Тенкови и тенковски операции во втора светска војна

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Т34 е прогласен за најдобар во 2СВ најповеќе затоа што е концепт кој најдобро функционира практично.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Т34 е прогласен за најдобар во 2СВ најповеќе затоа што е концепт кој најдобро функционира практично.
После војната се направени многу студии околу разни аспект на војната меѓу нив и околу тенковите.
Т34 беше исто предмет на анализи и тие анализи кажуваат дека Т34 беше скап тенк, една 34ка кошташе повеќе од еден шерман или скоро исто како и германски панзер 4. Губитците на 34 беа огромни, речиси 80% од сите произведени 34 во војната - беа уништени, беа уништувани масовно и на самиот крај на војната кога германија веќе беше во расуло, кога немаа ни квалитет ни квантитет ниту кај људство ниту во техника, само во 4 месеци војна во 1945 година (на самиот крај) беа уништени 7500 т34 (од 12.300 произведени за ист период)
Т34 е со многу мал и скучен простор за екипажот, при директен погодок губиток на посадата кај т34 беше 75% од посадата за разлика од 18% губитоци кај шерман, тесниот простор иста предизвикуваше да 34 биде почесто целосно уништена од погодок од колку шерман, менувачот на тенкот беше посебна прикаска, имено беше екстремно тешко да се менуваат брзини така да 34 најчесто и не се движеше побрзо на терен поради неможноста на возачот да префли во повисок степен на пренос, топот на 34 (првобитно 76мм а подоцна 85мм) ико изгледаа надмоќно за тој период, имаа побавна брзина на проектилите а со тоа и многу послаба пробојност на оклоп, пслаба дури и од постари модели на германски панзери, прегледноста на командирот и возачот во 34 беа многу послаби од оние во германските тенкови, имаа и големи проблеми со механиката, во битката за сталинград 260 тенкови беа изгубени поради механички поблеми, такви проблеми ја следеа 34 на сите фронтови се до крајот на војната, 34 мораше да прави паузи поради прегеревање на моторот, брзо пропаѓаа металните делови на механиката поради лош квалитет, самите руси во своите истражувања во 1943 утврдија дека само 10% од 34ки издржуваа пат од 300 километри а моторите во просек издржуваа по 100 сати работа пред дефект, само како пример, 5 гардиска армија само на марш (без борбени дејствија) поради дефект изгуби 31% од тенковите.
Се во се Т34 е еден од митовите во втората светска војна кој има малце поткрепа во реалноста
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.858
Наводно Штуг 3 (75мм ПТ топ) на основа на Панцер 3 било најуспешно борбено возило во војната со над 20.000 уништени противнички оклопни борбени возила. Било ефтино, ниско, грдо и неугледно и затоа го нема на Дискавери.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Наводно Штуг 3 (75мм ПТ топ) на основа на Панцер 3 било најуспешно борбено возило во војната со над 20.000 уништени противнички оклопни борбени возила. Било ефтино, ниско, грдо и неугледно и затоа го нема на Дискавери.
Прашање е колку е точна бројката, и дали сите жртви биле оклопни возила или под уништено се мисли и на камиони, лесни коли, оклопни автомобили и слично.
Поголемиот дел од војувањата штугот бил атилериско оружје за подршка на пешадија не беше стриктно противоклопно возило и во акциите беше најчесто користен како артилерија. Нешто се сомневам дека така кратка цевка (во првите модели) можела да биде ефикасна во борба против тенкови, али секако дека била доволна за лесно оклопени или неоклопени цели.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Три работи се основни за секој тенк:

Огнена моќ
Оклоп
Мобилност

Т-34/85 значи подоцнежната верзија има одличен сооднос во поглед на овие три, споредено со останатите тенкови познати од ВСВ, само споредба директна оклоп со оклоп по модел може да се прави дискусија, се друго е ептен генерализирано.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
Прашање е колку е точна бројката, и дали сите жртви биле оклопни возила или под уништено се мисли и на камиони, лесни коли, оклопни автомобили и слично.
Поголемиот дел од војувањата штугот бил атилериско оружје за подршка на пешадија не беше стриктно противоклопно возило и во акциите беше најчесто користен како артилерија. Нешто се сомневам дека така кратка цевка (во првите модели) можела да биде ефикасна во борба против тенкови, али секако дека била доволна за лесно оклопени или неоклопени цели.
Vajlda misli na zaprezni koli koi gi koristele partizanite. Najdobar vo vojnata bil shermanot zs imal najmalce gubitoci, klasika, najjakata americka teknologija sekade vo bilo koe vreme prva.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Vajlda misli na zaprezni koli koi gi koristele partizanite. Najdobar vo vojnata bil shermanot zs imal najmalce gubitoci, klasika, najjakata americka teknologija sekade vo bilo koe vreme prva.
Не знам дали си знаел но запрегите беа масовно коистени во втората светска војна, пример кај германците една третина на амиските транспоти се одвиваа со запреги, кај другите армии (руска, полска, југословенска...) беа многу поголеми процентите, така да нема потреба да се срамиш оти твојот омилен самооден топ уништувал и запреги полни со муниција, храна, опрема лекови......
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.858
Т34 е прогласен за најдобар во 2СВ најповеќе затоа што е концепт кој најдобро функционира практично.
Тогаш би требало да биде прогласен за најдобар концепт а не за најдобар тенк, затоа што бил далеку од најдобар :) Можеби најдобро би било да се каже највлијателен, тој поим е подобар.

Прашање е колку е точна бројката, и дали сите жртви биле оклопни возила или под уништено се мисли и на камиони, лесни коли, оклопни автомобили и слично.
Поголемиот дел од војувањата штугот бил атилериско оружје за подршка на пешадија не беше стриктно противоклопно возило и во акциите беше најчесто користен како артилерија. Нешто се сомневам дека така кратка цевка (во првите модели) можела да биде ефикасна во борба против тенкови, али секако дека била доволна за лесно оклопени или неоклопени цели.
Имаше во оваа книгата околу тоа, Штуг учестувал од првиот до последниот ден на војната и покрај примарната улога на возило за подршка на пешадија подоцна после 1941 ставиле 48 калибарски ПТ топ КвК-40 од 75мм на место на тој краткиот со што овозможиле да уништува секакви возила.
Дури и пред тоа, Штуг имал успех со кратката цевка при судир со полски, француски, британски и други оклопни возила поради релативно големото експлозивно полнење на гранатата.
Во книгата се зборуваше за целосна цифра, 20.000 вкупно - тенкови, самоодни орудија, оклопни автомобили, оклопни транспортери, оклопни трактори, било кое возило кое имало оклоп на себе.

http://www.achtungpanzer.com/sturmgeschutz-iii-sturmgeschutz-iv.htm

Тука викаат само тенкови што мислам дека не е точно, цифрата се однесува на вкупен збир на секакви оклопни возила.

Ако се има предвид цената, поузданоста, бројот на произведени и неговото влијание на текот на борбите - тогаш без сомнение Штуг е најдоброто нешто од силите на Оската 1939-45 :)
Сензационалните машини како Фердинанд биле бескорисни.

А што мислите за јапонските тенкови, и покрај технолошката моќ на Империјата, нивните тенкови делуваат идиотски. М5 Стјуарт за нив биле страв и трепет.
 
Има многу параметри околу “прогласување“ на најубоит тенк.
прост пример, ако 10.000 произведени штугови уништиле 20.000 неприателски возила, би дошло до некој просек по 2 возила на секој произведен Штуг.
ако споредиме дека 1800 произведени Тигар тенкови (1 и 2) уништиле 9850 неприателски возила ќе видиме дека ефикасноста иди на околу 5,5 уништени на секој еден произведен.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Тогаш би требало да биде прогласен за најдобар концепт а не за најдобар тенк, затоа што бил далеку од најдобар :) Можеби најдобро би било да се каже највлијателен, тој поим е подобар.
.
ОК,семантика.
Ако више идеме натаму онда добар, подобар, најдобар се етички категории кои не може да важат за мртва природа.
Не може тенк да биде добар или лош, он е предмет.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
ОК,семантика.
Ако више идеме натаму онда добар, подобар, најдобар се етички категории кои не може да важат за мртва природа.
Не може тенк да биде добар или лош, он е предмет.
Кинеските патики се лоши
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.858
ОК,семантика.
Ако више идеме натаму онда добар, подобар, најдобар се етички категории кои не може да важат за мртва природа.
Не може тенк да биде добар или лош, он е предмет.
Не станува тука збор за етички категории, тие се зборовите кои ги имаме, не знам како поинаку би се напишало?
Пример, италијанскиот М11/39 бил веројатно најлош тенк, не само што го бушеле од сите страни туку и имал куп механички проблеми и испаднал целосно бескорисен.
Влијателен/корисен се можеби подобри термини.

Има многу параметри околу “прогласување“ на најубоит тенк.
прост пример, ако 10.000 произведени штугови уништиле 20.000 неприателски возила, би дошло до некој просек по 2 возила на секој произведен Штуг.
ако споредиме дека 1800 произведени Тигар тенкови (1 и 2) уништиле 9850 неприателски возила ќе видиме дека ефикасноста иди на околу 5,5 уништени на секој еден произведен.
Тоа да, но не ти делува некако сувопарно? Штуг уништувал и бункери и пешадија и војниците знаеле дека до нив имаат поуздано возило кое нема да ги остави на цедило и зад кое не треба да се влече чета механичари и техничари само за да го одржи во возна/боева состојба.
Стави тука и цена на еден Штуг и еден Тигар и напрегањето на цела економија да се состават неколку стотини Тигри па може ќе испадне дека попаметно би им било да го усовршуваат Штугот.[DOUBLEPOST=1498141843][/DOUBLEPOST]
Тенкот Т34 на списокот од плусови и минуси сметано во услови на тотална војна каде практично целата индустрија ти работи во апсолутно нергуларни услови,какви пратично само русија и германија ги имаат во текот на втората светска војна е апсолутен победник и тоа не само на писмениот дел од испитот , туку и усмено , а и практично. Германските тенкови се во секој случај мастерпис, но премногу комплицирани и скапи( читај многу време за изработка), американските се како американските автомобилски крстарици: многу ламарина ,високи и широки, крути осовини , лиснести федери и моторишта бензинождери кои се палат ко Зиппо, но и на раат во мир и тишина правени во огромна количина за пазар.А пазар ...колку сакаш..кој мора скупо да ги плати зошто друг конкурентен избор нема.:)
Рускиот Т34 е ко автоматот Шпагин, ко јаковите, лавочкините, миговите,ко ил2.., ковачка и столарска работа која во секое гратче и деревна( село) може да се произведува, во ледени големи шупи без греење и со работници на кои награда им е некаква ленинска медаља и боршч од компир и зелка...+ пола литро дасковача.Затоа успеале да го направат во доволен број и трошејќи многу млади животи да победат.
Плус ги враќале на ремонт и многу оштетените, помалку време треба од праење ново, а изгорените посади ги симињале со шпакла...
А во која земја биле најдобро гаражирани тенкови?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Ако супериорноста на Т34 е мит (нели подоцна разоткриен), тогаш што правиме со многубројните сведоштва на преживеаните германски војници, кои сведочат за беспомошноста со која се соочиле во периодот кога налетале на првите Т34-ворки, сведочат за директната супериорност на 34-ворките? Сите тие сведоштва се лесно достапни и можам со линк да ги посочам.[DOUBLEPOST=1498143333][/DOUBLEPOST]
Стави тука и цена на еден Штуг и еден Тигар и напрегањето на цела економија да се состават неколку стотини Тигри па може ќе испадне дека попаметно би им било да го усовршуваат Штугот
Слични на ова има разни теоретизирања. Некои, на пример, сметаат дека на Германците многу боље ќе им било да праат четири четворки, наместо еден Пантер (тоа била рачуницата - дека еден Пантер ги коштал како четири четворки).
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
Ama hitler bil fasciniran od golemi puski zatoa pravele panteri i drugi ogromni tenkovi.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Стави тука и цена на еден Штуг и еден Тигар и напрегањето на цела економија да се состават неколку стотини Тигри па може ќе испадне дека попаметно би им било да го усовршуваат Штугот.
Штуг не е тенк, споредуваш две различни концепции на оружје[DOUBLEPOST=1498149005][/DOUBLEPOST]
Ако супериорноста на Т34 е мит (нели подоцна разоткриен), тогаш што правиме со многубројните сведоштва на преживеаните германски војници, кои сведочат за беспомошноста со која се соочиле во периодот кога налетале на првите Т34-ворки, сведочат за директната супериорност на 34-ворките? Сите тие сведоштва се лесно достапни и можам со линк да ги посочам.[DOUBLEPOST=1498143333][/DOUBLEPOST] Слични на ова има разни теоретизирања. Некои, на пример, сметаат дека на Германците многу боље ќе им било да праат четири четворки, наместо еден Пантер (тоа била рачуницата - дека еден Пантер ги коштал како четири четворки).
погледни ги бројките, за цело време на војната Германија на источен фронт во период 1941 - 1944 изгубила 23.800 борбени возила, во ист период Русите изгубија 82.900 борбени возила.
ако погледнеме по години (кога 34 помасовно се користеше од страна на русите бројките се следни:
1943 руски губитоци 23.500, германски 8200
1944 руски губитоци 23.800, германски 9600
Бројките кажуваат огромна предност на германските тенкови спрема руските дури и во период на доминација на 34 на бојните полиња.
Во однос на сведоштвата и стравот, не знам дали знаеш за наредбата на сталин за остри казни кон посади на руски тенкови кои ги напуштале своите тенкови и бегале од битки. Исто така и број на запленети неоштетени 34 од страна на германцита јасно докажуваат дека русите немаа доверба во своите тенкови и од друга страна беа преплашени од надмоќта на германските.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom