Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 септември 2016
Мислења
503
Поени од реакции
693
Поднеси ново барање, можеби тогаш немало техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на твојата адреса на живеење, а сега можеби има.

Ништо нема да те чини да поднесеш ново барање, исто како што и техничарите од Македонски Телеком нема ништо да ги чини да проверат на лице место дали има техничка можност.
Baranje se podnesuva samo vo salon ili moze i online ili telefonski?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Baranje se podnesuva samo vo salon ili moze i online ili telefonski?
Вообичаено во салон, телефонски знам дека може за нови корисници, но мислам дека може и за постоечки корисници, а преку Интернет може да се поднесе барање само за нови корисници.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.130
Поени од реакции
549
Што значи поракава од рутерот: Denial of Service incident detected LAN Source on WAN ?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Телеком планот им е целосно да дигнат раце од бакар што значи да го заменат со оптика. Да дојде ден кога нема веќе да имаат во понуда интернет на бакар. :aplauz:

 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.657
Поени од реакции
7.237
Тешко ти 2 пати барав оптика 2 пати ми велат немаме можност.
 
Член од
12 јуни 2022
Мислења
998
Поени од реакции
423
Телеком планот им е целосно да дигнат раце од бакар што значи да го заменат со оптика. Да дојде ден кога нема веќе да имаат во понуда интернет на бакар. :aplauz:

Nema sansi so optika da se pokrie isto kako so bakar toa ke bide pregolema investicija i na nekoi mesta neisplatliva
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.130
Поени од реакции
549
Џабе се фалат кога во повеќето градови или воопшто нема оптика или покриеноста е премала (пример во Струга има во некоплку улици и тешко да има измени во скоро време)
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Џабе се фалат кога во повеќето градови или воопшто нема оптика или покриеноста е премала (пример во Струга има во некоплку улици и тешко да има измени во скоро време)
Кога цела Струга е во Скопје преселена. Најбитното е цело Скопје да биде покриено со непосредна околина, другите градови и села секако постепено ќе дојдат во Скопје.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.501
Поени од реакции
11.570
Телеком планот им е целосно да дигнат раце од бакар што значи да го заменат со оптика. Да дојде ден кога нема веќе да имаат во понуда интернет на бакар. :aplauz:

Миграциите, односно префрлувањата на постоечки корисници на Македонски Телеком од старата бакарна телекомуникациска мрежа на новата оптичка телекомуникациска мрежа, се случуваат исклучиво во населени места во кои оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е достапна од поодамна, со ретки исклучоци на улици или станбени згради во кои од неодамна станала достапна.

Во Аеродром се случи серија кражби на подземни бакарни кабли во 2021 година, по што од Македонски Телеком одлучија дека неисплатливо е да се санира предизвиканата штета и да се одржува старата бакарна телекомуникациска мрежа на места во кои веќе има техничка можност за поврзување со новата оптичка телекомуникациска мрежа.

Македонски Телеком цел на кражби и оштетување на опрема

На постоечките корисници на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком им беше понудено да се префрлат на оптичката телекомуникациска мрежа, а на тие кои одбија им беше понудено раскинување на претплатничките договори без наплата на било какви пенали и откажување на услугите кои ги добиваа преку бакарната телекомуникациска мрежа.

Бидејќи непланираната миграција од бакарната кон оптичката телекомуникациска мрежа на постоечките корисници на Македонски Телеком во Аеродром заврши претежно успешно, бидејќи повеќето постоечки корисници прифатија префрлување на оптичката телекомуникациска мрежа, од 2023 година Македонски Телеком планира сите постоечки корисници на бакарната мрежа во населените места во кои постои техничка можност за поврзување со нивната оптичка телекомуникациска мрежа, да бидат постепено префрлувани на оптичката телекомуникациска мрежа, а бакарната телекомуникациска мрежа постепено да се исклучува и да се вади надвор од употреба.

Но ова важи само за местата во кои веќе постои техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, додека во местата во кои нема техничка можност бакарната телекомуникациска мрежа ќе продолжи да си работи, а такви места ги има на голем број.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.657
Поени од реакции
7.237
Кога цела Струга е во Скопје преселена. Најбитното е цело Скопје да биде покриено со непосредна околина, другите градови и села секако постепено ќе дојдат во Скопје.
И после ќе викаат грците Скопје држава. :D
Далеку сме од префрлање од бакар на оптика, можда за 10 до 15 години.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Далеку сме од префрлање од бакар на оптика, можда за 10 до 15 години.
Да ама ете како што пиша @Dexter26 каде што има можност за оптика ќе нудат оптика и сигурно и оние што се на бакар а имаат можност за оптика ќе им префрлат, мигрираат на оптика.

Додека пак на ново изградени објекти првенствено згради ќе се овозможи опрема за одма при вселување на станари да се приклучат на оптика и на ништо друго од интернет на Телеком за дома и работа користење.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Заборавивме да додадеме дека ќе потрае оваа процедура затоа што треба и дозволи за копање а тоа е подолг период.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
703
Поени од реакции
722
Заборавивме да додадеме дека ќе потрае оваа процедура затоа што треба и дозволи за копање а тоа е подолг период.
Сигурно ќе се оди и со воздушна инсталација преку бандери на улиците каде што има куќи.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.130
Поени од реакции
549
Заборавивме да додадеме дека ќе потрае оваа процедура затоа што треба и дозволи за копање а тоа е подолг период.
Тука си во преаво ама така ако одат работиве со оптикава.....оптика за 50 год ќе добиеме ние што немаме сега хахаха а тогаш којзнае што техниологија ќе има
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Сигурно ќе се оди и со воздушна инсталација преку бандери на улиците каде што има куќи.
Јас одамна беше сум читал дека европска унија налага во многу држави да нема многу бандери и да биде све под земја. Колку е ова точно не знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom