Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
Како увертира за Олимпијадата во Лондон, Mashable.com, направи топ 10 листа на најнезаборавните Олимписки моменти. На листата се најдоа незаборавни победи, срцепарателни порази и моменти во кои спортистите го надминаа својот човечки максимум.
Да се надеваме дека и претстојната Олимпијада ќе ни приреди некој ваков историски момент.
Кери Страг, Атланта 1996 година
До 1996 година американците никогаш немаа освоено златен медал во женска гимнастика во натпреварувањето во тимови, сè додека не се случи таа 1996 година кога американскиот тим беше сочинет од „Неверојатната седумка“. Кери Страг со повреден зглоб го направи потребното салто и му донесе златен медал на својот тим. Подоцна на раце беше донесена на бината со солзи во очите. До денешен ден, снимката од овој момент буди емоции кај луѓето.
Дерек Редмонд, Барселона 1992 година
Британскиот спринтер Дерек Редмонд никогаш не освоил медал на Олимписките игри, но неговиот настап во Барселона во 1992 година му обезбеди поголемо внимание и од она на победниците. За време на полуфиналето на 400 метри, за време на спринтот Дерек се повреди што предизвика тој да падне на земја од болка. Но, тој не се откажа од намерата да ја доврши трката и куцајќи на една нога со солзи во очите и со помош на својот татко ја помина финиш линијата, по што доби невидени овации од публиката.
За оваа трка се вели дека никој не знае кој бил прв, но сите знаат кој поминал последен.
ПОВЕЌЕ - ТУКА
Сите моменти се полни со емоции и се но ако веќе бирам еден момент од овие а и општо од Игрите, тоа ќе биде настапот на Надја Команечи. На само 14 години да имаш онаков настап без најмала грешка и да ги добиеш сите 10ки од судиите е нешто ненадминато што не се случило дотогаш а и од тогаш. Браво е премалку, пак ќе кажам само на 14 години