Точно, и се согласувам целосно со тебе. Меѓутоа останува еден многу голем проблем -> конкуренцијата.
Т-хоум (во моментов, и многу години уназад) нема ЗДРАВА конкуренција. Имаат кабелски оператори кои ги има на подрачја ко испрекината линија на автопат во дел кадешто е дозволено претекнување - - - - - - - а за нивните интернет пакети не сакам воопшто и да коментирам, бидејќи чиста 0 се и на тоа поле, и оннет, посвоена ќерка на т-хоум која уште мочка во пелени.
Знаеш, не сакам со главата во зид. Реков и во претходниот пост дека интернетот не им е нај сјаен во моментов, ама знаеш со кои маки се другите оператори? Отвори ја темата за WADSL, прочитај мислења... со денови немаат интернет. Телефоните цела недела не им работат. Телефоните побогу, телефоните.
Дополнување: и јас не сум којзнае колку задоволен со т-хоум во моментов.
1. на лоша парица сум па едвај тегнам преку 4 Mbps а треба 6 Мбпс да имам. Откако зголемија брзини се примети проблемот и веќе 15 дена ги нема да го решат проблемот. Башка што ако се конектирам преку нивниот никаков модем, конекцијата ќе ми паѓа на 10 минути.
2. Пред 1 недела ме мигрираа на Comfort+ и уште ги нема да дојдат да ми наместат опремата. Фактички јас сум на тој пакет цела недела, ама од опремата која треба они да дојдат да ја монтираат ни трага ни глас.
НО! Оннет ги чекав ДВА МЕСЕЦА да дојдат да ми го наместат канопито. За потоа да ми дадат ужасни 512 Kbps кои најчесто ги немав воопшто од што ги имав.
Затоа викам... Т-хоум се лоши. Ама другите се многу-многу полоши. И по некое правило, човек секогаш помеќу 2 лоши работи ја одбира онаа што е помалку лоша.
Ваш избор е на крај краишта што ќе одберете вие, јас само искажувам свој став, мислење и искуство.