Тоше Проески

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Зошто да не? Што е толку чудно? Тој беше пејач кој навистина имаше одлични песни и како и секој пејач има свои песни кои дремат дома во некоја фиока кои не се испеани. Што се однесува до спотовите препоставувам тие биле снимани предходно но намерно тогаш не се објавени кога почина бидејќи намерно оставаат некое време да помине за тие истите спотови да ги објават подоцна. Друга работа јас лично дома во мојот флеш чувам видео снимки кои ги имам направено кои не сакам да ги објавам на јутјуб. исто така и текстови кои едноставно не е време да се објават, а не пак Тоше Проески.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Крушевчани го чествуваа роденденот на Тоше

Ниту по шест години од трагчината смрт, крушевчани и голем број на фанови, не го заборавија роденденот на својот миленик, големата естрадна ѕвезда Тоше Проески.

Ниту по шест години од трагчината смрт, крушевчани и голем број на фанови, не го заборавија роденденот на својот миленик, големата естрадна ѕвезда Тоше Проески. Денеска на неговото вечно почивалиште на Гумење, се поклонија негови блиски пријатели, помлади и повозрасни сограѓани, но и прилепчани, битолчани и негови почитувачи од многу други градови. Одбележувањето на неговиот роденден, за нив е само уште еден потсетник за хуманоста на Тоше.

- Се трудиме, на било каков начин, да го продолжиме делото на Тоше - рече Борче Николоски од Крушево.
- на секого му излегуваше во пресрет, а тоа беше негов најдобар гест во животот. Така ќе остане меѓу нас - се потсети неговиот пријател Крсте Јованоски.

Во Спомен-куќата во која досега имало над двесте илјади посетители, покрај повеќе постановки, за првпат денеска беа изложени досега необјавени фотографии, а крушевчани за хуманоста му се оддолжија со крводарителска акција.

- Денеска ги имаме изложено необјавените фотографии на Тоше Проески, изработени на канвас – платно. Исто така, имаме дарување на крв, во негова чест за роденденот - рече Василија Андоновска, вработена во Спомен-куќата на Тоше.

Тоше Проески е роден на денешен ден пред триесет и три години, а од трагичната смрт во 2007 година, крушевчани како свој незаборав, го чествуваат неговиот роденден.

+.png

1604725_683616651691027_1601214038_n.jpg

1010080_740477732637355_44283548_n.jpg

Сите се раѓаме, постоиме, и на крај исчезнуваме засекогаш од овој свет. Откако ќе заминеме остануваат спомените, и колку повеќе спомени има, толку и нас ќе не споменуваат повеќе, и ќе се сеќаваат на нас !!! Спомените што ги остави ти Тоше се преголеми за да бидеш некогаш заборавен, и затоа имај си Среќен Роденден каде и да си ... СЕГА ...



Во чест на роденденот на нашата прерано загината ѕвезда, да се потсетиме на неговите зборови и мисли:

1. Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.

2. Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.

3. Човекот треба да биде инспириран, и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот.

4. Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.

5. Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.

6. Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.

7.Сакајте се! Вистинската љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е еднонасочно. За врска треба да биде двонасочно, а за љубов е доволно само еднонасочно.

8. Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го потрошил залудно.

9. Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.

10.Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.

11.За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо.

12.Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е се дозволено - исто како во војната.

13.Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа.

14.Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат.

15. За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!

16.Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Како е тоа возможно да е среќен? Не идам да мрчам туку прашувам како да го протолкуваме среќен роденден за мртов човек. Има други реченици со кои се означува значењето на истиот, не мора шаблонски да пукаме среќен среќен.....Фино да се дообјаснам, не дека морам, туку дека не ме дочитуваат некои па промрчуваат беспотребно :)

Вечна нека му е славата! Да се означи денот, кој треба да се означува и во иднина.
Oд тоа што сум зачекал наваму натаму, оваа ко да има така најсилно значење.

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Тоше беше јак. Музичар и човек на ниво. Славата шо ја имаше пред вртоглаво му се зголеми после смртта. Дел за тоа што толку го величат е тоа што е македонец и иде на патриотско ниво. Има и други, уште поголеми музичари, поубави и подарежливи кои заминале прерано од овој свет ама овде не ги знаат и не им се чуе за нив. Класичен пример за слава после смртта се рецимо Кобеин и Куртис па и Хендрикс. И тие млади заминаа и беа музичари според мене, поголеми од Тоше. Дали сите го сакат Тоше толку многу дека е македонец или дека стварно беше светец, не ми е јасно. И да, глупо е коа видам среќен роденден коа пишат. Испод земја славете роденден вие и среќен да ви биде, да ве видам.

Го поштувам неговото дело и вечна му слава, али претерано е ова.

 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
http://zazabava.com/kje-ima-nov-posthumen-album-na-toshe-proeski

Не беше ли The Hardest Thing англискиот албум кој Тоше долго го најавуваше? Од каде сега ова? навистина е конфузно..Дали можеби некој има повеќе информации?
Јас кога бев на еден ручек заедно со членовите од фондацијата на Тоше со кои и вооедно се знам блиску се распрашав и ми кажаа дека тоа се песни кои веќе одамна биле снимени но се планирало да има уште повеќе песни и да биде издаден албумот после The hardest thing но нажалост тоа што се случи, се случи и албумот не беше издаден. Јас лично препоставувам албумот е чуван во тајност пред се да не биде се наеднаш објавено сите негови материјали. Колку што ми кажаа мене лично песните кои биле снимени или целиот албум ќе биде огромно изненадување за сите фанови на Тоше.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Јас кога бев на еден ручек заедно со членовите од фондацијата на Тоше со кои и вооедно се знам блиску се распрашав и ми кажаа дека тоа се песни кои веќе одамна биле снимени но се планирало да има уште повеќе песни и да биде издаден албумот после The hardest thing но нажалост тоа што се случи, се случи и албумот не беше издаден. Јас лично препоставувам албумот е чуван во тајност пред се да не биде се наеднаш објавено сите негови материјали. Колку што ми кажаа мене лично песните кои биле снимени или целиот албум ќе биде огромно изненадување за сите фанови на Тоше.
Одлично е да се чуе ова...Според сите интервјуа коишто ги следев, според мене можеби се работи за промена на стилот, или е некое парче со арии, или пак има тежок рокерски звук она што Тоше секогаш сакаше да го направи..Kaко и да е, дефинитивно вреди да се чека
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
„16-ти октомври 2007 година... Балканот го разбуди шокантна вест“. Првата реченица со која започнува новиот документарен филм за нашиот вечен Тоше.



Документарниот филм кој трае речиси половина час беше објавен на YouTube каналот на Ал Џесеира Балкан, насловен како „6 часа до небото“.

Во него се собрани најголемите ѕвезди од Балканот, пријатели и соработници на Тоше, кои со солзи во очите, но истовремено и блага насмевка во душата раскажуваат за неговите почетоци и успеси.

Видео кое ќе го изгледате без да трепнете:

 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.704
Тоше беше јак. Музичар и човек на ниво. Славата шо ја имаше пред вртоглаво му се зголеми после смртта. Дел за тоа што толку го величат е тоа што е македонец и иде на патриотско ниво. Има и други, уште поголеми музичари, поубави и подарежливи кои заминале прерано од овој свет ама овде не ги знаат и не им се чуе за нив. Класичен пример за слава после смртта се рецимо Кобеин и Куртис па и Хендрикс. И тие млади заминаа и беа музичари според мене, поголеми од Тоше. Дали сите го сакат Тоше толку многу дека е македонец или дека стварно беше светец, не ми е јасно. И да, глупо е коа видам среќен роденден коа пишат. Испод земја славете роденден вие и среќен да ви биде, да ве видам.

Го поштувам неговото дело и вечна му слава, али претерано е ова.

Легенда голема ама незнам дали би можел да се нарече поголем музичар од Тоше. Кобеин е еден од најпопуларните музички имиња пошто е Американец, Тоше беше вокално каде каде по доминантен од Курт, Башка беше нај прилагодлив изведувач што јас сум го слушал. Тоше пееше поп, рок, народно, опера.. и во сите тие жанрови беше неверојатно добар и на ниво. Курт е поголема светска легенда од Тоше и како што кажав еден од најпопуларните музички имиња во светот. Ама сакам да ми кажеш поради што мислиш дека Курт е поголем музичар од Тоше, или само да маваш хејт на нешто што е наше. И не ме сфаќај погрешно, ја сум Курт фан. Само ме интересира тезава твоја околу вој муабет
 
Член од
14 мај 2010
Мислења
112
Поени од реакции
20
Каде може да се купи ЦД од Тоше Проески? Конкретно го сакам албумот „Со љубов од Тоше“. Во Југотон го нема, а ни на Амазон.

Каде може да се купи?
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Каде може да се купи ЦД од Тоше Проески? Конкретно го сакам албумот „Со љубов од Тоше“. Во Југотон го нема, а ни на Амазон.

Каде може да се купи?
Да видиш во спомен куќата на Тоше би требало таму да го има
 

Kajgana Shop

На врв Bottom