Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
а зошто да неможе да се исклучи потрошувач ако веќе е решено дека и исклучениот плаќа !!
Еуку единствено решение е да се УДРИ против оваа спрега со ЕУ нормативи за штедење енергија кои задолжително бараат мерење на топлина. Е да ги видам кој ќе се нафати тогаш.
Патем, денес имаше на ТВ, еден граѓанин се жали зошто сега е слабо греењето бидејќи е надвор топло, кај него во станот било ладно. Е ова не го оправдувам, неможе спрема еден да се пушта греење, другите треба ли прозори да отвараат ?? Тој може да си догрева со струја. Впрочем, мнозинството луѓе кој не се на топлификација (исклучени, индивидуални куќи...) се уште не почнале да грејат редовно, некој воопшто уште не почнале да грејат, топло било..
..б.т.в. и мене ми студи, ладни се ѕидовите , но тоа е мој проблем...другите дома ме надгласуваат..
Зошто тој граѓанин ( а има уште многу други како него) да се догрева на струја кога секој месец плаќа за парно греење?!? Зошто исклучените да плаќаат за некаков дел (демек ја користат топлината на комшиските ѕидови!) кога ни нивните комшии немаат топлина од парното за кое плаќаат?!? Еве јас како исклучена наутро и навечер пуштам греење кај мене дома а моите комшии чекаат на милост од БЕГ да им ги стопли радијаторите. На кого да му наплатам јас сега за топлината од моите ѕидови, на комшиите или на БЕГ?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.861
Поени од реакции
15.812
Зошто тој граѓанин ( а има уште многу други како него) да се догрева на струја кога секој месец плаќа за парно греење?!? Зошто исклучените да плаќаат за некаков дел (демек ја користат топлината на комшиските ѕидови!) кога ни нивните комшии немаат топлина од парното за кое плаќаат?!? Еве јас како исклучена наутро и навечер пуштам греење кај мене дома а моите комшии чекаат на милост од БЕГ да им ги стопли радијаторите. На кого да му наплатам јас сега за топлината од моите ѕидови, на комшиите или на БЕГ?
кога ќе има мерење на топлина како сега што се мери ел.енергија, ќе се решат многу проблеми или е има помасовни исклучувања. Овдека друго беше зборот, граѓанинот се жали дека станот му е северен и студен. Арно, ама летно време нему не му треба клима како на тие со топли јужни станови.
Освен тоа јас во постот како главна ја пишав намерата на БЕГ практично да го забрани исклучувањето, со барање согласност од мнозинство граѓани.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На кого да му наплатам јас сега за топлината од моите ѕидови, на комшиите или на БЕГ?
Мислам дека треба да пратиш фактура на БЕГ и тоа за топлина испорачана преку „ поминување на цевки “. Еве како јас тоа го сторив Направи копи - пејст, стави ги твоите податоци и поднеси им ја во архива.
Ако тужат и бараат да платиш за помивување на цевки и ти ќе речеш и јас барам исто, тие да ми платат за поминување на цеви

.................................................................................................
До Снaбдување со топлина Балкан Енерџи Груп ДООЕЛ Скопје,
бул. „ Партизански одреди “ бр. 22, 1000 Скопје

Од Смрт за зони и пајак возила, Скопје

Предмет: достава на фактура за топлина која Ви е испорачана со поминување на цевки

Во прилог на овој допис Ви доставувам фактура која се однесува на топлината која сум Ви ја испорачал преку Вашите цевки кои поминуваат низ зградата во која се наоѓа станот во кој живеам. Во зградата во која живеам постои инсталација за затоплување. Јас не ја користам оваа инсталација, но Вие ја користите и со помош на неа затоплувате некои од становите. Ова инсталација, меѓу другото, има и цевки кои поминуваат низ просториите. Секој ден во времето од 21 часот навечер до 6 часот наутро, низ тие цевки циркулира студена вода, бидејќи, во тој временски период Вие не затоплувате. Во тој временски период, од моите затоплувани простории кон Вашите студени цевки преминува топлина. За време на целата грејна сезона 2012/2013 на тој начин сум Ви испорачал топлинска енергија која сум чини 12000 денари. Затоа Ви доставувам фактура на сума од 12000 денари.

Прилог: фактура

Во Скопје на 05. 11. 2013 Смрт за зони и пајак возила








До Снaбдување со топлина Балкан Енерџи Груп ДООЕЛ Скопје,
Подружница ЦЕНТАР, бул. „ Партизански одреди “ бр. 22, 1000 Скопје

Од Смрт за зони и пајак возила, Скопје



Предмет: Фактура




Ф А К Т У Р А број СМРТ - БЕГ 1/2013





1. Енергија која Ви е испорачана со
поминувањена цевки за 2012/13 ....................................................................1200денари



Ве молам бараната сума да ја платите со поштенска уплатница на мојата адреса:
Смрт за зони и пајак возила – Форум Кајгана бб, Скопје
Рок за плаќање 8 дена од приемот на фактурата.
Во случај на доцнење на плаќањето, пресметувам законска камата




Во Скопје, на 05. 11. 2013 Фактурирал
Смрт за зони и пајак возила
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
За да нема повеќе дилеми .....КОЈ е овде крив ...за неуредно и лошо греење на скопјани понатаму....предлагам ....на надлежните фактори во градот Скопје (тие кои ги донеле прописите) да наредат на фирмата БЕГ ....да испорачува нон-стоп топлина до становите на потенцијалните нејзини корисници во текот на целата грејна сезона...а корисниците да си плаќаат онолку потрошена топлина колку што ќе (им) покаже вградениот калориметар на секое и поединечно монтирано грејно тело кај нив.
Ова...е видено и фунционира одлично во градот Минхен..кој е збратимен со градот Скопје..и (најверојатно) ќе му ја пружат сета неопходна помош околу ова проблематика ....на градот и на граѓаните на Скопје.
Не верувам.... дека потоа ќе има вакви и нон-стоп отворени теми.
Секој ....потоа само ќе си ја „брка„ својата обврска..
Фирмата БЕГ ќе се грижи само да има НОН-СТОП топлина во становите , а граѓаните навремено плаќање на стасаните обврски.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За да нема повеќе дилеми .....КОЈ е овде крив ...за неуредно и лошо греење на скопјани понатаму....предлагам ....на надлежните фактори во градот Скопје (тие кои ги донеле прописите) да наредат на фирмата БЕГ ....да испорачува нон-стоп топлина до становите на потенцијалните нејзини корисници во текот на целата грејна сезона...а корисниците да си плаќаат онолку потрошена топлина колку што ќе (им) покаже вградениот калориметар на секое и поединечно монтирано грејно тело кај нив.
Ова...е видено и фунционира одлично во градот Минхен..кој е збратимен со градот Скопје..и (најверојатно) ќе му ја пружат сета неопходна помош околу ова проблематика ....на градот и на граѓаните на Скопје.
Не верувам.... дека потоа ќе има вакви и нон-стоп отворени теми.
Секој ....потоа само ќе си ја „брка„ својата обврска..
Фирмата БЕГ ќе се грижи само да има НОН-СТОП топлина во становите , а граѓаните навремено плаќање на стасаните обврски.
Tвојот пост содржи нешто што обичните граѓани ретко го знаат - дека системите за затоплување по техничките карактеристики се разликуваат од град до град. Во Минхен можеш да си пуштиш парно кога сакаш и колку сакаш и во месец јули. Дури во сред лето парното работи.
Арамиите од Топлификација и лепотаните од регулаторна често зборуваат дека онде било така, а таму вака. А не кажуваат дека се работи за технички различни системи
Но вистината е дека во Скопје, наместо да имаме градско затоплување имаме отворен грабеж. За жал надлежните од јавната власт се ставија на страна на измамниците од Топлификација.
Медиумите се преполни со изјави од граѓани кои плаќаат скапо а мрзнат
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=9248
http://www.telegraf.mk/aktuelno/60267-kakvo-greenje-uste-ima-komarci-mozno-e-da-ima-poniski-smetki-za-parno
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
Арамиите од Топлификација и лепотаните од регулаторна често зборуваат дека онде било така, а таму вака. А не кажуваат дека се работи за технички различни системи

Но вистината е дека во Скопје, наместо да имаме градско затоплување имаме отворен грабеж. За жал надлежните од јавната власт се ставија на страна на измамниците од Топлификација.
Медиумите се преполни со изјави од граѓани кои плаќаат скапо а мрзнат
За да ги расчистиме докрај поимите „надлежност-и„ ...а кои и за мене се сеуште непознати и недостапни јавно...ги поканувам сите оние учесници од овој Форум и на оваа тема , да земат активно учество и секако доколку се дообро запознаени со овде дискутираната проблематика..да ни ги (до)објаснат сеуште нејасните поими како:
  • Која е надлежноста (правата и обврските) на градот Скопје кон испорачувачот на топлина .... фирмата/те како што е БЕГ ?
  • Каква е надлежноста на Регулаторна Комисија ..кон градот Скопје и кон фирмата испорачувач на топлина...во случајов БЕГ?
  • Што доколку (а тоа секојдневно го гледаме) фирмата испорачувач НЕ ГИ СЛЕДИ превземените ОБВРСКИ кон тие кои редовно го плаќаат и она ШТО НЕ ИМ Е ИСПОРАЧАНО?
  • КОЈ и КАКО ќе ги ЗАШТИТУВА потрошувачите доколку ОБВРСКИТЕ не се почитуваат (како што е сега случајот)?.
  • КОИ СЕ реалните и веднаш применливи САНКЦИИ кон оние кои не ги исполнуваат превземнените обврски ...што е впрочем и ОБВРСКА на секоја Правна Држава ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве ги одредбите од Законот за енергетика и лиценцата во кој се предвидени санкции:
Законот за енегетика можете да го погледате на следнава адреса:
http://www.ea.gov.mk/images/stories/E_Izdanija/Regulativa/zakon_za_energetika_465615465.pdf
Членовите 188 и 189 се предвидени за казнување на прекршоци за пазарот за топлинска енергија
Член 189 став 1 точка 1 гласи:
(1) Глоба во износ од 5000 до 7000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, оператор на систем за дистрибуција на топлинска енергија, ако:
1) не обезбеди безбедно и сигурно функционирање и управување со системот за дистрибуција на топлинска енергија во согласност со мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и условите утврдени во лиценцата, (член 115, став (1), точка 1));

Лиценцата можете да ја погледнете овде:
http://erc.org.mk/licenci/2012.12.30%20%20LICENCA%20ZA%20SNABDUVA.E%20BEG.pdf
Во точка 23 од оваа лиценца стои:
23.Мерки во случај на неисполнување на обврските од страна на носителот на лиценцата
Доколку носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика ќе превземе мерки согласно Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности.

Овој Правилник за лиценци го пронајдов во Службен весник број 143 од 2011 кој можете да го видите овде:
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/7566D6C805F5DC4E9432B25A09472E68.pdf
на страна 16 и 17 од овој Правилник ќе ги видите членовите 53 и 54 според кои е предвидено одземање на лиценцата
Член 53 гласи:
Регулаторната комисија за енергетика ќе одпочне постапка за одземање на лиценца, ако носителот на лиценцата :
Не започне со вршење на регулираната енергетска дејност, во која, согласно со Законот за енергетика постои обврска за јавна услуга, за која е издадена лиценцата, во рок определен со лиценцата.
Не ја врши дејноста за која е издадена лиценцата на начин и под услови кои се пропишани во Законот за енергетика и по други прописи, и на начин и под услови определени со лиценцата
Во определен рок не постапи по барањето на надлежните органи за одстранување на недостоците во работењето и
Престанал да ги исполнува условите за вршење на енергетската дејност за која е издадена лиценцата
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
Од сето ова и овде досега прочитано...морам да ви признаам ....дека мнооогу малку се разбирам од сетоа ова ....потребен ми е тим од правни експерти за ова.
И не гледам начин како да се искористат..најчесто искажаните и декларативни заштити кои ни ги „овозможува„ сегашниот и актуелен Закон за Енергетика.
Со ваков и вака склепан Закон ...заштита нема да има никој од нас..т.е. ситните и многубројни корисници...оти се е искажано така да секојпат може да се најде дефиниција според која сите се во право и дека НЕКОЈ стално МОРА да плаќа за нешто не-испорачано...а тој кој НЕ испорачува навреме и кога треба топлина...секојпат има многубројни „оправдувања„ за тоа ЗАШТО тој така така тогаш постапил...а требало поинаку!?.
И тоа е сето (кобајаги) „РАЗБРАНО„ и прифатено...читај без НИКАКВИ санкции...затоа и тој си ги повеќекратно повторува „грешките„..

На примерот ....еве со поимот НАДВОРЕШНА-та температура ќе ви покажам дека НИКАДЕ не пишува дека Топланата МОРА да ја прекине испораката на топлина... ако сонцето за-БЛЕСКА надвор а тие кои ѕемнеат во ладните станови мора да и се за-топлат со додатни вклучени грејни тела најчесто греалки на струја ...кога веќе си имаат еден договорен испорачувач на топлина....на кој редовно му плаќаат месечни и просечно потрошувачки фактури!:
Становите кои се на Север ...например се ладат побрзо и се загреваат поспоро одошто другите...например тие кои се Јужна ориентација...доколку пред нив нема некоја повисока зграда која ќе им го „краде„ сончевиот зрак.
Очигледно е дека.... ни треба сосема НОВ Закон и Пропис за ова самоволие..ЗАКОН кој директно и многу јасно ќе ги разграничи обврските но и правата на ...условно кажаното двата спротиставени „табори„.
пс
Слично ....како и на граѓаните на градот Минхен...кој изгледа немаат никакви исклучувања кога им почнува грејната сезона.
Тие ете си имаат.... ПРИСТАП до топлина 24/7 НОН-СТОП и самите си одбираат со која температура на топлата вода ќе се загреваат...и во кое време на денот и ноќта ќе си ги вклучуваат своите радијатори...сите заедно или поединечно.
Таму Топланата им испорачува ВРЕЛА вода до потрошувачите НОН-СТОП ...и ако ги огрее (случајно) Сонцето... НИКОЈ не ја прекинува веднаш испораката од Топланата...како што е секидневно-видена пракса ...кај нас.
Аха...и таму секое грејно тело кај секој корисник е снабдено со соодветен калориметар ...а кој е сопственост на Испорачувачот на топлина.
Бажадрењето нивно... е на државно ниво регулирано.
:mad:;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Топлификација која сега се вика БЕГ, отворила центар преку кој граѓаните можат да и се жалат. За опремувања на центарот наводно потрошиле 160 илјади евра!!!
За ова известија повеќе медиуми, еве што јави Вечер
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E7F7F1DF677E0942BCD00818F810CEE5
Инаку овие пари ќе ги платат корисниците на Топлификација. Според меодологијата на Регулаторна, граѓаните ги плаќаат сите трошоци. А можно е зад ова се крие „ перење пари “, бидејќи за да купиш два телефони и компјутер е многу, а што е многу - многу е.
Мој коментар на оваа вест е: Крадени пари лесно се трошат
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Важно, важно, важно за исклучените!

Пред некоја минута бев во Топлификација во Тафталиџе и дознав дека НА 7. 11 секој од исклучените е тужен ( доставен е предлог до нотар ) за месеците, октомври, ноември и декември 2012
Предлогот за мене е кај нотерот Нада Палиќ, ќе се обидам да дознам нешто повеќе и ќе ве известам
Ве молам без паника. Ние кои сме решиле да се спротивставиме на кримналците ќе се бориме и ќе победиме
Да ве подсетам ваквото решение треба да се прими и веднаш да се поднесе приговор до судот преку нотарот
 
Член од
5 мај 2007
Мислења
97
Поени од реакции
48
Pozdrav.
Me interesira kolku i plajkate na toplifikacija za 60 m2 stan za uklucenite
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
BEГ - Топлификација набавил нова лабараторија за исоитување на броилата - јавија повеќе медиуми ,еѓу кои и Кајгана.
http://kajgana.com/gragjanite-kje-mozhe-da-gi-proveruvaat-broilata-za-parno-i-voda
Да Ве подсетам, главниот начин на измама кој го извршија арамиите е токму со неточниот начин на мерење. Со ова сакаат само да го прикријат криминалот - демексега броилата се исправни. Точното броило не значи и точно мерење
Битен е начинот на кој ќе го користиш броилото. Всушност криминалци никогаш не се машините и уредите туку луѓето кои неправилно ги користат со цел да ограбат.
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
BEГ - Топлификација набавил нова лабараторија за исоитување на броилата - јавија повеќе медиуми ,еѓу кои и Кајгана.
http://kajgana.com/gragjanite-kje-mozhe-da-gi-proveruvaat-broilata-za-parno-i-voda
Да Ве подсетам, главниот начин на измама кој го извршија арамиите е токму со неточниот начин на мерење. Со ова сакаат само да го прикријат криминалот - демексега броилата се исправни. Точното броило не значи и точно мерење
Битен е начинот на кој ќе го користиш броилото. Всушност криминалци никогаш не се машините и уредите туку луѓето кои неправилно ги користат со цел да ограбат.
Моето лаичко мислење е:

Лабораторија-та ....или како сакате наречете ја...МОРА да биде НЕЗАВИСЕН ПРАВЕН СУБЈЕКТ...за да нема НИКАКВИ „допирни„ точки со основачот...и МОРА да биде ДИРЕКТНО контролирана и насочувана од ДРЖАВАТА...односно ....некој нејзин преставник...како Агенција-та за МЕТРОЛОГИЈА...или нешто слично.
пс
А Лабораторија... ваква каква што е овде опишана...може да си постои само како ИНТЕРЕН СЕРВИС на Фирмата БЕГ...за да при (евентуална) контрола од страна на надлежен и овластен државен орган...да биде како што се вели..СЕ СПОРЕД ЗАКОНОТ...кој треба и МОРА да важи насекаде во Република Македонија.
Со други зборови:
Јас ....лично сум ПРОТИВ на формирање на вакви институции и со таков опсег и овластување на работа ...кои ќе бидат своевиден СУРОГАТ на државните.:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom