Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Jonny Walker и јас

Кога веќе ќе се турнеш самиот себеси во бездна со помислата дека животот нема веќе смисла, паѓајќи во бездната ќе се сретнеш со многу духови. Тие духови ќе ти раскажуваат една приказна, приказна за Џони Вокер. Сплотени во темната страна која е нишка во секое човечко срце, ќе те туркаат уште подлабоко надолу, а ти, ти ќе бидеш замаен, полусвесен, со полуотворени очи, недоволно за да погледнеш во очите на реалноста.
Ќе мислиш дека си нашол пријател, Џони Вокер, ќе го сакаш, ќе бидеш занемен од верувањето дека Џони е идеален, навидум со благ вкус и толку привлечен изглед кој те привлекува да се опиваш од него секоја вечер од твојот живот. Мислиш дека потрагата по некој кој ниогаш нема да те остави на цедило и да избега, и кој е секогаш тука кога ти е потребна е завршена.
Но, одеднаш се будиш со прашањето дали Џони те исполнува или те разорува? Се вртиш околу себе, и те обвива мрак. Не наоѓаш ништо свое, не наоѓаш човек, не наоѓаш светлина и сфаќаш дека Џони станал твојот најголем пријател и твојот најголем непријател. Земаш воздух и се подготвуваш за она што следи, качување па макар и тешко, се со цел да излезеш од бездната.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
45
Сакам да пијам водка. Додека бев втора година средно непостојано бев под негативно влијание за секој аспект од животот вклучувајќи го и алкохолот. Не дека пиев туку луѓето околу мене имаа преголеми афинитети кон наркотичните средства, макар и кон други пороци. Но, јас не се оддалечував од нив, останавме заедно... Зошто? Ги сфаќав, длабоко во срцето ги сфаќав, ги знаев какви се, знаев што всушност се крие во нивните срца. Осаменост. Осаменост која ги труеше нивните души повеќе од промискуитетното однесување и повеќе од наркотичните средства... Ги сфаќав затоа што знаев какво е тоа чувство. Кога околината им судеше јас ги правдав и бев покрај нив. Заедно ние бевме пример за изразот: "We don't give a ****". Додека тие пиеја и го покажуваа тоа преку своето однсување јас се воздржував и останував на една чаша водка, се разбира само за викендот. Додека тие испробуваа виски, коњак, Johny Walker, камикази јас се држев до водката и правев комбинации водка со џус, водка со боровница и слично. И денес, додека се прашувам на која страна го однесол животот се сеќавам на деновите поминати со нив, и жалам за сите лоши работи кои им се случија. Но, длабоко во себе верувам дека тие ќе бидат океј. И сега додека Татко ми ми налива Johny Walker го гледам во очите и неговата мистична насмевка и се прашувам која ке биде лекцијата за денес.
И чекам... Сигурно ќе ме испрашува за нив...
Ме изненади, исчезна. Не ме праша ништо.
Да, нормално, тој знае како се чувствувам, знае што ќе одговорам, и знае дека од овие чувства не се плашам. Ја пуштам раката по мојот нов пријател и заедно потонуваме во Тартарус...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Има нешто многу тажно во самотничкото пиење алкохол. Го разбирам наполно она весело џускање и урлање по маси на народна музика, но сликата на возрасен човек со брада од пред една недела и подизвалкана кошула како седи сам на маса и ја врти чашата ми предизвикува јад на душата.
Можеби и не сум толку возрасен а и кошулата ми е горе долу почиста од кажаното. Чашата ја наполнив до врв, како да пијам чај. Ставив цели 4 коцкицки внатре, како тоа да ќе смени нешто во составот. Отпив една голема голтка и се намрштив како мало дете кога прв пат го лизнува прстот претходно пикнат во чашата ракија на дедо. Дали е до неа или едноставно мислите по инерција патуваат далеку на места каде што неможам да бидам, не знам, но не се спротиставувам. Ми се допаѓа. Ми се допаѓа да уживам во својата самотија и во валканите мисли кои ми надоаѓаат. Вулгарни, па преплашени и разочарувачки.
Штосот е што некаде на средината на монологот и при крајот на чашата наеднаш добив идеја дека сите бељи и сите префлрања се всушност... моја вина. Воопшто не е таа крива, ниту онаа другата, ниту никој. Се било моја лоша игра. Се` било до мојата глава и моите дела. И порано се сомневав дека некаде можеби грешам, но некако бев убеден дека барем нешто вредам. Сега додека седам со вистината во рака а мразот ми е при крај, знам дека сум јас проблемот. Мислев дека сум паметен, дека другите се прости, дека сум со добра душа и дека ја имам онаа харизма која ќе ме однесе на врвот. Не сум го правел тоа никогаш намерно и свесно но го имав. Ете... сепак сум го немал. Ниту сум бил паметен, нит некогаш сум донирал за болните од рак. Харизмата ја изградив со помош на болката во срцето. Бев тепан и гмечен, па научив и јас да го правам истото. И во целата таа војна некаде по пат и сум загинал. Но, најверојатно не сум ни приметил. Сега, кога можам да ѕирнам во оној свет со помош на магичната напивка, јасно ми е дека не живеам, туку сум жив мртовец. Не способен да дадам љубов, и гнасен кога треба да ја примам. По се изгледа, кога човек умира се претвора во некакво инертно суштество за чувства. Никој не умира, само ги предава документите на шалтер со својот потпис дека се одрекува од сите чувства, освен од она едно кое ќе го мачи. Да мрази.
И сега, дали да чекам задушница и да одам на гробишта па да се обидам да си ја најдам вистината, или Лазар од филмот е само машина за пари?
Жал ми е, немам поента... по 4 недели пауза од поенти, се вратив и се искажав без поента. Би сакал барем да ми е полесно...
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Јohhny Walker и јас

Џони? Не го знам. Не ни сакам да го знам. Одсекогаш ми делувал пресофистицирано за социјално пиење, а премногу несофистициран за самотиничко пиење. Во друштво најчесто ме дружи Смирноф, а кога сум сам-Александрија.
Сепак, кога ќе се спомне виски, пред очи ми доаѓа слика од стар човек крај камин во некоја богата куќа, гледајќи со насмевка слики и спомени од неговите успеси додека надвор трупа снег.
Заклучив, рано е да го запознаам Шетачот. Не ни е времето...
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Девојка...
Или повеќе не е тоа... Чекај...
Долга сукња, чизма до потколена, кошула, палто што совршено и го оцртува струкот, црн креон под зелените очи, кафеафкаста права коса, колку само израснала, распуштена по рамената, елеганција во нејзиното движење, женственост... Смиреност и умор на нејзиното лице, тага и празнина во нејзините очи... А сепак некоја цврстина и сила, недопирливост и храброст како да зрачат од нејзината појава... Впечаток на харизма, љубезност, а истовремено и стравопочит кај луѓето... Нејзиното лице, како да станало поубаво со годините, а сепак ни таа убавина неможе да ги скрие лузните останати од „борбите“ од минатото... Но тие лузни ја прават уште попривлечна, полна со искуства, мистериозна... Не, таа не е веќе девојка- жена е!
Жена...
Со бавен елегантен чекор влегува во новиот луксузен модерен тазе отворен бар во градот... Вообичаено избегнуваше такви префинети места, но вечерта ете едноставно патот ја однесе таму...
Се смести на шанкот... Прекрстена долга нога, на шанкерска столица, цигара во рака... Која глетка...
„Со што можеме да ве послужиме драга госпоѓо?„
„Госпоѓица младичу, госпоѓица„- со насмевка на лицето му одговори на келнерот, како да веќе беше навикната на оваа изјава...
„Ах, простете и на мојата слепост госпоѓице, очигледно префиксот госпоѓица вам повеќе ви одговара„- се потруди да се искупи келнерот а сепак како намерно да ја даде претходната изјава...
„Нема проблем млад господине, доста сте љубезен и фала на комплиментот„
„И како сега да ви надоместам за мојата грешка, можеби со некој пијалак на моја сметка...“
„Уште еднаш фала, љубезен сте, но нема потреба...“
„Но дозволете, ќе ми биде чест“
„Тогаш ајде, зошто да не... Johny Walker, па да наздравиме“
Од кај па сега ова ми излета да нарачам, си прошепоте во себе, зошто баш Johy Walker сега? Знам... Само тој успевa да делува на мене, ниеден друг алкохол... Само тој успева да ме однесе барем малку надвор од реалноста и опушти од секојдневната стегнатост и студенило... Денеска ми треба малце топлина и опуштеност, раната никогаш не зараснува, таа рана, но сепак може да се ублажи... Johny Walker е нејзиниот избор за вечерта, со него ќе наздрави за 10 години затвореност и повлеченост во себе... Вечерва сме Johny Walker, јас..
„ Ете... За најубавата госпоѓица вечерва во баров„- ја врати од задлабоченоста во мислите гласот на келнерот...
... а можеби и уште некој- ја доврши претходната мисла.
„Благодариме„- одговори. „И значи да наздравиме... Наздравувам за љубовта- единственото нешто кое не успеав да го освојам, издржам, дозволам... Наздравувам за најблагородното чувство кое никогаш не ми беше дозволено мене, чувството кое како од што беше многу за мене, не беше за мене...“- во еден здив изусте.
Келнерот видно збунет од изјавата на кратко се замисли, но крена чаша и наздрави... Чашите се спуштија на шанкот празни...
Почнува нејзиното патување, почнува вечерта- за неа малку поразлична од другите или веќе вообичаена... Што мислите?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
И така. Малку ваму, малку таму... одморам без неа и не ми е грижа. На свое сум. Време е за... Батерии...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Се родив под ова небо поради пожртвуваност. Треба ли да бидам среќна за тоа? Покрај пожртвуваноста и сите страдања тука е и несебичната љубов, можноста да се најде сопствениот живот во едни малечки зелени очи. Токму тие очи на кои несебично им подаруваше внимание, ги галеше и имаа се` што ќе посакаат, тие ти го свртеа грбот. Тие очи те предадоа, се предадоа и себеси.

Со смуртено лице ја голтам секоја нова солза што ја раѓаат, а ја раѓаат без пожртвуваност, само со болна молба за помош и немилосрден крик.
Помислувам на останатите и нивните проблеми, секогаш својата утеха ја наоѓам во тоа што знам дека има луѓе со поголеми грижи. Тоа малку ми помага. Да речеме дека делумно ми ги полни батериите. Моите солзи не се важни, за минута се раѓаат и за исто толку се губат.

Твоите солзи ми го кинат срцето, ми ја гребат надежта. И црнилото пред очи за неколку секунди предизвика панично биење на срцето. Страв кој не се опишува и соочување со вистинската суровост што се крие во темнината. Немирот од кој постојано бегам пак ме стигнува.

Те молам немој да плачеш, погледни ме и насмевни се. Само така ќе ми ги наполниш батериите.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
*Како е да се живее во илузија?*
Тој тоа го знаеше најдобро..
Сакаше да мечтае.. Да сонува за други светови.. Други димензии..
Животот го имаше посветено на тоа.. На илузија.. На невозможното..
Сепак живееше во надеж дека и невозможното ќе стане возможно некогаш нели..
Се додека во еден момент не се најде себеси како излегува од нешто големо навидум вселенски брод.. Го извади ласерскиот меч од под облеката.. Која не ни наликуваше многу на облека и само со неколку брзи потези виде разлетани насекаде глави на мали зелени човечиња.. Црна крв разлеана насекаде.. И уште многу такви човечиња околу себе.. Сите со новата технологија на ласерот борејќи се еден против друг.. И како низ магла да се виде себеси ист како и останатите..
Не го загрижуваше тоа.. Сонот му стана јаве.. Замавнуваше во воздухот непрекинливо.. Се додека не го сецна нешто што падна на подот.. Се прекина.. Го снема тој свет.. Наеднаш се врати пак во реалноста.. Беше на снимање на својот нов филм.. Со нешто што налекуваше на пластичен ласерски меч за деца.. Чии батерии ги виде на подот пред неговите нозе..
Слушна - *Сконцентрирајте се момци.. Слабо ви оди денес..*
Фрапирано ја фрли играчката и истрча надвор од студиото..
Далеку некаде..
Сеуште вели дека верува во илузии.. Во друг свет.. Други димензии..
И сеуште сака макар на снимање на филм да го почувствува истото што и тогаш.. Го сними целиот филм.. Беше исполнет со такви сцени.. Сепак не.. Тој никогаш повеќе не го почувствува тоа што и тогаш.. Го сепнуваше помислата на батериите на подот секогаш кога ќе пробаше макар на миг да избега од реалноста..
Сепак знаеше дека бар на момент некогаш ќе се склопат сказалките на саатот, а со нив и две различни димензии..
Никогаш не заспиваше пред полноќ..
 

kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
Батерии...

Истоштена целосно.. Повторно се будам, свесна дека е нов ден. Проаѓа денот, онака незабележително.. Дојде моете време. Ноќта... период од денот кога се чуствувам најодморена, најсвежа... баталувам се околу мене, ме преокупираат само некои си размислувања за мојов живот. Токму вечерва. Онака се ми се чини исто, сеедно ми е. Во овој период ги дигам нозете, одмарам, и ич не се замарам за ниедна работа у светов...
Мораше да ми ја разбие совршената монотонија.. Мораше да титне! Не!!! Решена сум, и не дозволувам никој, па дури ни он да ме премислат! касно му е сега.... Сега не се замарам со никој и ништо.. Само одмарам.
Се движам, се дружам.
Баш во вакви моменти ми текнува на старите добри времиња, на старите добри другари.. Ги посетувам, повторно се оживува она чуство. Она чуство кое го имав порано, чуството на уживање. Колку убаво делува светот кога не се замараш со секакви ситници. потребно е, стварно е потребно и такво време на одмор. Не само физички, и психички...
и така јас се движам по улициве, по просторов...
одејќи лево, па десно. Наоѓајки се малце овдека, малце ондека. Одмарајќи, не грижејќи се многу за светот околу мене, особено не за него! Се чуствувам како вистински се пронаоѓам самата, живеејќи го животот, земајќи го како чаша полна со преслатко црвено вино...
Време е. Сега ми е времето... Се полнам со енергија. време за Батериите....
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Додека се губеше сигналот размислував.
Чија батерија овој пат е празна.. мојата или нивната?

Кога бев мала сакав глуварчиња. Сите велеа дека ако си замислиш желба и дувниш ќе ти се исполни. Ама јас секогаш посакував толку тешки желби што глуварчето едноставно немаше сила да ги направи реалност.
Им се лутев многу. Таа лутина дури ја сонував, ама откако ќе се разбудев не сфаќав зошто го гледам гневот со затворени очи и во темнината, во мојот свет, во мојата искривена насмевка.
Ги барав во ноќта, кога се плашев од сенката на дрвјата, трчав боса со перницата в рака во нивната прегратка.

Се јавив да кажам Извини.
Поминаа 3 минути откако отспав и падна првиот снег.
Секогаш кога го гледам како паѓа мислам дека ми е последен.
Почнав да ги гледам глуварчињата место да ги дувам.
Немам веќе желби.

- Не можам без тебе. Понекогаш си толку блиску,а те чувствувам толку далеку. Таа твоја трпеливост и скептичност го топи снегот.
Ќе дојди ден и ќе ти кажам Извини што ти го кршам сонот секоја вечер откако знам за себе, без разлика колку години имам и ќе имам.

- Фала. Фала и тебе за твојата трпеливост и желба да ми угодиш се.
Посакувам да имаше малку повеќе верба во себе и ентузијазам, и да прекиниш да мислиш дека животот е краток и дека твојот е при крај.
Ме плашиш, и доста. Немој да ме кршиш.

- Ти....те сонувам неколку ноќи по ред.
Во секој сон ти викам, ти викам со гнев, со хистерија, со солзи, а ти само ме гледаш така бледо.
Чувствувам како умира тоа детското меѓу нас. Се надевам ќе го побараш еден ден и нема да заборавиш кои бевме. Криво ми е, ама морам да ти кажам. Се сомневам дека ќе успееш да ми извлечеш насмевка некогаш пак. Не ти сум лута.
Кога ќе осетиш потреба да пропуштиш некоја емоција низ твоите ѕидини, секогаш ќе сум тука. С е к о г а ш.

- Да беше меѓу нас, знам што ќе речеше.
И знам дека немаше се да е мртво, онаму каде ти ја носеше радоста...мижуркајќи.

И ете го сигналот пак.
- Ме слушаш?
- Да...да.
- Сигурно?
- Да...не сум глуварче.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Батерии

Никогаш не сум сакала да верувам во минливоста на нештата. Затоа никогаш не ги употребувам оние батерии кои после празнење си наоѓаат само едно место - кантата за отпадоци.
Пред некој ден бев сведок на тагата на мојата баба токму поради една таква причина. Празнење на духот, како да е батерија, губење на полетот поради загубата на нејзиниот полнач, човекот кој ја исполнувал нејзината младост и подоцнежниот живот, но едноставно сега само спомените ја исполнуваат нејзината старост.
Батерија...Не можеш без тоа нешто кое преминува во твоја навика бидејќи го користиш секој ден и одвреме-навреме забораваш да го цениш, да бидеш благодарен што ете-тука е за тебе. Кога ќе ја изгубиш батеријата, сфаќаш колку всушност ти е потребна. Останува Нејзината болка по изгубениот човек, човек кој ја исполнувал и бил тука и во добро и во зло...
Како уред испразнет од батеријата, како тело испразнето од енергијата да се живее секој нов ден, испразнето од љубопитноста за сегашноста, Таа бледнее, а нејзините бели коси веќе не можат да го прикријат солзниот сјај во изморените очи.
И да, силно посакувам да и ја наполнам внатрешната батерија, но тука е неверувањето дека мојот дух може да и послужи како некаква батерија.
А кога ја слушам срцево ми се исполнува со некаква горчина, бесмислено барајќи смисла...Смисла во животот, смисла во полнењето на батеријата и смисла во потребата од полетно будење секое утро од нашиот живот.
Едно е сигурно, не ја сакам минливоста, но ја сакам промената. Полнењето и празнењето се нормални фази за една rechargeable батерија. Подемите и падовите треба да ги сфатиме како нормален тек на животот.
Од друга страна, гледајќи низ Нејзината призма, повторно, во природата на баетријата е промената. Тоа е основа на циклусот на животот, на тркалото на раѓањето и на смртта.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Знаете, јас никогаш не дознав што означува поимот алкалност. Патував многу, од еден пол на друг, летав со балони, заглавував на чудни места, пробував необични материи, ги дигав рацете во вис и скокав, но сеуште не знам што е алкалност. Тоа ме јаде. Многу ме јаде. Понекогаш, имам кошмари. Ме прогонуваат алкални батерии со човечки раце. Се будам среде ноќ и станувам од креветот, а потоа манично пишувам на ѕидот најразлични броеви. Легнувам в зори, и се будам повторно во алкално незнание и несознание. Некогаш, ги прашувам луѓето околу мене; тие ме гледаат штуро, со прозрачни очи и молчат. Никој не знае што е алкалност. Или пак кријат од мене. Се‘ си мислам, овој поим ќе ме убие еден ден. И тоа баш како во сонот, ќе ме задават алкалните батерии полека, додека пробувам да дознаам што се. Или, ќе ме згази кола чиј сопственик продава батерии. Сеедно. Умирачката ќе биде исто толку тешка колку и напишан уметнички текст со вредност. Затоа одбивам да купувам алкални батерии. Ме демнат самите тие. Лош е тој сомнеж на присуство на долго-стапчеста, метална сенка зад тебе. Да седнеш на неа е ладно, да ја допреш -не можеш, да ја гризаш е невозможно, да ја бркаш е надвор од физичките закони. А, самата таа е зднание на истите. Физички закони, да. Одбивноста кон, и употребата на овој збор е речиси на иста висина. Многу луѓе љубат да испуштаат гласови на висина. Се качуваат на таваните од зградите и таму се дерат на сиот глас, со привидно чувство на моќност и мизерен страв од пад и маленкост. Потоа се симнуваат повторно долу и купуваат алкални батерии. На парче.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Батерии...

2 дена плачеше. Третиот ден престана.
- Зошто? - ја прашаа
- Се испразнија батериите, се исушија очите, немам веќе сила. Сега сум само едно живо зомби кои немо лежи и зјапа во една точка на таванот. Ама така ми е, си го заслужив тоа.
Сите се повлекоа, онаа почнаа да се смее, но кога дојде дома пак истата приказна. Очигледно смеењето и ги наполни батериите и сега пак почна да се повторува истата приказна.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
И ставив батерии и повторно почна да работи.Ме сакаше повторно со иста мера,како порано.Повторно ме милуваше со својата нежна дланка.Повторно го бакнуваше моето насмеано лице.
Љубовта не е натпревар,но таа секогаш победува со нејзините топли бакнежи и благи насмевки.Се што и треба е само едни нови батерии.
Понекогаш и викам,ја удирам по главата и и се заканувам дека ќе ја убијам.Дека не можам повеќе да го трпам нејзиното присуство.Но повторно се враќам кај неа.Таа ме сака најмногу.Секогаш кога ќе и ставам батерии.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

И така. Малку ваму, малку таму... одморам без неа и не ми е грижа. На свое сум. Време е за... Батерии...
Најзалудната работа на светот е да барам ефтимија, некој ултимативен вид на среќа и љубов кој ќе ме задоволи, исполни и направи барем малку подобра и поквалитетна од тоа што навистина сум, реалноста е сосема поинаква.
Крута и полна со дупки, не како швајцарско сирење, туку како изгризано од глувци, мувлосано, заборавено горе на таванот од некоја девојка која пие дизапами за да може да спие.
Уморна сум, понекогаш се будам и просто се прашувам со што заслужив да бидам главна улога во сите општествени игри околу мене, веројатно со само тоа што велам околу мене го покажувам егоцентризмот кој се појавува како призрак после долги и мачни часови опивање во величење на мојата проклета навика да гледам солзи во туѓите очи, демон од почеток до крај ... во средина сум ангел.
И размислувам секој ден постојано да си купам некој постојан полнач на батерии, постојано ги менувам, кој два месеци, кој две недели, кои и помалку, ниту еден не е со висок квалитет.
Штета ... станувам и преуморна за да купувам секој ден нови полначи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom