици,барбиката која што ја доби како подарок за 11тиот роденден,пенкала,цртежи.Се смееше,сето тоа и изгледаше...детски.На дното од кутијата,забележа една тетратка.Тоа беше нејзиниот дневник.Го зема во рацете и полека со раката го тргна слојот прашина кој се насобрал.Она беше сосем заборавила за постоењето на тој дневник.
Го отвори,ги прекрсти нозете и почна да го листа.Имаше секакви работи,секоја згода и незгода беше регистрирана.Моментите кога бегаше од дома преку прозор за да може да се забавува во дискотека со другарките и да игра,моментите кога бегаше од часови за да шетаат во трговскиот центар,моментите кога славеше родендени,првиот бакнеж,првата симаптија,дечко....Се' беше регистрирано.Се смееше,блага насмевка имаше на нејзиното лице.Во еден момент,нејзиното лице ја изгуби насмевката и доби тажен израз...Причината за тоа беше што стигна до страната каде што имаше слика од неа на 18тина години и еден млад дечко со светло кафени очи,2 - 3 години постар од неа. Двајцата насмеани,млади и очигледно заљубени. До сликата имаше натпис young & in love , forever in love.На секоја наредна страна таа зборуваше за колку е голема нивната љубов и колку секогаш ќе го сака.
Но,животот е доста непредвидлив така што заради многу злобни јазици,пречки од околината,нејзиното одење во Италија на студирање,тие мораа да се разделат.Тоа беше тешка разделба, но таа знаеше дека тоа е најисправната одлука,што се однесуваше на рационалноста.Последните денови се однесуваше многу ладно со него и го одбегнуваше иако тој постојано ја бараше. Сепак не сакаше да му прави да му биде потешко.Ни нему,ни на себе. И се правеше дека се е во ред. Но, во нејзиниот дневник имаше неколку редови, чии букви беа испишани со розево мастило.Во нив беше запишано:
Многу ми е тешко,не сакам да заминам,но мојата иднина зависи од ова.Тој мисли дека јас повеќе не го сакам,но јас сакам тој да мисли така.Подобро е за него. Но,никогаш нема да дознае колку многу го сакам и дека секогаш дел од моето срце ќе му припаѓа нему.
Драг дневнику,само ти го знаеш ова и само тебе ти го признавам ова: Убедена сум дека после него никогаш нема да можам да засакам друг.Но,тоа е животот.

Го затвори дневникот,не сакаше да продолжи понатаму.И навистина веруваше во тоа што го пишала тогаш.Затоа и затрепери минатата ноќ кога тој и се јави.Но, таа сепак одамна продолжи со својот живот и сега има сопруг кого навистина го сака и со кој има навистина убав живот и прекрасни деца.Многу пати се колебаше и сакаше да го побара,но реши да го задржи она што го има покрај себе.И не погреши.Иако дел од нејзиното срце сеуште припаѓаше на нејзината младешка љубов,сепак го сакаше нејзиниот сопруг и никогаш не би го напуштила.Иако некогаш жалеше за испуштената шанса од младоста.
Го врати дневникот во кутијата и ја врати кутијата во аголот од плакарот.Спомените треба да си останат спомени.Минатото е минато и поминало. И тоа е нешто што не може да се промени.Она на кое што треба да се концентрира е нејзината сегашност,за да може да изгради цврста иднина.Тоа е најважното и тоа е она што ќе остане.
-Мамо,мамо,еве го тато,доаѓа со колата.
Ги забрза чекорите и излезе надвор.
Човекот во прегратка ги држеше децата.Прекрасен татко беше и се уште е.Таа се залета накај нив и се фрли во нивната прегратка.Тоа беше прекрасен семеен момент.
Кога се ослободија,таа се заврти накај него,го бакна и му рече:
-Те Сакам најмногу.- и го гушна цврсто.
- И јас тебе те сакам.- Ја возврати нејзината прегратка.
Ги земаа децата во раце и се упатија внатре во куќата на вкусен фамилијарен ручек.Сите заедно.Како вистинско семејство.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Нова тема... повелете... На врвот...
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Да се остави добар впечаток млад Господине не е исто и да се биде рамнодушен во постелата од имагинација.Ако не умееш сам да го создадеш обрачот од мисли кои се провлекуваат како црви низ телото,не умееш ни да ја создадеш сликата во која си олицетворение на прашината.Мали честици кои само лебдат и одскокнуваат секогаш во неправилен ред и секогаш на врвот на имагинацијата.
Добро е,добро е ако не умееш да се стегаш со сите тие обрачи на енергија која надоаѓа после распукувањето на телото,но не е добро ако се појавуваш само во светот на распуканата енергија.
Што мислиш ти младичу,дека целата таа еуфорија во сонот ,целата возвишеност на сопственото дело не е опструкција на самиот сон?
Не е воскликот во чекорите кои ги правиш секој вечер пред мојата куќа од воздишки,восликот е во сенката на сите тие чекори,сенка која се простира и до ролетните на комшиите.Но ти не разбираш,ти воопшто неможеш да си ја нагазиш сопствената сенка за да поиташ до мене,да ти ја покажам мојата постела од имагинација.Несакаш да те воздигнам на врвот од мојата градина,мојата скриена градина преполна со магнолии.Сакав да ти подарам цвет облеан со мене,цвет кој ќе го испушта само мирисот на мој сон,сон во кој ти ќе бидеш во мојата постела ,соголен од сите маски,соголен од себе.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Ајде да си играме една глупава игра? Јас ќе ти го кажам тоа на повеќе од сто јазика ,а ти обидисе да ме разбереш. Дај ми барем трошка надеж дека нема попусто да говорам. Барем насмевни ми се или намигни со едното окце. Речи дека тоа што ти го реков има свое значење.
Посакај ми се најубаво. Бакни ме на челото како да сме најдобри пријатели. И гледај додека си заминувам од кај тебе. Не си влагај дома , се додека мојата сенка се одалечува пред тебе.
И за неколку години чекај ме таму , на врвот. Ти самата велеше дека во мојот живот си ми само една голема кочница. Но ете , не повеќе.
Сега кога стигнав таму блескам на самиот врв. Зад себе оставив неколку драги луѓе кои ги повредив. Сега не сакаат ни да чујат за мене. А јас сум премногу горд за да побарам проштевање , јас сум најубавиот човек. Одвнатре црвни ме гризат. Но сепак јас сум тој.
Имам се што посакував освен тоа што го имав до тогаш. Јас сум на врвот.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Am Ovo... (Од Јајце , Од Почеток)

Од таму ние почнуваме , од таму започнуваат нашите желби ,маки ,страдања, стремежи. Од таму започнува нашиот живот. Целиот тој поминува во несовршености. Големи подеми , по кој следуваат големи падежи , големи скокови со ниски падови.

Градење на она што денес со гордост го нарекуваме - Јас . Градење на сите сонови , оние кој започнуваат со „Би сакал да“ а завршуваат со „Го добив тоа што го сакав“ ... Исполнето срце со радост од новиот ден, чекајќи го утрото да дојде за уште една совршеност.
Границата на материјалното и духовното се померува, кога имате се што ќе посакате, се што некогаш сте го замислиле.
Сваќате дека постои љубовта како нова димензија. Нов простор во кој се губите . Ги заборавате сите падежи , маки , страдања и болки . Без разлика каде и да се наоѓате , дознавате дека сте На Врвот!
 
Член од
12 април 2007
Мислења
21
Поени од реакции
4
Малку надеж..една искра..еден поглед..една насмевка...еден бакнеж...и повторно сум во твои прегратки и чуствувам како да сум го достигнала врвот...гордо стојам на врвот додека ти ме бакнуваш и прегрнуваш...знам дека си само мој за миг...сакам сите да знаат...сите да те видат како ме љубиш...сите да видат како ме бакнуваш..сите да почуствуваат она што го чувствуваме двајцата...и повторно на дно...исчезна надежта..исчезна љубовта...исчезна насмевката..заминувам...солза на моето лице..остануваш позади мене...продолжувам и не се вртам назад...знам пак ке се вратам крај тебе...по неколку месеци ..по неколку години....солзи повторно на моето лице...останува со мене само чувството и задоволството...она чувство кога стоев на врвот....она чувство дека беше само мој...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
На врвот...

Ви велам јас...животот не е ништо друго освен една обична игра. Игра, која што сме приморани да ја играме. Нешто како возење со ролеркостер. Почнуваш бавно, па забрзуваш и на крај доживуваш кулминација. Само што во животот некогаш тоа и трагично може да заврши. Но, што можеш да правиш, освен да се приклучиш кон возењето, играњето.
Еднаш ќе бидеш на врвот, а веќе наредниот момент, безглаво ќе се движиш на дното, се до моментот кога ќе го допреш дното и силно ќе се удриш. Но, како што малото дете кое што туку што почнало да оди, паднува, веднаш потоа станува.
Ударите на животот повеќе болат, ама учиш. Учиш, стануваш борец. Се бориш.
Никој не излегол победник во борбата со животот. Но, можеме да се обидеме. Подобро да знам дека на крајот, сепак сум пробала, отколку како низ магла да ми поминуваат слики, знаејќи дека целиот живот сум го поминала со наведната глава.
Не, мојата глава секогаш ќе биде високо крената, без разлика дали сум на врвот од ролеркостерот или на неговото дно.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Бидете внимателни на полна месечина... следува новата тема... Вампир
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Има нешто што ги тера луѓето да посакуваат да се нарекуваат вампири, почнувајќи од маалски дворски шутови до форумски ликови.
Има нешто во воздухот денеска, а знам месечината ќе оформи целосен совршен круг вечерва.

Епа, драг читателе, тоа ме натера да му се обратам на вампирот.
Во време на општ човечки восклик, љубовна воздишка и сонлива прегратка, ти, безмилосник, ќе скиташ низ ќорсокаците трагајќи по свежа крв. Ноќта е прекратка зар не? Твојата потрага е тешка, но ти си неуморен, ова е твоето време. Уништуваш а се насладуваш, ха, проклето добро деструктивно чувство. Уште подеструктивно е кога по нанижаните изгризани вратчиња потребата преминува во ненаситност. Небаре си само дел од темнината, сениште или не, демнеш итро и брзо подучен и воден од својата неодминлива страст.

Што читателе, зар звучи познато? Внимавај, подразмисли малку пред да излезеш на полна месечина. Чувај си го грбот, гледај бистро. И не само на полна месечина: Би било лесно доколку само вампирите се крвопијци и доколку не би рефлектирале човечка особина зар не?
 
С

Сатори

Гостин
Бидете внимателни на полна месечина... следува новата тема... Вампир
Сите мали и големи соѕвездија на небото ми зборуваа дека сум вампир, дека сакам да им ја пијам крвта на луѓето и да бидам заплеткана во мрежата на вамп-љубовта.
Да бидам вечна и да се плашам од крстови и лук.Сите мали и големи мислители ме наведуваа на тоа да мислам дека сум вампир.Да бегам од луѓето и нивната блискост, да ги сецкам на парчиња и да им правам лузни по вратот.Секоја моја релација била вампирска и заснована на земање нечија енергија и душа, и сега додека го пушам цигариот и размислувам за малите слатки работи кои што ги правев пред 15 минути, знам, ма џабе се фолирам, не сум јас вампир, нит некогаш сум била.
Од тоа време остана само навиката на дечко ми да оставам шливки и заби по телото, а за мене ... јас сум добра девојка со цигар во рака и сок од мултивитамини. :)
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Темната улица...Стравот.

Се гледа само маглата.. Но што е тоа што се одсликува во неа??Некоја темна фигура...
Никогаш не сум видел нешто слично, брзите потези и суровата тишина ја отсликуваа природата на тоа што се криеше длабоко во темнините.. За момент бев парализириан. Мислите неможеа да го сватат тоа што очите го гледаа.
Фигурата пријде до мене, неговите очи го пресликуваа сиот пекол на оние кој клекнале пред него . Самата фигура ја отсликуваше смртта и нејзината виртуозност. Неможев да земам здив.

Дали тоа е насмевка на неговото лице ? Дали нешто се случи? Зашто наеднаш тој седи зад мене , и зашто има крв на неговото лице ?
Не стигнав да го одгатнам одговорот на овие прашања . Вреснав во болка . Дали е ова крајот ? Дали ова е мојот последен здив? .....

Наеднаш добив чудно чувство , моите очи повторно се отворија , фигурата ја немаше. Сето тоа било сон ...

Но сепак не. Тоа навистина се случи. Тој момент ја обележи мојата судбина. Станав она во кое не верував , она кое е олицетворение на ѓаволот... Знаев дека веќе немам пријатели , љубов .. Веќе немам повеќе живот.. Сега сум сам , и морам да го водам мојот осамен пат. Сега сум ..Вампир.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
На кратко.
Вампирите постојат.
Меѓу нас се секојдневно.
Одземаат големи делови од нас.
Иако,можеби и самите не се свесни за тоа.
Бидејќи,да бидеш вампир,не значи да пиеш крв.
Да бидеш вампир,значи да му ја одземеш енергијата на човекот.
И да го доведеш до степен на очај и депресија.
Без волја за наоѓање нови извори на истата.
И желба за раскрстување со животот.
Со она малку што останало од него.
И радост,кога ќе заврши се.
За кратко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom