Трогир

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.256
За многу вакви скриени хрватски бисери за жал нема сопствена тема отворено, а и тоа како заслужуваат. Трогир е идеално место за оние кои сакаат совршен баланс од убави плажи и културни места за шетање навечер, а притоа и сакаат да апстинираат малку од одење на одмор кај јужниот сосед. Во продолжение ќе елаборираме зошто нема да зажалите ако го изберете Трогир за ваш летен одмор ова или некое наредно лето, ќе споделиме искуства и слики околу местото Трогир и сите други привлечни околни места кои вредат да се посетат.

Трогир е мало градче во близина на Сплит, кое има одлична стратешка местоположба ако некој сака да ги посети Сплит, Шибеник, Примоштен, островот Чиово, островот Шолта итн. Со директната линија од Croatia Airliness никогаш не ни било полесно и побрзо достапно. Аеродромот можете да го најдете под името “Сплитски аеродром“, но аеродромот е многу поблиску до Трогир, отколку до Сплит. Времетраење на летот е 1 час и 10 минути и термините се направени за да ни одговараат нам, односно летот за Трогир е во 5:45 наутро, додека за враќање е во 21:35 вечерта. И денот кога пристигате и денот кога се враќате ги имате во целост на располагање. Кога ги гледав картите (2 месеци однапред) тие беа 120 евра повратна за цел јуни, а јули беа 20 евра поскапи. Не се по принципот на Wizz/Ryan каде што еден ден цената е 20e, а наредниот може да е 120e, туку си има фиксни цени доколку резервирате со време. Секако доколку резервирате од денес за утре цените ќе бидат поскапи. Исто така, иако пишува дека има секој ден летови, летовите директни се на 3 или 4 дена, тие што ги има секој ден се со менување 2 лета (преку Загреб) и не ви вреди таквото малтретирање, настрана што е и поскапо и многу подолго. Околу смештајот ние начекавме доста културни цени, на островот Чиово што само еден мал мост го дели со стариот град во Трогир (истиот ни беше на 3 минути пешки). Плативме 130 евра од човек за 6 ноќи (доколку некој сака може да му го пратам смештајот во пп за некое друго лето, ова ми кажаа дека се букирани). Цените се доста поефтини тука отколку во ѕидините на стариот град, а реално апсолутно ништо не ви менува, освен тоа што таму немате тераси и е се доста набутано.

Да го сумирам воведот, пред да преминам на знаменитостите. Веќе не мора човек да патува двоцифрен број на часови до Далмација со кола или автобус, имате директен лет од 1 саат, што е со релативно достапни цени доколку навреме се купат карти. Ако земете 6 ноќи како нас, значи имате 7 цели дена на располагање. Имате опции и со 10 ноќи (11 дена) итн итн. Крај на јуни водата не е најтопла, ама е прифатлива и може човек комфорно да се капе. Таа е токму во својство на разладување каква што и мене лично ми одговара.

Marinova Draga, Rožac, Okrug Gornji beach (прв ден)

Не ми замерувајте што со латиница ќе ги пишувам имињата на плажите, мислам полесно ќе ви и е и вас вака да ги најдете, а и ќе се осигурам дека нема да утнам некоја со името. Овие 3 се на вкупно растојание од 6-7 минути пешачење, ние ги посетивме првиот ден. Првичниот план ни беше на секоја по 2 часа да поминеме, но најмногу време поминавме на Rožac; бидејќи најмногу сенки имаше таму. Водата генерално на сите 3 до кај 12-1 беше рамна како писта, потоа почнаа бранови. Може и таков беше денот. Убедливо најубаво беше на Okrug Gornji за капење, водата имаше тиркизна боја, воопшто немаше бранови, но минусот е што нема апсолутно никаква сенка, па кај 11-12 се упативме на Rožac. Тука има сенка, но водата беше побрановита. Marinova Draga не се капевме, имаше некоја ситна сенка, но беше многу брановита кога поминавме, а и веќе беше со ѓубренца (тревки, гранчиња). Сите 3 плажи се достапни со автобус 44 (1.25 евро е по правец ако ги купите картите од автобуската станица во Трогир), но и 20 минути пешки од мостот што ви го спомнав меѓу Трогир и Чиово, ние бевме пешки, не беше премногу напорно, но минус тука беше што некои 200-300 метра немаше тротоар. Првата слика е Rožac, а втората Okrug Gornji.

20240622_090907.jpg
20240622_095328.jpg

Split, Kasjuni beach на Marjan Hill (втор ден)

Вториот ден беше резервиран за Сплит. Пред 5 години кога бевме во Сплит, тогаш со автобус на дневна екскурзија од Макарска ја посетивме Бачвице, па сакавме нешто да смениме сега. До Сплит картата ако се купи од автобуската е 2 евра по правец, се оди со автобусот број 37 (истиот автобус кој оди до аеродром). Сигурно има и директна линија некоја, да не мора да застанувате попатно по станици, ама овие беа на 20 минути и ни одговараа, а и не се брзавме со време. До плажата Kasjuni бевме со автобус 12, ги има отприлика на саат ипол, така да темпирајте си го одењето, има online распоред за сите автобуси за било кое место, водете се по него, точен е. Да не заборавам да ви кажам и за Трогир и Сплит, купувајте карти во автобуска, 3 пати поефтини ви се отколку кај возачот (1.25e наспрема 3.5e по правец). Убава е плажата, имаше сенка, водата беше чиста, иако на око бојата не беше тиркизна како овие на Чиово. За Сплит во приквечерието одвојте барем 2 часа, независно дали сте биле или не, ако сакате и Марјан барем до скалите да стигнете одвојте плус уште 1 час. Немам слика од плажата, една ќе ставам од Сплит имаше еден спонтан театарски акт во центарот, како сцена од Total War Rome II е сликава.

20240623_120437.jpg


Labadusa, Чиово (трет ден)

Оваа е убедливо најубава плажа на која бевме. Се оди со истиот автобус 44. На островот Чиово патем има два автобуса: 44 (до Округ горен и долен) и 42(до Слатине). Се симнува на станицата Pivetova Glavica. На станицата имате за купување овошје продавничка, ама цените се изгор (4 праски ги плативме 3.8e), така да најдобро испазарете си претходно овошје за на плажа од маркет. Кога сме кај изгор, на плажата ако сакате вода да купите литро ипол цената е 4.2евра, затоа носете си и тоа обавезно. Исто така да напоменеме дека од станицата до плажата има 20 минути пешки. И тука некаде завршуваат црните теми, се останато е рајски градини. Водата е преубава тиркизна, сенки имаш на претек каде сакаш и колку сакаш, има ресторанчиња на плажата каде што порциите се големи (цените се скапи, ама не прескапи споредбено со останатите цени, порција јадење 12.5е), водата е чиста цел ден. Не е со карпи плажата како втората слика, ова е само дел, другиот дел е регуларен со ситни каменчиња, но секаде е длабоко после метро - метро ипол.

20240624_115230.jpg
20240624_143502.jpg

Слатине, Чиово (Kava beach, Slatine beach) (четврти ден)

Тука за жал времето не ни беше пријател, сонце не огреа. Но тоа е и добра страна, бидејќи ни овозможи пешки да си ги прошетаме сите плажи во околината (стигнавме до место каде што одма преку морето е паркот Марјан од Сплит). Се оди до местово со автобус 42, исто картата е 1.25е купена од автобуска, земете си во два правци карта, бидејќи е 3 пати поскапо ако ја земете од возачот. Водата беше мирна, чиста, но бидејќи сонце не огреа не можевме да ја видиме вистинската боја на водата под сонце, па не бевме воодушевин од тој аспект.

20240625_143350.jpg

Шибеник, Banj beach (петти ден)

До Шибеник се оди со меѓуградски превоз, 15 евра не чинеше повратна. Преку ден се капевме на плажата Banj, сеедно ни беше каде, баравме само некое место во близина што е, за после да ни е блиску градот за шетање. Океј беше, ништо посебно, ама не ни имавме големи очекувања. Релативно чисто морето, имаше бранчиња мали, нема некоја боја водата. Шибеник за шетање од друга страна е феноменален. Дискутабилно е ова, дебатлива е темата, ама за шетање мене ми беше подобар и од Сплит, Макарска, Трогор и од се што сум посетил. Ко концепт ми се допадна многу градот со тврдините, шеталиштето, уличките во стариот град. Кога сте веќе тука посетете ја и клупата со статуата на Дражен Петровиќ, каде што играл кошарка, на 10 минути е од автобуската. Во тврдините не бевме внатре, бидејќи немавме време, ама од тоа што видовме во таа најблиската до градот поединечна карта е 11 евра, а за сите 3 пакет влезница беше 13 евра. Немам слики од плажата, ова на сликите е стариот град (2 улици со дуќанчиња и над улиците насекаде има закачено цртежи од деца со името на детето кое го нацртало).

20240626_173900.jpg

Примоштен, плажа Velika Raduča (шести ден)

Плажата е нешто многу слично со Бол на Брач од аспект на тоа што од едната страна корнат ветрови и бранови, а другата е мирно морето, без ветер. Бојата на водата е прекрасна, втора омилена вода после Лабадуза, чиста е и има природни сенки. Уствари тоа и ми се допаѓа со Хрватска, немаш ти грижи за сенки и горење на кожата, заштедуваш брдо пари на лежалки што неизбежно би оделе на друго место ако летуваш. Попладне го посетивме и симпатичното градче Примоштен, ептен романтичен впечаток ми долови, видов и свадба правеа таму луѓе. Мало е, се шета за пола саат, 1 саат ако сакате секој агол да го измерите. Повратна не фати нешто поефтино од Шибеник, дека е и поблиску, нешто измеѓу 11 и 12 евра.

20240627_121802.jpg
20240627_122046.jpg
20240627_124925.jpg
20240627_172751.jpg

Kava, Чиово (оваа е друга Кава) (седми ден)

Се оди со автобус број 44, од местото каде што остава автобусот има 15 минути пешки. Цената е иста како кај сите други плажи на автобусите 42/44, независно дали се симнуваш на блиска или далечна станица, односно 1.25e правец. На плажата немате бар или продавничка (иако се градеше/реконструираше нешто), така да носете си за јадење и пиење. Има луѓе што поминуваат за кифли продавање, но не се потпирајте на нив. Тука имаше доста бранови, имаше дури и наутро, а после како минуваше времето се повеќе и повеќе. Доколку сте фан на бранови супер ќе ви е, доколку не сте може и да ја скокнете и да се упатите на некоја плажа што е на некој мирен залив (пример тие лево од Трогир накај Марина местото). Две плажички се една до друга, на Кава немате сенка, на другата имате многу сенки, ние бевме на другата. Немам слики од плажата.


Најчесто поставувани прашања

Цени? Цените ви се горе доле слични како со Грција реално. Ако сакате да седнете во ресторан истите ви се од 10-12 евра за бургер, гирици, стек, 15-20 евра за риба, морски плодови, 0.5 пиво е 4 евра. Вака за брза храна ви се околу 5 евра, пекара 1-3 евра. За маркет многу зависи кој маркет, најскап ви е Студенац, Томи, Рибола и Конзум се горе доле слични цени, нешто во едниот ќе е поефтино а нешто во другиот. Конзум ви е најснабден. Најефтин беше Plodine во Мариса молот што се наоѓа 5 минути лево од главната автобуска, кој беше исто одлично снабден. Во молот има и други продавнички (за облека, домаќинство) што имаат багатела цени (поефтини од кај нас), на пример Pepco. Лидл и Кауфланд не бевме дека беа далеку. Во маркети од тоа што памтам цена: праски кило беа 2 евра, Фронди благи 2 евра, леб 1-2 евра, јогурт литро 1.5е, тие лиснати за плажа или крофни беа од 0.6 до 0.9е. Лежалки на плажа беа 20 евра, но никогаш немавме потреба да земеме.

Песочни плажи? Не, баталете песочни плажи тука. Има неколку (Бачвице, Омиш итн), но и кога ќе одите на нив, ќе ви недостасува чистината и бојата на водата која се забележува на камените плажи. Исто така природна сенка со борови шуми ќе немате на тие песочни плажи. Мене не ми беше воопшто проблем влагањето во вода на камените плажи, но доколку ви е проблем си имате за 10 евра обувки за влагање во плажа, ве штитат и од камења остри, но и од морски ежиња ако случајно наидете. Бистра е водата така да мене ми беше видливо каде газам.

Културно? Да. Туристи врие Пољаци, огромно мнозинство се, потоа има Англичани, Чеси, Германци, Австријци. Но, во Трогир и Чиово туристите се фамилијарни луѓе, никој не оди за журкање тука. Во Сплит кога бевме можеа да се видат млади Англичани за журки дојдени, кои беа гласни (далеку од тие што би ги сретнале на Закинтос или Крф), но во Трогир немаше. Ми остави впечаток на исклучително културно место.

Трогир

Стариот град кој е технички мало островче опколено од сите страни со ѕидини се шета за половина час, а ако сакате само да го поминете, се поминува за 5 минути. Има мало паркче, фудбалско игралиште, шеталиште (на нивно “рива“) со кафичи и бродови големи, во внатрешноста има плоштадче, неколку катедрали, продавнички и ресторани и тоа е генерално тоа. Од едната страна на мостот е Чиово, каде што има маркети, пекари, поефтин сместувачки капацитет, но нема нешто многу за шетање. Од другата страна е крајбрежјето, брегот покрај морето каде што се автобуската, молот, Конзум големиот маркет, пазарчето во Трогир (има доста тезги), поголемо шеталиште. Во продолжение неколку слики и од градот.

20240627_223202.jpg
20240622_200145.jpg

20240627_214015.jpg
20240627_231810.jpg
20240628_100229.jpg




Доколку имате било какво друго прашање слободно пишете ми тука или пп, исто така доколку имате вие сопствено искуство со Трогир слободно споделете го.
 
Последно уредено:
Член од
5 јуни 2024
Мислења
26
Поени од реакции
11
Se nadevam temava da predizvika interest, osobeno bi mi bilo drago dokolku onie koi letuvaat vo Grcija, Bugarija ili Albanija, se podzamislat dali treba da prodolzhat so taa praksa koga opstanokot na nashata drzhava I identitet se dovedeni vo prashanje, poradi tie 3 zemji. Dejstvijata na politicharite nemozheme da gi kontrolirame, no svoite mozheme.

Dalmacija e edna od najubavite destinacii vo svet, nam ni e mnogu blisku, a retko koj letuva tamu. Obichno ludjeto se zhalat na cenite ama sepak metro da idam 15 dena u Albanija, bolje bi otishla 7 dena vo Hrvatska

Ako se izbegne Dubrovnik ili poshiroko Dubrovachko Neretvanska Zhupanija, koi se najskapi, nagore e neshto poevtino i sega so site Internet opcii na prebaruvanje sepak mozhe da se najde neshto povolno. Osobeno ako tie shto patuvaat so avtomobil se podgorveni da vozat po 10-20km na den i nemora da se vednash na more.

Poradi Grcija smenivme ime, a pak ludje trchaat na odmor tamu. Poradi Bugarija kako izgledaat rabotite ke ostaneme vechno nadvor od EU. Albanija sega ja forsiraat za se tolku mnogu, iskreno kazhano mislam deka po brza postapka ke bidat primeni vo EU, I toa ke bide finalnoto lobi za krajot na Makedonija

Sega brzo bev vo Israel/Palestina I se razmisliv deka kako idat rabotite mozheme da staneme I nie ko Palestina
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.097
Поени од реакции
25.112
Во недела одам, 6 дена Трогир и 4 дена Дубровник.

@FilipMKD007 сакав да те прашам дали со кола одеше и ако да, по кој пат?

Зашто ми дава две рути на Google Maps, едната е низ Косово, Црна Гора, Босна и Трогир, а другата е преку Белград, Загреб и после спуштање во Трогир.

Али ми кажаа трета тура што ја нема на Google Maps, преку Белград до Нова Градишка и кај Нова Градишка влагање во Босна и низ Босна до Трогир.

Како идевте вие?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.256
Во недела одам, 6 дена Трогир и 4 дена Дубровник.

@FilipMKD007 сакав да те прашам дали со кола одеше и ако да, по кој пат?

Зашто ми дава две рути на Google Maps, едната е низ Косово, Црна Гора, Босна и Трогир, а другата е преку Белград, Загреб и после спуштање во Трогир.

Али ми кажаа трета тура што ја нема на Google Maps, преку Белград до Нова Градишка и кај Нова Градишка влагање во Босна и низ Босна до Трогир.

Како идевте вие?
Јас бев со авион, за другпат и би ти ја препорачал опцијата со авион бидејќи имаме директна линија, а и таму е супер со автобусчиња превоз до плажи и градови (не се најчести, ама се редовни). Ако сте двајца може и да е поисплатлива опција, ако сте фамилијарно пуна кола или со друштво, со кола е поевтино. Е сега баш видов кои 3 рути ти ги дава (се надевам се истите ко кај мене), таа преку Рожаје и Косово без влагање во Албанија гледај да ја избегнеш, границата е на сред планина после кривини, вика најмалку километри е, ама не вреди таа тортура. Другата опција што ти ја дава е преку Косово, Албанија, Црна Гора, па преку јадранска магистрала, со влегување во Босна, оваа опција е далеку подобра, можеш да ја размислиш. Јас би ја размислил и опцијата да си возиш покрај море цело време, поспоро е, ама повеќе ќе уживаш во патот, плус ќе одиш преку новиот мост, нема да влагаш во Босна ниеднаш. Другата опција од горе преку Белград ти е сепак подолга и за Трогир/Сплит е малку премногу километри, да беше Шибеник веќе ќе можеше да влезе во комбинација, за Ријека, Задар и цела Истра, сигурно преку Белград таа рута би одел. Ова се чисто некои мои гледишта, може не се точни. За Макарска, Дубровник кога сме оделе по Јадранска магистрала сме цепале целиот пат, супер ни било, само една патарина има таа во Албанија, си возиш за душа и си уживаш покрај морето, сега е и олеснато дека не треба Неум да го поминвуаш, туку одиш преку новиот мост.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.795
Поени од реакции
2.550
Во недела одам, 6 дена Трогир и 4 дена Дубровник.

@FilipMKD007 сакав да те прашам дали со кола одеше и ако да, по кој пат?

Зашто ми дава две рути на Google Maps, едната е низ Косово, Црна Гора, Босна и Трогир, а другата е преку Белград, Загреб и после спуштање во Трогир.

Али ми кажаа трета тура што ја нема на Google Maps, преку Белград до Нова Градишка и кај Нова Градишка влагање во Босна и низ Босна до Трогир.

Како идевте вие?
Јас одам следна недела на 1ви за Ровињ 6 дена и после до Трогир уште 3 дена, ќе ја терам и за одење и за враќање рутата преку Белград - Загреб. Малце подолга ама па се е автопат и цепаш право цело време.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
1.164
Во недела одам, 6 дена Трогир и 4 дена Дубровник.

@FilipMKD007 сакав да те прашам дали со кола одеше и ако да, по кој пат?

Зашто ми дава две рути на Google Maps, едната е низ Косово, Црна Гора, Босна и Трогир, а другата е преку Белград, Загреб и после спуштање во Трогир.

Али ми кажаа трета тура што ја нема на Google Maps, преку Белград до Нова Градишка и кај Нова Градишка влагање во Босна и низ Босна до Трогир.

Како идевте вие?
Доколку отидовте со кола, јас можам да ти дадам совет за враќање назад доколку тргнувате од Дубровник. Од мало дете летувам фамилијарно на Хвар, каде што воедно и ова лето бев :D

Јадранска магистрала е катастрофа сума сумарум (ништо ново тука). Ако тргнете од Дубровник накај Скопје по Јадранска магистрала (Херцег Нови-> Тиват -> Будва -> Бар -> Улцињ -> граница Muriqan/Sukobin -> Скадар) мислам деќа ќе заглавите ептен бидејќи е ненормална гужва и се вози 50-60 максимум.

Патот последниве 2-3 години кој што го возам за да ја избегнам оваа гужва е Дубровник->Требиње->Никшич->Подгорица->Тузи и влегувам во Албанија преку границата "Bozhaj/Hani i Hotit" над Скадар. Причината што одам по овој пат, иако има 1 граница плус во споредба со возењето по Јадранска Магистрала, е што има многу помалку коли и уште поважно, тоа што скоро целиот пат е магистрален и може да се вози побрзо него обично со надеж дека нема да те сопре полиција :D

Ако ти требаат уште информации, слободно пиши.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.097
Поени од реакции
25.112
Патот последниве 2-3 години кој што го возам за да ја избегнам оваа гужва е Дубровник->Требиње->Никшич->Подгорица->Тузи и влегувам во Албанија преку границата "Bozhaj/Hani i Hotit" над Скадар. Причината што одам по овој пат, иако има 1 граница плус во споредба со возењето по Јадранска Магистрала, е што има многу помалку коли и уште поважно, тоа што скоро целиот пат е магистрален и може да се вози побрзо него обично со надеж дека нема да те сопре полиција :D
Овој пат мислев да го возам, зашто овој прценствено и ми го дава преку Google Maps. Само што место преку Албанија, тука го дава преку влез во Косово.

Иначе вчера возевме 13 саати од Скопје до Трогир, тешка малтретажа али буквално вредеше.

Местово е фантазија!
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
1.164
Овој пат мислев да го возам, зашто овој прценствено и ми го дава преку Google Maps. Само што место преку Албанија, тука го дава преку влез во Косово.
Никако по тој пат, тој ти е прастариот пат што те носи низ Колашин, Беране, Рожаје итн , огромна планина е ова со искачување и угорници, овој пат се користеше во 2000те години кога не постоеше автопат од Приштина до Милот во Албанија, верувај ми, сум го возел овој пат со моите на времето :D

Ќе си одиш по царски пат, магистрален од Shkoder->Lezhe->Milot (каде што е само 1 лента и огромна гужва, али нема избор тука, ќе се наоружаш со трпение дека 55 км ќе ги возите саат до саат и пол, зависност од гужва :D) , но после Милот се приклучуваш на автопат се до крај до Скопје (на google maps визуелно е Kukes->Prizren->Pristina иако во ниеден град нема да влезете многу нормално)

Иначе вчера возевме 13 саати од Скопје до Трогир, тешка малтретажа али буквално вредеше.

Местово е фантазија!
Морам да ги дадам моите 2 центи на оваа тема, до Хвар и мене некаде ме фаќа околу 12 часа возење се на се, али штом стигнам таму, се осеќам ко да не сум ни возел нит чувствувам умор, ниту нервоза, едноставно друго е чувството кога ќе пристигнеш во Хрватска и по можност директ во море да се освежиш :D
Има причина зошто никогаш во животот годишниот одмор го немам поминато во Грција како повеќето Македонци, каде што изговорот од моите околни луѓе дека е "многу далеку". Да, можеби е 12 часа пат, ама ова што го нуди Хрватска на секој приморски град, нема никогаш да го добиеш на краците или Лефкада итн од 95% од местата во Грција.

Во Хрватска има нешто што многу ме привлекува и ми е при срце, од самите места како Хвар/Трогир итн, до луѓето бидејки наши сме си :), до морето, до амбиентот, до архитектурата, до храната, до културата, до организација, до случувања итн, буквално се. Грција како прошетка за викенд секако останува, али никогаш не би ја заменил Хрватска за Грција од аспект на годишен одмор. Тука имам летувано од моите што ме носеле како бебе од 7 месеци до 30 мои години.

Ниту ми е далеку да возам до таму, ниту ми е досадно толку многу што имам летувано, напротив, никогаш не ми е доволно штом стапнам во таа земја. Хрватска е мој втор дом, мојата втора држава што ја сакам после Македонија. :love:

Баш ми е мило што ти се допаѓа и се надевам ќе ги согледаш убавините што ги нуди оваа држава и се надевам дека ќе охрабрам луѓе да се повозат малку повеќе него обично за да ги искусат овие убавини! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom