Flixonase. И јас морам да го примам тоа секој ден пошто на алерго тест мораа да ми ја мачкаат раката со крема од што ми поцрвене цела на алергенот на полен.Абе асид и татко ми има ист проблем ко тебе и зема една течност ја шприца у нос и повеќе нема проблем.
Мислам дека се викаше flixsonase.
Не е на своја волја, минатата година ми го препишаа на рецепт. Само тогаш не го земав затоа што никаде го немаше на позитивна листа, туку мораше да се плати троа поскапо.Acid;
Обично, кај нас, многу лесно се препишуваат лекови од класата на кортикостероиди (во случајов фликсотиде, тафен) и/или бета2 агонисти (на пример вентолин) без притоа да се води сметка за правилниот начин на дозирање. Со подолготрајна употреба, потребна е се' поголема доза за да се постигне истиот ефект (со што поголема е шансата за манифестација на несаканите ефекти), а исто така, не смее земањето да се прекине одеднаш (и кај двете групи лекови).
За жал, некои од овие можете сеуште во некои аптеки да ги купите и без рецепт и да си ги дозирате по волја...
Јас би препорачал повнимателна употреба на овие лекови,односно да се применуваат во краен случај, но никако своеволно и без лекарска контрола.
Singulair е подобар од летизенот за поленските алергии. Пробај и со патанол (капки за очи се, ама се ставаат и во нос). Флисконазето треба многу внимателно да се дозира, секако би требал да отидеш повторно на преглед за да видат сега во каква состојба си и во однос на тоа да ти препишат соодветна терапија.Не е на своја волја, минатата година ми го препишаа на рецепт. Само тогаш не го земав затоа што никаде го немаше на позитивна листа, туку мораше да се плати троа поскапо.
Оваа година - иста приказна како и претходните. Носот ми е чешма, кивам, а сега и грлото ми е иритирано... Вчера вечер земав 1 таблета Летизен. Осеќам благо подобрување, ама знам дека треба барем 2-3 дози да поминат додека да го осетам ефектот. Ова почнува штом почнат да цветаат тополите (кога ќе се појават тие летечките бели гомца) и се интензицира кога ќе почнат да „плачат“ липите.
Освен што би препорачал повнимателна употреба (што веќе го знаеме), што друго би препорачал како најефикасна комбинација за алергијата на полен?
http://www.informaciskamedicina.com/kontakt.htmlАлергичен сум на полен и јас. Денес ко наркоман се влечев по улица, целиот со насолзени очи и размрсулавен. Главава ќе ми експлодираше од кивање. Цело пакетче Paloma за 5 минути пешачење ја потрошив. Да тибам липи и тополи да тибам. Сабајле кога ќе станам од спиење прво 30 минути се обидувам да го сопрам носот, па после се нормализирам...
До пред 2 години не бев алергичен, ама сега ептен станав осетлив.
Имаше едни апчиња што ептен ми помогнаа минатата година... Ама не им го знам името. Помош?
Што и кои се овие „Информациска медицина“? Првпат слушам и искрено не ми звучи надежно...http://www.informaciskamedicina.com/kontakt.html
Иди на симање,ќе најдат кој паразити се проблем и алергијата ќе стане минато. Гарантирам, ако имаш повторно алергија блокирај ме од кајгана за навек