Секогаш кога се случуваат немили настани од било кој тип, народот кој претежно не е ако гледаш од аспект на статистика премногу интелегентен, е бесен и бара брзи решенија, политичарите за да капитализираат на тоа сакаат да најдат кривец и со малку легислатива да го отстранат. Така и се актуелизира прашањето со оружјето во САД. Многу е полесно да речеш дека сето ова се случува поради оружјето одколку да се соочиш со фактот дека имаш проблем генерално со младите луѓе и уште поголем проблем со здравствениот систем. Првово е лесно, забрануваш оружје и готово, а второво е далеку покомплицирано и поскапо за решавање па затоа и се турка анти ганерството како солуција на овој проблем. Кога ќе нема пушки истиве пациенти ќе почнат да газат луѓе со коли, да бодат со мачети, и да креваат во воздух со бомби од шалитра ама оружјето никој нема да им го врати на луѓето назад, како нас што ни направија во Европа.
Втора работа е тоа што оружјето во американската култура и држава има многу поинакво значење кое за нас демилитаризираните европејци тоа е комплетно неразбирливо и непоимливо и покрај тоа што нашите искуства од 20ти век баш требаше да не пратат во правец на уса а не обратно. Имено кај нив оружјето е постамент на државниот поредок и гарант на слободата, затоа првиот амандман ти дава право на слобода на говор а вториот е токму амандманот за правото да се држи и користи оружје. Добар дел од нив сметаат дека токму заради тоа оружје не биле никогаш окупирани, и никогаш до сега не биле под диктатура/тиранија за разлика од рестото од светот. Откажување од тоа право за нив ќе биде рамно на самоубиство и тие не планираат да се откажат од него.
Трета работа е недостаток на регистрација на истото, за разлика од сега предходно голем дел од оружјето не подложеше на никаква регистрација и со тоа државата НЕ ЗНАЕ кај кого што има за да во случај да стане забрането би го конфискувала. А во прашање се милиони парчиња оружје. Финално кој ќе го земе односно конфискува? Полицијата и војската немаат капацитет за тоа бидеќи луѓето кои поседуваат оружје во сад се мнооооооогу повеќе од целата војска и полиција заедно и немаат план да го предадат оружјето. Додатно вакво одземање ќе биде кршење на уставот, со тоа автоматски тиранија, а уставот во случај на тиранија им дава право на граѓаните да се организираат во народни милиции и наоружани да се спротистават, всушност како слободни луѓе тоа им е обврска. Е сега замислете во кој правец води тоа.
Анти ганерите со години пробуваат да направат корелација помеѓу криминалот и оружјето ама неможат тоа да го направат никако успешно. Има многу земји каде има огромни количини оружје како Македонија каде имаш 140.000 легални дозволи и некои 600.000 нелегални парчиња, што значи 1 парче оружје на 2ца граѓани па сепак ние немаме скоро никаков проблем со тоа. Од друга страна имаш доста држави со многу строги закони за оружје па ваквите работи се честа појава.
Законот за оружје му го зема оружјето само на послушниот граѓанин кој и така никогаш нема да го злоупотреби. Јас за моите неколку парчиња оружје поминав години процедури и безпотребни гњаважи а пола град има пиштоли кои се купени на црно и си ги носат низ град па и некогаш ги користат. Тоа што ти кажува, ако го забранат оружјето само јас ќе го предадам моето, а апашиве ќе продолжат да си го носат на појас бидеќи нивното секако не е во евиденција на мвр.
Тоа е како да рече законот на пример ванлок со колата возеше пијан затоа Едмонд сега тебе ќе ти ја земеме возачката
