Тодор Паница

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Тодор Паница 2 јули 1876, Орехово, Бугарија - 7 мај 1925, Виена е учесник во македонското национално-револуционерно движење, близок соработник на Јане Сандански, Бугарин по народност.
Уште на петгодишна возраст останува сирак, но чичко му се грижи за него и така тој завршува гимназија во Варна и каде по завршувањето се враќа во својот град и формира социјалистички кружоци.
Паница повеќе време дејствувал во четата на скопскиот војвода Никола Пушкарев. Од 1905 година се поврзал со серската група на Сандански и дејствувал на тој терен. Раководел со Драмскиот револуционерен реон. По наредба на окружниот комитет на Серскиот револуционерен округ, на 11 декември 1907 година го извршил убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов.
Од тој момент Паница е редовно прогонуван од врховистите при што најзасилена потера по него превзел Ванчо Михајлов. Во времето на Младотурската револуција од 1908 година дејствувал заедно со Јане Сандански и таканаречената Серска револуционерна група која соработувала со младотурскиот режим. Се настанува во Драма и зема активно учество во организирањето на Народната федеративна партија во Македонија и Одринско. Во 1909 година против контрапревратот на Абдул Хамид II учествува со одред од доброволци.
По завршувањето на Првата светска војна, заедно со Димо Хаџи Димов и други прогресивни дејци, Паница работи на обединувањето на левите сили на ВМРО. Кога во 1922 година групите на Тодор Александров го нападнале Неврокоп, Паница со неколку свои истомисленици дал силен отпор. По Деветтојунскиот преврат, одреден период живее илегално во Бугарија, а потоа заминува во Југославија од каде во 1925 година се преселува во Виена, каде работи заедно со Димитар Влахов.
По убивањето на Борис Сарафов и Иван Гарванов, Ванчо Михајлов испратил потера по него. За таа цел тој ја искористил Менча Карничу, блиска до идејните чувства на Тодор Паница, на која ќе и вети брак само да го ликвидира својот пријател. Менча Карничу, по потекло од Крушево, болна од туберколоза се вовлекла во семејството на Паница, кое живеело во Виена и станала многу блиска со сопругата на Паница - Екатерина.
Планот за ликвидирање на Паница бил направен. Тој требало да биде убиен на свадбата на Бумбаров, вооружен придружник на Паница, со Магдалена, сестра на Екатерина. Но, таа се откажала од ова дејство поради големото обезбедување.
На 7 мај 1925 година во виенскиот Бургтеатар се давал „Пер Гинт“. Паница со својата сопруга и младоженците Бумбарови заедно со телохранителот Богатинов резервирале ложа во театарот. Планот бил кога на сцената ќе настапи моментот на потонувањето на бродот проследено со силна музика, Менча ќе пука во Паница. Така и станало. Во потребниот миг таа го извадила пиштолот и со неколку куршуми го усмртила Тодор Паница. На судскиот процес во Виена таа е осудена на протерување од Австрија и заминала за Софија, а наскоро му станала и сопруга на Ванчо Михајлов.

Оваа е познато но по убиството на Паница во Виена, ќе биде органзиран голем судски процес, а демократските сили на Европа ќе го стават бугарскиот двор на столбот на срамот за политичките убиства што ги органзира против напредните македонски револуционери. Во одбрана на Паница ќе застане и познатиот француски писател Анри Барбис, соопштувајќи му ја на светот вистината за македонската борба и за терористичкиот чин извршен во ,,Бургтеатарри во Виена. Во делото на Ангел Динев`Политичките убиства во Бугарија` оваа судење го опишува многу детално кажува за огромниот интерест кај Европските амбасадори и начинот на кој е ослободен убиецот на Тодор Паница.
Која биле мотивите за толкавиот интерес на европските држави???????

Уште во текот на 1918 година, на пат за Минхен, Карничева се запознала со Магдалена Измирлиева, сестра на жената на Тодор Паница. Подоцна, во 1920 година, при нејзиното бањско лекување од ревматизам, се запознала и со семејството Паница. Раководството на ВМРО, пред се Иван Михајлов, сакало да го искористи нејзиното пријателство со семејството Паница, за извршување на атентат врз Тодор Паница, кој од страна на ВМРО бил обвинет за убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов во 1907 година, за комунистичка дејност и обвинение дека како федералист се ставил во српска служба. Менча Карничева започнала да прави планови за неговото убиство уште во текот на 1923 година, но поради честите заболувања била спречена во тоа. Но веќе во летото 1924 година, атентаторката купила револвер за таа цел и планирала да го изврши убиството по свадбата на Магдалена Измирлиева за извесниот Бумбаров. Вистинската можност и се укажала во месец мај 1925 година.
На 7 мај 1925 година Менча Карничева ги поканила брачниот пар Бумбарови и Паница наредниот ден да отидат во Бургтеатарот во Виена, на претставата "Пер Гинт", што од нивна страна било со задоволство прифатено. Заговорничката ја презела обврската за купување на билетите се со цел да се осигури дека во критичниот момент Тодор Паница ќе биде со неа во истата ложа. Така на 8 мај, вечерта двата брачни парови, Карничева и Јане Богатинов за време на претставата се сместиле во ложата број 2, од десната страна близу до сцената. По почетокот на претставата, Менча Карничева и го дала резервниот билет за друга ложа на Магдалена Бумбарова што специјално го купила за да ги отстрани Бумбарови од нивната ложа и откако и сопругот на Магдалена по извесно време заминал од таму, Карничева се нашла точно зад столицата на Тодор Паница. Од левата страна седела неговата жена, а десно Богатинов. Во моментот кога на сцената се одвивал делот кога Пер Гинт се враќал дома со коработ, се создала голема врева од музиката што го следела дејствието и тоа бил погодниот момент за атентаторката.
Часот бил некаде околу 10, кога користејќи ја темнината во салата, Менча Карничева го извадила револверот од чантата и истрелала два куршуми кон Паница. На излегување од ложата, истрелала уште пет куршуми, со кои покрај убиениот Тодор Паница, ги ранила и жена му и Богатинов. На излегување од ложата Карничева била фатена од еден прислужник, без давање на отпор, додека лекар ја констатирал смртта на Тодор Паница. При увидот направен од страна на официјалните австриски полициски власти, кај Тодор Паница биле пронајдени, револвер, извесна сума на пари и српски пасош со лажно име Димитар Арнаудовиќ. Атентаторката Карничева веднаш била затворена, но поради влошеното здравје до судењето била префрлена во еден санаториум.
Процесот против Менча Карничева започнал на 30 септември 1925 година, а за нејзини бранители од страна на ВМРО биле ангажирани едни од најдобрите адвокати во Австрија, д-р Рихард Пресбургер и д-р Игнац Курт Розенфелд. По судскиот процес на 2 октомври 1925 година била донесена пресудата, според која Менча Карничева за стореното дело се осудувала на осум години затвор. Меѓутоа од Врховниот суд во Виена таа била прогласена за неспособна да ја одлежи казната и по сила на тоа решение била ослободена и според пресудата и тамошните законски прописи, веднаш била екстернирана од границите на Австрија. По враќањето во Софија во 1926 година, Менча Карничева се венчала со лидерот на ВМРО, Иван Михајлов, со кого лично се познавала уште од порано.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Todor Panica bese osuden na smrt na Kystendilskiot kongres na VMORO, mart 1908 g. Posledniot ziv od Serskata grupa. Sto sakal si go polucil.
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
40
Поени од реакции
2
Нема врска с темава, но наследникот на Т.Паница Дими Паница - противаречива фигура. После пуцаньето по Папа јоан Павел ІІ, за бугарска следа прва заговорила журналиска, која работела у весник, раководен от Паница у Америка.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Убо....интересна приказна некоја варијаната на протокомунистички левичар кој се шуњал лево десно. Јеби га тоа е. Смрдливи Врховисти.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Da , sekoj si veruva sto saka.
Ne moze i sravnenie da pravim megu Sarafov i furnadziskata lopata Panica.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Татарчета не „харесваја“ ич овој Паницава не е доволно фашисто-врховист или од на Живков баграта.:tv:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
не е тајна дека сандански не го мирисал сарафов, иако улогава на сандански е од една страна против врховизмот, од друга страна против востание од трета пак заедно со врховистички чети сепак се приклучува во востанието во серскиот округ.
како и да пресметката меѓу десно и лево крило си зема данок, ВМК за време на сарафов не е орудие на бугарски двор, тоа станува со доаѓањето на цончев.
пред тоа можеби со несогласувања ама сепак сандански соработува со ВМК од кого и добива оружје а голем дел од логистиката е заслуга на сарафов кој претходно по европа крстосува да собере пари ( на пример динамитот за солунските атентатори и слично).
во тој контекст и наредбата за ликвидација на сарафов од сандански преку паница е во најмала рака историско двојбена.
 
B

Borg_Drone

Гостин
не е тајна дека сандански не го мирисал сарафов, иако улогава на сандански е од една страна против врховизмот, од друга страна против востание од трета пак заедно со врховистички чети сепак се приклучува во востанието во серскиот округ.
како и да пресметката меѓу десно и лево крило си зема данок, ВМК за време на сарафов не е орудие на бугарски двор, тоа станува со доаѓањето на цончев.
пред тоа можеби со несогласувања ама сепак сандански соработува со ВМК од кого и добива оружје а голем дел од логистиката е заслуга на сарафов кој претходно по европа крстосува да собере пари ( на пример динамитот за солунските атентатори и слично).
во тој контекст и наредбата за ликвидација на сарафов од сандански преку паница е во најмала рака историско двојбена.

Она што мене ме копка (односно не ми е несфатливо) во врска со Сарафов е следново:
Mакедонскиот и бугарскиот национален идеал
Мошне важно прашање за сите приврзаници на автономијата на Македонија, како и за нејзините противници, се јавува прашањето: кои се и што претставуваат Македонците што се борат за независноста на Македонија? Од кои луѓе се состои лагерот на приврзаниците на автономијата? Од чие име тие го поставуваат ова прашање? Кој стои зад нивниот грб во Македонија и на Балканот? Врз што тие ја засновуваат својата борба за македонскиот национален идеал? Кои се нивните непријатели во Македонија и на Балканот и дали движењето е национално или политичко?
На ова прашање Редакцијата на „Македонски глас“; одговара кратко, со зборовите на македонскиот борец за слобода Борис Сарафов: „Ние, Македонците, не сме ниe Срби ни Бугари, туку просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот. Ние им сочувствуваме и на едните и на другите, и на Бугарите; и на Србите: кој ќе го помогне нашето ослободување нему ќе му речеме благодарам, но Бугарите и Србите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.[1]
Овие зборови Б. Сарафов му ги рече на еден странски дописник што го интервјуираше кон крајот на 1903 година[2] и, велат, за таа своја македонска политика, наречена „македонски сепаратизам”, тој падна како жртва на убијците.
Личноста, дејноста и смртта на Борис Сарафов[3] се најдобриот одговор на прашањето што нас не’ интересира: кои се и што се Македонците и што сакаат тие?
Б. Сарафов по потеклото е Македонец што целиот живот и го посвети на борбата за ослободувањето на Македонија. До почетокот и дури и во првите години од својата револуционерна дејност тој се наречуваше, се чувствуваше Бугарин, а од 1903 година тој почна да се наречува себеси и своите соплеменици просто Македонци, т.е. не ги признаваше ни за Срби ни за Бугари.[4] Сарафов имаше многу непријатели и загина од раката на убијци во престолнината на Бугарија. Турската влада скапо ја уцени главата на Б. Сарафов, но тоа не му пречеше со своите четници вдолж и попреку да ја крстосува цела Македонија. И не во Турција и од турски куршум, туку во престолнината на Бугарија, од предавнички куршум падна тој за слободата на Македонија.
Го убија Сарафова и го заборавија, иако тој едно време се претставуваше како центар на македонското движење против Турците за ослободувањето на Македонија. Вистина, тој имаше непријатели сред раководителите на „Внатрешната македонска организација”,[5] а да не зборуваме за Централниот македонски комитет во Софија[6] раководен од ген. Цончев. Но Б. Сарафов беше идолот на македонскиот народ: и на селаните и на граѓаните. Тој беше претставникот на македонските идеали во странство, со каква што цел ги посетуваше европските престолнини, разговараше со претставниците на европскиот печат и дури ги посетуваше и дипломатските канцеларии. Б. Сарафов беше идеалниот борец за слободата на Македонија.
Сепак, каде е споменот за Б. Сарафов? Зошто за него не зборуваат веќе? Зошто тој толку брзо е заборавен и не се споменува сред Бугарите со чувство на признателност кон него?
Ботева Бугарите го креваат до небеси, а Б. Сарафова?
http://mk.wikibooks.org/wiki/%D0%9A._%D0%9F%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8_:_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B8_%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%B8

Инаку Сарафов е исто така човекот кој се погрижил повеќето примероци од книгата "За Македонцките Работи" да бидат запалени и да не бидат објавени, а исто така му се заканувал и на Мисирков.А писмово што е пишувано е пишувано во 1913 година, од страна на Мисирков.
И самиот вели дека на почетокот се сметал за Бугарин, но после тоа се опаметил.Вистинското прашање ми е, зошто Мисирков го става Тодор Паница во групата на убијци, наместо во групата на херои?
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Она што мене ме копка (односно не ми е несфатливо) во врска со Сарафов е следново:


http://mk.wikibooks.org/wiki/К._Пелски_:_Македонски_и_Болгарски_национали_идеали

Инаку Сарафов е исто така човекот кој се погрижил повеќето примероци од книгата "За Македонцките Работи" да бидат запалени и да не бидат објавени, а исто така му се заканувал и на Мисирков.А писмово што е пишувано е пишувано во 1913 година, од страна на Мисирков.
И самиот вели дека на почетокот се сметал за Бугарин, но после тоа се опаметил.Вистинското прашање ми е, зошто Мисирков го става Тодор Паница во групата на убијци, наместо во групата на херои?
Делчев беше тука. За да му дадам последен доказ дека не сум му наклонет на Цончев, иако сме биле другари по служба, јас му предложив да ги земе илјадата Манлихерки за внатрешноста, затоа што инаку ќе ги земат Цончевци.

Делчев беше на мислење дека треба да се започне легална борба против Цончев, да се бориме преку весници, а пак за тоа нема средства. Јас им реков дека не можам да стојам тука, и да гледам како луѓето на Цончев ќе се гаврат со нас, и ќе не тероризираат, а пак јас како баба да се борам само преку пишување во весници. Делчев и Ѓорче се согласија да заминам во странство, и да се потрудам, ако може да се набават средства. Тоа беше во крајот на септември 1901 година.

Во Будимпешта Сарафов се сретнува со претставниците на српскиот двор Балукчиќ и Симиќ, и со нив започнува преговори (Сарафов е првиот Македонски деец што започнал преговори со Србија). Тој веднаш ги предупредува Србите дека ВМОРО е вистинската Македонска организација а не ВМОК на Цончев
На прашањето што ќе се случи со Македонија ако евентално добие независност Сарафов им одговара: Јас им реков да бидат уверени дека кога ќе се воспостави автономна Македонија, веднаш ќе се формира најсилна партија, која ќе биде против анексијата (со Бугарија), од која страхуваат Србите. Им реков уште дека таа плејада борци за слободата на Македонија нема да плука врз своите принципи, оти Србија тогаш ќе излезе на море, бидејќи меѓу нас нема да има царински граници

По Илинденските случувања и Борис Сарафов стана жртва на фаталниот расцеп меѓу внатрешните струи. По несреќниот крај на Илинденското востание, во Серско се издели познатата група на санданистите кои во време на истото востание останаа настрана, не зедоа активно учество во него, а потем стасаа дотаму, што да им судат и да ги казнуваат противниците од другиот табор. На 11 декември 1907 год.(према едни извори) т.е. На 28 ноември 1907 година(шрема други извори) во Софија, заедно со И.Гарванов, бил убиен од Тодор Паница.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Najdov interesen tekst koj frla sosema druga svetlina na nastanite:

MEN^A KARNI^EVA I ALEKSA STOJMENOV JA PRIZNAVALE MAKEDONSKATA NACIONALNA ZASEBNOST!

Сопругата на Ванчо Михајлов, Менча Карничева, во својата статија Зошто го убив Тодор Паница (1926), никаде не споменува никакви Бугари или Македонски Бугари како жители на Македонија и секаде нашиот народ го именува како Македонци, а за Паница тврди дека од македонски револуционер, се престорил во бугарски полицаец и дека поради тоа решила да го ликвидира.
Денешниот големобугарски пропагатор Алекса Стојменов во своите статии крие дека своевремено бил суден како македонски националист.

Во врска со соборците на Ванчо Михајлов кои ја признавале македонската национална посебност ќе презентираме уште еден, според мене, сензационален податок. Сопругата на Ванчо Михајлов Мелпомена (Менча) Карничева (1900-1964) е позната по тоа што извршила атентат врз федералистот Тодор Паница (убиец на водачот на Илинденското востание Борис Сарафов). Атентатот, како што е познато, бил извршен на 8 мај 1925 година во виенскиот Бургтеатар. Подоцна Менча е осудена во виенскиот суд, но поради тешката болест е ослободена од затвор и е депортирана во Бугарија, каде во 1926 година се мажи за Ванчо Михајлов. Истата, 1926 година (29 јануари), во тогашниот ванчомихајловистички весник Независна Македонија објавено е сведоштво напишано од самата Менча во кое таа ги образложува причините што ја натерале да го ликвидира Паница. Нормално, поради тогашните политички состојби, таа одбегнува да ја спомене нејзината врска со ВМРО, па убиството го прикажува како нејзин самостоен акт, но она што е интересно за нас во овој текст се следните моменти:
- Никаде во подолгиот текст, буквално никаде, таа не споменува дека во Македонија живеат Бугари или македонски Бугари, туку секаде во текстот сосема јасно и децидно нашиот народ го именува како Македонци!
- На неколку места во текстот јасно пишува дека македонската борба треба да се одвива вон влијанието на Бугарија,а пиринска Македонија не ја смета како составен дел на Бугарија,туку ја именува како бугарска Македонија!
- Дава сведоштва за Тодор Паница, кои се во спротивност со ставовите за овој деец кај голем дел од нашата досегашна официјална историографија. Помеѓу другото таа сведочи дека Тодор Паница: имал легално издаден пасош од кралска Југославија (која тогаш на големо ја тероризирала вардарска Македонија) на име Николиќ (татко му се викал Никола) и имал посебни документи издадени од југословенскиот режим за слободно движење на територијата на јужна Србија; дека одржувал постојана врска со просрпски ориентираните контрачети - составени од Македонци во служба на големосрпскиот режим, чија главна цел била денационализација и посрбување на Македонија, поради што вршеле тероризирање на македонскиот народ - Паница од Виена се допишувал со некои од овие контрачетници и заедно ги насочувале акциите, а дома имал и фотографии од нивните чети; дека српските весници од тоа време отворено го величеле Паница како: борец против Македонскиот комитет, кој поради тоа честопати престојувал во Србија и тоа во хотел во Белград; дека имал одлични односи и со грчката влада и честопати слободно престојувал во Грција поради неговите активности против Македонскиот комитет (како доказ споменува негова фотографија од Атина)и т. н.

prodolzuva:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom