Втора фаза од ССА: Правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство
Правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и хартии од вредност во странство со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА).
Преминот кон втората фаза од ССА овозможува не само поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица, туку и поголем степен на интеграција на домашниот финансиски пазар со меѓународните финансиски пазари. Исто така, се олеснува издавањето и регистрирањето странски хартии од вредност во земјава, како и на домашни хартии од вредност во странство.
Инвестирањето на странските финансиски пазари треба да се темели врз бројни информации врз кои се засноваат очекувањата на економските субјекти во кои се планира инвестирањето. Затоа се претпоставува дека резидентите, а особено физичките лица што ќе се одлучат да инвестираат во странство, се добро информирани за потенцијалните ефекти од нивните одлуки, дека имаат формирано јасни очекувања за приносите и степенот на ризичност, како и дека се запознаени со своите даночни обврски.
Резидентите треба да ги имаат предвид и да ги почитуваат обврските што произлегуваат од
Законот за девизно работење кои се однесуваат за регистрирањето и известувањето за трансакциите. Забраната за отворање сметки на правни и физички лица во странски банки и натаму останува во примена, освен во случаите предвидени .....
http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-05022019.nspx
интересно секое вложување во странство мора да го пријавуваме во нбрм наместо банките, старите навики тешко се искоренуваат... Незнам дали некој имал прилика да прати пари.