Трето полувреме

Член од
3 јануари 2008
Мислења
87
Поени од реакции
159
Е шо да гледам во Македонска Каменица . кај да го гледаам ?​
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Добар е и филмот и приказната. Да отскокнува над сите македонски филмови од 2000 наваму е евидентно. Само некако ја нема онаа тежина како што на пример Пред дождот ја имаше. :)
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Вчера го гледав филмот и топло го препорачувам на секој

Одлично филмче за мерак (y)
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
The films, listed in alphabetical order by country, are:
Austria, “Amour,” Michael Haneke, director;
Canada, “War Witch,” Kim Nguyen, director;
Chile, “No,” Pablo Larraín, director;
Denmark, “A Royal Affair,” Nikolaj Arcel, director;
France, “The Intouchables,” Olivier Nakache and Eric Toledano, directors;
Iceland, “The Deep,” Baltasar Kormákur, director;
Norway, “Kon-Tiki,” Joachim Rønning and Espen Sandberg, directors;
Romania, “Beyond the Hills,” Cristian Mungiu, director;
Switzerland, “Sister,” Ursula Meier, director.
Foreign Language Film nominations for 2012 are again being determined in two phases.
Трето полувреме не е номиран за Оскар.
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
„Трето полувреме“ не влезе во трката за оскар !!!
Американската Академија за филмски уметности ги објави вчера деветте филмски остварувања од неанглиско говорно подрачје од кои еден ќе го понесе оскарот за „Најдобар странски филм“. На списокот не се најде македонскиот кандидат за златната статуетка „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.

Во тесниот круг влегоа „Љубов“ (Германија, Франција, Австрија), „Кралски дела“ (Шведска) „Недопирливи“ (Франција), „Кон-тики“ (Данска, Велика Британија, Норвешка), „Воена вештерка“ (Канада), „Не“ (Чиле), „Зад ридовите“ (Романија), „Бездна“ (Исланд) и „Сестра“ (Швајцарија).

До 10 јануари ќе се изберат петте номинации за Оскар, за оваа но и за сите останати категории, а церемонијата на 85-тото доделување на наградите ќе се одржи на 24 февруари.
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
157
Поени од реакции
233
interesen-razlicen pogled na filmot
По свечената премиера на филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, во скопското кино Милениум, главната и одговорна уредничка на „Канал 5“, Лидија Богатинова, трчајќи по Никола Груевски, успеа да извлече коментар од заитаниот премиер, кој кусо и суво ѝ процеди дека филмот бил одличен и оти има шанси да добие Оскар. Додека премиерот, фатен рака под рака со сопругата Боркица, се губеше некаде во темната скопска ноќ, надвор од видикот на камерите на билтенизираната, провладина телевизија, плакатот на „Трето полувреме“, со покажаниот среден прст кон нацистичкиот кукаст крст, некако почнуваше да добива појасна физиономија.

Со оглед на начинот на обработка на фудбалската и темата за холокаустот, посочувајќи не само исклучива вина на Бугарија, туку и шовинистичка, генерализирачка перцепција за бугарскиот народ, содржината на „Трето полувреме“ откри чија е раката која покажува среден прст и кому тој вистински е наменет. Највисоката можна оценка дадена за филмот, заедно со меценатството од милион и пол или беа повеќе евра, во име на граѓаните кои го полнат буџетот на Република Македонија, а во контекст на јасно видливиот антибугарски карактер на „Трето полувреме“, покажуваат дека раката која го држи средниот прст е на Никола Груевски, примачот на таа колоритна порака е денешна Бугарија, а со неа и ЕУ и НАТО... Приказната продолжува, но не на филм и не со убави навестувања...

Гледањето на претходниот филм на Дарко Митревски, „Балканкан“ (2005), набљудувањето други негови јавни, пред сѐ публицистички, но и ѓоахумористични пројави, како и самата тема и временскиот период кој се обработува во „Трето полувреме“, не создадоа никаква дилема кај мене, дека во своето најново недело, Дарко повторно ќе србува, евтино и ниско ќе се обидува да стереотипизира и омаловажува на етничка основа, па и да шири омраза кон бугарскиот народ.

Но за време на гледањето на филмот, а и кога излегов од кино салата средувајќи си ги првите впечатоци, бев шокиран до кој степен ова полно со злоба и фрустрација, дури и физички, физиогномиски така форматирано човече, е способно да мрази и подло да ги поттикнува другите да мразат. Изненеден бев, какви големи психички проблеми треба да има несреќниот, среброљубив конвертит, Дарко Митревски, некогашен, а во умот и сегашен идеолошки приврзок на бугарофобичниот, нациболшевички, таканаречен Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) и профитер од нивните изборно-партиски спотови, штом си допушта така дрско, невоспитано и простачки да ја потценува интелигенцијата на другите луѓе, тврдејќи на прес конференции и во интервјуа, дека во филмот нема ништо против бугарскиот народ и Бугарија.

Ме шокира и степенот на лудило на актуелната македонска власт, на чело со Никола Груевски, која поистоветувајќи се комплетно со филмот „Трето полувреме“, фрлајќи милиони евра буџетски пари во ова фашизоидно памфлетче, фалејќи го јавно низ устите на нејзини функционери, директно им порача на Бугарија и на бугарскиот народ дека ги мрази. А можеби и не е лудило, можеби сегашната власт на ДПМНЕ, или тие кои ја имаат на џојстик, навистина искрено и плански си ја сакаат Македонија комплетно изолирана, надвор од Европската унија и од НАТО, да стои како однапред подготвен кусур и компензација во евентуалните идни српско-албански територијални прекројувања на Балканот.

ДАРКО МУ СЕ ПОКЛОНУВА НА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“

Кусото запознавање со возрасната Еврејка Ребека (доловена низ раскошното актерскo умеење на Бедија Беговска) и со нејзината правнука, кои во почетокот на „Трето полувреме“ се наоѓаат во современо Скопје, се некаков преттекст за во првите кадри Дарко на глорификаторски начин да ни го прикаже денешниот изглед на главниот град на Македонија, двокатните градски автобуси, при што најјасно гледаме еден таков со видливо напишана насока кон Милениумскиот крст, а потоа следат сликите на објектите во градба, до Камениот мост, покрај брегот на реката Вардар. Сентиментално-патриотскиот поглед кон огромниот паметник на Александар Македонски, понуден од филмското платно, ги задоволува страстите на онаа публика, која смета дека директно води потекло од славниот војсководец, кој, да беше наш современик, веројатно ќе се наоѓаше на списокот на Хашкиот трибунал, како обвинет за воени злосторства. Прикажаниот Александар, топтан со претходните кадри, како и конформистичките, ептен провидни, дури и смешни „пируети“ на режисерот на „Трето полувреме“ во неодамнешното интервју за неделникот „Граѓански“, на тема изгледот на главниот град, сосема јасно го определуваат апологетскиот и партиски ангажиран однос на Даркота кон проектот „Скопје 2014“ и кон главниот мецена на овој филм – ДПМНЕ-овската, античко-македонска влада на Никола Груевски, која испотроши, а можеби и испра толку многу пари на даночните обврзници на Република Македонија, за Скопје да го добие сегашниот трагикомичен, „древен“ и „триумфалистички“ изглед.

Каде е итрината, лукавоста и расипаноста на Дарко во сугерирањето и поттикнувањето омраза кон бугарскиот народ, во релативизирањето на српскиот период на владеење со Македонија, наспроти бугарскиот? Почетниот период во филмот, ако го исклучиме апологетството кон Груевски и кон проектот „Скопје 2014“, нѐ пренесува во последните години од српското владеење со Вардарска Македонија, непосредно пред Втората светска војна. На коментарите и реакциите од Бугарија за филмот, како и на обвинувањата за србоманство, Дарко знаеше да потенцира дека тој го прикажал и српскиот завојувачки период во Македонија. Но, како е прикажан српскиот период, особено во споредба со бугарскиот?

Српскиот период жанровски е пренесен во вид на пародија, со една лефтерност и леснотија. Жанрот пародија секогаш ја амортизира и неутрализира одбивноста кон „негативците“, како што на пример тоа го прави британскиот ситком „Ало, ало“, хумористична серија, чии епизоди се снимаа од 1982 до 1992 година и која исто така се занимава со времето на Втората светска војна. Пародичноста на „Ало, ало“, како и феноменалниот хумор во серијата, не предизвикуваат омраза кон германските окупатори на Франција, кон германскиот народ во целина, дури ниту кон припадниците на Гестапо, бидејќи пред сѐ тоа не е цел на авторите на ситкомот. Кој би можел да ги замрази Хер Ото Флик и неговата помошничка Хелга, а низ нив сите Германци?!

Првата средба со некаков српски поробувачки елемент во „Трето полувреме“, е при тепачката на главниот машки лик, фудбалерот Коста со човек, за кој дури подоцна во филмот дознаваме дека е кралски наредник. Коста е шверцер, гангстер, крадец и што ли уште не, но секако повеќекратно надвор од законот – криминалец. А каков и може да е Македонецот, според Дарко, чии етнички стереотипи ги научивме уште од „Балканкан“. Криманалниот бекграунд на Коста убедливо посочува дека тепачката и ударот со тупаница врз него, од страна на кралскиот наредник, не се на етничка основа, а и ние филмските гледачи сѐ уште не знаеме кој го удира главниот јунак.
Интересен е и изборот одличниот актер Горан Илиќ да го игра српскиот наредник. Илиќ е актер кому неверојатно му лежат комични ролји. Неговиот израз на лицето и во секојдневниот живот, дава впечаток на симпатична личност, на шегаџија, со кого со задоволство би се дружеле и би испиле кафе. Домашната публика како таков го знае од Македонските народни приказни и од други хумористични серии. Како тип на актер, а и како човек, Илиќ дополнително дава пародичен дух на „српскиот“ дел од приказната, која и без тоа така е конципирана.

Полскиот режисер Кшиштоф Кишловски (1941-1996) во својата (авто)биографска книга „Кишловски за Кишловски“ (1993), подготвена заедно со Данусја Сток, опишува пример на избор на актер според тип, објаснувајќи зошто го ангажирал Јурек Радзилович во суптилната, топла, емотивна, љубовна и повеќеслојна приказна „Без крај“ (1985) – филм кој е метафизичка панорама на Полска, по задушувањето на движењето-синдикат „Солидарност“ и воведувањето вонредна состојба во земјата, во декември 1981 година, од просоветскиот режим на генералот Војчех Јарузелски: „Во филмот ’Без крај‘ снимивме неверојатно многу сцени со Јурек Радзилович, кој го игра мртвиот адвокат. Купишта и купишта материјали. Сепак, на крајот тој се појавува само четирипати, и тоа како дух. Филмот не беше напишан за него, но во извесен момент сфатив дека тој треба да ја игра таа ролја. Тој играше во филмовите ’Човек од мермер‘ (1977) и ’Човек од железо‘ (1981) на Анджеј Вајда и поради тоа стана симбол на некој кој е проверено морално чист, проверено чесен. Сфатив дека е добро да го ангажирам за таа ролја, просто за на публиката да ѝ биде јасно дека станува збор за човек кој внатре е потполно чист, потполно светол. Знаев дека Јурек Радзилович тоа ќе го донесе, не затоа што е таков – иако и во вистинскиот живот е таков – туку поради асоцијацијата која ја буди кај луѓето. Тоа е добар пример за избор на актер според типот“!

САМИТЕ ДА ПРАВЕА ФИЛМ ЗА СЕБЕ, СРБИТЕ НЕМАШЕ ПОУБАВО ДА СЕ ПРЕТСТАВАТ

Илиќ буди комична асоцијација кај луѓето. Дарко јасно го релативизира времето на српското ропство во Македонија, не само со начинот на кој е претставен главниот „негативец“ од тој период, туку и со комичната нота на приказната. Публиката се смее на „српскиот“ дел од филмот. Единствен кој во неколку наврати негативно зборува за српската власт е претседателот на фудбалскиот клуб, Димитрија Павлов, односно убиениот од југокомунистите Димитар Чкатров во вистинскиот живот. Само Македонецот со бугарско сознание, кој патем воопшто не е убаво претставен во филмот, зборува негативно за српската власт, со што Дарко дава уште една повеќе од јасна, етнички обоена порака – невалидни стануваат за публиката размислувањата на оној кого режисерот го прикажува како безрбетник.

Посебна приказна е именувањето на главниот скопски фудбалски клуб во последните години од српското владеење со Вардарска Македонија, екипата чија приказна ја следиме во „Трето полувреме“. Според Дарко, тимот и тогаш се вика Македонија, барем во филмот е така!? Великосрпското забранување на името Македонија, се разбира и за именување спортски екипи, во филмот е поништено!? И самите Срби да правеа филм за себе, немаше во поубаво светло да се претстават.

Пречекот на играчите на фудбалскиот клуб Македонија, по победата во Белград над тимот на Српски мач, при кој српскиот наредник доведува хор и оркестар да ја свири српската химна „Боже правде“, а насобраните граѓани на скопската железничка станица, спонтано започнуваат да пеат „Море сокол пие вода на Вардарот“, надвикувајќи ги оние кои ги довела српската држава, исто така е лефтерно пренесен. Натпејувањето и надвикувањето на српската химна „Боже правде“ нема никакви последици за тие што ја пеат македонската песна. Такво спротивставување на српската држава, а во филмот никој не е затворен, претепан, дури и културно прашан, со извинување за вознемирувањето, што правел и дали пеел на железничката станица!? Чиниш само мед и млеко течело и саде рози цутеле за време на српското владеење со Вардарска Македонија – период во кој живи луѓе се фрлале во фурни да се печат, се задушувале востанија, имало ѕверски мачења, колења, силувања, масакри... Од период кој во 20 век многу, многу подолго траел од бугарскиот, како сублимат добиваме некакво маалско, мангупско, кафеанско соперништво меѓу Срби и Македонци (наредникот и фудбалерите), кое не е на етничка основа и е без агресија, дури и во зборовите, небаре така било, нели Дарче?!

Потсвеста на режисерот, исто како во „Балканкан“, и во „Трето полувреме“ на површина ги вади неговите етноидеолошки стереотипи, предрасуди, симпатии и омрази кон определени народи и држави, кои потоа тој преку филмското платно ги пропагира и ги наметнува на публиката, за таа да ги преземе и да почне да се идентификува на истиот начин како ова самобендисано скопско-србоманско фраерче во обид. Така кругот на индоктринацијата се врти, веќе индоктринираниот Дарко се обидува да ја индоктринира публиката, која и во многу други нефилмски случаи доживувала да биде обработувана со истите етностереотипи, кои ѝ се инјектираат длабоко во (под)сознанието, ослабувајќи ѝ го одбранбениот, имунолошки систем.

Има уште една важна нитка која предизвикува српското поробување на Вардарска Македонија, претставено во „Трето полувреме“, да ни изгледа симпатично. Во тој дел од приказната Дарко го развива почетокот на љубовната хемија меѓу Ребека и Коста, кога филмот жанровски сосема малку оди во сферите на емотивната драма, а тука се запознаваме и со маките на скопскиот фудбалски тим, кој се натпреварува со слаб успех во некаква имагинарна, веројатно прва југословенска лига, што го тера сопственикот (или претседателот) на клубот, да доведе суперквалитетен германски тренер.

Со љубовта, уште и забранета, меѓу Еврејка и христијанин, со тоа што скопското фудбалско галениче станува силен и респективен тим, со жанровскиот дух на пародијата, како и со запознавањето со другите филмски ликови, режисерот ја вовлекува во приказната онаа публика која наседнува на сентиментални клишеа и на уметнички недоволно издржани проекти, како Дарковото „Трето полувреме“. Со евентуално веќе стекнатата доверба кај тој тип публика, пред неа, како и пред другите гледачи, Дарко потоа ќе ги претстави Бугарите како крволоци и ѕверови. Се разбира, филмот можеби и би продолжил во сличниот „Ало, ало“ стил на претставување спротивставени страни, ако поголемото парче од Вардарска Македонија во периодот 1941-1944 година, нацистичка Германија не го доделила на административно управување на омразените од Дарко Бугари и на тогашното Царство Бугарија. Можеби ќе гледавме продолжение на бледото, далеку од успешно следење на „Ало, ало“ принципот во „Трето полувреме“, ако АВНОЈ-ска Југославија и Социјалистичка Република Македонија толку многу – хм, којзнае зошто?! – не нѐ индоктринираа со омраза кон Бугарија и кон бугарскиот народ.

Та така нежните Срби, во 1941 година се заменети од ѕверовите-Бугари. Дарковиот индоктриниран ум, преточен во „Трето полувреме“, тука доживува брутална, болна, изопачена експресија. Таква монструозна омраза кон еден народ, прикажана од режисер, на филм, никогаш и никаде немам видено, како во „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.

Дарко воопшто не е наивен со презимињата. Еден од фудбалските судии кои добиваат директива од Гарванов, да судат против СК Македонија, е Татарчев, уште една негативна асоцијација за задоените со југословенското толкување на историјата. Асоцијацијата може да е најмалку тројна. Ресенчанецот Христо Татарчев, кој е е еден од основачите на ВМРО, исто така беше етикетиран од југомакедонската историографија, но нешто понежно од Гарванов, како туѓ, врховистички и пробугарски елемент во организацијата. Некогашниот бугарски прокурор (јавен обвинител) од 1992 до 1999 година, Иван Татарчев, внук од брат на Христо, често беше присутен како име во македонските медиуми, речиси секогаш како антимакедонец. Чичкото на Иван, Асен Татарчев, како бугарски елемент, од југокомунистите во 1946 година осуден е на смртна казна, која подоцна му е сменета во десетгодишна затворска пресуда, од кои одлежува пет години, а во српско време лежи четиригодишна робија, поради активноста во ММТРО. Етикетата на предавничко презиме ја засилува омразата и одбивноста кон Бугарите-Татарчеви во филмот. Фудбалскиот судија Татарчев е претставен како идиот во „Трето полувреме“, како и сите други Бугари. Ако се задлабочиме уште повнимателно, не може да не забележиме дека асоцијацијата со презимето „Татарчев“ можеби е четирикратна! Зборот очигледно треба да работи и во полза на омилениот за македонистичките шовинисти навредлив термин за Бугарите како „Татари“! Но србоманските мајтапи на Даркота не завршуваат тука.

Бугарскиот министер за спорт Батембергски, кој испраќа телеграма, повторно против СК Македонија, освен што треба да е тогашниот претседател на Бугарската национална спортска федерација, Иван Батембергски, нема како да не асоцира и на некогашниот бугарски кнез Александар Батенберг (1879-1886), за време на чие управување се случува обединувањето на Источна Румелија со бугарското кнежевство (1885) и кој ја предводи победоносната бугарска војска против армијата на крал Милан Обреновиќ, по подмолниот напад на тогашна Србија, истата година. Во идиотскиот контекст во кој е претставен министерот и сите други Бугари во филмот, ова е јасно мајтапење на Дарко со бугарската историја!


http://maktel.mk/ajax_kolumni.php?kid=64
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.650
Поени од реакции
59.616
Српскиот период жанровски е пренесен во вид на пародија, со една лефтерност и леснотија. Жанрот пародија секогаш ја амортизира и неутрализира одбивноста кон „негативците“, како што на пример тоа го прави британскиот ситком „Ало, ало“, хумористична серија, чии епизоди се снимаа од 1982 до 1992 година и која исто така се занимава со времето на Втората светска војна. Пародичноста на „Ало, ало“, како и феноменалниот хумор во серијата, не предизвикуваат омраза кон германските окупатори на Франција, кон германскиот народ во целина, дури ниту кон припадниците на Гестапо, бидејќи пред сѐ тоа не е цел на авторите на ситкомот. Кој би можел да ги замрази Хер Ото Флик и неговата помошничка Хелга, а низ нив сите Германци?!
Каков автогол... :facepalm:
Германците цели 26 години одбиваа да ја емитуваат „Ало Ало“.
Толку за „филмскиов“ критичар, кој патем по презимето, знам дека едно време тролаше на форумов. Ти беше тој или друго дете е ова?
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Го гледав во кино уште кога излезе. Феноменално. После завршувањето имеше аплаузи ко на театар да си, да се чудиш :). Такво наежување, таква реална слика за животот на македонскиот народ во тоа време невреме после поделбата дури и за неверување. Без зборови ме остави филмот. Него има некаква шанса да се симне на нет на некоја страна сакам да си го гледам за Новогодишниве празници дома. Кој знае нека прати овде линк. Фала.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Интересен филм, но сепак не ги исполни моите очекувања, како го најавуваа мислев ќе биде нешто екстра..
Прва работа мислам дека филмот не е точен според историските факти и како се претставени работите, Илеш Шпиц не бегал пешки преку Албанија туку бил вратен од Војводина по наредба на офицерите.
Мислам дека филмот премногу брзо скока некои работи, луѓе што не се упатени не би имале појма што гледаат, кој со кого се тепа, кој со кого се сака, кој е окупатор кој не е.
Дури мислам дека и утакмиците се згрешени, во реалност такви не се резултатите и распоредот.
Како и да за мене "Пред Дождот" останува најдобар Македонски филм.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Интересен филм, но сепак не ги исполни моите очекувања, како го најавуваа мислев ќе биде нешто екстра..
Прва работа мислам дека филмот не е точен според историските факти и како се претставени работите, Илеш Шпиц не бегал пешки преку Албанија туку бил вратен од Војводина по наредба на офицерите.
Мислам дека филмот премногу брзо скока некои работи, луѓе што не се упатени не би имале појма што гледаат, кој со кого се тепа, кој со кого се сака, кој е окупатор кој не е.
Дури мислам дека и утакмиците се згрешени, во реалност такви не се резултатите и распоредот.
Како и да за мене "Пред Дождот" останува најдобар Македонски филм.
А бе добро сега се повикал на режисерската слобода во случајов :D
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Интересен филм, но сепак не ги исполни моите очекувања, како го најавуваа мислев ќе биде нешто екстра..
Прва работа мислам дека филмот не е точен според историските факти и како се претставени работите, Илеш Шпиц не бегал пешки преку Албанија туку бил вратен од Војводина по наредба на офицерите.
Мислам дека филмот премногу брзо скока некои работи, луѓе што не се упатени не би имале појма што гледаат, кој со кого се тепа, кој со кого се сака, кој е окупатор кој не е.
Дури мислам дека и утакмиците се згрешени, во реалност такви не се резултатите и распоредот.
Како и да за мене "Пред Дождот" останува најдобар Македонски филм.
Уметничко дело е бе другар неможе се да биде според приказната точно...:)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Да во право сте али мислам чим веќе се повикува на true story би требало се да е точно..
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
поаматерско глумење од Катерина немам видено
деловите кај што зборуваше шпански и беа КАТАСТРОФА
малку барем да се потрудеше да го усврши изговорот
шпански со скопски дијалект :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom