Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
Јас од тебе да бидам раскринкан? За кои „читанки“ збориш....Зоки Поки ја немаш читано...Откако 100% те раскринкав на темата за политичките случувања во Македонија, сега се пробуваш тука, ничим изазван (шо викат србендите) да исправаш криви дрини, кој каков бил, а за „чудо“ не користиш никакви аргументи за да ги поткрепиш твоите етикетирања и расфрлања со навреди. Мада не ме чуди, толку е очигледно кај тебе уште кога ќе те прочита човек знае дека капацитетот на познавање за историските ликови и процеси ти е copy-paste т.е. ти се сведува по шаблон од комунистичките историски читанки.
Е сега од почеток... еден постар пост за тоа како странските современици на Тодор Александров, навистина го доживеале без да имаат ни најмала причина да бидат pro или contra Тодор ставови, бидејќи не биле директно засегнати од неговото дејствување.
Ако ова не ти е доволно, еве на каков став за Тодор бил корифејот на македонската револуционерна борба Даме Груев:
Ако и ова не ти е доволно, ајде да видиме што мислел гемиџијата Павел Шатев и прв министер за правда на Македонија, како благодарност за помошта во доставувањето на динамитите во Солун 1903:
И ова ако не ти е доволно, демек Шатев анти-југословен и анти-Титовист, зошто гледам дека си југословенски воспитаник, ајде да видиме што изјавил генерал Михајло Апостолски и за чија смрт на негов соселанец жалело неговото семејство:
„Додека бев на школување во Белград, во едно писмо мајка ми ми пишуваше дека Тодор Поп Орушов е убиен и дека тие се во голема жалост.“ (М. Апостолски за убиството на Тодор Александров)
Цела среќа што во спомените го запишал со неговото дедово презиме Поп Орушов, па така овој податок останал нецензуриран од воспитаниците на црвената буржоазија во служба на Тито и УДБа.
Величина на Тодор Александров е во неговата саможртва, посветеност и пред се бескомпромисност во идеалот за слободна Македонија. Таа бескомпромисност е мисловна именка за вас комуњарите и љубители на ликот и делото на Лазо и Темпо или по ново Бранко и Зајко, па затоа животот ќе го помините во лепење етикети преку тастатура. Неговата бескомпромисност најдобро се гледа преку следната реченица:
"Јас не сум господин! Друг пат да не ме нарекуваш господин, јас си имам име! Господини се оние, коишто на зелената маса ја разделија Македонија!" - Т. Александров.
Е сега кога се расфрлаш со етикети и навреди од типот на Врховисти, Бугарофили, Татари, а со тие отровни стрели нишаниш кон голем број почитувачи на ликот и делото на Тодор, мислам дека треба да те потсетам дека, не се расфрлаше со такви стрели кога идолот твој св. Зајко Муртински, потпишуваше договори со Бугарија, туку напротив релативизираше. Тој договор ти предвидува:
1. Кревање на споменик на Константин Каварналиев, роден во Шумен, Бугарија и како бугарски генерал-мајор испратен по задача во Македонија, да војува за време на Прва светска војна. Е сега не ти смета ова (барем нигде досега невидов твоја реакција, исправи ме ако грешам), а ти смета глорифицирање од Македонци на човек роден во Македонија, кој по свое убедување без да биде пратен од никој се борел за интересите на Македонија, пред се. Дури и твојот „ослободител“ од режим со пенкало, не знае правилно да го изговори Каварналиев, а сигурен сум дека не знае ни на кој поставува споменик, бидејќи тој само спроведува наредби на тие кои го донесле на власт и кои му дале бланко-подршка за спроведување договори, кои предвидуваат споменици, иако самиот беше за иднина, наместо споменици.
2. Исто така, не видов никаде дека ти смета заедничко славење со Бугарите на Александров, ама ти смета кога само Македонци го слават и во овековечуваат Александров. Во иднина кога се служиш со вакви двојни стандарди, биди барем малце поумерен во навредите кон Александров, зошто можи да не скараш со нашите соседи и пријатели Бугарите, како што вика Заев.
ПС. И да не останиме само на цитати и зборови, него да споменеме и нешто за делата на Тодор Александров. Доволно е само за Мајскиот манифест да споменеме, кој имал за цел да ги обедини сите македонски организации (без разлика дали леви или десни) во периодот меѓу двете светски војни, со цел да стави крај на братоубиствената војна помеѓу Македонците, преку нивната заедничка цел ослободување и независност на Македонија. Зошто и од кој бил убиен Александров, кога станал обединувачка алка на целата македонска интелегенција, е прашање на кое може да се дадат 1000 одговори.
Последен муабет шо го иам праено со тебе - еве ќе стаам два линкови (ако некој нема попаметна работа да чита) - искрено, мислев дека си се самоубил после тоа - те снема, мислев у океан си се џитнал....не е битно.
https://forum.kajgana.com/threads/Криминалци-и-криминални-групи-во-МК.78505/page-164#post-8552383
За темата „случувања“, само ќе ти кажам дека не ми се сложува со општиот концепт. Работам во научно-истражувачка дејност и тоа ми одзема многу време, а бев премногу пати баниран и целосно се оддалечив....отварам од време на време и има што да се види - оној М'ќи од „Религија“ е прва виолина (чоекот е со некое растројство и повеќе му треба помош отколку форум), онда џокса менталниот и пар будали курајбери шо работат за избори сеа.
За директниот нарачател на убиството на Ѓорче Петров....неам шо да дискутирам.
Десет пати „мењал страни и мислења“, а цело време работел во корист на бугарскиот двор. Во ниедна историска читанка нема дилема околу неговата големо-бугарска улога, врските со дворот, а неговото величање во Северна е надреално како после 100 години во Србија да се појават....не, грешка, во Австралија да се појават избегани Срби, што ќе го слават Харадинај како борец за независно Косово. Автономистичката ВМРО, не е ни ВМРО - тоа е тројанскиот коњ, кој само вморонските современички глуперди немаат ментален капацитет да го согледаат....и Аљи се бори за Македонија.....ама за каква, ваљда ши птарска, учкарска? Ако јас се држам као пијан за плот за неговите „ловења на сентимент“ во државата во која србите правеле асимилација и немал реално што да понуди автентично - тоа ако не можете да го препознаете - што даље да дискутираме...
Има Ѓорче една многу добра книга, ама не си по читањето и тешко дека можеш во Австралија да ја набавиш...
И не ми паламуди за муртинецот - исти говна сте....да разбираше ти „комунизам“ и пар изрази тамо со кои мислиш дека ќе ме навредиш, гадно си се заебал. Комунистичката доктрина во своите начела го одобрува и поддржува правото на национално самоопределување, за разлика од крадачково робовладетелство кое покрај економско ропство, манипулира и со културни и идентитетски чувства. Пак ќе го земам примерот со Косово - дали тргна отцепувањето со незадоволство на локални ши птари или државата Албанија тргна во отворена агресија да си ја земе територијата? По истата рецепта, овој шутраков шо идел по вечери, продавал романтизам, а на терен ја десеткувал македонската интелигенција. Некој горе ме прозва дека и у времето на СФРЈ било спроведувано истото - никој не го негира тоа. Преовладала друга идеја....и немам збор против да се рехабилитира Ченто, Павел Шатев....збор лош немам напишано, ама за вакви џелати и крвници - не ми се ни дискутира.
К** не разбирате ни од геополитика, ни од историја....мислите дека со некој непроверен цитат од непроверен лик дека ви добиваат постовите на тежина и елоквентност, а кромид у уши ви расте. Само да ја илустрирам уште еднаш твојата надреална егзистенција - имаш руско знаме и грб (кој курац е тоа) у аватар - целата фрустрација, политичка активност и масакрирање на македонско население и револуционери на „херојов“ е плод на желбата за повраток на територии кои Бугарија ги изгубила после Втора балканска војна, а границата на раздвојување е авторство на руски дипломати и тоа во корист на победниците и миленици на Русија на Балканот - Србија и Грција. Кое фајде го виде ти од твоите руси у дадената ситуација за на ѕид да ги закачиш? Ни тогаш не не есапеле, а ништо повеќе и сега...