Трансформација на Света Софија во џамија

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
4.254
Вика тој со комплекс на инфериорност...
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.276
No statue of Polish king in Vienna

https://polandin.com/38643209/no-statue-of-polish-king-in-vienna



The city hall claims the statue presenting John III Sobieski, who defeated the Ottoman army at the Battle of Vienna in 1683, would have an “anti-Turkish tone.”

Човекот ја спасил Виена(Хабзбурговци) и најверојатно Европа овие не дозволуваат негов споменик.
Колку наш Грујо бил напред со ова споменициве АХАХХАХАХХАХАХХАХАХ.Војна со некретнини АХХАХАХАХХАХАХХАХАХАХХАХАХХА.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Толку и од секуларната Турција.
Овој „музеј“ инаку има големо значење, оти во суштина е бил нешто као православен Ватикан.
Најголемата катедрала во светот за скоро цел милениум, центарот на православието и седиште на православниот папа, Неговата најбожествена светост архиепископот Цариградски, Нов Рим и Вселенски патријарх (ова ја објаснува потребата од аеродинамика :D ), а секако дека е и архитектурно чудо и ремек дело, ја би рекол дури дека со овој milestone се става крај на античката доба и започнува средновековието (но за некои дрски и неуки тука, the dark ages :popce: )

Инаку црквата е воедно и симбол на Византиската Империја, која е била еден вид теократија со идејата „Еден Бог, Една Империја, Една Религија“ и со цел да го шири Христијанството на политички начин со доволно догми и доста креативни начини за отстранување еретици, не многу различно од Исламот...
Интересно е шо тука на самата тема може да се види зошто е потребно религијата да биде секуларна (за да не се користи бесплатно легалното насилство на државата) и универзална (за да не викате грчка била црквата или католиците да викат оти била православна).

Византија беше бастионот на средновековното Христијанство, најмоќната држава во поголем дел од тој период, но со постојани внатрешни немири и препукувања за да се дојде до власт а и после раскинувањето со Ватикан, доста изолирана дипломатски.
Велат дека падот на Византија бил во 1453 кога турците го освоиле Цариград, ама вистинскиот пад според мене и многу други е во 1204, за време на Четвртата крстоносна војна, кога католиците крстоносци заедно со венецијаните онака со покана од некој си голем патриот по име Алексиос Ангелос пристигнуваат пред Цариградските порти за да го освојат Константинопол за него, и тука малку после малку игра на тронови, крстоносците се одлучуваат да си го освојат Константинопол за нив и успеваат и потоа како реванш за предхотните масакри на католици во градот, крстоносците си го остават крсто на земната и почнуват да пљачкосуват, кољат, силуват, палат, жарат, а венецијаните пак они како покапиталистички настроени воглавно само го опљачкосуват сосе бронзените коњи од хиподромо сосе Света Софија и сосе ролетни...

Така после овој настан, на турците им се олеснува работата и од веќе полумртвата империја они си прават ќилим... Ама арно шо тука беа балканските браќа по вера, србите и бугарите, и до ден денес славни во способноста да ја согледат поголемата слика, без двоумење и без трошка опортунизам, без бодење нож у грб, они ги здружија силите со грците и заедно братски ја остранија напаста од Анатолија... Чисто православие тука, без никакви кривини.
 
Последно уредено:
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.276
Можеби ова ќе звучи малце романтичарско, ама што убаво ќе беше Источното Царство да опстанеше, голем дел од балканот православци, мориња на сите страни а не вака на секое километарче држава.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Интересно е шо тука на самата тема може да се види зошто е потребно религијата да биде секуларна (за да не се користи бесплатно легалното насилство на државата) и универзална (за да не викате грчка била црквата или католиците да викат оти била православна).
Уште да знаеш што значи поимот секуларна. Како може религијата да биде секуларна? Секуларна може да биде државата, не религијата. Секуларна религија, мајко мила. :confused:
Автоматски споено мислење:

Можеби ова ќе звучи малце романтичарско, ама што убаво ќе беше Источното Царство да опстанеше, голем дел од балканот православци, мориња на сите страни а не вака на секое километарче држава.
Преубаво. Каде има поубаво од царство? Само еден е човек, сите други се полулуѓе, поданици односно субјекти, на милост и немилост на едниот. Поубаво здравје.

Каде е сега @jamajka да ни ги објасни благодетите на монархијата?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.664
Преубаво. Каде има поубаво од царство? Само еден е човек, сите други се полулуѓе, поданици односно субјекти, на милост и немилост на едниот. Поубаво здравје.

Кај е сега @jamajka да ни ги објасни благодетеите на монархијата?
Заеби го уредувањето, тоа е надраснато. Ама држава што контролира огромен дел од Медитеранот секогаш била моќен политички фактор.
 
S

ski

Гостин
А бе не го личи со четри минариња музеј да остане ко франкенштајн е,нема валиден основ за музеј идејата била градбата да биде храм дали тоа ке биде ваков или онаков храм зависно периодот и народот на територијата шо е менлива форма.

Кој знае шо е планот за фреските дали ке се оди со поликолор или хебла.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Уште да знаеш што значи поимот секуларна. Како може религијата да биде секуларна? Секуларна може да биде државата, не религијата. Секуларна религија, мајко мила. :confused:
Браво, најде грешка :) Мислев на тоа де, дека не треба државата да ја шири религијата, да штити догми и да се справува со „еретици“. Тоа е рецепт за насилство.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Браво, најде грешка :) Мислев на тоа де, дека не треба државата да ја шири религијата, да штити догми и да се справува со „еретици“. Тоа е рецепт за насилство.
Грешка е да ставиш сол во кафето, ова е глупост. Друго е тоа. Инаку, за религијата е најдобро да не постои.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.425
Поени од реакции
4.254
Мислев на тоа де, дека не треба државата да ја шири религијата, да штити догми и да се справува со „еретици“. Тоа е рецепт за насилство.
Државата сама по себе е религија. Политчко уредување, закони, национални симболи и одлики,криминал и внатрешни кругови, банкарство итн....
И у случај да се вадиш на молење, клањање и обожување, куп култури со религија биле без тоа(рим, кина).
Замени "религија" со "пропаганда", "догми" со "национални интереси/стратегија/економија/диполоматија " и"еретици" со "предавници/криминалци"
и реченицата има иста смисла.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.276
Уште да знаеш што значи поимот секуларна. Како може религијата да биде секуларна? Секуларна може да биде државата, не религијата. Секуларна религија, мајко мила. :confused:
Автоматски споено мислење:



Преубаво. Каде има поубаво од царство? Само еден е човек, сите други се полулуѓе, поданици односно субјекти, на милост и немилост на едниот. Поубаво здравје.

Каде е сега @jamajka да ни ги објасни благодетите на монархијата?
Па сигурно ќе ги поминеше сите трансформации на политичкото уредување.Па денес ќе беше или федерација или република.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom