- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.364
- Поени од реакции
- 84.593
На, дркајте на ова, да ве видам, кретени глупи:
Џамиите во Албанија и Косово финансирани од Турција се амбасади на политичкиот ислам
Жестоко ја отфрлам исламофобијата.
Речиси сите луѓе чии човекови права професионално ги бранам - Рохинџи, Кашмирци, Курди, Косовци, Бошњаци - се муслимани. Верувам дека верската слобода и другите човекови права се неприкосновени.
Од оваа причина, ми беше тешко да го разберам тоа што Турција финансира мегаџамии. По длабокото пребарување по емоциите и мотивите во врска со значењето на духовноста и турската политичка агенда, заклучив дека џамиите финансирани од Турција не се легитимни верски места. Тие го пропагираат политичкиот ислам како извори на поделби и поборници на раздорот. Турското финансирање џамии надвор од Турција треба да биде забрането.
Турската надворешна политика има цел да го пропагира исламизмот, да ги дестабилизира секуларните демократии и со тоа да го зајакне влијанието на Турција. Таа финансира џамии низ цела Европа за поддршка на исламистичката и неоотоманската агенда на претседателот Таип Ердоган.
„Дијанет“, турското Министерство за верски прашања, е алатка на Ердоган за ширење на политичкиот ислам. Таа не е екипирана со имами и верски интелектуалци. Наместо тоа, Дијанет е управуван од бирократи и политички приврзаници што ги поткопуваат благородните принципи на исламот како религија на мирот. Дијанет стана инструмент на Ердоган за корумпирање на исламот со спроведување политичка агенда.
Последните контроверзии околу џамија финансирана од Турција се случија во Келн, Германија. Кога Ердоган се појави минатиот викенд на отворањето на Централната џамија во Келн, илјадници луѓе, меѓу кои и многу муслимани, се собраа да протестираат и да го критикуваат присуството на Ердоган.
Церемонијата во Келн се случи на крајот од спорното патување на Ердоган во Германија. На секој настан, Ердоган беше казнуван за недостигот од човекови права во Турција, за ограничувањата на слободата на печатот и за прекршувањето на правата на малцинствата. Канцеларката Ангела Меркел одби да присуствува на државната вечера за Ердоган и многу членови на парламентот ја бојкотираа неговата посета. Лошите чувства останаа откако Ердоган минатата година ја нарече Меркел нацист.
Германија не е единствената земја во која Турција го користи исламот како клинец за раздор во општествата и радикализација на младите против Западот. Турските џамии финансирани во Албанија и Косово се исто така амбасади на исламизмот.
Големата џамија во Тирана - Намазгах - ќе биде најголемата џамија на Балканот. На Косово, турската агенција за соработка и координација (ТИКА), во координација со Дијанет, обнови повеќе од 30 верски градби од османлискиот период и изгради најмалку 20 нови џамии од 2011 година. Ердоган лично вети дека ќе ја спонзорира изградбата на косовска мегаџамија во Приштина.
Истото се случува и во турските републики во Централна Азија. Наместо градење нации во тазе-независните држави, Турција го поддржува градењето муслиманска заедница.
Овие џамии имаат училници за исламско образование, како и настава на турски јазик. Објектите поддржани од ТИКА функционираат како медреси, корумпирајќи го куранистичкото образование за да ја радикализираат поводливата младина. Некои од Западен Балкан ѝ се приклучија на Исламска држава и станаа борци во Сирија и Ирак.
Постојат различни толкувања на исламот, како и во секоја религија. Според едно толкување, исламот е праведна религија, која учи дека верниците мора да живеат скромно и во мирен соживот едни со други и со својата околина, за што пример е животот на пророкот Мухамед. Религиската посветеност и љубовта кон Бога се основа за еден праведен светски поредок.
Во едно друго толкување, човештвото може да постигне личен мир само со целосно потчинување кон Алах. Исламот значи покорност кон Бога, прифаќање на Неговиот авторитет, како и почитување на Неговите наредби. Поединците што ќе се покорат се поподложни на манипулација. Некои се убедуваат да вршат акти на неверојатно насилство против неверниците, умерените муслимани и муслиманите што им припаѓаат на други секти.
Се разбира, сите луѓе, вклучувајќи ги и муслиманите, имаат право да бидат верници сѐ додека нивната верска практика не им штети на другите. Тие имаат право да градат верски места сѐ додека тие верски места го промовираат личното прочистување, а не актите на насилство. Мора да се прифатат благородните квалитети на исламот.
Сепак, Турција практикува двоен стандард. Ердоган ја употребуваше религијата за поделба на турското општество и за зацврстување на својата политичка база. Во 2002 година секуларните судии го затворија Ердоган поради проповедање: „џамиите се нашите касарни, куполите се нашите шлемови, минарињата се нашите бајонети, а верниците се нашите војници“.
Со прифаќањето на политичкиот ислам, Ердоган од името на исламот создаде плодна почва за радикалните групи како што е ИСИС. Тој реторички ја отфрла радикализацијата, но Ердоган треба да се проценува според неговите постапки. Сирија е најдобриот пример за тоа.
И дома и во странство, Ердоган продолжува да ја користи религијата во функција на својата политичка агенда. По наредба на Ердоган, турските власти ги ограничуваат обновата и изградбата на немуслиманските светилишта и места за богослужба во Турција. Рутински се одбиваат барањата за отворање нови места за богослужба од страна на верските малцинства. Дури и собиралиштата („чемеви“) на алавитите, гранка на исламот, се ограничени. Несунитските муслимани се гледаат како еретици.
Џамијата во Келн е громобран за контроверзноста, истакнувајќи ја подмолната перверзија на исламот во Турција. Муслиманите во Германија треба да ги градат своите светилишта без поддршка од Турција. Политизирајќи го исламот, Ердоган ја труе чистотата на нивната посветеност и му дава лош имиџ на исламот.
Автор: Дејвид Л. Филипс
Извор: Политурко
Јавите се сеа у штаб да прашате дали стварно и кај нас вака Турска праеше.