Телеком планот им е целосно да дигнат раце од бакар што значи да го заменат со оптика. Да дојде ден кога нема веќе да имаат во понуда интернет на бакар.
Македонски Телеком продолжува со интензивно ширење на оптичката мрежа насекаде низ Македонија. Во делови од Скопје (Аеродром) услугите веќе се исклучиво
www.smartportal.mk
Миграциите, односно префрлувањата на постоечки корисници на Македонски Телеком од старата бакарна телекомуникациска мрежа на новата оптичка телекомуникациска мрежа, се случуваат исклучиво во населени места во кои оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е достапна од поодамна, со ретки исклучоци на улици или станбени згради во кои од неодамна станала достапна.
Во Аеродром се случи серија кражби на подземни бакарни кабли во 2021 година, по што од Македонски Телеком одлучија дека неисплатливо е да се санира предизвиканата штета и да се одржува старата бакарна телекомуникациска мрежа на места во кои веќе има техничка можност за поврзување со новата оптичка телекомуникациска мрежа.
Македонски Телеком цел на кражби и оштетување на опрема
На постоечките корисници на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком им беше понудено да се префрлат на оптичката телекомуникациска мрежа, а на тие кои одбија им беше понудено раскинување на претплатничките договори без наплата на било какви пенали и откажување на услугите кои ги добиваа преку бакарната телекомуникациска мрежа.
Бидејќи непланираната миграција од бакарната кон оптичката телекомуникациска мрежа на постоечките корисници на Македонски Телеком во Аеродром заврши претежно успешно, бидејќи повеќето постоечки корисници прифатија префрлување на оптичката телекомуникациска мрежа, од 2023 година Македонски Телеком планира сите постоечки корисници на бакарната мрежа во населените места во кои постои техничка можност за поврзување со нивната оптичка телекомуникациска мрежа, да бидат постепено префрлувани на оптичката телекомуникациска мрежа, а бакарната телекомуникациска мрежа постепено да се исклучува и да се вади надвор од употреба.
Но ова важи само за местата во кои веќе постои техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, додека во местата во кои нема техничка можност бакарната телекомуникациска мрежа ќе продолжи да си работи, а такви места ги има на голем број.