Завршија систематските прегледи од работа и резултатите беа катастрофални. Барем за моите колеги (вклучувајќи ме и мене). Што ти значи јадење секое сабајле четврт со јогурт.
Анивејз, ајде да се наобразуваме малце што се тоа триглицериди и како на природен начин да ги доведеме во нормала. Според тоа што е напишано мислам дека би било изводливо да се придржува некој до ваквиот начин на здрава исхрана.
Производи кои можат да ги зголемат триглицеридите се рафинираниот шеќер, рафинираното брашно, овошните сокови, суво овошје и претерано консумирање на алкохол. Бидејќи нивото на триглицеридите по оброците со месо се покачува и може да се задржи во следните неколку часа, се советува 8 часа пред испитувањето да не се јаде. Доколку појадувате пред испитувањето, триглицеридите можат да се покачат за 20% повеќе, во однос на вистинската состојба.
Млеко и млечни производи
Дозволено: Пастеризирано млеко, кисело млеко,кефир, јогурт (со најмногу 0,1% млечни масти), свежо кравјо сирење.
Дозволено, но ретко и во помали количества: /
Недозволено: маргарин , павлака, топени и помасни сирење(со повеќе од 25% млечни масти), полномасно млеко(со повеќе од 0,9 % млечни масти
Риба, Месо и месни производи
Дозволено: Варена бела морска риба,особено готвена сардина, туна,харинга, лосос, пилешко и мисирка без кожа.
Дозволено, но ретко и во помали количества: говедско, телешко и јагнешко ако е без маснотии,јајца.
Недозволено: Масно свинско и говедско месо,јазик, паштета, месни конзерви, сланина, џимиринки, колбаси, салами, месни нарезоци, ракчиња, џигер.
Зеленчук
Дозволено: (подготвено без маснотии) зелена салата, зелка, кељ, блитва,спанаќ, моркови, краставиоца, тиквички, пиперка, домати, брокула, карфиол, моркови, бамја, печурки, целер, кромид, соја и соини производи.
Дозволено, но ретко и во помали кокличества-компир(варен и во помали количества): ориз, грав, грашок, леќа.
Недозволено: Компир, пченка, кикиритки.
Овошје
Дозволена храна: Јаболка,вишни,дуњи,јагоди,малини,капини,рибизли,боровинки.
Дозволено, но ретко и во помали количества: Црешни,круши,праски,сливи,портокали,мандарини,киви,диња, лубеница.
Недозволено: Грозје,банани, смокви, сушено и кандирано овошје, лешници, ореви,бадеми, сите видови компот со шеќер, слатко тропско овошје.
Напивки
Дозволено: Чај со вештачки засладувачи или без шеќер, минерална вода.
Дозволено, но ретко и во помали количества: овошни сокови без шеќер, црно кафе со вештачки засладувачи или без шеќер.
Недозволено: Сите алхохолни напивки (жестоко, вино, пиво), сите сокови со додаток на шеќер,сите газирани сокови како и чоколадо. (*Контролирајте го пиењето на алкохолни пијалоци. Луѓето кои имаат покачени триглицериди, мора да престанат да пијат алкохолни пијалоци или да ги намалат на еден до два пијалоци дневно)
Леб, печива и тестенини
Најдобро е да ги избегнувате!
Дозволено, но ретко и во помали количества: тестенини од кој било вид, палента, леб од интегрални зрна, црн ржан.
Недозволено: Чипс, смоки, крекери, тесто од компир на сите начини.
Зачини
Дозволени се сите зачини,па и сол,сенф,оцет,зачински билки.
Недозволено: Мајонез, кечап.
Масла
Дозволено: Маслиново масло,масло од репка (добро количество моно-незаситени масни киселини и омега 3),кикириките,бадемите,кокосово масло,црвено палминово масло,
свинска маст(се зачуди зашто ја ставив)
Недозволено:соино и сончогледово масло,ако не е ладно цедено може да отиде и лененото масло.
а македонски, ако најде некој нешто на англиски и има време да го преведе, нека повели)