Еве неколку работи кои сите треба да ги имаме во предвид пред да одлучиме дали ќе испаднеме да гласаме...
Во последните неколку векови (10-тина), нашата нација била под друго владение т.е. ропство. Најпрвин биле Византијците, потоа биле јаките налети на Србите и Грците, дошле на ред и Турците, Бугарите,на крај Србите и титова Југославија. Во сите тие долги векови нашиот народ бил омаловажуван и никогаш директно не влијаел на политичките случувања и одлуки во тогашните општества или микро средини, односно немале право на глас. Сега, кога конечно се осамостоивме како држава, секој полнолетен граѓанин има право да бира и да биде избран. Ако немате такви амбиции како и јас, мислам дека е правилно барем да гласате/изберете некој кој ќе ги исполнува Вашите очекувања и потреби. Немојте да оставате некој стари луѓе, на кои за жал им се ближи крајот и прашање на време е кога ќе го напуштат овој свет, да одлучуваат за Вашата иднина и иднината на Вашите деца. За мене е недозволиво дедо ми да одлучува за тоа како ќе живее моето дете. Недозволиво е некој кој е роден на почетокот на XX век да одлучи за моето дете кое се раѓа на почетокот на XXI век.
Затоа излезете и гласајте, гласајте за Вашата иднина, гласајте за оние луѓе во кои имате доверба и сметате дека ќе одговорат на Вашите потреби.
Јас знам за кој ќе гласам... А Вие???