Тодор Александров

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Како бе може Ванчо Михајлов да биде виновен за атентатот на Тодор Александров не ми е јасно,кога истиот тој Ванчо го гледа Стариот како божество ?!?!?!

Дајте бе не тресете зелени,срамота е во доба на интернетот да не читате книги кога се е стокмено во интернет просторот.

Ванче никогаш не се осмелил да му наштети на Стариот бидејќи истиот тој Стариот бил уважуван од цела Европа и слободно шетал по Европа,се борел за Македонија со пушка,но и со перо во раката.

Според моето досегашно читање и според моето резонирање на работите,како прв виновник би го сместил токму Протоѓеров како личен пријател на Алеко Пашата бидејќи и двајцата се левичари,комунисти.

Алеко Пашата поради своето големо его,својата тврдоглавост и самостојно “работење“ во име на Организацијата,а против правилата и статутот на истата,често пати е предупредуван од луѓето блиски на Т.А за тие негови каприци,за неговите соработки со Коминтерната,со србите и русите,доаѓа до идеја да го ликвидира Стариот за да не му се меша во неговата “дејност“ а со тоа и да и ја отсече главата на Македонија бидејќи комунистите во тоа време ги интересирало воглавно власт,пари и моќ,нешто како неговиот ментор Јани Сандански,од кого многу научил околу таа работа.

Протоѓеров во моментот на ликвидацијата на Александров наводно паднал во несвест што не е точно,туку “избегал“ во блиската шума,но тоа било само дел од планот на Алеко пашата за да се сокрие нивната соработка.


И Т.А лично не го потпишал Мајскиот манифест,затоа и се откажал од потписот.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.159
Како бе може Ванчо Михајлов да биде виновен за атентатот на Тодор Александров не ми е јасно,кога истиот тој Ванчо го гледа Стариот како божество ?!?!?!

Дајте бе не тресете зелени,срамота е во доба на интернетот да не читате книги кога се е стокмено во интернет просторот.

Ванче никогаш не се осмелил да му наштети на Стариот бидејќи истиот тој Стариот бил уважуван од цела Европа и слободно шетал по Европа,се борел за Македонија со пушка,но и со перо во раката.

Според моето досегашно читање и според моето резонирање на работите,како прв виновник би го сместил токму Протоѓеров како личен пријател на Алеко Пашата бидејќи и двајцата се левичари,комунисти.

Алеко Пашата поради своето големо его,својата тврдоглавост и самостојно “работење“ во име на Организацијата,а против правилата и статутот на истата,често пати е предупредуван од луѓето блиски на Т.А за тие негови каприци,за неговите соработки со Коминтерната,со србите и русите,доаѓа до идеја да го ликвидира Стариот за да не му се меша во неговата “дејност“ а со тоа и да и ја отсече главата на Македонија бидејќи комунистите во тоа време ги интересирало воглавно власт,пари и моќ,нешто како неговиот ментор Јани Сандански,од кого многу научил околу таа работа.

Протоѓеров во моментот на ликвидацијата на Александров наводно паднал во несвест што не е точно,туку “избегал“ во блиската шума,но тоа било само дел од планот на Алеко пашата за да се сокрие нивната соработка.


И Т.А лично не го потпишал Мајскиот манифест,затоа и се откажал од потписот.
Темава е за дискусија така да се е дозволено.И Вида (секретарката на Ванчо) вели дека Ванчо не би го направил тоа.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Темава е за дискусија така да се е дозволено.И Вида (секретарката на Ванчо) вели дека Ванчо не би го направил тоа.

Вида лично ја познавам и е супер женичка,секогаш искрена и реална.

На таа тема имаме разговарано и ми велеше често дека баи Ванче го гледал Стариот како негов духовен водач,дури ни на сон не сакал да го повреди.Е до толку се почитувале двајцата,тоа што комунистите на Јане Сандански како нивен духовен татко кренаа рака на најсветото нешто што го родила Македонија секогаш ќе ги прогонува
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Никој од наведените “фактори“ немал моќ на индивидуално одлучување и моќ да промени нешто позначајно. Работите биле поставени и фиксирани со Нејскиот и Версајскиот договор. Границите биле тогаш повлечени, исцртани и такви се до ден денешен (во однос на меѓународните граници - внатрешните граници се променија колку што гледаме на примерот на Југославија).
НИКОЈ не можел (и не може) да влијае на промена на фактичката состојба - ни Т. Александров, ни подоцна Тито - никој. Затоа се толкави притисоците врз постоењето на самостојна Македонија - затоа што важноста на тие договори истекува после 99 одн. 100 години. Не е важен Букурешкиот договор како што не замајуваат, туку овие два, поточно Версајскиот договор кој е последен. А во правниот систем важиедно правило : “правна сила има само последниот договор, со него се опфаќаат правно сите претходни, а оние делови/членови кои не се во согласност со последниот правен акт (договор) се прилагодуваат (или поништуваат) кон хронолошки последниот правен документ , никако не се прилагодува последниот документ кон претходниот (освен кога се работи за уставот каде секој нов закон треба да биде во склад со уставот кој пак хронолошки е најстар правен документ на една држава).
Ете затоа никој не можел да менува граници, да формира независни држави мимо договорот на големите сили.
Тито не водел сметка за тоа, или не бил правно информиран доволно и затоа во Јајце Македонците не биле повикани (освен можеби како набљудувачи) - едноставно Тито не мислел дека Македонија ќе биде во состав на Југославија туку самостојна во нејзините етнички граници. Македонија имала респектабилно партизанско движење во двата дела на Македонија што се покажало на дело во 1944 - бидејќи Македонија сама се ослободила, а Југославија ја добила “на тацна“ без труд и жртви. Движењето било исто моќно и во Егејска Македонија и доколку не било спречувано од сите и тој дел ќе бил обединет, а пак Пиринскиот дел по право ќе и припаднел на новата македонска држава бидејќи Бугариа била на страната на поразените (по правило требало и репарации да исплаќаат Бугарите).
Но на Јалта границите биле фиксирани/договорени на постојната состојба (не бил направен договор кој тоа го менува) и така ние Македонците сме си останале вака како што сме, а за да бидеме мирни (партизаните не биле сеуште разоружани :) ) ни дале признавање, рамноправност и автономија како и на другите републики.Дурии првиот АСНОМ не бил планиран за федерација, па морале да прават втор АСНОМ за да го корегира тоа :) Затоа било стрелањето на Кале, затоа македонските борци во Егеј биле “пуштени низ вода“, затоа биле отстранувани на било каков начин македонските патриотски раководни кадри кои се спротиставувале на таквото свртување од првиот, македонскиот АСНОМ,затоа од Пиринска Македонија сме биле заградени со “железна завеса“ и покрај првичните промакедонски промени и т.н. ...
Промени на границите можело да има само “во пакет“, односно кога цели држави влегуваат во федерации и конфедерации, та затоа Тито се носел со идеја за “Балканска федерација“, но ни тоа не го дозволиле (тоа, а и случајот со Пиринска Македонија е донекаде последица и од разделувањето со Коминтерната).
Ете затоа Тодор Александров немал никакви легални шанси да опстане со независна држава и понајмалку да биде таа меѓународно призната (напротив, како во случајот со Егејска Македонија дваесетина години подоцна, многу веројатна би била и воена интервенција меѓународно иницирана, поддржана и потпомогната против Александров).
Малку можеби се расплинав, ама сакав да ви покажам како функционира западниот свет. Тие може да уништуваат цели држави,да прават геноцид, но сето тоа го прават да биде формалноправно покриено и цврсто се држат за тоа, поготово од послабите бараат строго да се придржуваат кон НИВНИТЕ (сиц!) договори (но истите тие може да не се придржуваат до нив или да ги заобиколуваат).
Ете и затоа сите се спремаат за трета светска војна - времето на старите договори поминува, а нови договори по нивни кеф и во нивни интерес тешко повторно да успеат да направат. Се јавуваат нови светски сили со свои интереси од кои не отстапуваат и кои сили не се прелажуваат лесно како порано. Мислат дека целта ќе ја остварат со нова војна (да беа сигурни во победата досега ќе ја направеа веќе), но сепак мислам дека тешко ќе им оди дури и со војна и тешко ќе биде да се врати тркалото на историјата...
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.963
Безвременска за најголемиот меѓу најголемите!

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Тортура за уши и ум, за најголемата врховистичка свиња, џелат и убиец на вистинските Македонци и вистинското ВМРО, од пискавите пубертетлиски гласчиња на форсираните вморонски копиљаци, а величани од русифилското избеглиштво у Австралија....све сама превара, цел живот ви е една мизерна лага...цел живот прдите у шупља тиква и палите кандило на ѓаолот, ретардоси врховистички...татарски...

 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970


Еве патриотиве успеале да стигнат до внукот на Тодор Александров (мислам дека и он се вика Тодор, третиот од десно), внук од син (Александар Александров), нека го прашаат него што бил дедо му и за што се борел?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.159
Тортура за уши и ум, за најголемата врховистичка свиња, џелат и убиец на вистинските Македонци и вистинското ВМРО, од пискавите пубертетлиски гласчиња на форсираните вморонски копиљаци, а величани од русифилското избеглиштво у Австралија....све сама превара, цел живот ви е една мизерна лага...цел живот прдите у шупља тиква и палите кандило на ѓаолот, ретардоси врховистички...татарски...

Леле друже олабави малку еј за УЧК да направеа песна немаше да си си надркан како сега.Што е право па државата со нашите пари му снимаше песна на едно албанче за Адем Јашари па верувам дека не си бил изреволтиран како сега.Дечкиве со приватни пари можат да снимаат песна и за Васил Левски или Никола Пашиќ.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Леле друже олабави малку еј за УЧК да направеа песна немаше да си си надркан како сега.Што е право па државата со нашите пари му снимаше песна на едно албанче за Адем Јашари па верувам дека не си бил изреволтиран како сега.Дечкиве со приватни пари можат да снимаат песна и за Васил Левски или Никола Пашиќ.
Мислам дека доволно долго се знаеме и имаш претстава барем отприлика каков став имам за ш иптарската иридента, мислам дека нема потреба дополнително да ти докажувам....а ако треба, има други теми, пошо и самава песна е офтопик.

Не си во право за тезата дека "со приватни пари можеш и за Хитлер песна да пееш". Има идеологии и политики кои не смеат да се рехабилитираат. За комунистичката партија која де факто ја формираше првата македонска држава, со име, јазик, народ, самоопределување и светско признавање, се зборува како за црна сотона. Од друга страна, нивоата на грешност на ликови што седеле во скут на бугарскиот цар, утепале пола македонска интелектуала у време кога на прсти се броеле, и бесрамно се рехабилитираат....епа немојте да плачете после кога ви рехабилитираат балисти, пошо на иста страна се бореле - против народов македонски.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Леле друже олабави малку еј за УЧК да направеа песна немаше да си си надркан како сега.Што е право па државата со нашите пари му снимаше песна на едно албанче за Адем Јашари па верувам дека не си бил изреволтиран како сега.Дечкиве со приватни пари можат да снимаат песна и за Васил Левски или Никола Пашиќ.
Васил Левски бил Србин, а не Бугар.
А тоа што Бугарите крадат од кој стигнат на Балканот, е друга работа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Васил Левски бил Србин, а не Бугар.
А тоа што Бугарите крадат од кој стигнат на Балканот, е друга работа.
Ако не постоел Левски немало да постои ниту ВМРО и целата идеологија што произлегува од Организацијата, немало да постои ни - Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помеѓу народите...

Ти си типичен пример зошто на комунистичката партија се гледа ко на црна сотона. Цела држава направија од лаги и измислици.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
696
Поени од реакции
1.554
За Тодор Алексадров, како и за Гоце Делчев, има песни. Историјата све памети и бележи.
Во периодот по убиството на Тодор Александров, значи од 1924 до 1941 во Бугарија, меѓу македонските емигрантски маси, тој бил најомилен и најреспектиран македонски деец.
Неговата фотографија била присутна на сите на прослави и на сите собири на македонските емигрантски манифестации, како неизбежна иконографија, далеку пославен од Гоце Делчев.

Без разлика, сакале ние или не да го признаеме , Тодор Александров бил најголема величина и уживај најголем авторитет во организацијата. Сите го почитувале и протогеровистите и михајловистите. Го чуствувале како најголем авторитет, душа на организацијата, водач што се грижел за сите морални кодекси и за отстранување на сите негативности и посегања врз огрганизацијата.
Не е ни чудно толку години кај нас од 1991 навака ретко некој да знаеше за него , дури и ни во училише не се учеше за него а сепак бевме независна држава.

. . . . . . . . . . . . . .. . . . .. . . . . . . . . . . . . . . . .
Погоре еден член имаше пишано пишано песната за Тодор Алексадров била омаловажување на ликот на Гоце Делчев. Не е точно. На следнава слика се гледа јасно благодарница на Тодор Александров до Чаков за чувањето на коските на Гоце Делчев.
dokument-cakov.jpg

Превод.
Пријатен долг ми е да Ви искажам голема благодарност од името на другарите – борци за независноста на Македонија и од мое име, за родољубивата идеја да ги најдете и приберете светите коски на нашиот предводник и голем учител – Гоце Делчев, еден од основачите на ВМРО и за вашата грижа да ги чувате како светии во вашиот дом, со што сте заслужиле признание на денешната воинствена и утрешна независна Македонија.
Т. Александров.
„Ги заколнуваме поколенијата да настојуваат светите мошти да бидат погребани во столицата на Независна Македонија“

............ . . .... . . .. ................. . . . . .....................
Друга работа кога сме кај Тодор. Велат Тодор Александров убил 100 стотици души. Членот погоре имаше пишувано како на негоба наредба биле убиени стотици интелектуалци од Македонија.
Сите учевме дека по негова наредба бил убиен Ѓорче Петров. Океј. Денес никој не се прашува по втората светска војна нашата комунистичка власти- Тито , Колишевски, Страхил Гигов, Крсте Црвенкоски- колку луѓе убиле тие ?
Никој не се прачува ?! А,тие се народни херои, споменици им изградивме, не се чепкаат, некој од нив уште се живи, имаат големи пензии. Никој не се прашува колку луѓе се осудени на Голи Оток, колку биле стреални и убиени , и колку биле испратени Идризово.
Тука не се прави никаква паралела.
Кој е на власти, тој го диктира правецот на историјата и диктира какви споменици треба да се градат.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.963
Тортура за уши и ум, за најголемата врховистичка свиња, џелат и убиец на вистинските Македонци и вистинското ВМРО, од пискавите пубертетлиски гласчиња на форсираните вморонски копиљаци, а величани од русифилското избеглиштво у Австралија....све сама превара, цел живот ви е една мизерна лага...цел живот прдите у шупља тиква и палите кандило на ѓаолот, ретардоси врховистички...татарски...

Откако 100% те раскринкав на темата за политичките случувања во Македонија, сега се пробуваш тука, ничим изазван (шо викат србендите) да исправаш криви дрини, кој каков бил, а за „чудо“ не користиш никакви аргументи за да ги поткрепиш твоите етикетирања и расфрлања со навреди. Мада не ме чуди, толку е очигледно кај тебе уште кога ќе те прочита човек знае дека капацитетот на познавање за историските ликови и процеси ти е copy-paste т.е. ти се сведува по шаблон од комунистичките историски читанки.

Е сега од почеток... еден постар пост за тоа како странските современици на Тодор Александров, навистина го доживеале без да имаат ни најмала причина да бидат pro или contra Тодор ставови, бидејќи не биле директно засегнати од неговото дејствување.

Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: “Тодор ќе минува оттука.“

( генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год.)


Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање

(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)


Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.

(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1024 год.)

Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.

(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)


Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот ме”у сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.

(Париски Журнал, септември 1923 год.)

Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.

(Од Спомените на професор Ханс Јубербергер)

Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега го разбираме смисолот на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит и благослов го шепоти името на “СТАРИОТ” на верниот свој водач. А за младите: ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот.

(Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943)

Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина

Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.

(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)

Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.

Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор

(Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 год.)
Ако ова не ти е доволно, еве на каков став за Тодор бил корифејот на македонската револуционерна борба Даме Груев:

Во редовите на организацијата влегуваат нови, свежи сили, кои ќе ги надминат своите учители. Меѓу многуте, ќе го споменам името на само еден од нив: тој е Тодор Александров - слабото даскалче. На изглед никој не би се посомневал дека во таа женствена надворешност се крие револуционер по душа, одличен организатор со цврст карактер и челична волја. Скромен, разумен и тактичен, познавајќи ја одблиску народната душа и болка, тој доминира на народните маси. Строг, пред се кон себеси, тој е роден за народен водач. На него се полагаат големи надежи...

— Даме Груев, Сè за Македонија, Зборникот документи за Тодор Александров
Ако и ова не ти е доволно, ајде да видиме што мислел гемиџијата Павел Шатев и прв министер за правда на Македонија, како благодарност за помошта во доставувањето на динамитите во Солун 1903:

Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободувањето.

Шатев, П., „В Македонија под робство“, Софија, 1983, трето издание
И ова ако не ти е доволно, демек Шатев анти-југословен и анти-Титовист, зошто гледам дека си југословенски воспитаник, ајде да видиме што изјавил генерал Михајло Апостолски и за чија смрт на негов соселанец жалело неговото семејство:

„Додека бев на школување во Белград, во едно писмо мајка ми ми пишуваше дека Тодор Поп Орушов е убиен и дека тие се во голема жалост.“ (М. Апостолски за убиството на Тодор Александров)

Цела среќа што во спомените го запишал со неговото дедово презиме Поп Орушов, па така овој податок останал нецензуриран од воспитаниците на црвената буржоазија во служба на Тито и УДБа.

Величина на Тодор Александров е во неговата саможртва, посветеност и пред се бескомпромисност во идеалот за слободна Македонија. Таа бескомпромисност е мисловна именка за вас комуњарите и љубители на ликот и делото на Лазо и Темпо или по ново Бранко и Зајко, па затоа животот ќе го помините во лепење етикети преку тастатура. Неговата бескомпромисност најдобро се гледа преку следната реченица:

"Јас не сум господин! Друг пат да не ме нарекуваш господин, јас си имам име! Господини се оние, коишто на зелената маса ја разделија Македонија!" - Т. Александров.

Е сега кога се расфрлаш со етикети и навреди од типот на Врховисти, Бугарофили, Татари, а со тие отровни стрели нишаниш кон голем број почитувачи на ликот и делото на Тодор, мислам дека треба да те потсетам дека, не се расфрлаше со такви стрели кога идолот твој св. Зајко Муртински, потпишуваше договори со Бугарија, туку напротив релативизираше. Тој договор ти предвидува:

1. Кревање на споменик на Константин Каварналиев, роден во Шумен, Бугарија и како бугарски генерал-мајор испратен по задача во Македонија, да војува за време на Прва светска војна. Е сега не ти смета ова (барем нигде досега невидов твоја реакција, исправи ме ако грешам), а ти смета глорифицирање од Македонци на човек роден во Македонија, кој по свое убедување без да биде пратен од никој се борел за интересите на Македонија, пред се. Дури и твојот „ослободител“ од режим со пенкало, не знае правилно да го изговори Каварналиев, а сигурен сум дека не знае ни на кој поставува споменик, бидејќи тој само спроведува наредби на тие кои го донесле на власт и кои му дале бланко-подршка за спроведување договори, кои предвидуваат споменици, иако самиот беше за иднина, наместо споменици.


2. Исто така, не видов никаде дека ти смета заедничко славење со Бугарите на Александров, ама ти смета кога само Македонци го слават и во овековечуваат Александров. Во иднина кога се служиш со вакви двојни стандарди, биди барем малце поумерен во навредите кон Александров, зошто можи да не скараш со нашите соседи и пријатели Бугарите, како што вика Заев.

Борисов: Тодор Александров може да биде причина за радост и во Скопје и во Софија

https://pogled.mk/video-borisov-todor-aleksandrov-mozhe/
ПС. И да не останиме само на цитати и зборови, него да споменеме и нешто за делата на Тодор Александров. Доволно е само за Мајскиот манифест да споменеме, кој имал за цел да ги обедини сите македонски организации (без разлика дали леви или десни) во периодот меѓу двете светски војни, со цел да стави крај на братоубиствената војна помеѓу Македонците, преку нивната заедничка цел ослободување и независност на Македонија. Зошто и од кој бил убиен Александров, кога станал обединувачка алка на целата македонска интелегенција, е прашање на кое може да се дадат 1000 одговори.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Доволно е само за Мајскиот манифест да споменеме, кој имал за цел да ги обедини сите македонски организации (без разлика дали леви или десни) во периодот меѓу двете светски војни, со цел да стави крај на братоубиствената војна помеѓу Македонците, преку нивната заедничка цел ослободување и независност на Македонија.
А зошто тој (и Протуѓеров) се откажува од потписот?
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Се откажуваш од потписот и договорот секогаш кога ќе видиш дека договорот е изменет, или кога ќе видиш дека тоа не е она за што ти си се договарал и залагал. Најчесто се случува во вакви договори кога се уфрлаат агенти/платеници за да се сработи договорот во нечиј интерес, или луѓе со кои не можел да потпише договор.
Или кога ќе видел дека потпишал едно, а во пракса се обидува во негово име да се прави нешто друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom