Топ 10: Зошто Фејсбук ве заглупавува?

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако некогаш сте се запрашале каде исчезна онаа суперинтересна женска од осмо б, како денес му изгледа животот на дечкото кој седеше со вас во клупа на биологија или дали вашата прва љубов ги реализирала своите соништа, утешете се: тие не се заминати никаде. Завршија на Фејсбук, каде се „бодат“ (poke), одгледуваат виртуелен зеленчук и си разменуваат крави и овци, слики од своите пудлици, бебиња и родендени.


Значи, кога ќе ве пукне носталгија за некој нереализиран однос, сетете се дека на стариот пријател секогаш може да му го пратите своето решение на квизот „Кој Покемон си ти?“. Еве уште неколку „придобивки“ од Фејсбук:

Баш ми се зева и сите мора тоа да го знаат
Конечно дочекавте облик на комуникација каде ништо значајно нема да биде пропуштено. Па така, пријателите на Фејс го освежуваат вашиот профил на секои 10 секунди за да се во тек со вашата моментална активност: дали спиете, грицкате чипс, гледате серија или читате нешто од Лао Це.

Во мрачниот 20. век своите сендвичи и книги бевте приморани да ги задржите само за себе. Денес, конечно, сите клучни моменти на вашиот дигестивен систем или досада зрачат на вашиот статус на профил, правејќи го животот на вашите пријатели неспоредливо побогат од порано.

Растенија, кучиња, дечиња

Бидејќи „Вашите 5 минути“ одамна не функционира, не знаеш дали некогаш ќе добиеш шанса за медиумска презентација, па одлучи да ги малтретираш пријателчињата со своите 17 албуми полни со слики во кои нема агол, зум, експозиција и палета на бои под кои не си фотографирана. Полубратучетката од сестра на твојата екс-вујна славеше крштевка за правнучето на нејзината втора најдобра сосетка и тоа е баш интересен повод за да го отвориш и твојот 18. албум на радост и веселба на твоите љубопитни пријатели.

После тоа си го сликаш кучето, па филадендронот, па малку слики од море, па си била на концерт (за кој нормално, не е доволно што месец дена сите медиуми, неделници, тв станици и радија известувале на сите можни начини и сме виделе 1.467 фотографии од концертот) и мораме да те гледаме во твојот 19. албум како весело потскокнуваш на некој стадион.
Со Фејсбук заборавивме да ја цениме нашата приватност, а тоа го сторија и оние кои се „присилени“ да ја гледаат.

Кој лик од документарецот за размножување на бубамари во 19. век си ти?
Фејс е преполн со ретардирани квизови кои на вашите пријатели конечно им ја откриваат вашата невидлива аура и набргу е сосема јасно дека всушност вие сте еден чудовишен амалгам на Брижит Бардо, Анџелина Џоли, ЕМили Бронте, дека ви е судено да тргнете со Николас Кејџ или Пенелопе Круз, дека вашиот животен сопатник ќе ги има иницијалите К.Р., дека всушност сте музичкиот жанр авангарден метал, дека новозаветниот цитат од Марко 13:27 совршено го опишува вашиот живот и дека од сите сорти на курви вие сте „sweet bitch“.

Секако, сето ова ни од далеку не значи дека комплетно сте си го пополнале профилот, па затоа инсистираме што побргу да ги решите и квизовите „Кое влакно на Џон Траволта од „Брилијантин“ си ти?“ и „Кој цитат од „Deep Throat“ најдобро те опишува?“.

Продај си ги пријателите и направи си фарма

Од сите залудни и талентирано идиотски Фејсбук апликации, онаа со продавање на пријателите е најубедлива. Купувајте и продавајте пријатели за солидна сума пари, станете господари на нивните бедни фејсбук судбини, полни со фејсбук пари, живејте на врвот, луди, опиени и семоќни, а потоа исклучете го компјутерот пред да ви ја исклучат струјата поради надминување на долниот праг на дозволена интелигенција.

Ако пак ве влажни идејата дека можете да бидете поуспешен фармер од некое ваше пријателче секогаш може да ги извалкате рацете во виртуелната фејсбук фарма, каде се натпреварувате со другите корисници во гноење, наводнување и продавање на шеќерна репка и тикви.

Луѓе кои можеби несвесно ги познаваш
Е, можеби има некој на Фејс кој никогаш не би ти паднал на памет, но затоа е тука врвната софтверска сугестија на тема „Луѓе кои можеби ги познаваш“. Чисто да те натера да пратиш уште една покана за пријателство, бидејќи од тоа никогаш не може да ти биде доволно. Бидејќи факт е дека требаше да се појави програм на студент од другата страна на Атлантикот за да те потсети дека можеби познаваш некого, а ти тоа не го ни знаеш.

Па еј, станува збор за неверојатен почетен капитал за грандиозно пријателство. Речиси исто како зборовите на Рик Блејн (Хемфри Богарт) во последната сцена од „Casablanca“. Би било штета се да остане само еден луциден предлог во горниот десен агол на екранот :( Направи го оној пресуден чекор кој ги разликува сите вистински од лажните пријателства - кликни на линкот.

Не ме „збоднал“ веќе три дена

Постојат ситуации во животот кога чашата се прелева, аргументацијата е исцрпена, не постојат изговори, објаснувања или двојно римуван љубовен дванаесеттерец кој може да го ребалансира нарушениот однос. На пример, кога пријателот, симпатијата или девојката нема да те „збоднат“ (глупав превод за глупава команда - poke) цели три дена, очигледно нешто не е во ред.

Онака, значи толку вложувавте во односот, кликавте на „ми се допаѓа“, праќавте срценца, цвеќе, цитати, коментари, линкови од спотови на Селин Дион...за што? За ова?! За вакво сурово игнорирање?

Чекаме уште цивилниот и црквениот суд да го прогласат повеќедневното не-збоднување како нужна и доволна причина за развод.

Групи, групички, групишта

На Фејсбук единствено недостига група за оние кои не се членови на ниту една група па да се заокружи бесмисленоста на сите тие колективни небулози. Нема повеќе идеја, поим, парола, вести, екстремитети, парче облека, фетиш и политичка програма која нема барем дузина поборници.

Некои навиваат за слободното новинарство, некои за легализација на тревата, некои се официјални мразачи на нашиот јужен сосед, некои мразат комарци,а некои едноставно се членови на сите групи истовремено. Има и група која се бори против правењето на групи и повикувањето во нив.

Целата поента на групите се исцрпува веќе во самото име и се наликува на некоја инфантилна вежба од апстракција. За домашна задача, отворете го целиов текст како манифест на некоја нова група и нервирајте луѓе праќајќи им покана и известувања на секои 3 часа.

Петиции

„Еј дечки, целиот наш клас (трето три) има фејсбук, освен еден дечко кој се вика Ване. Ние се кладевме со Ване дека ако собереме 500 членови на групава, и тој ќе отвори фејсбук...“. Познато? Фејсбук групите и петициите кои се разможија како гремлини после дожд со обратна количина на смисол во нив го изгубија тлото под нозете заедно со минималната тежина која би ја имале. Баба ти ќе направи профил на Фејсбук ако собереме илјада потписи? Јеее.

Facebook ergo sum

Со други зборови, тоа што и стрина Трпана пред да отиде на пазар за да ги продаде четирите килограми тетовски грав, магдонос и едно грне со кисело млеко го провери Фејсбук профилот, набрзина испи едно тажно виртуелно кафе, ја прифати поканата за пријателство од дедо Цане од другата страна на потокот и се зачлени во групата „Ме боли стапот за вашите пријатели“, можеби е практична работа за сите нејзини пријатели кои не ги видела уште од битката на Беласица.

Сепак, фактот дека повеќе не постои човечко суштество кое не си ги исполнило полињата со податоци за возраста, љубовниот статус и омилениот цитат е застрашувачка од една едноставна причина - оние кои ги нема на најпопуларната социјална мрежа полека се здобиваат со статусот на митски суштества кои постојат само во Фејсбук бајките кои Фејсбук мајките им ги читаат на Фејсбук децата пред да симнат некоја апликација за Фејсбук спиење. За жал никогаш нема да ги сретнеме и да размениме неколку e-mail пораки или четворолисни детелини бидејќи, неверојатно ама вистинито, не се на Фејсбук.

До каде вака?

Ако горенапишаното не ви го расипа уживањето од бесцелно блеење по профили и не ве обесхрабри да го дадете 257. креативен коментар на слика од пријателката од типот: „xD xD...supersi pozz!!!“ тогаш потпишуваме пораз.

Само напред, продолжете со блефирање социјален живот се до денот кога - откако ќе го испиете првото виртуелно утринско кафе со пријателите после лудо поминатата ноќ на Фејсбук во која цело време си додававте виртуелни пијачки со екипата, кликавте „like“ на фотките на една згодна девојка со која можеби ќе испадне некоја посериозна врска (кога ќе се измислат УСБ додатоци за виртуелен секс) и бевте еден од многуте виртуа-диџеи бидејќи имавте најмногу коментари на вашите пратени линкови од песни - ќе се зачудите од она што ќе го погледнете во вашето огледало.

Сигурно е дека во тој момент ќе се запрашате: „Што правам јас?“, „Дали е ова во ред?“ и „Дали можеби претерувам?“. Во што се претворивте, а? Во нешто што никогаш не ни мислевте дека ќе бидете, нели? Знаеме дека ќе ја донесете вистинската одлука како понатака со животот.

Освежете го статусот „Збогум Фејсбук“, исклучете го сајтот и издржете без него. Разбудете се утредента свежи и наспани...и проверете дали имате некоја нова порака :)

тука пренесено, да свртиме муабет... :)
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
АХахх па тоа и прават повеќето, на мене ми служи само за покер и чисто онака да проверам пораки или сл. И тоа се случува ретко, не секој ден. далеку сум од зависен и нема ни да бидам некогаш :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.511
Поени од реакции
33.675
Директ линк до покер на кој се конектирам преку две недели, да се насоберат некој чип. Колку за занимација.

Иначе најпатетичното нешто на денешницата. Другарки си одат на сред излагање да береле нивата.
Да бев религиозен ќе се крстев, мамата. Сепак, тажно.

DOWN FACECOCK!
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Имало сега некоја игра со хммм... нешто садиш моркови па друг играч може да ти краде моркови па да му праќаш бубачки. После следна игра со тоа овците... Само што добивте црна овца во стадото или само што изгубивте една крава - сето тоа оди на Publish, мислам WTF! Мислиш гајле ми е ако ти отишла крава... Ми недостигаат постовите со Mafia Wars и Texas podrzi'gi.

Исто така со пандорината кутија е малце повеќе ретардирано... И јас ја отварам кутијата чат пат ама не ставам се на Publish, што ќе направам ако ми падне во кутијата Шварценегер, сигурно нема да го постирам тоа дека нема да имам што да искоментирам. Еве последно што имам постирано

Марко Стојановски THATS ME! (коментарот)







Марко open the Pandora's Box and found Laziness

Prevent you from doing everything!


Ова го имам постирано дека интересно ми беше и мрзливоста ја сметам како моја особина, а не да ги постирав и претходните што ми паднаа... Шварценегер, љубов, Krasna (појма немам што беше ова).

Некои работи едноставно треба да се искоренат од FB, примарно квизовите каде што треба да бирам помеѓу Слаткар и :choose whatever name you want!:

Се мислам деновиве да му ја седнам па да избришам се што не знам а ми е во пријатели...:tapp:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Сепак, фактот дека повеќе не постои човечко суштество кое не си ги исполнило полињата со податоци за возраста, љубовниот статус и омилениот цитат е застрашувачка од една едноставна причина - оние кои ги нема на најпопуларната социјална мрежа полека се здобиваат со статусот на митски суштества кои постојат само во Фејсбук бајките кои Фејсбук мајките им ги читаат на Фејсбук децата пред да симнат некоја апликација за Фејсбук спиење. За жал никогаш нема да ги сретнеме и да размениме неколку e-mail пораки или четворолисни детелини бидејќи, неверојатно ама вистинито, не се на Фејсбук.
Jас сум од овој вид пред изумирање.

Mалку сме, чудни сме, но се држиме и не се даваме!:salut:
 

koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
FB нормално за покер само! а дека сум заразен далку од тоа...
а познавам дечки што дават 100 денари за да купат 1 милион чипови на покерот на фб. лудница
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
FB нормално за покер само! а дека сум заразен далку од тоа...
а познавам дечки што дават 100 денари за да купат 1 милион чипови на покерот на фб. лудница
А, шо покер се игра на фејсбук?
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Jас сум од овој вид пред изумирање.

Mалку сме, чудни сме, но се држиме и не се даваме!:salut:
Хахаа... не знаев дека сме митски суштества! :pos:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
неам фејсбук
дали сум нормален ?:nesum:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.680
Поени од реакции
4.803
Oh yeah, најдинамичниот.

Ако за нешо се навлечам на фејсбук, онда ради покеров ќе биде.

Оглас: давам за чипови :icon_lol:
И јас се навлеков ради покеров .. првите денови ја букирав собата дома ... ама послем неколку "сигурни добивки" како 2 пати по ред да отидеш all-in со фул хаус и еднаш со покер .. и некој од Малезија,Кина или Мадагаскар ми ги зема чиповите со покер во првиот случај и со ројал флеш:tapp: во вториот ..месец дена не седнав .. сега од бонусите и дневна лотарија ..I'm back on table =)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom