Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не знаев каде да пишам, па ќе објаснам овде: Веќе 2-3 години има како имам приклучено струја на плац се уредно и ми стига сметка само за улично нели. Од денеска гледам ми опнале и рдт за април? Па се прашувам зошто на гол плац да плаќам рдт, па немам тв на плацот:mad: ?? Дали некој знае каде би можел да пријавам жалба/тужба или сл., ова е луда работа, снемаа пари па лупаат секакви давачки.
Еве јас знам и ако не е во врска со темата ќе ти одговорам.
Таксата за улично осветлување и радиодифузната такса се законски такси утврдени со Законот за комунални такси и Законот за радиодифузна дејност. Законот за комунални такси можеш да го најдеш на интернет страницата на Министерството за финансии;
http://www.finance.gov.mk/node/187. а Законот за радиодифузна дејност на интернет страницата на Министреството за транспорт и врски : http://www.mtc.gov.mk/new_site//images/storija_doc/115/komunikacii/Zakon za radiodifuznata dejnost[1].pdf
Бидејќи се работи за такси утврдени со закон, можеш да поднесеш инцијатива до Уставниот суд или да бараш помош од Народниот правобранител, да напишеш представка до соодветното Министерство или да бараш да те ослободат од таксата или да ја намалат таксата бидејќи, според овие Закони, има и таква можност.
Овде се работи за нешто сосема друго. АД Топлификација, сака со вметнување на ваква одредба во подзаконски акти во надлежност на Регулаторната комисија, да ја задржи монополската положба и своите огромни профити и да продолжи да пљачка со екстремно високи цени и никаков квалитет.
Не заборави дека на овој начин, со екстремно високи цени и никаков квалитет, тие си направија ТЕТО во нивна лична сопственост. А ТЕТО е повеќе од една третина од РЕК Битола. Тие се профитабилни и сите кои добија акции од Топлификација, силно се збогатија. Сите си купија по неколку стана, си направија куќи, си ги школуваат децата во странство....
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

Ова само покажува дека она што се продава во Македонија како капитализам е обично бајато срање и чиста пљачка....и дека неговите протагонисти се најобични лопови кои како такви треба и да се третираат.
Ако се земат во обзир и другите украдени, присвоени и надвор изнесени пари станува јасно зошто сме таму каде сме.
Ако со пиксла од ќарот на Топлификација се напраи 1/3 од РЕК Битола, на педа место зад сајмиште.. (РЕК Битола од која реално гледано зависи дали Македонија ќе ја има или нема и која е изградена у црниот социјализам ), а со 5 комада вакви ТЕТО-овци би рекле збогум енергетска зависност. За другото четиристоиљадно немање работа за народ...кој полека ја празни и бега од Македонија............да не збориме...
Или тоа е и целта???
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Не заборави дека на овој начин, со екстремно високи цени и никаков квалитет, тие си направија ТЕТО во нивна лична сопственост. А ТЕТО е повеќе од една третина од РЕК Битола. Тие се профитабилни и сите кои добија акции од Топлификација, силно се збогатија. Сите си купија по неколку стана, си направија куќи, си ги школуваат децата во странство....
Какви невистини. Топлификација има учество од околу 20% воТЕТО и тоа е постигнато со кредити за кои во залог се ставени акции на вработените ( на доброволна основа од оние кои сеуште имаа акции). А тоа дека силно се збогатиле , тоа можеби некои кои беа паметни и си ги продадоа акциите по добра цена кога берзата цветаше а тогаш имногу други луѓе кои паметно изиграа направија пари.
Сакам да кажам, не јадете г...а за обичниот работник кој тие акции ги спечалил со работа и пот. И погледни дали топлификација во последниве 4 години доделила дивиденда и ако доделила, колкава е таа.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Дали можеш да дадеш линк на кој можат да се најдат ценовници за струја, греење и гас во Италија?
http://www.enel.it/enelenergia/it-IT/casa/offerte/gas_tuttocompreso/?gclid=CJfL9JD7_a8CFQdb3wod4xWKSw

Еве ти една страна ако разбираш пробај види.Ова ти е исто како кај нас ЕВН или како ја викаа.Народно кажано Дистрибуција.Во секој случај цените мислам дека се помали отколку кај нас.А да ти кажам право не гледам и не знам која е цената и на струјата и на гасот бидејќи не ја приметувам сметката колку и како е.Ако ти треба навистина итно итно ќе се потрудам да ти ги набавам цените со сите компетни давачки и разни бонуси.
--- надополнето: 13 мај 2012 во 21:20 ---
Какви невистини. Топлификација има учество од околу 20% воТЕТО и тоа е постигнато со кредити за кои во залог се ставени акции на вработените ( на доброволна основа од оние кои сеуште имаа акции). А тоа дека силно се збогатиле , тоа можеби некои кои беа паметни и си ги продадоа акциите по добра цена кога берзата цветаше а тогаш имногу други луѓе кои паметно изиграа направија пари.
Сакам да кажам, не јадете г...а за обичниот работник кој тие акции ги спечалил со работа и пот. И погледни дали топлификација во последниве 4 години доделила дивиденда и ако доделила, колкава е таа.
Дргар тука ја серат топлификација за друго а не заради дивиденди.Прочитај ја малку подлабоко темата а не да судиш за едно размислување
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Какви невистини. Топлификација има учество од околу 20% воТЕТО и тоа е постигнато со кредити за кои во залог се ставени акции на вработените ( на доброволна основа од оние кои сеуште имаа акции). А тоа дека силно се збогатиле , тоа можеби некои кои беа паметни и си ги продадоа акциите по добра цена кога берзата цветаше а тогаш имногу други луѓе кои паметно изиграа направија пари.
Сакам да кажам, не јадете г...а за обичниот работник кој тие акции ги спечалил со работа и пот. И погледни дали топлификација во последниве 4 години доделила дивиденда и ако доделила, колкава е таа.
Зарем веруваш во ова што го пишуваш?
Сметка за греење, за стан од 76 м2, во влезот во кај и јас живеам, за месец февруари е 5883 денари. Тоа е годишно преку 70000 денари. За тие пари можат да се купат 30 кубици дрва или 20 тони лигнит.
Можеш ли да замислиш семејство кое за загревање на стан троши 30 кубици дрва за сезона? А ти зборуваш за работа и пот.
Кредити... Залог за кредит се дава или недвижност ( хипотекарен кредит ) или хартии од вредност ( ломбард кредит ). Секогаш залогот, ( гаранцијата ) е барем два до три пати поголема од износот на кредотот. Што значи ако земале кредит од милион, нивниот имот е 2 до 3 милиона. А ти ги жалиш....
 
Ја те жалам тебе , што не си купил акции од Топлификација на времето па си останал сиромав сеа.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ја те жалам тебе , што не си купил акции од Топлификација на времето па си останал сиромав сеа.
Кое време??? Акциите на времето им се бесплатно поделени на вработените. Немале сите привилегија да бидат вработени во Топлификација.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Зарем веруваш во ова што го пишуваш?
Сметка за греење, за стан од 76 м2, во влезот во кај и јас живеам, за месец февруари е 5883 денари. Тоа е годишно преку 70000 денари. За тие пари можат да се купат 30 кубици дрва или 20 тони лигнит.
Можеш ли да замислиш семејство кое за загревање на стан троши 30 кубици дрва за сезона? А ти зборуваш за работа и пот.
Кредити... Залог за кредит се дава или недвижност ( хипотекарен кредит ) или хартии од вредност ( ломбард кредит ). Секогаш залогот, ( гаранцијата ) е барем два до три пати поголема од износот на кредотот. Што значи ако земале кредит од милион, нивниот имот е 2 до 3 милиона. А ти ги жалиш....
Знаеш како ќе му поверувам?
Кога ќе успее да ми објасни по која логика и математика излегува дека колективното греење е бар три пати поскапо од индивидуалното!
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Кое време??? Акциите на времето им се бесплатно поделени на вработените. Немале сите привилегија да бидат вработени во Топлификација.
Бесплатно ?!

А случајно да не им одбиваа од плата на вработените. Или тоа не сакате да го знаете ! па ги жигосувате луѓето.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Бесплатно ?!

А случајно да не им одбиваа од плата на вработените. Или тоа не сакате да го знаете ! па ги жигосувате луѓето.
Е..еј..... ај доста лупаш без врска!
Ова сакаме да го знаеме!
Знаеш како ќе му поверувам?
Кога ќе успее да ми објасни по која логика и математика излегува дека колективното греење е бар три пати поскапо од индивидуалното!
Се додека тоа не го одговориш ќе сметам дека само тролуваш тука!
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Е..еј..... ај доста лупаш без врска!
Ова сакаме да го знаеме!

Се додека тоа не го одговориш ќе сметам дека само тролуваш тука!
За тие пресметки обрати се во Топлификација. Ја може да ти кажам колку ме чини моето греење на две поголеми соби со Инвертор и конвектор наспроти греење со сопственото парно на струја (греење на цела куќа не само две поголеми соби). Не ми е јасмо како 3 пати е поевтино кога мене таквото греење едвај 50 % ми е поевтино. Кај е тука долговечноста на инверторот ( колку години ќе издржи). Две години го одплаќав за да се греам колку години поевтино ? Кога ќе го исклучам инверторот и конвекторот уште колку време е топло , 5 минути ? . Да не спомна и греење на дрва . Една сезона за 40 тина квадрати е околу 25 - 30 000 денари колку е тоа поевтино од парното . Може да филозофирате колку сакате ама сопственото греење можеби е најевтино (ама со максимално штедење и пазење) а за профит на некого зирнете во јавно објавените податоци за секоја компанија на mse.mk.

Немам намера да тролам , ама приватизацијата на повеќето фирми е направена пред повеќе од 20 години и не само вработените од Топлификација имаа акции во својата фирма. Кај се пивара , усје, мермерен комбинат итн. И они ли се збогатија од акциите ?!
Затоа и искоментирав дека ако некој сакал да заработи и да се збогати берзата е отворена за секого и може да се купат акции од секоја фирма. Акцијата на топлификација е 1900 во моментов а беше 3500, зашто паѓа ? ради огромната добивка ?
Ако нешто не е во ред со финансиите , ревизиите зашто служат ? Во поголемите фирми на секои 5-6 месеци има ревизори. Некој ќе и прогледа на топлификација од ќејф ?
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Другар не ми споредувај игри на берза со нашата криминална приватизација. И таму сметководствени финти дека всушност вработените од плата ги отплаќале акциите.
Акциите не ги купуваа на бреза.
Значи ништо немаш и оденнаш добиваш акации со пазарна вредност од 50 000 - 100 000 евра.
Истото се однесува и за Пивара, Усје итн, но Топлификација е посебен случај затоа што е монопол, дури сакаат и да не смееш да се исклучиш, сакаат вечно да крадат, не им е доволен еднократен грабеж.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Топлификација планира овие 50% да ги наметне преку промена на Мрежните правила. Тоа е документ што самата Топлификација го донесува. Еве што за тоа се вели во член 117 од Законот за енергетика:
„ Операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија, по претходна одобрување на Регулаторната комисија за енергетика, е должен да ги донесе и да ги објави, во „ Службениот весник на Република Македонија “ и на својата веб страница мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија... “
Инаку Законот за енергетика е од февруари 2011, но тоа не и пречеше на Топлификација да наметне мерење со калириметри за некои делови на Скопје уште од 2008, а за сите од 2009. Ако го прочитавте документот на # 183 јасно ви е зошто брза.
Ете така....Кадија те тужи, кадија те суди, а во овој случај може што сака да прави... само да има ќар. ...
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Ќе одиш во МРТВ, ќе ги однесеш платените сметки за рдт од дома, ако и плацот ти се води на исто име, ќе поднесеш барање за ослободување од плаќање на рдт за плацот, рдт е „фамилијарна“ обврска се плаќа само еднаш и тоа за адресата која ти е во личната карта...
..тоа што ти стигнала сметка... крив е автоматизмот, ги земаат за референтни сметките за струја без никаква проверка во нивните бази на претплатници......јбг... нишај врата земи плата....
Претпоставувам дека виделе малку потрошена струја и затоа пуштиле рдт. Близу ми беше таблата и вклучивме еднаш мешалка за во соседниот плац и веројатно тоа го прочитале и мислеле дека некој седи тука па затоа опнале рдт. На сметката пишува ако сакаш поднеси жалба со уплата од 250ден, па не ми се исплати да уплаќам жалба која е поскапа од самата рдт. Ќе видам, ќе им вртам на ујп да видам што е проблемот.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
. Да не спомна и греење на дрва . Една сезона за 40 тина квадрати е околу 25 - 30 000 денари колку е тоа поевтино од парното . Може да филозофирате колку сакате ама сопственото греење можеби е најевтино (ама со максимално штедење и пазење) а за профит на некого зирнете во јавно објавените податоци за секоја компанија на mse.mk.
Ова од ракав... го извади...
... комбиниран трајножаречи „шпорет“ со надградба/припрема за парно 24 часа успешно 24 часа грее на 25/26 степени околу 80 квадрати (приземје, катот се грее по потреба) со едвај нешто повеќе од 6 кубика дрва по сезона.... испробано, користено и се уште се користи/ам преку 15 години.. ако зимата е „потопла“ греењето го комбинирам со клима уреди.
(ама со максимално штедење и пазење)
не заебај... по гаќи си шетам дома цела зима...
.. максималното штедење (закинување) топлификација го прави..

Филозофираме... не бе.. си грееме кога сакаме и колку сакаме, а не некој да (топлификација) по цел ден гледа во термометар и а темп. надвор се искачи над нормираната одма го гаси греењето а внатре во становите е ѕивра...
...па да не го спомнувам есенското пуштање во погон... колку ли само станови се руинираат од поплави...:D
... и без многу филозофирање....како и да ја вртиш газот стално позади ти е т.е. топлификација безочно пљачка... наплатува никаква услуга за скапи пари... третина просечна (статистичка) мк плата 12 месеци...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom