Бидејќи не најдов друга тема, решив на оваа да поставам едно прашање.. (се надевам на одговор, иако темата не е активна скоро 2 години).
Сакам да прашам, дали за трансфер на пари од странство во Македонија, државата наплаќа данок.
Конкретно, од сметка во НЛБ Љубљана, сакам да префрлам пари во некоја од македонските банки (провизијата за трансфер на македонската банка, нормално ќе си ја платам), туку ме интересира, дали државата ќе земе одреден процент (и ако да, колкав %)? Се работи за сума од приближно 10.000е (главно средства од плата и продажба на автомобил).. а знам дека во кеш преку граница е дозволено до 2000е по лице...
Оние кои имаат познавање, или искуство од ова, нека повелат да се изјаснат, секој одговор е добредојден.