Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

L

Luki Junior

Гостин
У Македонија нема новинарство. Има обиди само....
I took a side in the war.. така некак одеше една добра реплика од еден македонски филм...
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Нема да дадеш отпор,само попкорн ќе јадеш?

Не сме ебани,историјата покажала и докажала дека систематски не можеш да сјебеш народ,а за афричките стандарди не спорам т.е ние веќе по многу параметри сме африканска држава.
Аииии не пак .
Драг револуционерно растроен младичу отпор не можеш да даваш кон нешто што е во терминална фаза и пред умирање, ако не ме прочита добро реков дека е на светско ниво . Она што се дешава во македонија се дешава и во кина разликата е во паковањето.
Цивилизацијава светска, глобализирана и нетована, каква и да е, е ебана со други зборови пред колапс .
Кога нешто е пред колапс идеш и го напушташ ако можеш, ако не бараш место некаде каде ќе преживееш .
Ова не е веќе прашање за бојли живот туку борба за живот.
Thus индивидуална опција која се вика пакување партали и бегање во село или бегање во странција either way ...I will keep eating that popcorn ... want some?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Да се надоврзам на темава- заборавив да спомнам кога објавуваат прилог на пример и над него со големи букви ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ - Мртвото тело на Гадафи или ПОТРЕСУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ -од распарчените тела од масакр и сл...
Што им е поента со ова...? Да не вознемират, да не потресат...?! И од еден сајт, после се шири тоа и по другите, па на фб го споделуваат...Уште еднаш потврдуваат дека го допираат дното...
 
B

Black Guard

Гостин
Аииии не пак .
Драг револуционерно растроен младичу отпор не можеш да даваш кон нешто што е во терминална фаза и пред умирање, ако не ме прочита добро реков дека е на светско ниво . Она што се дешава во македонија се дешава и во кина разликата е во паковањето.
Цивилизацијава светска, глобализирана и нетована, каква и да е, е ебана со други зборови пред колапс .
Кога нешто е пред колапс идеш и го напушташ ако можеш, ако не бараш место некаде каде ќе преживееш .
Ова не е веќе прашање за бојли живот туку борба за живот.
Thus индивидуална опција која се вика пакување партали и бегање во село или бегање во странција either way ...I will keep eating that popcorn ... want some?
Далеку сум од револуционерен,само се трудам на нас и нашите предци да не им се случува она што им го правеле на нашите предци-неќам ништо туѓо,него мислам дека за твојот став ипак се заслужни медиумите пред се оние со Clocked True а такви се многи,навистина 6000 години очекуваме крај и никако бе да се случи(настранха инстинктот за преживување)него алудирам на немањето реална основа за такво сценарио,нејсе многу суперкомпјутери си вршеле симулации и пак заклучиле дека човекот ќе преживее и покрај WMD,ако мислиш на фосилните горива моментално знам за 4 фабрики кои произведуваат гориво благодарение на бактерии,фузијата да не ја спомнувам,најискрено не наоѓам закана за човештвото од толкава магнитуда се разбира освен некој астероид не шибне па сонце да не видиме,во секој случај попкорн не е лоша опција:)


Thus индивидуална опција која се вика пакување партали и бегање во село
Лепо горе..

Драг револуционерно растроен младичу отпор не можеш да даваш кон нешто што е во терминална фаза и пред умирање,
Да,овој дел го изумив а не може да не се прашам дали е пред изумирање или реформирање,искуството говори реформирање.


Се двоумам кој изврши повеќе лоботомија,миленко со пирамидите,тања бумбар или Латас:coffee:
 

Huzzy Gurl

Animal Lover
Член од
14 септември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
128
Мене од такт ме вадат статиите од стилот: СКАНДАЛОЗНО: Цицките на Станија мистериозно се намалија... Ексклузивно: Ким Кардашиан користи влошки Always Ultra!! :facepalm: Или пак кога ке почнат со тие диетите : Ако сакате да имате совршено тело за само 7,5 дена и 3 часа треба да не конзумирате тестенини, млеко, грав, компир, смоки, банана, кечап, ананас, семки од тивка, кафе, пиво, мастики за џвакање, боранија... :tapp:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.856
Поени од реакции
8.405
Факт е дека новинарството ја нема онаа улога која ја имало во едно време кога главната функција беше да ги информира граѓаните за тоа што е важно за нив и општествето, денес сме сведоци дека се користи за манипулација на граѓаните ако не гледате вести еден месец ќе приметите дека ништо не сте пропуштиле,освен некоја здодевна "вест" за спорот за името, црнците на Амди или цицките на Накова или дека се урнал некој авион заради некоја турска серија ...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Најново. 90 посто од девојчињата сакаат машки со розеви маички, но 90 посто од машките не сакаат девојчиња.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Сериозен си? Муабетот на Трендо беше колку и да се трудиш да направиш нешто сам, да напишеш ти самиот нешто интересно или паметно тоа нема никогаш да биде повеќе кликано од вест со цицките на Кардишијан. Џабе е да се трудиш му беше мауабетот, денес најпосетени сајтови се најчесто оние со наслови како што Acid кажа: Скандалозно! На Џоли и падна лижавчето додека одеше по улица, Шокантно! Шарапова му месела кифлички на Џокович со тениски рекет :pos:...

И Трендо рече таква вест ставиле како тест тогаш и таа вест била отворена повеќе од било која на офнет до тогаш. И тоа бааги голема разлика имаше од другите вести :ROFLMAO:
каде може да ги најдам колумните на Трендо? , ги барам на оффнет ама не можам да ги најдам
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
каде може да ги најдам колумните на Трендо? , ги барам на оффнет ама не можам да ги најдам
Мислам дека ги тргна сите колумни, затоа што ги објави како книга. :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Научниците открија нешто ново....
Немојте да се грижите ако многу пиете – тоа е знак дека сте интелегентни, покажуваат резулатите од долгогодишните истражувања во САД и Велика Британија.

Од Христа па навака се обидуваат да докажат. :tapp:
Битно научниците се од САД и ВБ. Тука немаат промашување.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Најкрвави се овие со научниците открија дека... Како и оние со медицински постови, кај мајка ми секој ден доаѓаат млади деца преплашени напипале некое чворче и одма мислат дека е рак, затоа што нели новинарите знаат анатомија, физиологија и патологија. Буквално за било кој симптом можете на интернет да најдете статии од кои косата ви се крева. Тоа е кога нема некој да контролира што и како се пишува по мрежите.
 
Член од
10 декември 2011
Мислења
228
Поени од реакции
150
Нели секој одбира што чита? Објавите, настаните што не ве интересираат или не сакате да ги читате не ги читајте. Вие го држите маусот во раце и гледате работи што вас ве интересираат. Тоа што тоа било "екслузивно" или "скандалозно" не сте приморани да го прочитате. Можете да го игнорирате. Мене лично повеќе ме иритираат постови со политичка содржина. На пример ваш пост Бан Ки Кун (се помачив за имево :) ) рекол Македонија, а коментарот горе од негова уста во Грчки уши. Њтф? Ударнава вест на денот беше тоа насекаде. Who cares? Малце ни е секојдневното труење. Демек сеа ттреба и празник да го направиме денов.
Почести треба да бидат постовите со образовна содржина. Ако веќе кликаат нека кликаат деца на постови за уметници, музичари, научници, писатели, добротворни цели.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Мислам дека ги тргна сите колумни, затоа што ги објави како книга. :)
аха, значи сака да си заработи екстра пари , многу се замислува бе тој трендо како којзнае кој е :tapp:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Научниците открија нешто ново....
Леле ова ми беше врв, ова кога излезе, имав нагон 5 дена да не отворам интернет. Значи особено па на Фејсбук, тоа беше постирање масовно на цел Фејсбук, со коментари “hehehe si znam jas sto e najdobro“, "huhuhuh ete dokaz!! konecno!!!" и слични коментари, па другари еден на друг си постираат со коментари “najjaki sme!!„. Да, баш пиењето и конзумирањето алкохол е вистински и единствен параметар за интелигенцијата на еден човек.
аха, значи сака да си заработи екстра пари , многу се замислува бе тој трендо како којзнае кој е :tapp:
Негов избор, негов труд, зашто да не заработи екстра пари, ако му понудиле?
А друго, издавачката куќа сигурно нема да му дозволи да ги остави така текстовите на страна, зашо во спротивно кој би купил книга, ако ги има колумните на интернет?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom