Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.271
Дебелината на оклопот многу не му значеше на германците пошто металот беше доста лош квалитет, крут и напукнуваше при удар на проектил. Процент на преживување на посадата кај шерманот беше голема (поради просторот во тенкот, додека кај германските тенкови внатрешноста беше тесна (посебно кај тигарот) поради големината на топот, шерманот беше поподвижен, побрз и имаше поголем радиус и носеше повеќе муниција од тигар или пантер што значеше дека германските тенкови мораа поголем дел од времето да бидат на полнење на гориво или муниција, шерманот беше многу поедноставен за одржување и поправки, додека германските беа комплицирани и тешки за одржување, мислам дека некаде најдов податок да околу 15% германски тенкови во нормандија беа напуштени од посадите поради дефекти и неможност за поправка, шерманот имаше и повисока брзина на пукање, отприлике на секој 1 проектил испукан од тигар - шерман испукуаше 3 проектили, шерманите имаа и стабилизатор на цевка шо беше непознато на германската воена индустрија (ни еден германски тенк немаше таков уред) како шо излегуваа пооклопени германски тенкови, така се развиваа и панцирни проектили на шрманите, така да зрното М93 можеше комотно да го пробие предниот оклоп на Тигар-2 танкот на 750 метри далечина.Шерманот у никој случај не може еден на еден да се спореди со Пантер (нормално ни со Тигар).
Дебелина на оклоп, калибар на топ... буквално све освен мобилност има послабо. Исто Пантерите и Тигарите полесно се расипувале од Шерманите и од Т34. Друго све е на нивна страна.
Ова ако збориме за квалитет.
Нормандија Американците имаа огромни загуби во Шермани: заради пост-плажа теренот (оние меѓи со дрвја), на кои не мислеа коа планираа, заради панцерфаустите, заради пантерите и тигарите.
Но, квантитетот ја доби војната.
Битката кај Аракорт, амерички шермани против германски тенкови (претежно новите пантери)Тактиката на Шерманите за уништување на Пантер, во пост-плажа просторот на Нормандија е следна:
Идат 4.
- ги здогледува Пантер, обично на тој простор вкопан, во брдо или зад меѓи од дрвја.
- убива два Шермани, одма и инстантно
- едниот ги користи труповите на двата (како штит) да го заобиколи Пантерот од една страна, а другиот иде од позади, од другата страна.
Обично тој што иде однапред преку труповите на првите две жртви, одкоа ќе излезе после нив, бива исто така уништен. Тек четвртиот успева да му дојде од позади и да го погоди.
Германските тенкови од последните генерации патеа од расипување, малубројност и поради лоши и долги интендантски линии.
А истите беа во предност кај обученсота на екипажот и технички карактеристики.
Онеспособени, што не е исто со уништени, воглавно напуштени и оставени во таква состојба од екипажите порaди недостиг на горивоБитката кај Аракорт, амерички шермани против германски тенкови (претежно новите пантери)
18, 19 20 и 21 септембар поради ниски облаци и магла сојузничкото воздухопловство не можеше да дејствува така да битката воглавном се водеше на копно.
Резултат беше 32 изгубени амерички тенкови и 86 уништени германски тенкови
бројката е само за уништени тенкови во биткаОнеспособени, што не е исто со уништени, воглавно напуштени и оставени во таква состојба од екипажите порaди недостиг на гориво
Дали може, и ако може каде да ставам екниги на оваа тематика во пдф тука?
Шерманите се најзапалливите тенкови во Втора Светска Војна.Najgolema mana kaj germancite bila so motorite im bile na benzin, koj e mnogu pozapaliv za razlika od dizelot.
Околу 40% на средни и тешки тенкови кои ги сопреа германските дивизии пред москва беа британскиКога се гледаат резултати од битка, не може така сувопарно статистички да се гледа само билансот. Има тука побитни фактори, како исполнување на цели, развој на настаните по битката и слично.
На пример, битката за Mосквa, битката за Сталинград и кај други битки билансот беше скроз во корист на Германците, а сепак битките ги добија Русите.
Така и во оваа битка кај Аранкур, целта на Германците беше исполнета. Го сопреа продорот.
Губитоците кај Аранкур се должат на неколку фактори (меѓу кои не на божемната техничка супериорност на шерманите, највеќе затоа што не постои), но најповеќе на организацијата на германските тенковски единици: панцер-бригади, наместо панцер-дивизии. Попрецизно, поради отсуството на панцергренадирите, кои во панцер-бригадите ги имало дупло помалку одколку во панцер-дивизиите, отсуство на артилериска регимента, и многу послаба извидница.
Панцер бригадите (користени во оваа битка) имале по два батаљона (еден со четворки, а еден со пантери). Но, да не должам -
Небројно многу извори може да се наведат за супериорноста на Пантерите и Тигарите во споредба со Шерманот. Нонсенс е да се тврди обратно
Стај директен линк од pdf книгата или Прикачи дадотека.Дали може, и ако може каде да ставам екниги на оваа тематика во пдф тука?
Историски гледано, русите ги имаа германците пред москва во 1941. Огромни пространства на русија беа окупирани, во германски раце паднаа фабрики, рудници, градови, магацини со храна оружје муниција..... беа прекинати снадбувања со енергија и суровини. Русите почнаа со селења на цели комплекси на фабрики и погони со се работна сила, неколку иљади километри на исток, па нивна монтажа па нивно снадбување со суровини па почетоци на производство. До 1943 година руските фабрики не можеа да ја задоволат потребата на руската армија. Тоа значеше да без западна помош, германија од 42 ќе продолжеше со напредување, ќе се доближеше и до тие дислоцирани фабрики, ќе дојдеа на домет на нивни бомбардери......Русите примаа голема материјална помош од запдните созузници. А победата им се должеше првенствено на нивната бројна надмоќ, но и на други фактори (различни во секоја битка).
да наведам литература во фуснота?Стај директен линк од pdf книгата или Прикачи дадотека.
Исто нема да е лошо кога дискутирате да дадете некој извор Лет и Берик.
Стај некој линк, интересна тема е на за друго.да наведам литература во фуснота?
World War II - Tanks, Eric Grove, Orbis publishing Ltd. London, 1976 преведена на хрватски и издадена 1977 од Алфа Загреб како Тенкови, набавена од уличен продавач пред 5 години мислам за 250 денари (немам фискална)Стај некој линк, интересна тема е на за друго.