Третман на алергија од прашина и полен

Член од
11 март 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
ubavo e se sto kazuete, samo sto praime so kivanjeto, covece utepue nacisto po 10 20 u serija, jeziva rabota katastrofa.:tapp:
 
*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
и јас имам астма на алергиска база, алерго-тестовите покажаа дека на се сум алергична, а најмногу на полен, кга имам воспаление Лоратидин( али ме заспива) и беконазе( сперј за нос) многу помагаат!!!!имаше и едни капки али ги заборавив!!!! за вакцината ќе се распрашам и милсма дека баш би ми дошла добро!!!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.800
Поени од реакции
12.285
Беконазе, Тафен, сум земал и од двете наизменично, но зависи за што и во кој период. Најдобро е совет со доктор затоа што и на овие препарати, на упатството (не ми текнува кој препарат беше) пишува колку долго смее да се користи.
А за алергии од прашина полен... најдобро е десензибилизација, сето друго е краткотрајно решение.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Абе асид и татко ми има ист проблем ко тебе и зема една течност ја шприца у нос и повеќе нема проблем.
Мислам дека се викаше flixsonase.
Flixonase. И јас морам да го примам тоа секој ден пошто на алерго тест мораа да ми ја мачкаат раката со крема од што ми поцрвене цела на алергенот на полен.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Ај да пробам и Flixonase, пошто вчера и денес изгледа има голема концентрација на полен во воздухот и носов ми еба матер...
Од него и грлово почна да ми се воспалува, цела вечер не сум спиен :)

Која цена е спрејов? Ми се чини дека беше изгор скап...
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
Ja користам Тафен, незнам колку беше, 300 денари некаде, комбинирано со р.. малите апчиња за против алергии шо се, ама кога несака несака. (n)
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Кај мене се манифестира со болка во грлото, како ларингит, а помалку со кивавица, пиев Лоратадин, ми поминува болката, ама ме успива.:sleep:
--- надополнето: 13 мај 2012 во 12:04 ---
По извесно време пак се повторува, жива нервоза.:mad:
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Acid;
Обично, кај нас, многу лесно се препишуваат лекови од класата на кортикостероиди (во случајов фликсотиде, тафен) и/или бета2 агонисти (на пример вентолин) без притоа да се води сметка за правилниот начин на дозирање. Со подолготрајна употреба, потребна е се' поголема доза за да се постигне истиот ефект (со што поголема е шансата за манифестација на несаканите ефекти), а исто така, не смее земањето да се прекине одеднаш (и кај двете групи лекови).
За жал, некои од овие можете сеуште во некои аптеки да ги купите и без рецепт и да си ги дозирате по волја...

Јас би препорачал повнимателна употреба на овие лекови,односно да се применуваат во краен случај, но никако своеволно и без лекарска контрола.

liberij;
Лоратадин е друга приказна, добро е ако делува, а ако успивањето е проблем (што не би требало), може да пробаш со цетиризин, повторно, под лекарска контрола и, барем на хартија, и за едниот и за другиот лек, во Македонија ти треба рецепт.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Acid;
Обично, кај нас, многу лесно се препишуваат лекови од класата на кортикостероиди (во случајов фликсотиде, тафен) и/или бета2 агонисти (на пример вентолин) без притоа да се води сметка за правилниот начин на дозирање. Со подолготрајна употреба, потребна е се' поголема доза за да се постигне истиот ефект (со што поголема е шансата за манифестација на несаканите ефекти), а исто така, не смее земањето да се прекине одеднаш (и кај двете групи лекови).
За жал, некои од овие можете сеуште во некои аптеки да ги купите и без рецепт и да си ги дозирате по волја...

Јас би препорачал повнимателна употреба на овие лекови,односно да се применуваат во краен случај, но никако своеволно и без лекарска контрола.
Не е на своја волја, минатата година ми го препишаа на рецепт. Само тогаш не го земав затоа што никаде го немаше на позитивна листа, туку мораше да се плати троа поскапо.
Оваа година - иста приказна како и претходните. Носот ми е чешма, кивам, а сега и грлото ми е иритирано... Вчера вечер земав 1 таблета Летизен. Осеќам благо подобрување, ама знам дека треба барем 2-3 дози да поминат додека да го осетам ефектот. Ова почнува штом почнат да цветаат тополите (кога ќе се појават тие летечките бели гомца) и се интензицира кога ќе почнат да „плачат“ липите.

Освен што би препорачал повнимателна употреба (што веќе го знаеме), што друго би препорачал како најефикасна комбинација за алергијата на полен?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Singulair е подобар од летизенот за поленските алергии. Пробај и со патанол (капки за очи се, ама се ставаат и во нос). Флисконазето треба многу внимателно да се дозира, секако би требал да отидеш повторно на преглед за да видат сега во каква состојба си и во однос на тоа да ти препишат соодветна терапија.
 
С

Само Човек

Гостин
Алергичен сум на полен и јас. Денес ко наркоман се влечев по улица, целиот со насолзени очи и размрсулавен. Главава ќе ми експлодираше од кивање. Цело пакетче Paloma за 5 минути пешачење ја потрошив. Да тибам липи и тополи да тибам. Сабајле кога ќе станам од спиење прво 30 минути се обидувам да го сопрам носот, па после се нормализирам...

До пред 2 години не бев алергичен, ама сега ептен станав осетлив.

Имаше едни апчиња што ептен ми помогнаа минатата година... Ама не им го знам името. Помош?
http://www.informaciskamedicina.com/kontakt.html
Иди на симање,ќе најдат кој паразити се проблем и алергијата ќе стане минато. Гарантирам, ако имаш повторно алергија блокирај ме од кајгана за навек (y)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
http://www.informaciskamedicina.com/kontakt.html
Иди на симање,ќе најдат кој паразити се проблем и алергијата ќе стане минато. Гарантирам, ако имаш повторно алергија блокирај ме од кајгана за навек (y)
Што и кои се овие „Информациска медицина“? Првпат слушам и искрено не ми звучи надежно...
Патем, какви „паразити“? Станува збор за алергиска реакција на полен. Навистина не разбирам како овие би помогнале. Објасни троа подетално.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Јас имам алергија гадна на полен,не се гушам како некој,не ми поцрвенува кожата,туку ми отекуваат очите,не можам некогаш дури ни да гледам.Си пијам апчиња(Летизен или Цетиризин,исто е :) ) и немам мака.Ако сакате да си земете,одете кај матичниот нека ви препише,а и евтини се,јас последен пат кога земав,10 денари ме коштаа :)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Вообичаените протоколи на третман ги вклучуваат веќе споменатите лекови: H1 антагонисти (лоратадин, цетиризин), па кортикостероиди (назални спрејови: тафен, фликсотиде, фликсоназе), бета 2 агонисти (салбутамол), па дури понекогаш и назални деконгестиви (како обични капки за нос, но со ограничен успех).
Кај благи манифестации, се препорачува испирање со раствор со морска сол и ова покажало прилично значителен успех во справувањето со симптомите, особено заради тоа што е најбезбеден од сите споменати лекови.
Јас би препорачал и инхалации од камилица, босилек, мајчина душичка (се ставаат овие тревки во сад, се загреваат и потоа се инхалира пареата - имат значително против воспалително дејство, па заради тоа и потенцијал да ги олеснат симптомите).

Што се однесува до „паразитите“, тука има некаква врска, ама според моето сеќавање, врската е обратна. Во земјите од Третиот свет, каде што квалитетот на водата за пиење е многу низок и заради тоа цревните паразити се „нормална појава“, речиси и да нема алергиски реакции и обратно, алергиските реакции се предоминантни воразвиените земји каде, пак, паразитарните инфестации се речиси исчезнати.
Ова најмногу се должи на нерамнотежа на Тh1 и Th2 имуниот одговор, но тоа е веќе друга приказна која сеуште е во фаза на истражување (или барем беше кога последен пат се интересирав за ова)... не ја проверив страницата што ја предложи Само Човек; и баш ме интересира поврзаноста, но за тоа утре.
Поздрав
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Алергијата ме мачи цел живот у ПМ. Као некое проклетство у најубавиот период од годината ја као џанак у очите да се шлаам а носот чешма!!!
Е сеа за терапијата: Секое сабајле маам по едно лоратидинче или летизен без разлика а од скоро и локално шприцам кортико во нос. Nasonex спреј ( понова генерација од flixonase-то ) и као онака поарно мие ама маааааааалку. Плус да знаете дека овие спрејовите за нос кортикостероидниве делуваат после 3 недели користење , така да ако очекуваш моментално олеснување си се заебал!!
Друга работа која мене серозно многу ми помага:
1. Секое доаѓање од надвор дома, одма пресоблакање и миење коса и лице ( поленот од косата може да те дупчи цел ден а дома си, или ако си легнал претходно на перница смени ја навлакта зошо исто ке ти смета поише на спиење.)
2. Земете малку маслиново масло и пред излегување надвор со прст намачкајте во секоја ноздрва. ( поленот се лепи тука и не оди нагоре и не ве дразни )
А за десензибилизација ќе си отидете кај онаа професоркана на клиника како се викаше ....мммм...забораив, не е битно една е ќе прашате ќе ви кажат, негде август месец така на крај, ќе ви направат алерго тест и здравје септември октомври првата доза да ја примите ( вакцини ) кои се нарачуваат од странство. Прво ги примате 1хнеделно, па се проретчува 1хмесецно па 1х3месеци....и така се фура обично 2 години. Целиот третман ќе ве кошта околу 2, 2 и нешто илјади евра, со тоа што не ви гарантираат дека ќе ве излечат, туку дека ќе имате подобрување ДО 80%!
Тоа е тоа;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom