Тоше Проески

Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Па ти си тој што очигледно незнае што значи слава - Слава не значи да си добар туку да си познат, така да нема врска дали си најдобар пејач или некој лингур ко Џастин Бибер, ако за Џастин Бибер знае цел свет а за Тоше надвор од Балканов немаат чуено ни 0.01% од луѓето тогаш кој е попознат, Тоше или Џастин?

Тоа дека може да се носи со секој светски пеач е точно, ама да кажеш дека сегде го знаат е чиста глупост или дека е попознат од некои „Американски гомнари“ (еве пример Џастин Бибер како типичен лигуш, јес да неам појм од каде е), демек ако отидеш во Англија или Франција и спомнеш Тоше, некој ќе знае за него, прикаски за мали деца... Така да дај не летајте у облаци... Мислам јас имам целосен респект за Тоше и се, али вакви тврдења дека постигнал светска слава итн ми се стварно смешни и наивни, немора да се согласиш со мене али у секој случај мислам дека треба некој ептен слеп и наивен да е такво нешто да мисли...
Со една песна италијанска што ја отпеа ја дигна цела Италија на нозе, сепак неговите песни беа претежно македонски, српски и хрватски имаше и неколку на англиски јазик но сепак Европа го знаеше Тоше а да те знае тебе Европа не е мала работа, и сепак е слава.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Имаат чуено, и што е според тебе слава ? американски гомнари кои што се прогласуваат со неколку хитови за најдобри пеачи ? Ма ајде бе, Тоше можеже да се носи со секој светски пеач ;)
Таква е поставеноста на работите ,секогаш земјата со најголемо медумско влијание во светски рамки(САД) ќе дава пејачи кои ќе бидат светски познати ,плус англискиот е убедливо најдоминантен јазик и ете ти СВЕТСКА СЛАВА,небитно е дали можеш да се носиш со светски пејачи,битно е да си познат во цел свет, Тоше тоа не беше и ако сме реални немаше ни да биде ,впрочем никој од овие простои нема да доживее светска слава ,премногу сме небитни на светско ниво.Можеби ќе можеше со оперска музика ,али со поп музика никако
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Ми се гади од луѓе кои мислат дека се премногу паметни(а не се) и луѓе кои плукаат по еден од малкуте луѓе кои стварно вределе во државава.
А за прашањето Да ќе постигнеше светска слава,затоа што Тоше имаше вонсериски глас и талент,споредете го само гласот на Тоше на 20 години и гласот со кој ги пееше песните на 26 години и можам да замислам како само би звучел на 40 години.Така да треба само да му се восхитувате на човек и пеач каков што беше Тоше.
 
И што ако имаше вонсериски глас и талент ,колку ги има во секоја земја со вонсериски глас и талент па се непознати на светско ниво ,пејачите и глумците се ограничени во својата популарност поради јазикот на кој пејат или глумат,значи постојат некои ограничувања кои се реални и ние можеме само да ги прифатиме и ништо друго
И уште нешто за успех на туѓ терен ти треба медиумска подршка од медиумите на тој туѓ терен ,а сепак медиумите надвор од Македонија секогаш ќе му дадат подршка на својот пејач ,колку и да е тој помалку талентиран,затоа и Тоше не беше толку популарен надвор од Македонија во однос на тоа колку што беше во Македонија
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Ми се гади од луѓе кои мислат дека се премногу паметни(а не се) и луѓе кои плукаат по еден од малкуте луѓе кои стварно вределе во државава.
А за прашањето Да ќе постигнеше светска слава,затоа што Тоше имаше вонсериски глас и талент,споредете го само гласот на Тоше на 20 години и гласот со кој ги пееше песните на 26 години и можам да замислам како само би звучел на 40 години.Така да треба само да му се восхитувате на човек и пеач каков што беше Тоше.
токму тоа не е прашање дали туку кога ќе беше светска џвезда
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Никогаш Тоше немаше да постигне светска слава од причина што е Балканец и не е погоден за пазарите во ЕУ и САД, барем не во сегментот на поп музиката. Во тој бизнис владеат други правила каде што вокалот, харизмата и мантрањето дека сите не сака не поминуваат. За во Балканот ќе си беше арен, искрено мене Тоше ми беше сељак и покрај тоа што имаше солиден вокал кој почна со прецвикани кожни пантолони и два прста течна пудра Јанг Дерм да пее, па малку го изделкаа браќана од Авалон да заличи на нешто и му напишаа некоја песна, за на крај Лила да го промовира низ Балканот.
Жал ми е од аспект дека животот го загуби младо момче и ништо друго.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
-Џастин Бибер- Магдонос и Целер
мене не ми треба ниту сакам да го чујам
Тоше е се уште најдобриот- слава му
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Никогаш Тоше немаше да постигне светска слава од причина што е Балканец и не е погоден за пазарите во ЕУ и САД, барем не во сегментот на поп музиката. Во тој бизнис владеат други правила каде што вокалот, харизмата и мантрањето дека сите не сака не поминуваат. За во Балканот ќе си беше арен, искрено мене Тоше ми беше сељак и покрај тоа што имаше солиден вокал кој почна со прецвикани кожни пантолони и два прста течна пудра Јанг Дерм да пее, па малку го изделкаа браќана од Авалон да заличи на нешто и му напишаа некоја песна, за на крај Лила да го промовира низ Балканот.
Жал ми е од аспект дека животот го загуби младо момче и ништо друго.
Tоше немаше да постигне светска слава бидејќи светската музика е бизнис машинерија ,светските пејачи во комерцијалната музика се бизнис проекти,Тоше е Македонец со пазар од 2 милиони луге ,значи неисплатлив како бизнис проект,хрватскиот пејач Жак Хоудек беше во англиско талент шоу и не помина и покрај феноменлните гласовни способности ,имаше еден коментар на Хрват кој е дел од англиската музичка индустрија"Хрватска е премал пазар за да го пуштат понатаму ,не им се исплати" ,значи дури и за едно музичко шоу со обрнува внимание на исплатливоста на било кој кандидат, а камоли за музичка кариера ,Шакира ја има популацијата од шпанско говорно подрaчје позади себе,исплатлива е како проект ,иако песните на англиски и се невидено глупави
Иначе Тоше не се појави со кожни панталони, тоа му беше Љиља фаза,браќата од Авалон направија добар бренд,добро изгледаше со нив ,Србинкава сељак таман за балканските простори
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.799
Поени од реакции
11.399
Не светска, него белосветска слава. Седи, добар (3).
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Реално можеше да извади 1-2 хита што ќе се свртеа малце по светскиве радија ама тешко дека нешто големо ќе направеше. Ептен треба да ти се погодат коцките за да го фатиш светскиот ритам и да те засака публиката.
Англискиот албум што планираше да го извади реално не е нешто посебно, значи прва дупка. За да извади втор ќе требаше сигурно едно 2-3 години и 2-3 милиони евра што тешко дека ќе ги собереше. Ако него го утнеше ќе се повлечеше на балканов и ќе правеше свирки.
Тешко е да гледаме од денешна гледна точка, ама пред да почине немаше ни 30% од денешнава слава.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.528
Тешка работа, такви оперски налик гласови палат само на балканот и на евровизија
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не е убаво да се започнуваат вакви дискусии.
Не само јас, туку верувам и сите повеќе би сакале Тоше да е жив и со нас, одколку да постигне било каква слава.
Гробот сите ги изедначува, не еднакви се раѓаме, еднакви умираме.
Aequat omnes cinis, impares nascimur, pares morimur.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
што би било да беше баба машко е муабетов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom