Ти давам ЗБОР!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Колку чини зборот денеска?
Не би да се расфрлам со термини како денеска - во смисол, порано било поинаку, ама го знам она што го гледам.

Многу пати сум слушнал како некој ќе ми каже: Ти давам збор; Завршена работа, рачунај; Готово бе, уживај; Без гајле, така ќе биде.... и така натака и така навака.

Многу пати кога некој ќе ми го речел тоа, се случувало да помислам отпосле дека зборот на некои луѓе не вреди ништо. Фер е, ако нешто неможеш да направиш заради одредени причини, да си кажеш како човек, а не да го расфрлаш твојот збор (кој треба да е поткрепа и оправдувач на твојот карактер, чоештина, големина, другарство) насекаде каде ќе стигнеш.

Трчи-лажи ликови, нон стоп.
А ЗБОРОТ денес, вреди се помалку и помалку.



Искуства?
Причини?
Чаре?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Чесен пионерски!
Дежа ву доживувам моментално, мислам дека имаше слична тема... ќе се вратам да го дозавршам постов. Само да си резервирам место на темава. :)

edit:

Хм, колку иронично. Кога бев помлад се што ќе ветев, исполнував. Се што ќе речев дека ќе средам, средено беше. Зборот ми вредеше. Сега се е поинаку, дали толку сум слаб со мотивацијата, дали преголеми предизвици прифаќам-залаци џвакам или нешто сосем друго... резултатот е тој. Исходот обично е негативен. Затоа гледам што поретко да давам збор или ветување, особено ако е нешто посериозно и влогот поголем. Наречете ме кукавица, ама откако ќе се изгориш неколку пати и ќе загубиш некои луѓе, работи, поинаку е. Ќе играм на сигурно. :)
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Не знам колку вредел зборот порано,ама денес не вреди ни пет пари.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Зборот исто си вреди како и порано, ама не вредат луѓето што го даваат зборот.
Таквите луѓе што се "од збор", се се поретки и поретки, но сепак ги има.

Еве еден.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Јас мислам нема врска тоа порано-денес,зависи од човекот,има луѓе што се “од збор“ и има луѓе што не можат да кажат не,па ќе се чудат после кој нема да можат да завршат некоја работа.Ги има и ги имало од секогаш.
 
Член од
23 март 2008
Мислења
685
Поени од реакции
165
Ne davam zbor nikogas od prosta pricina sto ne znam dali i kolku toa mozam da go realiziram a zaludno vetuvanje nekako mi e degradiracki na mojata licnost,treba da bidam pveke od 100%sigurna deka ke ja ostvaram rabotata za da storam takvo nesto,ali nekako vremevo vo ke ziveeme i borbata za prevlast nekako me pravi da se somnevam vo toa,i zato ne davam zbor ali ako mozam ke ispolnam bez prethodno da davam nadezi nekomu.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Од некој што добро го знам ми вреди зборот ... ама тие на рака се бројат :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Секогаш се трудам да исполнам кога ветувам нешто и обично го исполнувам... знам дека фрустрирачки е кога неко(и)ј постојано ветува(ат) и не исполнува(ат) ништо ама секогаш треба да се има во предвид дека може да се случат мал милион работи кои можат да го одложат или потполно спречат одржувањето на ветеното... мислам дека во такви моменти доста ќе значи да се каже и едно извини ама не можам...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Другар, кој спиел кај мене, јадел со мене, сањарел со мене... ми се јавува и САМ ми нуди да ми заврши некоја работа.
После некое време откако јас, нормално се ослонав на неговата пријатна добра желба - испадна дека зборот му вредел колку и мадињата, кои ги немал...

Сакам бе мајкуму, ако ти речам денес, пример: Јове, братко... ГОТОВА е таа работа - да е готова. За тоа треба да си прорачунам во себе шо можам шо неможам, шо е приоритет, шо значи зборот кој го кажувам, зборот кој го давам... и како тоа ќе влијае на понатамошниот углед кој го градам.

Многу џаци не се замараат со долготрајноста на последиците, битно им е во моментот да испаднат доброчуди.
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
не верувам на никој коа ми каже немај гајле ти давам збор, секогаш очекувам да ме заебе... јас ретко го кажувам тоа, а кога ќе го кажам најсериозно го мислам и го исполнувам ветеното...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не сакам никогаш да испаднам добар, и да се нафатам на нешто што нема да го исполнам... Барем мене зборот ми вреди (за лично задоволство), и доколку ветам дека ке го средам нештото, ке го направам најдобро како што знам и умеам.

Како и да е, многу се нервирам кога некој ке вети некоја работа и нема да ја изврши, или пак кога на човек му се “бесат на клепки“ за да ја заврши некоја работа.

Едноставно е... За првиот случај биди човек и реално кажи дали можиш или не, да не се надева некој на празни муабети. За вториот.... немам коментар. Очигледно дека некој не сака/може да ти помогне (или не сакам/можам), а ти упорно го убедуваш, ајде, ајде....... Со сила убавина не бидува.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
се трудам секогаш да исполнам што сум ветила,ако каснам или ако не можам да го направам нештото што сум го ветила ме убива грижа на совест.
ми се случило да прекршам даден збор ама имало добра причина.
за некои работи имам сеуште грижа на совест и се трудам да си стојам на зборот.
секако не ветувам нешто што знам дека не сум во можност да го исполнам.
сум наишла на луѓе кои ќе ти го ветат светот на дланка а не можат камче да ти овозможат.се лупаат у гради секогаш кога ќе се побара нешто,безразлика дали нив им се бара или не...
секогаш со муабет абе уживај,ти јави ми се и ќе средиме работа..

чаре...па не барај од секого услуга..само од луѓе кои си сигурен дека се луѓе од збор..
нема потреба да се гориш неколку пати нели:)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сакам бе мајкуму, ако ти речам денес, пример: Јове, братко... ГОТОВА е таа работа - да е готова. За тоа треба да си прорачунам во себе шо можам шо неможам, шо е приоритет, шо значи зборот кој го кажувам, зборот кој го давам... и како тоа ќе влијае на понатамошниот углед кој го градам.
Човек стварно да се запраша... синдром ли е некој тоа ветувањето и симнувањето небо, уривање планини, ветување брда и долини или што е? И сето тоа замрува во оној момент кога ти спуштил слушалка, ја затворил вратата од куќата и заминал или што и да било.... сакаат ли да те полудат кога после некој ден ќе сватиш дека за џабе си чекал и си се надевал, а толку било важно истото да се заврши... А за угледот тоа ќе влијае и тоа како... таа личност во моите очи веќе ќе биде еден голем минус.
 
П

Паган-др

Гостин
Гледам да го исполнам мојот збор. Ако нешто е невозможно или неможам да го завршам едноставно не давам збор. Ама до сега 90% од тие што ми дале збор не очекувам да го исполнат тоа. Од едноставна причина што сега сме во време во кое има само превара и лага. (со чесни исклучоци) Така да ако некој ми даде збор и не го исполни не ме чуди. Сепак би било убаво да го исполни.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Моја најголема грешка која никако да ја корегирам.

Како човек кој многу ретко дава збор, од проста причина што никогаш не си стојам на зборот и баш тогаш кога ќе дадам збор редовно ми испаѓа да не можам да го исполнам, ја правам најголемата грешка со тоа што им верувам на луѓето кога ќе ми дадат збор и не оставам резерва дека можеби нема да го исполнат тоа. Но, бидејќи реков дека не давам збор, а ако дадам тогаш се трудам колку што можам повеќе да го исполнам (иако не испаѓа секогаш по мое :) ) и автоматски потсвесно си мислам дека штом некој нешто ми ветил, дека 100% ќе го исполни тоа и понатаму се потпирам на таа идеја - што знам дека е грешка ама не можам да ја поправам.

Искуства?
Причини?
Чаре?
Знаете, има луѓе кои не ни планираат да ти го исполнат она што го ветиле, но сепак и понатаму продолжуваат да ветуваат. Нивните зборови се едни, а нивните скриени мисли се нешто сосема друго.

Епа тогаш зашто ветуваат?
Зашто ги злоупотребуваат зборовите и си играат со нив?

Од проста причина што кога некој нешто ќе ни вети, автоматски испаѓа во нашите очи многу добра особа. Личност од доверба. А има луѓе пак, чиј што сон и животна желба е да се ценети и сите да ги сакаат. Да ги бараат и да им се обраќаат за помош. Има различни луѓе и различни болни умови така што секој си има свои причини зашто го прави тоа или зашто не. Прецизен одговор секако не може да се даде. Тоа е тоа...

Зборот денес, зборот вчера, зборот утре... зборовите се исти, индивидуите се различни. Кому каква му е среќата, на каква особа да налета :)))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom