Драган ме разочара, ја заборави легендарната песна на
Гоце Николовски - Моја серенада, побогу човеку тоа не смее да се случи
![Палец долу (n) (n)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsdown.png)
Мојата листа:
Гиш - Моја гитара- фантастична песна со еден од најдобрите вокали кои оваа држава ги има и ќе ги има (субјективен сум да, Гиш ми е омилен лик)
Зоран Милосавлевиќ - Роза сина, знам како и за кого е настаната оваа песна, по таа приказна која ја слушнав ја има песнава мојата подршка
Зафир Хаџиманов - Од љубов не се бега, актер, поет, боем нема потреба повеќе да се збори за него
Игор Џамбазов - Време за плачење, само ќе напишам ШОУМЕН, секој на песнава се има лом направено во некое кафанче, во некој период од животот.
Леб и Сол - Скопје, главниот град опеан во една легендарна песна, за неа Влатко ќе рече; Денеска нема шанса да ја напишев оваа песна, тоа беа други поубави времиња.
Меморија - Оган под ѕвездите. Апостол Поце Икономов и неговата боја на глас.
Владо Јаневски - Што и да ќе помине, секогаш поминува кога тогаш
Архангел - Милион долари, Ристо Вртев ама не те најдов, човекот кој зборовите ги вади од дното на душата и срцето, ПОЕТ
![Секоја чест :cuc: :cuc:](/styles/default/xenforo/emot/cuc.gif)
има и подобри од нив ама ајде некој не избрал тоа што треба.
П.С Во листава фалат најмалку 50 песни кои се репрезент за евергрин. Нокаут и евергрин