Тенисот во Македонија. Игра ли некој тенис?

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Од Радовиш
да само жицата е скинана дали знаеш каде мозе да се поправе и од прикика колку пари.
Ако има некој тениски клуб во Радовиш таму прашај, мора да имаат машина за шпановање. Иначе жици можеш да најдеш од 200 до 500 денари, зависи за каков рекет, за каква игра итн. И уште 200-300 денари работна рака ако ти земе, околу 500-600 денари сигурно би требало да биде.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Што направивте луѓе, играше ли некој на турнирот во Илинден, тој што беше аматерски ? :D
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Го освоив. Сериозно!
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Фала ти Игор, инаку 9 хиљади ми легнаа. :) Добар противник у финале имав и беше интересен меч. :D
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Фала ти Игор, инаку 9 хиљади ми легнаа. :) Добар противник у финале имав и беше интересен меч. :D
До 2 сета добиени, 6 гема по сет се играше така?
Колку играчи имаше на турнирот и дали ќе има и до година па да го браниш насловот :D ?
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
До 2 сета добиени, 6 гема по сет се играше така?
Колку играчи имаше на турнирот и дали ќе има и до година па да го браниш насловот :D ?
Да, во 2 добиени сета се играше финалето, а 6-4 6-1 победив. Инаку имаше 32 натпреварувачи, а за до година и да се одржи пак турнирот нема да играм. :)
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Да, во 2 добиени сета се играше финалето, а 6-4 6-1 победив. Инаку имаше 32 натпреварувачи, а за до година и да се одржи пак турнирот нема да играм. :)
LOL. Имаше некој проблем? Зошто не би играл :D ?
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
LOL. Имаше некој проблем? Зошто не би играл :D ?
Не, немаше некој посериозен проблем ама едноставно не би се нафатил пак да играм само заради лошата организација на распоредот на мечевите!
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Не, немаше некој посериозен проблем ама едноставно не би се нафатил пак да играм само заради лошата организација на распоредот на мечевите!
Да да, знам сигурно би требало цел ден да се чека да дојдеш на ред. И повеќе меча требаше да играш дневно, така? :D
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Ај тоа што се чека во ред е ама не може во еден ден да играш 3 меча (зборам за финалето дента кога го играв), а претходниот ден си изиграл 2 меча и плус многу касно почнаа да се играат мечевите.
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
27
Поени од реакции
19
Дечки, поздрав за темата. Еве сум и јас рекреативец одамна и голем ентузијаст во тенисот :) Почнав да тренирам на околу 14 години ама баталив за време на студии и еве ме сега во врвна форма !

Всушност, овде сум со апел, а и да се пожалам за состојбата во врска со тенисот во Струмица. Значи на времето кога тренирав (пред околу 10ина години и кусур) имаше 3 комплекси од кои еден со 6 терени и сите имаа тренери и функционираа перфектно. Едниот комплекс во аквариус го зеде лош газда под концесија па не му се работеше и го запусти го стори пепел цел комплекс. Терените скапуваат веќе со години, греота е за локацијата среде парк вака да скапува. Едно време тоа беше идеално место за дружење, сега е како ghost court. Па моментално се игра на еден терен и состојбата е очајна. Се чека на ред, се закажува една недела однапред, а простор за нови дечки јок! Ова можеби треба да се препрати до некоја институција, бидејќи како што знам "газдата" кој ги има земено 6те терени под концесија, според договорот со државата мора да ги користи т.е. терените морат да работат. Ако знае некој до која институција да се обратам за случајов би бил крајно благодарен.

Од друга страна, за белјата да биде поголема, од проектот на владата "100 тениски терени" во Струмица сигурно ќе биде изграден 100-иот бидејќи градоначалникот ни е СДСМ. Во Нов Дојран и Стар Дојран се изградени 4 тениски терени од тој проект, а терените нема кој да ги користи. Едниот, во Стар Дојран, е стално под клуч, а локацијата му е катастрофа. На 1-ви мај отидов да играм вечерно време само да наидам на катанец, а патчето по кое се стигнува до него е застрашувачко. На враќање паднав во дупка и си ја искршив ногата и телефон од над 20 000 ден. Бев толку разочаран што ми се уништи филмот и за празникот и за тенисот и пак незнаев до која институција да се пожалам па баталив. Срамота е ова што се случува, затоа нема никогаш да имаме македонски Џокович. Стварно не гледам како странци би го користеле теренот во Стар Дојран(бидејќи сепак важи за туристичко место де). Ако не се искршиш по пат, навистина незнам кому треба да се обрати човек за да ти отклучат да играш тами. Мистерија на годината: Кој е човекот со клуч од теренот во Стар Дојран??
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
игравме пред недела дена, и вечерва пак, во радишани, приватно игралиште на едни луѓе дома им идеш во двор имаат, се фино лепо по пропис направено подлога: земја (нема за двојки)

200 денари од саат, и рекети и топчиња ти даваат, чак што више и идеме од 22-01 ноќта играме...пример 3 другари, по 200 не фаќа (живо џабе) ама форава е што од драчево до таму е 25 км во еден правец и назад 50 упм... а теписонот не ми се свиѓа кај мечкаров... башка и поскап е...пошто 50 денари рекет, 2 саати плус 100 од човек.. праевме рачуница дали е боље за гориво да се дадат парите, или шо знам.. сеа за сеа таму ќе продолжиме да играме 1-2 неделно..

едина алтернатива, како што глеам наназад, илинден, идење враќање 20 км,, и уште чекам да ми врати сашенко, дали и за навечер важат тие цени, и до колку работи... па ќе закажеме некој турнир :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom