Тодор Паница

B

Borg_Drone

Гостин
Во Будимпешта Сарафов се сретнува со претставниците на српскиот двор Балукчиќ и Симиќ, и со нив започнува преговори (Сарафов е првиот Македонски деец што започнал преговори со Србија). Тој веднаш ги предупредува Србите дека ВМОРО е вистинската Македонска организација а не ВМОК на Цончев
На прашањето што ќе се случи со Македонија ако евентално добие независност Сарафов им одговара: Јас им реков да бидат уверени дека кога ќе се воспостави автономна Македонија, веднаш ќе се формира најсилна партија, која ќе биде против анексијата (со Бугарија), од која страхуваат Србите. Им реков уште дека таа плејада борци за слободата на Македонија нема да плука врз своите принципи, оти Србија тогаш ќе излезе на море, бидејќи меѓу нас нема да има царински граници

По Илинденските случувања и Борис Сарафов стана жртва на фаталниот расцеп меѓу внатрешните струи. По несреќниот крај на Илинденското востание, во Серско се издели познатата група на санданистите кои во време на истото востание останаа настрана, не зедоа активно учество во него, а потем стасаа дотаму, што да им судат и да ги казнуваат противниците од другиот табор. На 11 декември 1907 год.(према едни извори) т.е. На 28 ноември 1907 година(шрема други извори) во Софија, заедно со И.Гарванов, бил убиен од Тодор Паница.
Токму Јане допринесе за брзото закрепнување на Организацијата и Македонскиот отпор после Илинден. Во дискусиите и решенијата на Општиот конгрес, одржан 1905 год., токму гледиштето и ставовите на Сандански се наметнаа како доминантни. На нив застанаа и ревулуционерите од првата постава, величините како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Гоцевите истомисленици. Токму овој конгрес го донесе најизразитиот нов против врховистички Устав. Тука се демаскира врховизмот и дефинитивно од организацијата како целост. Фактот што на овој Конгрес крајно се диференцираа вистинските револуционери и дотогаш прикриените проврховисти, значеше “прочистување“ македонско ослободително дело од она предавничкото и противничкото.

Сепак врховистите биле прогласени за outlawed во 1905 година на конгресот во манастирот Рила, од страна на Јане.Но во тие времиња, со ВМК (односно со врховистите) не раководи Сарафов.Друго ако алудираш на тоа дека Сарафов бил убиен од страна на Паница поради тоа што преговарал со Србите и им ветувал излез на море, тогаш како го објаснуваш тврдењето на Мисирков дека Сарафов за некои весници изјавил дека Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари туку Македонци?!Сепак и Мисирков не може да се игнорира како личност, а факт е дека доста одговори за работата на МРО (и нејзините револуционери) он ги дава.И знам читав во еден исечок од весник (уште се сеќавам на тој исечок) дека Сарафов организирал протести во Софија со Македонците, чек да го најдам ќе го поставам тука.
N
- Никаде во подолгиот текст, буквално никаде, таа не споменува дека во Македонија живеат Бугари или македонски Бугари, туку секаде во текстот сосема јасно и децидно нашиот народ го именува како Македонци!
- На неколку места во текстот јасно пишува дека македонската борба треба да се одвива вон влијанието на Бугарија,а пиринска Македонија не ја смета како составен дел на Бугарија,туку ја именува како бугарска Македонија!
Ванчев, Ванчо Михајлов истото го има пишувано, дека тука живееле Македонци, а според него сите револуционери од МРО сакале да создадат Македонија - Швајцарија на Балканот.Причината за тоа создавање на вештачка нација (според него) е тоа што Романија се противела на соединувањето на Македонија со Бугарија.Но Ванчо Михајлов не знаел дека докази за постоењето на македонскиот народ има уште и кога бил фантазија, на фантазијата на прадедо му!Се превртува во гроб сега сигурно.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Ванчев, Ванчо Михајлов истото го има пишувано, дека тука живееле Македонци, а според него сите револуционери од МРО сакале да создадат Македонија - Швајцарија на Балканот.Причината за тоа создавање на вештачка нација (според него) е тоа што Романија се противела на соединувањето на Македонија со Бугарија.Но Ванчо Михајлов не знаел дека докази за постоењето на македонскиот народ има уште и кога бил фантазија, на фантазијата на прадедо му!Се превртува во гроб сега сигурно.
Jas rekov: "Najdov interesen tekst koj frla sosema druga svetlina na nastanite". Prochitaj go celiot tekst pa potoa sudi .....

МЕНЧА ГО НАПАЃА ТОДОР ПАНИЦА КАКО БУГАРСКИ ШПИОН!

Инаку, како што тврди самата Менча, отпрвин Тодор Паница и нејзе и бил идол како македонски револуционер, кој не сакал да има никакви врски со Бугарија, но поради тоа што подоцна потпаднал прво под влијание и служба на Бугарија (земјоделската влада), а потоа и на Југославија и Грција, во нејзините очи тој станал предавник на независноста на македонската борба, па затоа решила да го ликвидира. Еве што пишува Менча Карничева:
Во летото 1920 година во Лежене (Бугарија) се сретнав лично со Тодор Паница. Тогаш тој ми рече дека никогаш нема да се стави во служба на ниту една бугарска влада поради што длабоко го почитував и ми беше мило што за Македонија работат такви верни и тврди борци, готови на секакви жртви...
Подоцна, меѓутоа, Менча тврди дека станала разочарана од неговата соработка со бугарската земјоделска влада и тврди дека тогаш Паница, за да не биде прогонуван од оваа влада како ,,незаконски воен профитер", активно се вклучил во нејзина служба во борбата против македонските автономисти. Во еден таков вооружен судир во пиринска Македонија, Паница,како борец во служба на бугарската земјоделска влада, одвај успеал да се спаси од македонските автономисти. Во врска со овој пресврт кај Паница Менча пишува:
Што се случи со претходно декларираната независност на Паница во однос на бугарските влади? Зарем тој наеднаш стана бугарски полицаец во служба на бугарската влада, кој тргна против народот, за кој со години пред тоа работеше? Во бугарскиот дел на Македонија Стамболиски не беше воопшто популарен токму поради самоволијата што таму се случуваа од страна на органите на неговата власт. Тамошното население, како македонско, недвосмислено пројавуваше симпатии кон одамна започнатата македонска борба, а Паница тргна со оружје да ги урне тие симпатии и, ако може, да ги натера Македонците да ја поткрепат политиката на Стамболиски. Таа политика всушност беше насочена директно против македонското движење - се знаат тајните преговори со Србите во Ниш за заедничка борба против ВМРО, како и многубројните пројави на злодејства против легалните организации на Македонците во Бугарија.
Фрапантните пројави на чувство за македонска национална посебност за македонскиот народ од страна на Менча Карничева (инаку по националност Влаинка од Крушево), кои овде најмногу доаѓаат до израз, ги оставам без коментар. Што се однесува до написот, таа продолжува да дава (според неа),,аргументи" за просрпската и антимакедонска ориентација на Паница, па цитира и една негова изјава, според која, Паница во Виена наводно изјавил:
Кога конечно во Бугарија ќе се воспостави селанско-работничка власт, таков масакр ќе ги снајде Македонците што дури и оние кои ќе останат живи, нема да смеат да се наречат Македонци!
Понатаму Менча дава (според неа) и други "аргументи" за наводната антимакедонска дејност на Паница и неговата блискост со Стамболиски:
Паница беше незадоволен од некои министри во кабинетот на Стамболиски поради тоа што сметаше дека им недостасува храброст во борбата против Македонците. Посебно му пречеше Томов. Паница имаше договорено средба со Стамболиски што требаше да се одржи на 12 јуни 1923 година, но поради превратот кој се случи на 9 јуни не успеаја да се сретнат. На таа средба обајцата требало да се договорат за неопходните решителни мерки против Македонците.
Националната определба Македонци Карничева ја искажува и на други места во овој текст и никаде не споменува Бугари или македонски Бугари како жители на Македонија. Текстот го завршува со констатацијата дека:
Така лесно се продаваше Паница, а за тоа време Македонија, земјата за чие ропство тој - дојденец од Бугарија - стана познат, продолжуваше да се свива од болки и да се капи во солзи.
И овде таа јасно става до знаење дека Паница (како Бугарин по националност) е дојденец во Македонија, која е под ропство.
Не навлегувам во коментар во врска со нејзините ставови околу Паница, туку истите само ги презентирам. Ова значи дека за целосна оценка на Паница и на Стамболиски (кој впрочем и не бил толку негативен, како што е овде опишан, бидејќи и самиот нудел автономија на пиринска Македонија) ќе треба да се прочитаат и аргументите за досегашниот позитивен третман кај најголемиот дел од нашата официјална историографија кон овие дејци.

prodolzuva:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Сепак врховистите биле прогласени за outlawed во 1905 година на конгресот во манастирот Рила, од страна на Јане.Но во тие времиња, со ВМК (односно со врховистите) не раководи Сарафов.Друго ако алудираш на тоа дека Сарафов бил убиен од страна на Паница поради тоа што преговарал со Србите и им ветувал излез на море, тогаш како го објаснуваш тврдењето на Мисирков дека Сарафов за некои весници изјавил дека Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари туку Македонци?!Сепак и Мисирков не може да се игнорира како личност, а факт е дека доста одговори за работата на МРО (и нејзините револуционери) он ги дава.И знам читав во еден исечок од весник (уште се сеќавам на тој исечок) дека Сарафов организирал протести во Софија со Македонците, чек да го најдам ќе го поставам тука.


Ванчев, Ванчо Михајлов истото го има пишувано, дека тука живееле Македонци, а според него сите револуционери од МРО сакале да создадат Македонија - Швајцарија на Балканот.Причината за тоа создавање на вештачка нација (според него) е тоа што Романија се противела на соединувањето на Македонија со Бугарија.Но Ванчо Михајлов не знаел дека докази за постоењето на македонскиот народ има уште и кога бил фантазија, на фантазијата на прадедо му!Се превртува во гроб сега сигурно.
нме алудирам на тоа воопшто, со тој цитат сакав да ја доловам позицијата на сарафов , како можеби прв македонски дипломат, инаку како што кажав сандански е тој што се пресметувасо вонсоцијалистичките струи во вмро, меѓу кои и сарафов, кој за иронија во поголем дел од активноста му е логистика дирекна и индиректна на сандански со снабдување на оружје
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
ТЕРМИНОТ МАКЕДОНЦИ Е УПОТРЕБЕН ВО НАЦИОНАЛНА СМИСЛА

Овде сакам да го потенцирам фактот за употребата на терминот Македонци од страна на Менча Карничева. Дека не станува збор за географски, туку за национален поим, доволно зборува самата суштина на овие нејзини изјави. Ако под географска определба како македонци се подразбираат луѓе од различни нации, кои живеат во Македонија (вклучувајќи ги и Србите, кои тогаш веќе почнале да се населуваат во Македонија), тогаш од нејзините горенаведени цитати такво нешто не може ни да се насети, бидејќи (барем кога се во прашање Србите како географски македонци) надвор од здравата логика е да се тврди дека, кога таа пишува оти Македонците имаат легални организации во Бугарија, мислела и на Србите како географски македонци. Во овој контекст треба да се гледа и на припадниците на останатите националности кои живееле во Македонија, т.е. биле географски македонци: Албанци, Турци, Власи, Роми и други. Никој од нив немал свои легални организации во Бугарија, па според тоа терминот Македонци треба да се сфати исклучиво како национална (а не како географска) категорија, бидејќи токму Македонците (како нација) биле тие кои тогаш единствено имале свои легални организации во Бугарија, за разлика од сите останати националности во Македонија, т.е. од останатите географски македонци. Впрочем, познато е дека сите оние Македонци, кои сметаат дека Македонците се Бугари обично го избегнуваат терминот Македонци, заменувајќи го со македонски Бугари или само со Бугари, што не е случај со написите од Менча, барем кога станува збор за гореспоменатиот мошне обемен текст.
Исто така сакам да потенцирам дека нејзиното оцрнување на Тодор Паница само го пренесувам како такво без да навлегувам во коментирање на неговата оправданост, но секако дека кај секоја историска личности има и негативни и позитивни дејанија и крајно време е да се напушти црно-белото или бело-црното толкување на нашата историја.

ps. Borg_Drone ovaa e statija na Менча Карничева: Зошто го убив Тодор Паница (1926).
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Ванчев не знам колку е точно тоа што наводно го тврди Менча,меѓуто Михајлов во своето интервју на теелевизија тврди дека ја испратил Менча да го убие Паница заради убиството на Сарафов и Гарванов:toe:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Ванчев не знам колку е точно тоа што наводно го тврди Менча,меѓуто Михајлов во своето интервју на теелевизија тврди дека ја испратил Менча да го убие Паница заради убиството на Сарафов и Гарванов:toe:
Ovaa e svedoshtvo na Менча Карничева, dadeno nepolni devet meseci po atentatot. I bi trebalo da se smeta za verodostojno. Izjavite na Mihajlov se od podocna....


Истата, 1926 година (29 јануари), во тогашниот ванчомихајловистички весник Независна Македонија објавено е сведоштво напишано од самата Менча во кое таа ги образложува причините што ја натерале да го ликвидира Паница.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Ovaa e svedoshtvo na Менча Карничева, dadeno nepolni devet meseci po atentatot. I bi trebalo da se smeta za verodostojno. Izjavite na Mihajlov se od podocna....
Едниот вика едно другиот друго не знаеш како навистина било.

П.С Сите аргументи одат кон тоа дека Менча била испратена по наредба на Ванчо да го ликвидира Паница
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Едниот вика едно другиот друго не знаеш како навистина било.

П.С Сите аргументи одат кон тоа дека Менча била испратена по наредба на Ванчо да го ликвидира Паница
Mozebi ovoj del od tekstot ke pojasni nekoi raboti iako direktno ne e vrzan so Todor Panica

СТОЈАН ПОПОВ ВО СУДИР СО ВАНЧО МИХАЈЛОВ

Како Македонци (а не како Бугари или како македонски Бугари) себеси се декларирале и бројни други ванчомихајловисти (членови и симпатизари на неговата Организација).
Атентаторот на ВМРО Димче Стефанов, кој во 1924 година во Милано го ликвидирал Петар Чаулев, под изговор дека е еден од организаторите на убиството на Тодор Александров, по извршениот атентат, пред да биде уапсен, пред насобраната маса извикал: Јас сум Македонец, а тој е Бугарин!
Некои ванчомихајловисти, по војната дури доаѓале и во судир со Ванчо Михајлов поради неговото дефинитивно свртување кон бугарштината, а други сфаќајќи ја неговата заблуда, директно се откажувале од неговата повоена пробугарска дејност. Впрочем, поради тоа Ванчо Михајлов до крајот на својот живот остана политички маргинализирана личност, со право избегнуван од страна на македонската антикомунистичка емиграција.
Расправија со Ванчо Михајлов и со неговиот близок соработник Асен Аврамов, околу потеклото на Македонците, имал деецот Стојан Попов, и тоа во Италија, во 1959 година. Попов (откако претходно и самиот лежел затвор во Југославија) ја застапувал тезата за автохониот етнички корен на Македонците, наспроти бугаризмот на Михајлов и на Аврамов. Подоцна овој судир прераснал во отворено непријателство помеѓу нив (види кај: Д-р Стојан Ристески: Судени за Македонија, Охрид, 1995, стр. 683-684).
Како Македонец себеси се декларирал дури и еден од денешните најекспонирани великобугарски пропагатори во странство - Алекса Стојменов. Според тврдењето на некои затвореници, кои заедно лежеле затвор со него, но и според тврдењето на оние со кои порано работел за македонската кауза, Стојменов за цело време себеси се декларирал како - Македонец (а не како Бугарин)! Големиот познавач на проблематиката на судените за Македонија господинот Ефтим Гашев, изјави дека Алекса Стојменов бил фанатичен македонски националист и дека како таков бил затворен и додека го служел воениот рок во ЈНА, во јануари 1956 година, по што бил осуден на 8 години затвор. Слична квалификација за Алекса Стојменов дава и неговиот соборец и лидер на тајната група во која во четириесеттите години членувал Стојменов, по име Алекса Котев Митев од с. Велјуса (види: Д-р Стојан Ристески: Судени за Македонија 2, Охрид 1996, стр. 59-75). Алекса Котев Митев бил избран како лидер на тајната група токму на предлог на Алекса Стојменов, за потоа обајцата да бидат судени како борци за независна Македонија. Г-дин Котев во своите сеќавања е дециден во прифаќањето на македонската национална засебност на нивната тогашна група и јасно тврди дека во времето на нивната илегална работа никој од групата не го ниту спомнувал Михајлов.
Дури подоцна, откако избегал во странство (средината на шеесеттите), Алекса Стојменов потпаднал во канџите на великобугарската пропаганда, по што почнува да плука врз с# што е македонско, заборавајќи дека и самиот отпрвин се декларирал како Македонец и дека токму како таков двапати лежел затвор во југословенските комунистички зандани. Впрочем, и во обвинителниот акт за неговото судење во 1956 година никаде не пишува дека тој се залагал за некаков бугаризам во Македонија (иако во тоа време наједноставно било некому да му се подметне такво нешто), туку напротив, од обвинението јасно се гледа дека тој бил осуден како македонски националист.
Поради сето ова, денес изгледаат смешни тврдењата на некои новокомпонирани пробугарски ориентирани овдешни публицисти, кои за Стојменов тврдат дека бил ,,стар соборец" на Ванчо Михајлов(!?).Ова е во целосна спротивност на кажувањата дадени од страна на самите соборци на Стојменов, според кои, тој, одвај дали имал слушнато за Михајлов пред да избега од Југославија (околу средината на шеесеттите).
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
40
Поени од реакции
2
Вижте спомените на Менча Карничена и на б'лгарски:

На 29 јануари 1926 г, в'в вестник „Независима Македонија” Менча разказва зашто е убила Тодор Паница. Тја прем'лчава нјакои истини за вр'зките ј с ВМРО и Иван Михајлов…, които не е трјабвало да споменава тогава в интерес на делото.

http://www.argumenti.net/?p=54
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Linkot do tekstot na Donski koj go postirav. http://www.makedonskosonce.com/sonce213/tekst19.htm

Prevodot i tolkuvanjeto na Donski e korektno i vistinito. Edinstveno ne go spomenal Stojan Mishev, tatkoto na soprugata na Kiro Gligorov, Nada Gligorova...


"Каза оште, че били направени два опита с четите на Стојан Мишев, и резултатите в'зхитили господин Жика Лазич, а неговата, на Паница, опитност направила впечатление. Стојан Мишев бил всесилен в штип, и че ако с'м имала нјакаква работа в тоја град, могла с'м да получа от него препор'ка до Стојана, за да ми услужи. Казанијат Стојан Мишев и неколцина негови другари бјаха с'штите, които заедно с Паница се сражаваха против автономистите при с. Сатовча, и след поражението им избјагаха в Г'рција, а оттам минаха на ср'бска полицејска служба. И Паница, значи, бе станал ср'бски потераджија."

http://www.argumenti.net/?p=54
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Историчари прашањето не е кој бил Тодор Паница туку зошто на судењето за неговото убиство присуствуваат сите европски амбасадори ако некој знај нека објасни???
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
"Каза оште, че били направени два опита с четите на Стојан Мишев, и резултатите в'зхитили господин Жика Лазич, а неговата, на Паница, опитност направила впечатление. Стојан Мишев бил всесилен в штип, и че ако с'м имала нјакаква работа в тоја град, могла с'м да получа от него препор'ка до Стојана, за да ми услужи. Казанијат Стојан Мишев и неколцина негови другари бјаха с'штите, които заедно с Паница се сражаваха против автономистите при с. Сатовча, и след поражението им избјагаха в Г'рција, а оттам минаха на ср'бска полицејска служба. И Паница, значи, бе станал ср'бски потераджија."

offtopic, но колко се знае во РМ за Кирил Глигоров од Штип, убиецот на Стоjан Мишев? (Да нема конфузиjа со президентот К. Глигоров!) Во македонската wikipedia нема и ред за младежот Кирчо Глигоров, фанат и застрелан на 22 години во Штип од србите.



Мислам дека има проблем со фотографиjата на Тодор Паница, коjа jа има во wikipedia-та. (Говора за таа -
)

Зошто? - Има други фотографии, каде тоj не личи на овоj горе.
Например:

Pavel Deliradev, Yané Sandansky and Todor Panitsa (наj-десниот) in Bansko, 1908 (од книгата на Макдермот за Сандански):



На таа снимка мислам дека е пак Тодор Паница:
,

jако има и един маjор Коста Паница, исто така поврзан со макед. движение, но убит многу по-рано, во 1890 г. А Паница на горната снимка е накитен како да е "беj" османски, кое се врзува повек'е со Сандански и другарите му во младотурскиот период, него со маjорот Коста Паница:

Коста Паница, Захари Стоjанов и Димитар Ризов (битолчанинот)



Уште две снимки:

- дали Тодор Паница е седналиот, отлево на Сандански и Чернопеев?:


- "Димо Хаджидимов, Тодор Паница и Jане Сандански со младотурци":


Дека е Паница овде? Седи до Сандански, от десно ли? Некоj знае ли?
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Првото заседание од судењето започнува на 30 септермври 1925 година.Салата е полна една карта чини 1 милион круни.Д-р Презбергер стар познавач на криминалната наука и фашист му е адвокат на Менча ко нарекува Паница -шпекулант,агент на србите и болшевивец,говорот негов се претвора во трибун на фашизмот против советска Русија.во салата биле целиот Австро-унгарски корпус ,Алфред Рапопорт автор на книгата `Во земјат на жртвите` ,тајни агенти од Италија и Германија и конзули од бившата европска Турција
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
24
Поени од реакции
27
Она што мене ме копка (односно не ми е несфатливо) во врска со Сарафов е следново:


http://mk.wikibooks.org/wiki/К._Пелски_:_Македонски_и_Болгарски_национали_идеали

Инаку Сарафов е исто така човекот кој се погрижил повеќето примероци од книгата "За Македонцките Работи" да бидат запалени и да не бидат објавени, а исто така му се заканувал и на Мисирков.А писмово што е пишувано е пишувано во 1913 година, од страна на Мисирков.
И самиот вели дека на почетокот се сметал за Бугарин, но после тоа се опаметил.Вистинското прашање ми е, зошто Мисирков го става Тодор Паница во групата на убијци, наместо во групата на херои?
Не треси зелени, тоа е пропаганда од претходниот систем објавено во вовед во една книга за Мисирков од 60ите години.

Како можел Б.Сарафов да му се ''заканувал'' околу книгата на Мисирков, а истиот Мисирков да го воздигнува? Каков апсурд! Не па дали вреди да ти побарам историски запис за тоа...

Си читал ама и не си читал, ''писмото'' не е од 1913год. а тоа е статија ''Македонскиот и Бугарскиот национален идеал'' во Македонски Глас Бр 10. Санкт Петербург 1914. Мисирков никаде не вели дека Сарафов бил прво ''великобугарин'' а после станал ''великомакедонец''. Без површни искази. Многу мак. револуционери минувале низ бугарскиот егзархиски систем.
Едноставно кратко го искажува процесот на отфрлање на бугарското име, иако не треба да се констатира 1903год како точна со оглед на тоа дека промени се забележливи уште во 1901год. во Тајмс кога самиот Сарафов изјавува:

'' Ние Македонците, самите се сметаме за одделен национален елемент...Македонија мора да и припадне на Македонците ''.


..колку делото на Менча е ''херојско'', толку и делото на Паница - официјализирајќи го раздорот во организацијата дефинитивно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom