Здраво
Подолго време сум заинтересиран да инвестирам во акции, се регистрирав успешно на IBRK, но пред да префрлам пари на сметка, имам неколку прашања за трансферот. Ако некој има искуство со девизно плаќање преку NLB klik, ме интересира кои податоци / опции ги внесувате или избирате.
- На IBRK порталот морав да изберам EUR за да гo добијам IBAN бројот, инаку со USD добивав само ABA број, кој најверојатно важи само за трансфер во рамки на USA. Дали откако ќе го добијам IBAN бројот можам да префрлам долари (веќе имам на сметка) или секогаш се плаќа во денари и се конвертира во евра?
- Дали избирате IBAN или Smetka во образецот за девизно плаќање?
- Ако изберам "SWIFT" во образецот, не го признава "SWIFT/BIC Code" на IBRK: "CHASDEFXXXX". Дали избирате CODE во образецот за девизно плаќање или внесувате само "CHASDEFX"?
- IBAN бројот од IBRK има празни места "DE82 5XXX ..." (најверојатно форматирано за подобар приказ), дали така го внесувате бројот или ги тргате празните места?
- Колку дена после трансферот располагавте со средствата на IBRK, односно дали ви се случило да пристигнат средствата, па IBRK после 4-5 дена да ви ги ослободи?
Да споделам и едно поинакво искуство со трансфер на пари. Успеав да префрлам минимални средства (50тина долари) преку картичка од НЛБ и сметка на Wise (https://wise.com - претходно се викаа TransferWise). Отворив сметка во USD на WISE и си уплатив со мојата картичка (во денари). Средствата веднаш пристигнуваат и можете да ги префрлите како USD-USD трансфер кон IBRK и во рок од еден ден може да ги видите на сметката, но не можете да тргувате со нив. Ги ставаат на "On Hold" pa после 4-5 работни дена ми беа ставени на располагање. Провизиите се мали, околу 2-3 долари ми зедоа за трансферот, но мене лично не ми се допаѓа многу, можеби поради тоа што не сакам да префрлам големи суми од картичка и со посредник (WISE), а и тоа што не можев веднаш да располагам со средствата.
Поздрав