Тенис на ОИ Рио 2016

Кој ќе го освои златниот медал?

  • Енди Мареј

    Гласови: 22 53,7%
  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 19 46,3%

  • Вкупно гласачи
    41
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555


Тенисот прв пат на Олимписката програма се појавува уште на првите игри во Атина 1896 година. Биле одржани натпревари и во сингл и во дубл. Жените за прв пат имаат настапувано во 1900 година во Париз, во сингл и мешани парови. Турнирот редовно се играл до 1924. После тоа се десиле несогласувања на релација МОК - ИТФ и не бил редовен на листата на спортови до Сеул 1988 година, од тогаш повторно се игра турнирот.

Олимпискиот тениски турнир ќе се одржи од 6 - 14 август. Иако Рио има свој турнир кој се игра на земјена подлога, за потребите на ОИ е изграден нов терен на тврда подлога. Централниот терен ќе остане во функција и после игрите, додека помошните терени ќе бидат демонтирани. Додека траеше изградбата на комплексот имаше доста големи проблеми, па во еден момент се чинеше дека организаторите мораа да барат алтернатива. Сепак на крајот се заврши се како треба, па турнирот ке се одигра на начин на кој е и планиран.



Турнирот ќе биде одржан во 5 категории, машки и женски сингл, машки и женски дубл и мешани парови. Натпреварувањето почнува веднаш во сабота на првиот ден од отварањето на ОИ. Сите мечеви се играат на 2 добиени тајбрејк сета. Машкото финале се игра на 3 добиени тајбрејк сета. Во мешаните парови третиот сет ке се игра како супер тајбрејк до 10 добиени поени. Системот е класичен, на испаѓање, со тоа што поразените во полуфинале ќе играат дуел за бронзата. Еден од условите за играње на турнирот беше и редовно учество во екипните натпреварувања кои ги организира ИТФ, Дејвис куп и ФЕД куп. Секој учесник на ОИ мораше да настапи во две различни години за својата селекција во овие натпреварувања.

Доста од играчите го откажаа својот настап на ОИ меѓу нив секако најголемо име е Роџер Федерер, кој поради повреда нема да игра до крајот на сезоната. Поради повреди не играат Вавринка,Гаске и Багдатис, Раониќ и Бердих откажаа поради ЗИКА вирусот. Тим, Томиќ, Изнер, Кирјос сакаат да си играат регуларни АТП турнири. Кај жените отсуствува Халеп поради зика вирусот, Белинда Бенчиќ поради повреда.

Учесници:

Сингл - 64 натпреварувачи, 56 спрема ранг листата ден после финалето кај мажите на Роланд Гарос, ИТФ доделува 6 покани(Базилашвили, Андреј Мартин,Таро Даниел, Јуичи Сугита, Раду Албиот и Томаз Фабиано) а преостанатите 2 места се специјални покани(Дариан Кинг(Барбадос), Мирза Башиќ(БиХ), максимум број на членови од една држава е - 4.

Дубл - 32 пара, 24 директен настап на основа на пласманот на денот после Роланд Гарос. Првите десет тенисери на дубл листата одат директно и ги бираат сами своите партнери. ИТФ доделува уште 8 покани(Росол/Штепанек, Маркус Даниел/Мајкл Венус,Томаз Белучи/Андре Са,Жулио Пералта/Подлипник Кастиљо,Андреј Мартин/Игор Зеленај,Илија Марченко/Денис Молчанов, Сантиаго Гонзалез/Михел Ангел Рејес Варела, Санчаи Ративатана/Сончат Ративатана). Сите играчи кои настапуваат во сингл може да настапат и во дубл. Максималниот број на парови од една земја е 2, али вкупниот број на учесници од една земја(сингл+дубл) не смее да биде поголем од 6.

Микс 16 парови, 12 идат на основа на дубл листа на денот после Роланд Гарос, ИТФ доделува уште 4 покани. Микс можат да играат само играчите кои се веќе на листата во сингл или дубл.

Официјален сајт на Олимпискиот турнир

Распоред:

6 - 14 Август, машки сингл

6 - 13 Август, женски сингл

6 - 12 Август, машки дубл

6 - 13 Август, женски дубл

10 - 14 Август, микс дубл

Титулата ќе пробат да ја одбранат:

Машки сингл - Енди Мареј ( Велика Британија)



Женски сингл - Серена Вилијамс ( САД )



Машки дубл - Боб и Мајк Брајан ( тие за жал го откажаа своето учество поради вирусот Зика и нема да бидат во можност да го бранат златниот медал)



Женски дубл - Серена и Венус Вилијамс ( САД )




Микс дубл - Макс Мирњи и Викторија Азаренка ( Викторија Азаренка нема да настапи на ОИ поради претходно објавување дека е бремена).



Подлога: Surface Hard (GreenSet Grand Prix Cushion)
Топчиња: Official Ball Wilson Australian Open

Ждреб: Draw Thursday 4 August, 11:00. Venue: Olympic Tennis Centre Press Conference Room
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.243
Поени од реакции
4.447
Зa брзинaтa нa хaрдoт имa пoдaтoци?
Кaкo Австрaлијa Oпен или пoбрзa? Кaкo Тoрoнтo или пoбрзa?
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Зa брзинaтa нa хaрдoт имa пoдaтoци?
Кaкo Австрaлијa Oпен или пoбрзa? Кaкo Тoрoнтo или пoбрзa?
DecoTurf подлогите се на Америчката турнеја...требаше таква да биде ама поради проблеми ја сменија, оваа би требало да е слична на онаа во Париз или WTF...
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Ќе го замолам модераторот на подфорумот или некој што има моќ да ја смени анкетата и да додаде барем уште едно поле " Некој друг ". Ако гарантира дека ќе е некој од овие двајца, нека остане.. :D
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Инаку, Eнди ќе е знаменосец за Велика Британија на отворањето на игрите.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.165
Поени од реакции
107.624
Едно е сигурно, ниеден од двајцата понудени смрдливи тенисери нема да освои. Типувам на Дариан Кинг.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Kohlchreiber типувам на него, иако навивам за Мареј и стварно анкетава ко да е ставена у тема финале на ои, само 2 понудени одговори..
 

Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Се си мислам некој аутсајдер ќе освои, осеќам :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Сериозни ли се со терениве?
Освен централниот и вториот терен кои и самите немаат којзнае колку седишта, останатите се со максимум 100, а некои дури и со ниедно седиште...
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Ако не се изглупира некој од првиве 4 носители за што давам многу мали шанси, па дури и за Надал што нема играно тенис повеќе од 2 месеци, во полуфинале треба да ги гледаме Новак,Енди, Рафа и Кеи.
 
Член од
21 јули 2014
Мислења
549
Поени од реакции
544
Сериозни ли се со терениве?
Освен централниот и вториот терен кои и самите немаат којзнае колку седишта, останатите се со максимум 100, а некои дури и со ниедно седиште...
Мене ми е страв и на веќе тој шо го имат да не се распаднет трибините на сред натпревар, ко од картон им се градбиве...
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Многу е лоша анкетава, можеби Џокович и Мареј имаат најголеми шанси ама ја не би ги исклучил Надал и Цонга.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Сериозни ли се со терениве?
Освен централниот и вториот терен кои и самите немаат којзнае колку седишта, останатите се со максимум 100, а некои дури и со ниедно седиште...
Toj на сликата поголемиот не е централен терен.
Имаш три терени таман, другите како поткрепа се дури и одлични ;)


 

Kajgana Shop

На врв Bottom