Тенкови и тенковски операции во втора светска војна

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Друго, пишува дека германските тенкови на почетокот, Панцер 1 и 2 биле исклучително лоши но поради тактиката и имањето на радио-уред ги совладале поединечно супериорните тенкови како полскиот 7ТП, француските Шар Б, С-35 и Х-39 и британската Матилда 2.
Исто германците 1/3 од тенковите во нападот на запад им биле запленети чехословачки ЛТ-35 и ЛТ-38.
Панцер 1 и не беше тенк, тој имаше од вооружување 2 митролези и речиси ич оклоп, панцер 2 беше за нијанса подобар, имаше 20 мм топ и исто така слаб оклоп.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.859
Панцер 1 и не беше тенк, тој имаше од вооружување 2 митролези и речиси ич оклоп, панцер 2 беше за нијанса подобар, имаше 20 мм топ и исто така слаб оклоп.
Да имаше нешто и за некои возила кои ги нарекувале танкети, без купола, мислам дека италијаните имале илјадници такви, но Панцер 1 сепак бил тенк, имал шасија, тело и купола, без разлика што немал топ.
Чешкиот ЛТ-38 од друга страна бил одличен проект и неговата шасија била постојано користена за самоодни орудија, имаше мислам некој хибрид кој го составувале Германците, Чешко возило и мотор и Советски топ 76 мм, целосно отворен одназад.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846

The Marder I "Marten" (Sd.Kfz. 135) was a German World War II tank destroyer, armed with the 75 mm anti-tank gun. Most Marder Is were built on the base of the Tracteur Blindé 37L (Lorraine), a French artillery tractor/armoured personnel carrier of which the Germans had acquired more than three hundred after the Fall of France in 1940.

The Marder II was a German tank destroyer of World War II based on the Panzer II chassis. There were two versions, the first mounted a modified Soviet 7.62 cm guns firing German ammunition, while the other mounted the German 7.5 cm Pak 40 gun. Its high profile and thin open-topped armor provided minimal protection to the crew. Nevertheless, the Marder II (and similar Marder III) provided a great increase in firepower over contemporary German tanks during 1942 and into 1943. Only four Marder IIs remain today.

Marder III was the name for a series of World War II German tank destroyers. They mounted either Soviet 76.2 mm F-22 Model 1936 divisional field guns, or German 7.5 cm PaK 40, in an open-topped fighting compartment on top of the chassis of the Panzer 38(t). They offered little protection to the crew, but added significant firepower compared to contemporary German tanks. They were in production from 1942 to 1944 and served on all fronts until the end of the war, along with the similar Marder II. The German word Marder means "marten" in English.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
koj film bese onoj sto go davaa na sitel porano okolu edna tenkovska bitka koga takticki ke gi pobedat germancite ostavajki gi bez gorivo?
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Чисто онака, од рандом причина, еве ви еден јутјуб канал од еден доста паметен енглез (со енглеска смисла за хумор нели).

https://www.youtube.com/user/lindybeige/videos

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Jagdpanther е особено значаен заради големите разлики во уништени сојузнички тенкови и негово преживување. Во битката кај Св.Матин де Боис во 1944 година во јули неколку вакви тенкови спржиле 11 Черчил за 2-3 минути. Штета што малку се произведени, инаку одлична им била намената.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Jagdpanther е особено значаен заради големите разлики во уништени сојузнички тенкови и негово преживување. Во битката кај Св.Матин де Боис во 1944 година во јули неколку вакви тенкови спржиле 11 Черчил за 2-3 минути. Штета што малку се произведени, инаку одлична им била намената.
И тој пател од истите проблеми како Пантер (на чија шасија бил направен) и Тигар. Комплицирани и сложени машини кои тешко се поправале на терен или барале постојан дотур на резервни делови или барале да бидат управувани од искусни екипажи, така да голем дел од нив ги уништила самата посада за да не паднат во раце на неприателот.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846

Каналот е на Бовингтон Тенковски музеј, Британија.[DOUBLEPOST=1498062325][/DOUBLEPOST]
Чисто онака, од рандом причина, еве ви еден јутјуб канал од еден доста паметен енглез (со енглеска смисла за хумор нели).

https://www.youtube.com/user/lindybeige/videos

Добар играч е на World of Tanks дечкото, од таму поврзаноста со тенкови. Има на нивниот ју тјуб канал и еден ирец.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
...хе овде дискусија за тенкови.., кој би рекол. Тенк како тенк.. бизарна замисла која англичаните на свој откачен начин ја материјализираа, германците практично ја операционализираа, русите ја доведоа до совршенство , а американците , ко американци се обогатија на неа. Патем иако гледам и овде нивниот голем евангелист Let-ко тврди спротивно на реалниот факт од терен , појма немаат како се прави тенк.
Има една интересна појава...досега необјаснета. Во периодот после доаѓањето на Национал Социјалистите на власт во Германија почнува едно невидено стампедо на развој на техниката , така да ден денес идеите од тие времиња , реализирани или нереализирани уште се преџвакуваат. Нормално сега зачинети и многу полесно остварливливи со развојот на комуникациите, кибернетиката, роботизацијата и минитуризацијата на електрониката..и се друго.. :)
Инаку по некоја случајност имав можност да ја рашетам линијата за монтажа на Леопард ( незнам сеа кој беше актуелен, веројатно 2, во погоните на Краус Мафеи во квартот Јункерс во Минхен), а на проектот Капела бев замешан на еден интересен АПУ, па на основа на тоа присуствував на првото боево пукање на Криволак, каде паднавме на теме гледајќи како работи стабилизацијата на топот и компјутеризираното управување со огнот со избор на муниција и последователност на метите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
И тој пател од истите проблеми како Пантер (на чија шасија бил направен) и Тигар. Комплицирани и сложени машини кои тешко се поправале на терен или барале постојан дотур на резервни делови или барале да бидат управувани од искусни екипажи, така да голем дел од нив ги уништила самата посада за да не паднат во раце на неприателот.
Сушта супротност од едноставниот и лесно производливиот Т34.

Овде е ОК да се збори за тенкови и нивни карактеристики, но исходот на една битка е комплексен резултат на многу фактори. Сакам да кажам, дека исходот и на најтенковската битка евер (а знаеме која е), е комплекс од разни фактори. Тенковите се само еден од тие фактори. Не може да се гледа исклучиво низ призма на технички карактеристики на тенковите.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Сушта супротност од едноставниот и лесно производливиот Т34.

Овде е ОК да се збори за тенкови и нивни карактеристики, но исходот на една битка е комплексен резултат на многу фактори. Сакам да кажам, дека исходот и на најтенковската битка евер (а знаеме која е), е комплекс од разни фактори. Тенковите се само еден од тие фактори. Не може да се гледа исклучиво низ призма на технички карактеристики на тенковите.
За т34 спомнав мислам во “ископирана технологија“, она што 34 го (позајми) од други модели е подвозјето (од америчкиот прототип Кристи - кое му овозможуваше кголема подвижност и брзина, како и закосениот оклоп, кој го позајмиа од француските тенкови.
34 беше добар тенк, несомнено, но факт е дека претрпе огромни загуби против германските тенкови. Дури и во услови на надмоќ на копно и воздух, 34 беа уништувани многу повеќе од колку германските тенкови. Само за пример земи ја битката кај курск каде 34ката (и останати модели) претрпе многу повеќе загуби од колку германските тенкови.
Се слагам во потполност дека едно оружје не ја чини силата на една земја и нејзината армија, дури и неколку добри системи не го прават тоа, силата се гледа во интеграција на сите родови и служби да функционираат најдобро што можат.
Но сепак ова е тема за одредено оружје, па мора малце и “потесно“ да гледаме.
Т34 беше доста аљкаво произведуван, во недостаток на висока технологија, некогаш и несоодветни материјали, правен од страна на и нестручна работна сила.... али беше масовно произведуван и спраќан на фронт во поголем број од колку шо беа губитоците. Исто така и посадите не беа добро истренирани, русите самите немаа големо искуство како германците во борбена употреба на големи тенковски формации, прашање е и како им беше ефикасна логистиката со резервни делови - гориво - муниција.... и тоа придонесе за големите губитоци.
Т34 беше смртоносна замка за посадата внатре, многу помали беа шансите да посада на 34 преживее погодок со пробивање на оклоп од она кај Шерманите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
...многу помали беа шансите да посада на 34 преживее погодок со пробивање на оклоп од она кај Шерманите.
Ова не. Све друго ОК.

Т34 е прогласен од многумина за најдобриот тенк во Втора Светска.

И големите загуби на руски тенкови се должат на многу разни фактори, а не само на техничките карактеристики. На пример, обученоста на тенковските екипажи, не ни може да се споредува со истата кај Германците (и тука зборам за обични тенковски екипажи, а не па за елитните).
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Тенкот Т34 на списокот од плусови и минуси сметано во услови на тотална војна каде практично целата индустрија ти работи во апсолутно нергуларни услови,какви пратично само русија и германија ги имаат во текот на втората светска војна е апсолутен победник и тоа не само на писмениот дел од испитот , туку и усмено , а и практично. Германските тенкови се во секој случај мастерпис, но премногу комплицирани и скапи( читај многу време за изработка), американските се како американските автомобилски крстарици: многу ламарина ,високи и широки, крути осовини , лиснести федери и моторишта бензинождери кои се палат ко Зиппо, но и на раат во мир и тишина правени во огромна количина за пазар.А пазар ...колку сакаш..кој мора скупо да ги плати зошто друг конкурентен избор нема.:)
Рускиот Т34 е ко автоматот Шпагин, ко јаковите, лавочкините, миговите,ко ил2.., ковачка и столарска работа која во секое гратче и деревна( село) може да се произведува, во ледени големи шупи без греење и со работници на кои награда им е некаква ленинска медаља и боршч од компир и зелка...+ пола литро дасковача.Затоа успеале да го направат во доволен број и трошејќи многу млади животи да победат.
Плус ги враќале на ремонт и многу оштетените, помалку време треба од праење ново, а изгорените посади ги симињале со шпакла...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Ова не. Све друго ОК.

Т34 е прогласен од многумина за најдобриот тенк во Втора Светска.

И големите загуби на руски тенкови се должат на многу разни фактори, а не само на техничките карактеристики. На пример, обученоста на тенковските екипажи, не ни може да се споредува со истата кај Германците (и тука зборам за обични тенковски екипажи, а не па за елитните).
Од многумина не е прогласен.
Ако го гледаш тенкот како парче оружје и оценуваш негова лепота или шо потенцијал има онака на папиру или по рекламен материјал, може да се излажеш.
Али ако погледнеш реално борбена употреба, па видиш резултати, ќе приметиш дека нешто не е во ред со тој мит.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom