Се работи за посебен и намерен тренд за заглупување на луѓето. Намерно се спушта квалитетот на понудата во медиумите, и се сервираат простотилуци и небулози. Потоа публиката полека се привикнува на нив, и почнува да ги бара. На тој начин се создава еден верижен процес на бескрајно тонење кон дното, и на медиумското постоење, и на вредностите на публиката. Краен резултат, полуписмена и заглупен публика лесна за манипулација.
Овој тренд не е само кај нас, единствено шти ние ја добивме наеднаш целата доза, и тоа најглупавата и најефтината. Инаку, една Турска серија не е ништо полоша од Опра, или од Крадашијан, во ефектот кој го предизвикува.
Да не се залажуваме, процесот е траен и неповратен. Како што ќе минува времето, ќе имаме се поостра поделба на тие што лажат, и на излажените. Внимателно бирајте страна, бидејќи неутралноста е исклучена.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)