Траумата на први(от) септември!

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Прваче сум мало, првпат одам в школо,
По цел ден се мачам буква да научам,
А....а...моето братче...чита
- НЕ!
А моето братче...
- ....ВЕЗДЕН...
А моето братче везден ко да пее
- ВЕЗДЕН МИ СЕ СМЕЕ!!! **ШЛАП** ... АЈДЕ ОД ПОЧЕТОК!!!



...И така започна... Иницијализацијата во суровото општество секогаш започнуваше со оваа песничка која се врежува во вашата меморија толку длабоко, што ден денес ви се превртуваат цревата од страв и срам што не ве бива да научите една строфа. Оваа збрканост во вашите мали главчиња се зголемува со мистеријата за тоа колку добро ви оди со маалските песнички или можда некоја ваша верзија од ТВ цртаните серии „Нинџа-минџа-нинџа жееелки...“ х 100 пати, а сега со нурнато главче очекувате да ви влепат шамар, да ви се развикаат зошто не можете да научите еден стих и оној одвратен поглед на презир.

Дигиталниот часовник светка 21:15. Прв пат се соочувате со несоницата. Се знае утре ќе има приредба, наставничките да се запознаат со родителите и ќе има реци..реципики...рецитиуање (читај: рецитирање) на песничката што сте ја научиле. Ќе мора да се соочите со стотици погледи кои до сега имавте можност да ги избегнете криејќи се позади вашата мајка или татко. Низ мислите, за последен пат си ја рецитирате песната. Звучи добро ...и покрај тоа што немате кого да ви го провери тоа и некако заспивате преморени од исцрпувачкото попладне учејќи ја песничката напамет. Заборавив да кажам дека сеуште не знаете салам (саглам) да читате?

Традиционалната териростичка агенда на наставниците, особено од I – IV одд., се провлекува низ годините како еден адет на иницијализација на младите умови. Таа линија на отпор – мрзливост – немањето креативност, зема „на душа“ илијадници млади животи секоја година. Малку, ама значајно е помрднувањето од точката кога децата требало да тргнат в планина и со голи раце да задават волк.

Траумата од иницијализацијата во нашиот образовен систем се чувствува како „афтершок“ дури и подоцна, како возрасни луѓе и се разбира е една од причините за разни психосоматски заболувања, како кај адолесценти (јас и мојот Gastritis) така и кај повозрасните (во коктел со немањето пари, нестабилноста на работното место, незадоволениот сексуален живот…) кај кој кулминира со разни многу опасни заболувања (пу-пу скраја да е).

И на крај, да се надоврзам со моите два текста, крајниот разултет е што ќе имаме уметници, кои со своите уметнички прдежи ќе не трујат сите нас наоколу, ќе не убиваат во поим со нивниот „гениј“, за после кога ќе одиме на работа, вашиот шеф со црна цвикера и две Орбит мастики ќе ви прави ментална масажа.

Епа драги наставници/наставнички... вот евер, топло ви препорачувам да го пречитате овој текст. Најмногу ви се обраќам вам. Прекинете со малтретирање на учениците со веќе праисториските стари тематски обработки. Прекинете ве молам со учењето на песнички напамет (не,... не е слатко да гледате како мало дете се бори со изговарањето правилно и по ред зборови напишани од некој кловн кој вечерта немал друга работа, па како педофил седнаш да пишува песнички за мали деца. Да, на тоа рамниште ги доживувам „детските писатели“).

Прекинете ве молам, со оние стандардни текстови „за разгибавање“ од стилот „Како си го поминав летниот распуст“.
Бидете креативни, скршете ги оние медиокритетни олд скул ставови, процедури и вметнете една свежина и радост и на тој начин направете децата да го сакаат образованието.

The ultimate question: Зошто ви го кажувам ова?

- Затоа што децата на овој (стар) начин го замразуваат училиштето. Тоа станува симбол на тортура, ограничување, една деспотска слика за наставникот и неговото „камшикување“ и нештата да се прават по негова волја. Тоа на крај резултира со намалена желба за учење, себе-надградување и сето тоа помешано со пубертет се раѓаат оние девијации за кои ние „толку многу“ се бориме да ги совладаме. Тоа е систем на затворени садови за кои ВИЕ директно сте одговорни, со иста толкава одговорност колку родителите.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Јас немав проблем со одење на школо али памтам деца кои плачеа и неќеа да одат, после тие станаа панкери, металци и дрогаши а некои и се зачленија во СДСМ
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.793
Поени од реакции
29.280
na site prvachinja i nivnite roditeli chestito zapochnuvanje na novata ucheebna godina a na nivnite profesori gospod neka im e napomosh so istite:tapp:

sepak spored site statistiki i istrazhuvanja ni uchilishtata ne se veke ona shto bea nekogash., denes uchenicite i nivnite roditeli se nokna mora na uchitelskiot sostav:sick::coffee:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....какви трауми...каков прв училишен ден....нас ни беше супер
арно ама годинава вториот училишен ден мене ќе ми биде трауматичен :( ....утре кога ќе тргнам на работа и ќе пробам да влезам во автобус, а таму еден куп деца и пензионери (не знаеш кој е поголемо дете и кој си ја заборавил културата дома)
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Прв училишен ден. Одам во школо и помислив дека сум кај психијатер. Класната кога почна со нејзините филозофии и гласното фефлање :vozbud: кога ме фати една смеа :pos: Цел час се смеев . Во класот 12 ученици и 23 ученички. Гзови и цицки фрчат на сите страни. Отсекогаш школото ми изгледаше пекол а сега некако како рај да е :D и после тоа се зберавме другари, другарки и ај на кафе/сок/пиво :P После тоа 1 круг околу паркот и ај накај дома, поскоро да ги запишам импресиите тука lol.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Е тоа беа времиња... кога ќе се потсетам колку ќотек иам изедено заради песните, и сега ми се плачи.
Мада не беше толку лошо, одпрво да дури да се навикниш на некој ред, хигиена, дружба...

Прв училишен ден. Одам во школо и помислив дека сум кај психијатер. Класната кога почна со нејзините филозофии и гласното фефлање :vozbud: кога ме фати една смеа :pos: Цел час се смеев . Во класот 12 ученици и 23 ученички. Гзови и цицки фрчат на сите страни. Отсекогаш школото ми изгледаше пекол а сега некако како рај да е :D и после тоа се зберавме другари, другарки и ај на кафе/сок/пиво :P После тоа 1 круг околу паркот и ај накај дома, поскоро да ги запишам импресиите тука lol.
Ти бе од напредната генерација си а? Одма газој цицки... Да не ја утна тро темава? Колку шо ме држи сеќавањето на училиште се почнува со поранешно забавиште, сегашно прво одделение на 6 години.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Ти бе од напредната генерација си а? Одма газој цицки... Да не ја утна тро темава? Колку шо ме држи сеќавањето на училиште се почнува со поранешно забавиште, сегашно прво одделение на 6 години.
Иако сум средно, сепак е прв училишен ден :P Како што прваците се импресионирани од играчките јас сум импресиониран од гзиштата и цицките :P
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Јас имам фатено дел од тоа комунистичкото во Македонија, баш кога тргнував прво... и имав таков терорист наставничка што денес 10 години би лежела затвор за тепање деца секојдневно. Како само го лепеше мојот другар за табла тоа фашистот бидејќе не знаеше колку се 6*9. (n)

Инаку што ми е поентата? Од лошо има и полошо, а овие приказни за уништени децки животи ми наликуваат на овие од он нет.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Иако сум средно, сепак е прв училишен ден :P Како што прваците се импресионирани од играчките јас сум импресиониран од гзиштата и цицките :P
Абе мал си ти остај тоа гзиштата и цицките за татка ти. ;)

Мене ми текнува на првиот ден во прво одделение, собрани сите во двор и прозивање и ја сакав да се паднам со едно другарче од маало ама не се паднав, а и подобро што не се паднав он после стана рекетар и лежеше во затвор, а ја форумџија. Инаку имаше и едно дете што се утепа од плачење, а беше МАШКО! После мислам дека стана педер, ама не сум сигурен, оти го преместија во друго одделение кај што беа мекушите и лигавите. Ди енд. :)

пс. брзај, брзај прваче на првиот час, учителка те чека со мајчински глас.. на оваа песна ми текнува.
 
П

Пепси_

Гостин
ех мојот прв ден,не беше како на другите :D
Требаше да идам за(е)баваче ама кога се запнав не и не сакам,во прво одделение сакам и точка.! И овие моиве шо ќе прават и ајде кај директорката ме однесија,па ме тестираа нешто и на крај кога ми кажа дека не мора да одам во забавиште туку ќе ме примат во прво,бев радосен како никој на свет :eek:
Сите се редеа нешто а-у на крај влезија во училниците,и јас со мајка ми,влевав во сите училници и ме прашуваа во кое одделение сакам да учам :pos: И на крај избрав па си седнав до едно другарче кое татко ми и татко му се другари всушност.

И не ми е жал што се запишав по рано т.е. не идев во градинка и забавиште.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Иако сум средно, сепак е прв училишен ден :P Како што прваците се импресионирани од играчките јас сум импресиониран од гзиштата и цицките :P
Дете намали со дркањето... хормоните ти удриле в глава, темава не е за твоите импресии.

Јас имам фатено дел од тоа комунистичкото во Македонија, баш кога тргнував прво... и имав таков терорист наставничка што денес 10 години би лежела затвор за тепање деца секојдневно. Како само го лепеше мојот другар за табла тоа фашистот бидејќе не знаеше колку се 6*9. (n)
.
Е заради ваквите денешни наставници и професори, таква ни е младината. Можеби малтретираа порано, ама затоа се вика воспитно образовен процес.

Денеска воспитниот процес го нема, децата незнаат да почитуваат нити авторитет нити постар.
 
М

Мартин`

Гостин
За мене барем не беше ништо страшно, ваљда се навикнав зошто предходно одев 2~ години мислам во градинка па веќе имав другари и другарки и не ми беше страшно, пред да одиме прво нели полагаме тестови едни нели ние што не сме оделе забавиште и тестов боза ја опуштен набрзина го средив а после уште полесниот дел дојде.. 1-во оделение во кое ми се паднаа 5-6 другарчиња најмалце од забавиште ..

А дека напињаат професорите напињаат, затоа и го замразуваат школото учениците.. они дома не си средиле тука ми глумат лудило :icon_lol:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824
Мислам дека имаше ваква тема... Како да имав одговорено.

Инаку првиот училишен ден во прво одделение се случи во 1992 или 1993, ич не сакав да одам и плачев. Ме однесе татко ми, седнав до некое непознато дете, тој се сретна со некој друг родител и се изгубија во гужвата, па кога видов дека го нема, аууу :pos:
Инаку цело прво одделение ме носеа во школо секој ден, а потоа од второ почнав сам. Имаше многу деца што се закачаа.
 
A

Auditore

Гостин
Никогаш школото не сум го гледал како денеска што го перцепцираат младиве, не го викаат училиште, го викаат мучилиште, нон стоп се жалат од професори, од материјал, еве ги слушам и моиве школски, и пак неможам да ги сфатам.
Мене ми е задоволство да одам во училиште, да би можел цел живот би идел, пред се поради тоа што секој ден учам нешто ново, стекнувам ново искуство и се дружам.
Фор фак сејк, 3та година сум, сега и следните 4-5 години ако не се стекнам да научам нешто асално со кое што би печалил утре, кога би ? Зарем цел живот да се црнчам затоа што не сум сакал да учам, а кога се сака се наоѓа време за се.
Уште го памтам првиот ден на училиште кога тргнав, ги памтам скоро сите поважни и поинтересни моменти од мојот живот а повеќето од нив се во школо или со школските.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom