Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Не му беше тест, 100%.

Али во ред, зошто на тој начин пристапија со „самоубиство“ поради читаност на таква статија. Па тие вчерашни се па не знаат дека sex sells, или кај нас, Bulgaria sells? И кои се тие па да ги осудуваат луѓето на нивниот невкус, кога токму поради преплавеност од такви статии се оформува истиот тој нивни невкус? Кога тие се директен причинител да има mindless содржини на порталите?

1. Зошто ја објавиле статијата, кога им е испод части и им иди да се убијат?
2. Зошто ги вреѓаат нивните читатели кои поради таа статија и слични на неа прават заработка, а не од колумни и хаику поезии?

Тоа тие е исто како сега Сител да излези и на вести Латас пола саат да ги ремети луѓето што гледаат турски серии.
1. Зошто прашањата до оф нет ги упати до нас?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.817
Смрдлив е и трендот на објавување на текстови од типот : Десет ствари без кои не тргајте у подрум по зимница или Осум причини поради кои ќе ве замразат кога идете да ја регистрирате колата....
Преминаа во патетика и репетитивност ваквите текстови, највише затоа што бевме еден период прекумерно бомбардирани од порталите. И Кајгана особено, не е имуна на вакви текстови.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
1. Зошто прашањата до оф нет ги упати до нас?
Jaс изнесив мислење на темава дека ме изнервира и разочара Трендо. Не побарав синчето на Филип да се вмеша со полномошно од Трендо да дебатира со мене.

Еве ја статијата, види дека сеуште стои, провери шернувања, лајкови (пази, Офф Нет има 20 000 лајка на Фејсбук, а само статијава има 17 000 шернувања. Во превод, статијава е 90% заслужна за фејсбук присуството на Офф Нет.) и твитови, па Трендо нека јади бурек дека е уметнички и боемски разочаран од народот.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
А што да се очекува кога во (интернет) медиумите не работи ниту еден професионален новинар или барем некој шо е „начитан“ во таа област.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Z__
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Jaс изнесив мислење на темава дека ме изнервира и разочара Трендо. Не побарав синчето на Филип да се вмеша со полномошно од Трендо да дебатира со мене.

Еве ја статијата, види дека сеуште стои, провери шернувања, лајкови и твитови, па Трендо нека јади бурек дека е уметнички и боемски разочаран од народот.

Уф ама се напна. Пак со мене се препира :pos: Абе тебе ќе да не ти е арно. јас само ти кажав што беше муабетот „со фалењето“ кое не си го разбрал па после се напна зошто го направиле тоа :pos:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Уф ама се напна. Пак со мене се препира :pos: Абе тебе ќе да не ти е арно. јас само ти кажав што беше муабетот „со фалењето“ кое не си го разбрал па после се напна зошто го направиле тоа :pos:
Aj oкеј, најарно ти е да си одиш на теми каде се постираат 9gag сликички, YOU DON'T SAY гифови и слични тракатанци, пошо очигледно форумов изгубил осет за дискусија. Па уште и се пресмеа ко кизне колкав burn да ми напрај. Ми кажа што беше муабетот со фалењето, ама финтата е шо јас нигде не пишав дека Трендо се фалел, туку напротив. Туку ај, тоа што викаш, ја сум неарниот во ситуацијава. :P
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Смрдлив е и трендот на објавување на текстови од типот : Десет ствари без кои не тргајте у подрум по зимница или Осум причини поради кои ќе ве замразат кога идете да ја регистрирате колата....
Преминаа во патетика и репетитивност ваквите текстови, највише затоа што бевме еден период прекумерно бомбардирани од порталите. И Кајгана особено, не е имуна на вакви текстови.
Се согласувам и со ова.. На секој можен портал ги има и тие топ 5, топ 10 итн...
5 работи кои мажите/жените ги сакаат, 10 работи кои ќе ја зацврстат вашата врска, како и секако неизбежните “истражувања“: еден од 5 мажи, секоја трета жена, итн. Многу одат на нерви, се обидувам да ги прескокнувам што е можно почесто.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Aj oкеј, најарно ти е да си одиш на теми каде се постираат 9gag сликички, YOU DON'T SAY гифови и слични тракатанци, пошо очигледно форумов изгубил осет за дискусија и слични работи. Па уште и се пресмеа ко кизне колкав burn да ми напрај. Ми кажа што беше муабетот со фалењето, ама финтата е шо јас нигде не пишав дека Трендо се фалел, напротив. Туку ај, тоа што викаш, ја сум неарниот во ситуацијава. (y)
Чоек одмори, напиј се некој ап да се смириш. Ќе ургираме да не прават повеќе такви статии
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Се согласувам и со ова.. На секој можен портал ги има и тие топ 5, топ 10 итн...
5 работи кои мажите/жените ги сакаат, 10 работи кои ќе ја зацврстат вашата врска, како и секако неизбежните “истражувања“: еден од 5 мажи, секоја трета жена, итн. Многу одат на нерви, се обидувам да ги прескокнувам што е можно почесто.
Не знам како не се потрошија досега такви статии. Океј беа пред некоја година, али еднаш. Сега скоро секој портал во Македонија преку 20 пати ја има истата статија повторено. А најчесто е поврзано со секс.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не знам како не се потрошија досега такви статии. Океј беа пред некоја година, али еднаш. Сега скоро секој портал во Македонија преку 20 пати ја има истата статија повторено. А најчесто е поврзано со секс.
Да, да... статии од типот: “Како да го запалите важиот маж“, “Како да ја зачините вашата врска“, “Како подобро да комуницирате“ и сличните им. Јас сум рекла, ако се фатам читајќи ги статиите и воедно и да земам да ги сфаќам здраво за готово, тогаш знам дека врската ми отишла на пат од кој нема враќање...:pos:
 
Член од
6 јули 2012
Мислења
41
Поени од реакции
35
Да, да... статии од типот: “Како да го запалите важиот маж“, “Како да ја зачините вашата врска“, “Како подобро да комуницирате“ и сличните им. Јас сум рекла, ако се фатам читајќи ги статиите и воедно и да земам да ги сфаќам здраво за готово, тогаш знам дека врската ми отишла на пат од кој нема враќање...:pos:
А што очекуваш какви други статии да има ? кога обични таквите статии се преземаат од странски портали бедно се преведуваат и се лепат онлајн а поготово тоа го прават попаленковци и машки и женски од 18 до 25 години со неактивен сексуален живот, а и се знае таргет групата која е возраст од 15 до 20 години тие се нај активни во виртуелниов свет и се знае што нив највеќе ги интересира.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.313
Мене ме нервират ко ќе известуваат опширно и тоа повеќе дена ако некој дипломат, амбасадор или пратеник од Свазиланд, Папуа Неогинеја или Таџикистан изјави дека Македонија е во право во спорот со името. Аман па веќе кој фактор е тоа, исто како ја да кажам пред камери истото па цела недела за тоа да известуваат.

Иначе ме нервира необјективноста, партиската определеност итн.

И на крај ме нервира Латас ко ќе е на вести, ги прашува нешто новинарите кој известуваат од терен и истовремено сам го дава одговорот :facepalm:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Се работи за посебен и намерен тренд за заглупување на луѓето. Намерно се спушта квалитетот на понудата во медиумите, и се сервираат простотилуци и небулози. Потоа публиката полека се привикнува на нив, и почнува да ги бара. На тој начин се создава еден верижен процес на бескрајно тонење кон дното, и на медиумското постоење, и на вредностите на публиката. Краен резултат, полуписмена и заглупен публика лесна за манипулација.

Овој тренд не е само кај нас, единствено шти ние ја добивме наеднаш целата доза, и тоа најглупавата и најефтината. Инаку, една Турска серија не е ништо полоша од Опра, или од Крадашијан, во ефектот кој го предизвикува.

Да не се залажуваме, процесот е траен и неповратен. Како што ќе минува времето, ќе имаме се поостра поделба на тие што лажат, и на излажените. Внимателно бирајте страна, бидејќи неутралноста е исклучена. ;)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тоа што бараат читателите - тоа им го сервираат и медиумите. Да се пише за некое најново откритие од науката, дали 20 души ќе го прочитаат, да се пише дека и се видела цицката на Кардашијан, „статијата“ ќе ја кликнат 200 души уште во првата минута.

Така да донекаде ги сфаќам зошто пласираат вакви глупости на јавноста иако и мене ми е преку глава и дегенски ми се ваквите статии, и така грото македонски сајтови не ги читам, освен еден - два.
 
V

Vollstandig

Гостин
Порано во почетоците на интернет ерата во македонија, веб-сајтови имаа претежно телевизиите или независни новинари што носеа вести.Меѓу првите беше кајгана, со хмкд,ммм,багра и останати сајтови, кои освен кајгана денес се скоро и на работ на егзистенција. Да се има сајт,претставуваше и да се биде одговорен новинар и уредник за вестите што се пишуваат. Еден вид на електронски весник. Денес, скоро секој може да има сајт, и има. Проблемот е што некој не ги трошел парите за излегување, и порачал веб сајт. Ништо страшно. Има еден куп веб сајтови од кај што се превземаат вестите, преведени од англиски или српски, и целата поента не е веста да биди точно напишана, интересна или било што, туку да се има посети за лупање реклами и правење кеш. Прост е народот што си ги посетува истите сајтови. Имав и ваква тема отворено пред некое време.

Mnogoo Zabava MK
Што бара Марк кај своите конкуренти?!




Марк Цукерберг со профил на конкурентската социјална мрежа
fun.mnogoo.mk
Основачот и актуелен извршен директор на „Фејсбук“Марк Цукерберг, направи свој профил на новата социјална мрежа „Пинтерест“.

Mnogoo Stil MK
Си се испофали сама :)))




Како Џенифер Лопез го поминала Св. Валентин? (фото)
style.mnogoo.mk
Џенифер Лопез сè почесто може да се види со нејзиното младо момче Каспер Смарт. Воедно, таа се фотографирала за Свети Валентин и ја објавила...

Mnogoo Zabava MK
Е ова ќе направи проблеми во бракот на Џоли и Пит!


Били Боб Тортон, поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, ја открива вистината за нивниот бурен брак и тоа во филм...
Mnogoo Stil MK
Што е безобразнаааа :))))


Викторија Бекам ја ставила раката во позиција во која изгледа како да го „зграпчила“ славниот фудбалер за неговиот полов орган
 

Kajgana Shop

На врв Bottom