Триглицериди

N

Nessa Alcarin

Гостин
Завршија систематските прегледи од работа и резултатите беа катастрофални. Барем за моите колеги (вклучувајќи ме и мене). Што ти значи јадење секое сабајле четврт со јогурт. (n) Анивејз, ајде да се наобразуваме малце што се тоа триглицериди и како на природен начин да ги доведеме во нормала. Според тоа што е напишано мислам дека би било изводливо да се придржува некој до ваквиот начин на здрава исхрана.

Кратко инфо:
Холестеролот и триглицеридите претставуваат два облика на липиди, односно масти. Без нив нема живот. Холестеролот е потребен за изградба на клеточните мембрани и производство на неколку елементарни хормони. Триглицеридите кои претставуваат синџир на масни киселини со висока енергија, обезбедуваат енергија потребна за нормално функционирање на клетките. Постојат два извори на овие липиди: извори во храната и ендогени извори (на пр. Кога тие се произведуваат во телото). Холестеролот и триглицеридите воглавно се наоѓаат во храната од животинско потекло и заситени масти. Овие липиди најпрво се апсорбираат во цревата, а потоа по пат на крвотокот стигнуваат до црниот дроб кој ги преработува. Една од главните задачи кои црниот дроб ги врши е да се осигураат сите делови од телото да добиваат холестерол и триглицериди, без кои не може да функционираат. Црниот дроб ги пакува холестеролот и триглицеридите, заедно со специјалните протеини, во мали соединенија кои се наречени липопротеини. Тие влегуваат во крвотокот и на тој начин се доставуваат до сите ќелии во телото. Потоа, ќелиите од липопротеините земаат онолку холестерол и триглицериди колку што им се потребни. Ако јадеме премногу храна која содржи јаглеродни хидрати, вишокот се претвора во триглицериди и се складира како телесни маснотии. Затоа ако е зголемена вредноста на триглицеридите во крвта, првенствено треба да се намали внесувањето храна која содржи јагленородни хидрати и масти. Поради зголемената телесна маснотија постои можност да се појават болести на срцето, како и низа други болести. Зголеменото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од атеросклероза. Често оваа состојба е поврзана и со зголемен холестерол во крвта.
Производи кои можат да ги зголемат триглицеридите се рафинираниот шеќер, рафинираното брашно, овошните сокови, суво овошје и претерано консумирање на алкохол. Бидејќи нивото на триглицеридите по оброците со месо се покачува и може да се задржи во следните неколку часа, се советува 8 часа пред испитувањето да не се јаде. Доколку појадувате пред испитувањето, триглицеридите можат да се покачат за 20% повеќе, во однос на вистинската состојба.

Млеко и млечни производи
Дозволено: Пастеризирано млеко, кисело млеко,кефир, јогурт (со најмногу 0,1% млечни масти), свежо кравјо сирење.
Дозволено, но ретко и во помали количества: /
Недозволено: маргарин , павлака, топени и помасни сирење(со повеќе од 25% млечни масти), полномасно млеко(со повеќе од 0,9 % млечни масти

Риба, Месо и месни производи
Дозволено: Варена бела морска риба,особено готвена сардина, туна,харинга, лосос, пилешко и мисирка без кожа.
Дозволено, но ретко и во помали количества: говедско, телешко и јагнешко ако е без маснотии,јајца.
Недозволено: Масно свинско и говедско месо,јазик, паштета, месни конзерви, сланина, џимиринки, колбаси, салами, месни нарезоци, ракчиња, џигер.

Зеленчук
Дозволено: (подготвено без маснотии) зелена салата, зелка, кељ, блитва,спанаќ, моркови, краставиоца, тиквички, пиперка, домати, брокула, карфиол, моркови, бамја, печурки, целер, кромид, соја и соини производи.
Дозволено, но ретко и во помали кокличества-компир(варен и во помали количества): ориз, грав, грашок, леќа.
Недозволено: Компир, пченка, кикиритки.

Овошје
Дозволена храна: Јаболка,вишни,дуњи,јагоди,малини,капини,рибизли,боровинки.
Дозволено, но ретко и во помали количества: Црешни,круши,праски,сливи,портокали,мандарини,киви,диња, лубеница.
Недозволено: Грозје,банани, смокви, сушено и кандирано овошје, лешници, ореви,бадеми, сите видови компот со шеќер, слатко тропско овошје.

Напивки
Дозволено: Чај со вештачки засладувачи или без шеќер, минерална вода.
Дозволено, но ретко и во помали количества: овошни сокови без шеќер, црно кафе со вештачки засладувачи или без шеќер.
Недозволено: Сите алхохолни напивки (жестоко, вино, пиво), сите сокови со додаток на шеќер,сите газирани сокови како и чоколадо. (*Контролирајте го пиењето на алкохолни пијалоци. Луѓето кои имаат покачени триглицериди, мора да престанат да пијат алкохолни пијалоци или да ги намалат на еден до два пијалоци дневно)

Леб, печива и тестенини
Најдобро е да ги избегнувате!
Дозволено, но ретко и во помали количества: тестенини од кој било вид, палента, леб од интегрални зрна, црн ржан.
Недозволено: Чипс, смоки, крекери, тесто од компир на сите начини.

Слатки
Тие се целосно забранети! :place::place::place: (овој податок не можам да го преболам)
Дозволено, но ретко и во помали количества: мармелад за дијабетичари.
Недозволено: Шеќер и мед в сите облици, разни колачи,чоколад, бонбони,сладолед, пудинг, палачинки и тесто пржено во маснотии. (зошто мед не смее, малце ми е чудно)

Зачини
Дозволени се сите зачини,па и сол,сенф,оцет,зачински билки.
Недозволено: Мајонез, кечап.

Масла
Дозволено: Маслиново масло.
Дозволено, но ретко и во помали количества: масло од маслодајна репка,соино и сончогледово масло.
Недозволено: /



Доколку некој има некој совет, рецепта и слично, за намалување на холестерол и триглицериди, може да биде доволно љубезен па да ја сподели.
Ми кажаа за некој природен лек / сок од цвекло, цитрон, лимон и јаболка ...(не ги знам точните состојки и мерки)

помошни извори:
http://www.gladijatori.com
http://www.karmakasha.mk (ова беше најдено при пребарување на македонски, ако најде некој нешто на англиски и има време да го преведе, нека повели)
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
734
Поени од реакции
536
Со еден збор не треба ништо убаво да јадеш. Ги имам јас со години, сум пазел и што јадам и што пијам, и сум вежбал и уште што не. Највеке сум ги симнал до околу 2, иначе ми беа околу 8-10. Има и апчиња, мислам дека аторис се викаа, ги топат како луди. Купи си такви и пиј ги и во мегувреме пази што јадеш и ке видиш многу многу подобрени резултати кога ке завршиш. Нормално, иди кај леакар да ти ги препише бидејки ке треба да ти даде и која доза да пиеш и сл. Иначе наутро напивај се по малку оцед од јаболко ама природен. Комбухата исто така прави чуда. И имаше и некој корени што се јадеа, како рен, итн... али не се секавам добро веќе... Ке ти пишам после што мене ми помогна кога ке си дојдам дома бидејки мене жена ми сето тоа ми припремасе, а јас само консумирав. :)
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 12:11 ---
Baj d vej све е и до организмот. Мораш да најдеш од што се повишени. Колешка моја, еве ја тука седи, јаде само трава и овошје и сл. значи никако месо, никако тестенини и сл... и пак и се 8-10 константно. А ус пат и активен спортист е и едвај тези 40 кг. :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
10.704
Поени од реакции
8.552
Имав 14ка, па од лани до сега ослабев 15 кила, сеуште немам тело ко аполон ама барем овие говна ги исфрлив тотално. Едина мана ми е што уште љокам ко нездрав.
На се останато се навикнав па сега ми е чудно кога ќе пробам пржено, место варено кое ми е по дифолт секојдневна обавеза.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.193
Поени од реакции
2.257
За правилна проценка на липидниот статус треба да се погледне „интегралната слика“ на нивот на сите „видови“ липиди во крвта: триглицериди, VLDL; LDL; IDL; HDL и врз основа на тоа да се процени дали состојбата може да се отстрани само со промена во диетата, како што и Неса напишала, или, пак, се работи и за биохемиско нарушување за кое ќе е потребен и треман со т.н. статини (најчесто).

Лук, кромид, цимет, корен од глуварче, грчко семе се некои од намирниците кои можат да помогнат во нормализирање на липидниот статус, а исто така и рибиното масло, како и (во последно време многу актуелното) крилово масло.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
734
Поени од реакции
536
И да, обавезно пијам омега 3, многу ми помагаат барем на мене, и сум приметил, доколку неколку дена не се напијам т.е. заборавам, одма се осеќеам по усрано.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
И да, обавезно пијам омега 3, многу ми помагаат барем на мене, и сум приметил, доколку неколку дена не се напијам т.е. заборавам, одма се осеќеам по усрано.
И мајка ми ги пие. 340 ден. биле во аптека. Но се уште не сакам да почнам да внесувам апчиња, затоа ќе се обидам првин со храна да ги средам.
А за благо, како се справуваш, јас мислам дека нема да можам да издржам без тоа. :(
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
734
Поени од реакции
536
Омега 3 не е хемија ја колку шти знам. Мислам дека е многу безбедно да ги пиеш. Подобро е дури да ги пиеш него ли да не ги пиеш.

А за исхарана да ти кажам, после толку години заебанции со триглицеридите повеке не се замарам многу. Да, пазам на исхрана мегутоа за викенд јадам што ми душа сака. И сега за сега ок е. Почнувајки од Петок со традиционален хамбургер во Седмица и завршувам во Недела околу 19:00 со тука ги има кај мене едни гевречиња штотуку извадени од фурна. :)) Иначе преку недела јадам стрикно 2-4 лепчиња црн леб, 1-2 кафиња и многу овоше и зеленчук. А за благо, не можам тука да ти кажам ништо бидејки не го јадам бог знае колку. Иначе можеш да јадес оние чисто темни чоколада, со некој 70% горе/доле какао што е, ама мене од нив ме фаќа запек :))) И боркула многу јадам, на многу луѓе им смрди одвратно ама мене ми е преубава.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 13:57 ---
И да, стриктно маслиново масло да користиш, буквално за се. Мене да ти кажам ми требаа неколку години да се навикнам на него, имав некое чуство како масло од кола да консумирам, ама сега се навикнав и тамам ми е.
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
79
Поени од реакции
129
Мене триглицериди само еднаш ми се имаат појавено на крвна слика и тоа многу малку над дозволеното.
Докторот ми кажа дека е од храна и од стрес и нервоза.
Е јас стресот и нервозата ги елеминирав, а храната ја сменив многу малку, и само намалив од некои глупости.
Следните испитувања, крвта ми беше како на бебе.
Сепак мислам дека стресот и нервозата се број еден фактор и слабата или скоро никаква, физичка активност.
Џабе ви е ако се храните правилно демек, а ве мрзи, газот да го дигнете и да свртите еден круг пешки низ град.
Или по кеј....
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
671
И мајка ми ги пие. 340 ден. биле во аптека. Но се уште не сакам да почнам да внесувам апчиња, затоа ќе се обидам првин со храна да ги средам.
А за благо, како се справуваш, јас мислам дека нема да можам да издржам без тоа. :(
Што подразбираш под тоа нејќеш да внесуваш апчиња уште сега?
Со исхрана да ќе средиш и се ама ќе мораш да се откажеш од многу посластици кои досега ти биле задоволство да ги конзумираш.

Благото е во ред се додека е во нормални т.е. мали количини. Омега 3 воопшто не е некоја кванта физика или хемија или пак некој вид на ААС. Слободно без страв ако има потреба почни да конзумираш.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
661
Како прво, треба да се најде од што се повишени триглицеридите. Можно е да е од претерано јадење на мрсна храна, тогаш ОК ќе ги средиш со правилна исхрана (иако многу макотрпна работа те чека), но можно е да е и нарушен метаболизмот на истите па ти колку сакаш не јади благо и мрсно пак ќе ти бидат високи.
Како правило е дека триглицеридите е екстремно тешко да се доведат во нормала. Ако некој ти каже дека ги довел во нормала исклучиво од таблети или исклучиво со правилна исхрана - лаже. За задоволителни резултати секогаш е потребно комбинација од овие две.
Омега 3 не е некоја хемија која треба да ја избегаваш, баш напротив во зимскиот период е препорачлива за секого бидејќи освен што го чува срцето го зголемува и имунитетот.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
734
Поени од реакции
536
Arno ti kaza devojka87, da se dovedat vo red e naucna fantastika. Jas eve 5-6 godini maka macam i use mi se zanikade. Ama ja i mnogu mnogu dieti ne teram. Onaka od vreme na vreme. A znam i u kafance da si zasednam i nekoja rakija da se napijam i sl... Si gi pijam lekovite redovno i toa e toa. Bitno 3 raboti sto gi pravam i sto mnogu znacat mislam, jadam striktno so maslinovo maslo (ladno cedeno) pijam redovno omega 3 i ne jadam svinsko voopsto, duri i vo sedmica koga odam, jadam nesto so pilesko. Da, znam deka samiot pomfrit i majonez se daleku po losi od svinskoto ali jebi ga, ednas nedelno, pa mi se moze. :) I da, jadam vo golemi kolemi kolicini citroni. E sega pazi, ova citronive topat mrsnotii ko ludi ali da znaes deka dokolku ti prepisat i pocnes da pies nekoj lekovi za topenje mrsnotii obavezno da go prasas doktorot dali so niv smees da pies i citroni ili voopsto bilo kakov vitami C, bidejki ako ne smee posledicite se mnogu zaebani, da ne recam ne daj boze i do umiracka moze da dojde.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 21:11 ---
Inace eve go lekot so mi go pravese zena mi. Na Srpski e ali ke razberes.

Priprema: 300 grama belog luka i 1 kilogram limuna sa korom, sitno samleti.
Nakon toga staviti da prokljuca 1,5 l vode a onda smanjiti vatru i dodati samleveni beli luk i limun pa poklopiti sud. Iskljucivo na laganoj vatri ovu smesu prokuvati 14-15 minuta (nikako duze od toga). Zatim skloniti sa vatre i ostaviti da se prohladi. Ovo je gotov tibetanski lek koji treba sipati i cuvati u poklopljenoj staklenoj posudi (tegli).

Ovaj lek uzimati na prazan stomak svakoga jutra i to 0.5 dl, tokom 25 dana. Iza toga obavezno napraviti pauzu od 10 dana a onda ponoviti postupak do poboljsanja zdravstvenog stanja. Nakon toga prestati sa upotrebom leka.

Napomena: Strogo se pridrzavati dnevne doze leka i pauze od 10 dana između dve kure. Nakon izlecenja ne treba uzimati lek vec samo ako dođe do pogorsanja zdravstvenog stanja. Zdrave osobe koje se odluce da lek uzimaju radi poboljsanja opsteg stanja organizma neka primenjuju samo jednu do dve kure godisnje i to dva puta po 25 dana u razmaku od 6 meseci.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Вие сте имале претерано покачено ниво на триглицериди. Моите не се до толку, но пак се над нормала. Сега за сега ќе пробам со храна (повеќе овошје и зеленчук), не сакам да пијам апчиња. Не значи дека се штетни или не добри, едноставно, не сакам да ги пијам.
едит: Туку некој ако ја има рецептата за сокот од цвекло да ја постира. Знам дека тоа е добар природен лек за намалување холестерол и триглицериди во крвта.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
734
Поени од реакции
536
Ne se sekiraj druze, ne nekoj, tuku mene prasaj me, za trigiceridi sum ti expert. :)))

2kgjabolka
1kglimoni
1kgcveklo
1kg morkovi, ama neekoj onaka, po socni i po mladi1 pola kilo med.

priprema:

jabolkoto, cvekloto i morkovite gi lupis. posle toa vo eden golem sad gi rendash. posle na seto toa mu go stavas medot i sokot od limonjata koj prethodno si gi iscedil. go mesas onaka so raka i go pokrivas so celofan i go ostavas da stoi nekoj 24-36 casa. e sega e interesnoto. treba posle 24 ili 36 casa seto toa da go iscedis. toa najubavo se pravi so gaza (mozes da kupis u apteka) ili zenska hulahopka. nemoj da go stavas u sokovnik bidejki ke se zaebes, si znam jas po mene, ako od sokovnikot ispadna od seto ova 1,5 kilogrami sok, onaka racno mi ispadna 4-5 kila. isto bi ti preporacal da go cedis nekade kade sto mozes da pravis necisto bidejki od cvekoto se ke stane lom.

se pie sekoe utro po 1 mala rakiena caska.

p.s. za nekoj drug ako mu treba ova slucajno, zena mi dodeka bese bremena kako i na site trudnici i pagjase nivoto na zelezo u krvta. od koga pocna ova da go pie na narednata kontrola vekje i bese nad normlata, mislam deka normala bese 11 a ona imase nakde okolu 13. nema vrska ova so trigileridi ama nekoj moze ke procitam i ke mu pomogne.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
671
gt80 овој рецепт што го пиша јас го пиев ама чисто онака за здравје не дека имав проблем и тоа дневно околу 300ml од сокот.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
734
Поени од реакции
536
abe da, se pie i za energija pogolema i sl. ali jas licno ja ispiv taa edna doza sto ja napraviv i tolku, ne mozam da go podnesam cvekloto osven ako ne e vareno pa kiselo, onaka u tegla.
 
На врв Bottom