- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
Тодор Паница 2 јули 1876, Орехово, Бугарија - 7 мај 1925, Виена е учесник во македонското национално-револуционерно движење, близок соработник на Јане Сандански, Бугарин по народност.
Уште на петгодишна возраст останува сирак, но чичко му се грижи за него и така тој завршува гимназија во Варна и каде по завршувањето се враќа во својот град и формира социјалистички кружоци.
Паница повеќе време дејствувал во четата на скопскиот војвода Никола Пушкарев. Од 1905 година се поврзал со серската група на Сандански и дејствувал на тој терен. Раководел со Драмскиот револуционерен реон. По наредба на окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ, на 11 декември 1907 година го извршил убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов.
Од тој момент Паница е редовно прогонуван од врховистите при што најзасилена потера по него превзел Ванчо Михајлов. Во времето на Младотурската револуција од 1908 година дејствувал заедно со Јане Сандански и таканаречената Серска револуционерна група која соработувала со младотурскиот режим. Се настанува во Драма и зема активно учество во организирањето на Народната федеративна партија во Македонија и Одринско. Во 1909 година против контрапревратот на Абдул Хамид II учествува со одред од доброволци.
По завршувањето на Првата светска војна, заедно со Димо Хаџи Димов и други прогресивни дејци, Паница работи на обединувањето на левите сили на ВМРО. Кога во 1922 година групите на Тодор Александров го нападнале Неврокоп, Паница со неколку свои истомисленици дал силен отпор. По Деветтојунскиот преврат, одреден период живее илегално во Бугарија, а потоа заминува во Југославија од каде во 1925 година се преселува во Виена, каде работи заедно со Димитар Влахов.
По убивањето на Борис Сарафов и Иван Гарванов, Ванчо Михајлов испратил потера по него. За таа цел тој ја искористил Менча Карничу, блиска до идејните чувства на Тодор Паница, на која ќе и вети брак само да го ликвидира својот пријател. Менча Карничу, по потекло од Крушево, болна од туберколоза се вовлекла во семејството на Паница, кое живеело во Виена и станала многу блиска со сопругата на Паница - Екатерина.
Планот за ликвидирање на Паница бил направен. Тој требало да биде убиен на свадбата на Бумбаров, вооружен придружник на Паница, со Магдалена, сестра на Екатерина. Но, таа се откажала од ова дејство поради големото обезбедување.
На 7 мај 1925 година во виенскиот Бургтеатар се давал „Пер Гинт“. Паница со својата сопруга и младоженците Бумбарови заедно со телохранителот Богатинов резервирале ложа во театарот. Планот бил кога на сцената ќе настапи моментот на потонувањето на бродот проследено со силна музика, Менча ќе пука во Паница. Така и станало. Во потребниот миг таа го извадила пиштолот и со неколку куршуми го усмртила Тодор Паница. На судскиот процес во Виена таа е осудена на протерување од Австрија и заминала за Софија, а наскоро му станала и сопруга на Ванчо Михајлов.
Оваа е познато но по убиството на Паница во Виена, ќе биде органзиран голем судски процес, а демократските сили на Европа ќе го стават бугарскиот двор на столбот на срамот за политичките убиства што ги органзира против напредните македонски револуционери. Во одбрана на Паница ќе застане и познатиот француски писател Анри Барбис, соопштувајќи му ја на светот вистината за македонската борба и за терористичкиот чин извршен во ,,Бургтеатарри во Виена. Во делото на Ангел Динев`Политичките убиства во Бугарија` оваа судење го опишува многу детално кажува за огромниот интерест кај Европските амбасадори и начинот на кој е ослободен убиецот на Тодор Паница.
Која биле мотивите за толкавиот интерес на европските држави???????
Уште во текот на 1918 година, на пат за Минхен, Карничева се запознала со Магдалена Измирлиева, сестра на жената на Тодор Паница. Подоцна, во 1920 година, при нејзиното бањско лекување од ревматизам, се запознала и со семејството Паница. Раководството на ВМРО, пред се Иван Михајлов, сакало да го искористи нејзиното пријателство со семејството Паница, за извршување на атентат врз Тодор Паница, кој од страна на ВМРО бил обвинет за убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов во 1907 година, за комунистичка дејност и обвинение дека како федералист се ставил во српска служба. Менча Карничева започнала да прави планови за неговото убиство уште во текот на 1923 година, но поради честите заболувања била спречена во тоа. Но веќе во летото 1924 година, атентаторката купила револвер за таа цел и планирала да го изврши убиството по свадбата на Магдалена Измирлиева за извесниот Бумбаров. Вистинската можност и се укажала во месец мај 1925 година.
На 7 мај 1925 година Менча Карничева ги поканила брачниот пар Бумбарови и Паница наредниот ден да отидат во Бургтеатарот во Виена, на претставата "Пер Гинт", што од нивна страна било со задоволство прифатено. Заговорничката ја презела обврската за купување на билетите се со цел да се осигури дека во критичниот момент Тодор Паница ќе биде со неа во истата ложа. Така на 8 мај, вечерта двата брачни парови, Карничева и Јане Богатинов за време на претставата се сместиле во ложата број 2, од десната страна близу до сцената. По почетокот на претставата, Менча Карничева и го дала резервниот билет за друга ложа на Магдалена Бумбарова што специјално го купила за да ги отстрани Бумбарови од нивната ложа и откако и сопругот на Магдалена по извесно време заминал од таму, Карничева се нашла точно зад столицата на Тодор Паница. Од левата страна седела неговата жена, а десно Богатинов. Во моментот кога на сцената се одвивал делот кога Пер Гинт се враќал дома со коработ, се создала голема врева од музиката што го следела дејствието и тоа бил погодниот момент за атентаторката.
Часот бил некаде околу 10, кога користејќи ја темнината во салата, Менча Карничева го извадила револверот од чантата и истрелала два куршуми кон Паница. На излегување од ложата, истрелала уште пет куршуми, со кои покрај убиениот Тодор Паница, ги ранила и жена му и Богатинов. На излегување од ложата Карничева била фатена од еден прислужник, без давање на отпор, додека лекар ја констатирал смртта на Тодор Паница. При увидот направен од страна на официјалните австриски полициски власти, кај Тодор Паница биле пронајдени, револвер, извесна сума на пари и српски пасош со лажно име Димитар Арнаудовиќ. Атентаторката Карничева веднаш била затворена, но поради влошеното здравје до судењето била префрлена во еден санаториум.
Процесот против Менча Карничева започнал на 30 септември 1925 година, а за нејзини бранители од страна на ВМРО биле ангажирани едни од најдобрите адвокати во Австрија, д-р Рихард Пресбургер и д-р Игнац Курт Розенфелд. По судскиот процес на 2 октомври 1925 година била донесена пресудата, според која Менча Карничева за стореното дело се осудувала на осум години затвор. Меѓутоа од Врховниот суд во Виена таа била прогласена за неспособна да ја одлежи казната и по сила на тоа решение била ослободена и според пресудата и тамошните законски прописи, веднаш била екстернирана од границите на Австрија. По враќањето во Софија во 1926 година, Менча Карничева се венчала со лидерот на ВМРО, Иван Михајлов, со кого лично се познавала уште од порано.