И на мене филмот ми остави добар впечатокИма доста добри тинејџерски филмови, но дефинитивно најголем впечаток ми остава филмот Dazed and Confused (1993), дејствието во филмот се случува во 70-те години од минатиот век во едно мало гратче во Тексас, САД, за начинот на живот на средношколците, разликите помеѓу постарите и помладите средношколци, рокенролот, ноќниот живот, а една од причините поради која ми се допадна филмот е едноставниот начин на живеење кој што е прикажан, но сепак интересен и сигурно ќе ви даде една појасна слика за начинот на живеење на младите во тоа време, ќе ве натера да направите компарација помеѓу тоа време и ова денешното, разликите, маните и доблестите, и секако, би посакале барем за ден да се вратите во тоа време и да го почувствувате тој хипи лајфстајл, кој што бил доста популарен и широко распространет низ САД, и воопшто низ светот.
Ghost World (2001)Ај темава малце да ја свртиме на квалитетните филмови во кои главните протагонисти се младите, но не се наменети само за оваа популација:smir:
Предлаган ми е милион пути, заљубен сум во Ione Skye! во филмот е најслаткото и најпрекрасното нешто ever, колку погоден пар се страшна работа, многу добра хемија и оној coolness фактор кој преовладува во секој нивни дијалог.Say Anything... (1989)
У!, овој иде одма у топ10 тинејџ.
Сценарио на кое и Џон Хјуџс (RIP) би му позавидил. Секој лик подеднакво интересен, допадлив, уверлив, одглумен добро, како и доста препознатливи ситуации од реалниот живот и смешни моменти.
Баш позитивно ме изненади филмов, пошто глеав некои други тин од 80тите со Џон Кјузак у кои нешто се глупира (и го помешав со друг кој имаше 6ка).. а и не знаев/видов дека режисер е Камерон Кроу.
Оние 7.4 на IMDB не се џабе.
... интересно е што го глеав Heathers пред овој (два тин филма по ред кои го претставуваат по мене најдоброто од овој жанр ми се погодија ), Кристијан Слејтер бил на аудиција и за овој филм а Џенифер Конели ( ) имала големи шанси да ги добие главните женски улоги во двата.