Тоа што не го знам - нема да ме боли?

Член од
16 ноември 2007
Мислења
430
Поени од реакции
6
znaenjeto e prokletstvo. sakas da znaes ama koa ke doznaes se kaes sto si prasuval zosoto vistinata nekogas boli. najdobro e ne kazuvaj ne prasuvaj. ni ti ke se nerviras ni ona.
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Многу пати го имам слушнато ова,а и неколку пати прочитано и низ форумов.

Значи дали е така?Дали работите кои не ги знаеме,кои ги крие партнерот од нас (без разлика дали е неверство,некоја крупна лага и слично) не не повредуваат?Дали е подобро некои работи партнерот да ги чува за себе (како на пример - некоја девојка/дечко му се припуштавал,флертувала со него) или сепак треба се да биде споделено меѓу партнерите?
Работите кои не ги знам секако дека не ме повредуваат, се додека не ги дознаам (ако дознаам). Такви работи како шмекање и пуштање од некоја девојка сам ми ги кажува, не го терам јас. А и не би сакала да дознаам од друг дека некоја му се пуштала, пубаво од него да дознаам па потоа да си се изнасмееме (затоа што тие што му се пуштаат тој ги зафркава :) сум била присутна во некои такви моменти и баш е забавно :) замисли бе пред мене му се пуштаат хаха :)). А ако и се пушта тој на некоја фала богу дека тоа нема да ми го каже (уствари не знам може да ми каже,пошто е многу искрен се ми кажува и без да го прашам) а и секако ќе дознаам одма, мал е градов се` за секого се знае.


Дали вие криете работи,т.е дали се водите според оваа реченица и дали ви се има случено да преќутите некоја ваква поголема и покрупна работа?

Дали преферирате партнерот да не ви кажува се?Дали пре би избрале да ве излажат и да ве преќутат отколку да дознаете што е навистина?
Не кријам некои покрупни работи од партнерот. Додуше не кријам ни ситни, ако ме праша му кажувам, а и не се случува да се деси нешто големо и гадно за да преќутам. И да се случи ќе му кажам.

Инаку како што кажав погоре партнерот сам ми кажува што се случува и како се случува, а и не би сакала да не ми кажува. Подобро да ја дознаам вистината отколку да живеам во лага.


И на крај дали преферирате да имате навидум,надворешно совршена врска,со тоа што партнерот ќе крие работи од вас и ќе ви преќутува за неговите/нејзините излети или попрво би се одлучиле за сурова искреност која би значела тешка криза или евентуално крај на врската?

Значи во овој случај не станува збор вие да насетувате нешто па да се правите слепи,туку кога ве лажат,а вие не знаете за тоа.

Попрво би се одлучила за сурова искреност отколку, како што кажав погоре, да живеам во лага. Подобро е да дознаам некои работи од него, а не од други. Затоа што ако се деси нешто големо подобро ќе биде да ми го каже тој (тогаш би размислила дали ќе останам со него), отколку да ми го каже тоа некој трет кое што би резултирало со крај на врската (претпоставувам).

Навистина,дали тоа што не го знаеме,нема да не боли и повреди?
Тоа што не го знаеме нема да не повреди, се додека не го дознаеме (ако го дознаеме).
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.911
Поени од реакции
11.265
Ај прочитај што напиша...да се каже или крај на врската? Како ке ставип крај,по кој основ? Ако ништо не се десило т.е ако ти знаеш дека ништо не се десило?Башка одговоров твој ептен бега од прашањето на темава
Glej ne da se kaze ili kraj na vrskata toa ne e logicki:) Mislev ako e nesto poseriozno u stil me izvarala ili nesto slicno bi sakal da go znam toa bez razlika kakvi ke bidat posledicite dali ke sleduva kraj na vrskata ili prostuvanje ili bilo sto. Znaci poveke bi sakal da znam otkolku da bide skrieno od mene toa.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас преферирам да ми каже се, па што биде нека биде.Секако дека порано или покасно јас ќе дознаам (бидејќи живеам кај што секој за секого се знае и ништо не можеш да скриеш) така што подобро да слушнам од него отколку од некој друг.Затоа што ако слушнам од него постојат шанси да му простам ама ако слушнам од некој друг и тоа да е вистина е тогаш се сомневам дека некогаш ќе му простам. И познавајќи се себеси знам дека ќе престам и да зборувам со него.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Тоа што не го знам нема да ме боли да. Ама ако го дознаам од други не само мене што ќе ме боли, туку и него. :)

Некои работи сепак треба да си се чуваат за себе. Ако тоа се однесува на двајцата подобро да го дознаам од него, барем ќе седнам да разговарам и мирно да најдам некое решение или компромис. Ако го дознаам од некој друг воопшто и не ни помислувам да разговарам.

Повеќе сакам несоврешена врска. Не верувам во совршенства и онака, а тек па во совршени врски. Секој си има свои маани и доблести. За доблест го сметам прифаќањето на сите тие маани. Сите излети надвор од врската ги сметам за крај на таа врска, ако би ја нарекла и така воопшто.

Кога некој ме лаже, како некоја чудна маана ми е тоа, па си осеќам и некако секогаш успевам да ги фатам во лага. И нормално ништо тогаш не помага.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дека не мора баш секој детал да биде споделуван,не мора.
Ама не сакам ни преќутување за покрупни работи,затоа што и онака ќе ги дознаам од негде.
На пример,во последно време од страна многу ми ја пунат главата,со наводни неверства,теории на заговор,кои не верувам дека се случиле,па низ насмевка викам тоа што не го знам - нема да ме боли.Нема да боли,бидејќи не знаеш,ама кога ќе дознаеш е тоа е многу лошо и тогаш боли како а те исекле со нож.
Сепак мислам дека таа реченица претежно се кажува од страв: Едноставно луѓето мислат дека ако не дознаат нема да бидат повредени што до некаде е точно.
Но,кога ќе излезе вистината на видело...тогаш доаѓа тешкото.
 

Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
ахх ако не знаеме нема ни што да не боли, лошо е ак одпосле дознаеме...

Иначе не практикувам ова..

Се што е нека се кажува па сега силни сме сите онолку колку и самите сугестивно си кажуваме дека сме , ке издржиме...:):):)
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Одма му кажав на дечко ми дека „што не знам - не боли“. Си го знам карактерот и знам дека и да не му значи на него нешто - јас ќе издраматизирам и ќе ја направам голема работата. ВАка оставам на него и неговата совест, па нека он реши што треба да знам а што не треба...
 

TinyGiant

што сакам
Член од
9 април 2008
Мислења
236
Поени од реакции
3
nema potreba da znam. sekogas taka vikam. zasto da znam? za da se nerviram?
a od druga strana me kopka sto kako bilo. I ako kaze sto bilo (bez DETALI), moze i ke se sredi (ako stanuva zbor za varanje...)
taka da...ako kaze, dobro
ako ne...pak "dobro"
 
Член од
4 април 2008
Мислења
45
Поени од реакции
2
Ako neznam za nesto normalno deka nema da me boli.Ama jas velam podobro da doznaam sto porano pa kolku saka neka boli.Barem da znam na sto sum,a ne nekoj da me pravi budala.
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Да,така е.Тоа што не го знаеш не можи да те повреди.Ми се има случено да си речам љубопитноста ја убила мачката,подобро да не знаев немаше да ме боли за некој работи во врска со минатото на партнерот.
Ама...ако некој ме изневерува,зборува само лошо за мене по луѓето и сл тогаш дефинитивно подобро е да знаеш колку и да боли,па да можиш да си расчистиш со тие луѓе.
Е сега ако е некоја не толку значајна работа тогаш ќе речам: тоа што не го знам нема да ме боли.Пр. ако некоја му се има пуштано на дечкото,има флертувано со него,.....а тука немало неверство подобро да не го знам пошто без потреба ќе си ја замарам глата со глупости.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Нема совршена врска колку и да мислиш дека твојата е. Се водам цел живот по тоа, што не се дознава неможе да боли. Било јас да сум таа или друг некој, во случајов партнерот. Не кажувам се, али не кријам и многу. Точно, не боли зашто не ти е познато. Ама кога насетувам нешто аууу има да го истражам па и да поминам 3 континенти, слепа самата не се правам, кога гледам и со 4 очи увек. Секогаш треба да остане за нас нешто што не треба да се каже, нешто што знаеш дека ќе дојде до расправија. Неможе да боли тоа што не го знаеш, и не се интересирам да дознаам што повеќе зашто на тој начин јас немам доверба во партнерот, знам доволно, дознавм премногу, а не се распрашувам. А ако нешто треба да биде кажано или дознаено ќе излезе на виделина кога тогаш, а дотогаш уживам во животот.
 
Член од
9 февруари 2008
Мислења
211
Поени од реакции
7
jas sakam da znam se pa i da boli ke pomine ama ne kazuvam se.zaso da se grizi za nekoj raboti so ne mi znacat nisto u zivoto
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Тоа што не го знам, а може да ме повреди безвезе, боље да не го дознаам. Бруталната искреност, понекогаш е само начин да се олесни совеста, префрлајќи му го товарот на другиот. Не можеме да си простиме на себе, па бараме прошка или казна од другите.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нормално дека нема да кажеш. жените не почитуваат искреност.
Ако им кажеш дека ебеш друга има веројатност да те откачи.
А ако ти се бендисува или може ти е жена или стабилна девојка, зошто би го правел тоа?
Затоа би сакал за жена некоја саглам девојка, која разбира дека на машко никогаш не може да му биде доста само една.
Една е мајка и добра сопруга, која се грижи за домот, други се љубовници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom