Топ 20 МК евергрини (Завршено е гласањето и одбрани се песните)

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Драган ме разочара, ја заборави легендарната песна на Гоце Николовски - Моја серенада, побогу човеку тоа не смее да се случи(n)
Мојата листа:
Гиш - Моја гитара- фантастична песна со еден од најдобрите вокали кои оваа држава ги има и ќе ги има (субјективен сум да, Гиш ми е омилен лик)
Зоран Милосавлевиќ - Роза сина, знам како и за кого е настаната оваа песна, по таа приказна која ја слушнав ја има песнава мојата подршка
Зафир Хаџиманов - Од љубов не се бега, актер, поет, боем нема потреба повеќе да се збори за него
Игор Џамбазов - Време за плачење, само ќе напишам ШОУМЕН, секој на песнава се има лом направено во некое кафанче, во некој период од животот.
Леб и Сол - Скопје, главниот град опеан во една легендарна песна, за неа Влатко ќе рече; Денеска нема шанса да ја напишев оваа песна, тоа беа други поубави времиња.
Меморија - Оган под ѕвездите. Апостол Поце Икономов и неговата боја на глас.
Владо Јаневски - Што и да ќе помине, секогаш поминува кога тогаш
Архангел - Милион долари, Ристо Вртев ама не те најдов, човекот кој зборовите ги вади од дното на душата и срцето, ПОЕТ :cuc: има и подобри од нив ама ајде некој не избрал тоа што треба.

П.С Во листава фалат најмалку 50 песни кои се репрезент за евергрин. Нокаут и евергрин :facepalm:

Реден број 33...насловот е згрешен и гласи Тивко, тивко.:facepalm:
 
Овие озбилно ја напишале Бисера Велетанлиќ - Бисера ВелеНтанлиЧ?
Башка, се плаќа за да гласаш?
Плус, мислам дека листава не им е многу убаво направена, и фалат песни, и има песни кои не се за таму.

Реден број 33...насловот е згрешен и гласи Тивко, тивко.:facepalm:
„Тивко, тивко" колку што знам е друга песна на Гоце Николовски, не е „Мојата серенада". Во секој случај, пропуст.
 
Латино на Александар Митевски предложена за евергрин?!? Јас гледам или очиве ме лажат. Врска нема листава, камо ја бре „На Велигден сум се заљубил“? Невозможно е да ја нема на листа, а про по тоа листава нема врска.

Јас кога човек ќе ми спомне евергрин, веднаш ми текнува на „Чија си“. Мислам дека ќе остане за сите времиња, век и веков песна. Исто и Осамен на Трајче Манев.

Па идеме, еден од најдобрите македонски вокали за кои и Тоше ќе каже дека би му било страв да пее покрај него:

После идат Маријана и Росана. Бре до ден денес ги слушам песниве:

И овие ми текнуваат:

Еха Зијан, до ден денес кожа ми се ежи на песнава:

И идеме цела македонска судбина ставена во песна:

Бонус Скопје, Сарај, Матка и Време за плачење на маестро Џамбазов. Има и уште неколку песни кои за мене ќе останат евергрин, ама овие две му се врв.

Има уште многу, ама овие барем мене ме погодуваат. Кирилица испеана. А сега немаме ни една песна. Страв ме фаќа за јазиков наш насушен.
 
Ако не знаете како се прават пари, учете од Грин Ентертаинмент :icon_lol: Ќе бирале топ 20 песни кои ќе го носеле епитетот евергрин, баш па епитетот им притребал на песните ако веќе ги пуштаат со години и повеќе генерации ги знаат.
 
И официјално избрани 20те песни.

Еве подоле е листата, па вие одлучете дали вистинските песни влегле или не... :) Секој според својот вкус... :)

Ова се 20-те избрани песни кои ќе бидат изведени на 26 октомври во Универзална сала.
1. Сите мои слики – Ареа
2. Моја гитара – Банкрот блуз бенд
3. Дал да плачам ил да пеам – Бис Без
4. Галебе – Верица Ристевска
5. Кажи нешто драга - Драган Мијалковски
6. Љуби ме и главата горе – Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ
7. Како Вардар – Зафир Хаџиманов
8. Остани во мене – Калиопи
9. Ивана – Кемал Монтено
10. Високи штикли и црни чорапи – Конкорд
11. Неправда – Лева патика
12. Сонце за три светови – Мики Јовановски – Џафер
13. Кажи зошто ме остави – Никола Боби Автовски
14. Еден бакнеж – Нина Спирова
15. Се што сакав по тебе – Симеон Гугуловски
16. Тајно моја - Тоше Проески
17. Осамен – Трајче Манев
18. Срце тетовирано – Трифун Костовски и Александар Митевски
19. Кога те нема – Хелена Благне
20. Роза сина – Диме Поповски и Зоран Милосавлевиќ
Извор.
 
18.... :facepalm::facepalm::facepalm:

Другите се ок, плагијаторот Владо го нема на листата, што мислам дека е своевидна "победа"...
 
18.... :facepalm::facepalm::facepalm:

Другите се ок, плагијаторот Владо го нема на листата, што мислам дека е своевидна "победа"...
го нема затоа што им побарал мислам дека 2000 евра за песните и 3000 евра за настап во универзална.
ова денес го прочитав во весник.
а исто и уште еден побарал пари, односно ако ен го направат тоа во рок од 24 часа да ги тргнат песните :D
 
Со секоја почит за текстовите и песните на Владо, ама по која основа бара толку пари? Настап на плејбек во Универзална? На сите негови настапи пее плејбек и тоа е мојата најголема забелешка за него. Не гледам зошто треба да дадам пари за карта за негов настап кога ќе пее плејбек. За плејбек си го имам компјутерот и ЈуТуб ако толку ми е мерак да му ги слушам песните на плејбек.
 
Еден урбан лик од Скопје на својот блог, пред некоја година, а бидејќи живеел во Русија и му е позната тамошната поп сцена, направи една темелна анализа, посочувајќи кој „хит“ на Владо е копија (буквално) на која руска песна од 70-80тите. Не преработка, не римејк, КОПИЈА, и тоа неовластена, оти овој шизиков се потпишува и никаде не кажува дека „позајмил“....

Па уште и условувал... наместо да е среќен што воопшто некој му ги слуша копиите на руски хитови од пред 30 години.... и онака Ластовица беше врв на неговата фудбалска кариера :D
 
Со секоја почит за текстовите и песните на Владо, ама по која основа бара толку пари? Настап на плејбек во Универзална? На сите негови настапи пее плејбек и тоа е мојата најголема забелешка за него. Не гледам зошто треба да дадам пари за карта за негов настап кога ќе пее плејбек. За плејбек си го имам компјутерот и ЈуТуб ако толку ми е мерак да му ги слушам песните на плејбек.
па и јас т го викам :)
наместо да бидат среќни што нивни песни ке влезат во македонски евергрини кои ваљда за навек ке се слушаат баш ради тој епитет, они се глупираат и бараат пари.
истото и за настапот, треба да се почестени и со мерак да отидат да отпејат една песна али јбг пари пари и само пари.
ти текнува?
 
Еден урбан лик од Скопје на својот блог, своевремено, а бидејќи живеел во Русија и му е позната тамошната поп сцена, направи една темелна анализа, посочувајќи кој „хит“ на Владо е копија (буквално) на која руска песна од 70-80тите. Не преработка, не римејк, КОПИЈА, и тоа неовластена, оти овој шизиков се потпишува и никаде не кажува дека „позајмил“....

Па уште и условувал... наместо да е среќен што воопшто некој му ги слуша копиите на руски хитови од пред 30 години.... и онака Ластовица беше врв на неговата фудбалска кариера :D

Види, во ред копирал - копирал (мислам не е во ред, ама ќе ти ја доловам поентата понтаму во постот:icon_mrgr: ), за текстовите има моја почит, навистина пишува фини текстови, иако јас никогаш не сум била некој голем обожавател, знам чат пат некоја балада онака за мерак да си пуштам. Ама мене муабетот ми е дека ме иритира тоа што заработува пари од настапи во дискотека (и нека заработува, алал нека му се, си работи), а пее на плејбек. Па музичар си да му се сневиди, пејач си, ако ништо друго кога имаш настап во живо - пеј во живо, а не да ги мафташ луѓето. Бев еднаш во Охрид, во Кадмо мислам беше. Толку многу луѓе дојдоа да го чујат, невидена гужва беше, се угушив, за да приметам дека пее на плејбек што ме изреволтира. Не ми е мене за тие 100 - 200 денари и онака ќе отидат на пиво или влез во дискотека, мене ми е што се осеќам како будала што сум отишла на настап во ЖИВО, каде ме газат, гужваат, нема воздух за дишење, а он има настап на плејбек. Зошто побогу би одела во гужви и мешаници за да чујам некој како пее на плејбек, кога тој “луксуз“ можам да си го приуштам и дома од компјутер исто со пивце, кафе, вино, сок пред мене?

па и јас т го викам :)
наместо да бидат среќни што нивни песни ке влезат во македонски евергрини кои ваљда за навек ке се слушаат баш ради тој епитет, они се глупираат и бараат пари.
истото и за настапот, треба да се почестени и со мерак да отидат да отпејат една песна али јбг пари пари и само пари.
ти текнува?

А бе види, во ред е да добие пари. Нека му дадат. Негова е песната, ја направил, заслужил... Немам против да добиваат парични награди, ме револтира што бара енормна сума (за наши услови и стандард) пари за изведба на најверојатно една песна и тоа на шугав плејбек. Не е во ред и не е почитување спрема публиката пред се.
 
18.На лицево имам изгравирано
за ееееевергрин
нооова брааадаааааа
На срцето имам тетовирано
извини Gillette...
aaaa.JPG
 
Crazy in Love; ти ја разбирам поентата, со тоа и го потврдуваш моето мислење, а во однос на последниот дел од твојот одговор - нит е негова песната, нит тој ја направил, нит заслужува да биде слушан, а камо ли спомнат во некаков избор на 20 топ евергрини (во друштво со легенди.... добро, за 18 - :facepalm:)...

По мое мислење, овде не станува збор за пари, туку веројатно за суета - побарал нешто што знаел дека нема да му биде исполнето.....

Абе, кој го врти, не можам ни јас да си верувам на себе, пола саат праам муабет на тема Владо „фалсификатор“ Јаневски...... Ај чао....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom