Театар или филм

Театарска престава или филм ?

  • Театар

    Гласови: 23 60,5%
  • Филм

    Гласови: 15 39,5%

  • Вкупно гласачи
    38
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Порано од што морав во средно одев во театар некако повеќе ми се допаѓаше да отидам
во кино и да изгледам некој филм. Ама во последниов период некако повеќе ми доаѓа да отидам
во театар и да се изнасмејам до солзи...
Тежок ми е изборот незнам за што да гласам.....ама ипак театарска престава зошто некако преставата има живот, сценско доживување и контакт на актерите со публиката и ќе се одлучам за театарска престава.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
^ Во право си секој има право да прави што сака и да гледа што сака. И во текот на животот ги менуваме вкусовите , но доколку мораш да избереш што би го избрал по приоритетност прво. Вечер би одел во театар попрво или во кино ???
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Отсекогаш театарските престави ме асоцирале на жанрот комедија, бидејќи голем дел од преставите се комедија и затоа така мислам. Доколку сакам да се отепам од смеење би отишол во театар се разбира, а ако сакам нешто акционерно ќе отидам во кино итн. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
^ Во право си секој има право да прави што сака и да гледа што сака. И во текот на животот ги менуваме вкусовите , но доколку мораш да избереш што би го избрал по приоритетност прво. Вечер би одел во театар попрво или во кино ???
Вечерва сум така расположен и би одел во попрво театер
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Театарска претстава дефинитивно :) Сепак колку толку со претставите се зачувува нашата култура и традиција, сепак тоа е наше. Имам гледано доста претстави, преферирам комедии, некој што досега не бил во можност или мисли дека не вредат претставите нека иде во некој од театриве и нека се увери дека и нас не бива за претстави :) Е сега, картите за мене се доста скапи и затоа посетеноста е многу лоша, освен за некоја премиера. 250 денари за карта е стварно многу, за едно семејство, треба да дадат 1 000 денари за 2 саати..

Е сега... нешто што многу ме разочарува во последно време, скоро да нема ништо ново, преработени некои наши стари драми, кои пак вредат да се погледнат, има некои промени со ново сценарио, нешто додадено, нешто упропастено тоа е :D
Обично новиве, се се некои моно драми, прв пат да отидеш во театар да не ти текне друг пат пак да дојдеш :icon_mrgr:

Најголемата трагедија за мене е тоа што наместо режисериви наши да направат некој чекор, да превземат нешто, да се заинтересира публикава, нашиве ги ангажираат актериве за синхронизирање турски серии :facepalm:

Па со што ќе растат нашиве деца ? Со Сулејман, Полат, Ифет ?
Треба да се вратат оние емисии, нормално обновени но со тој карактер како Умни Глави, Дајте Музика. Македонски народни приказни итн...

Затоа театар, барем таму остана нашето :D ТВ никако :icon_mrgr: Кино, затоа што го нема во театар ( Трилер, Хорор) :icon_mrgr:
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Гласав за игран филм поради можностите за гледање театар во Велес. Нашиот стар театар е за никаде. Кога врне на сцената капи вода и ставаат кофа... Сега се гради нов театар, тоа ми требало да е подобро :D
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Го модицирав малце насловот. Попрактично да е. :)

Кај мене театарот секогаш има предност над филмот. Мирисот и духот што го поседува театарот, филмот не може да го замени. Нема снимање на една сцена по 300 пати, актерот импровизира ако се најде во непријатна ситуација и самиот се снаоѓа, има повеќе живост и повеќе реалност. Иако постмодернистичките претстави што го минуваат секое ниво на вулгарност и перверзии во последно време не ми се нешто по вкус, сепак магијата што ја има театарот е далеку попривлечна.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
^ во ред за насловот. А дека има живост, спонтаност во театар дефинитивно. Последна престава што ја гледав пред 10-тина дена беше одлична ,бев на ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ 2012 во драмски.Баш размислив колку енергија,труд , талент, и позитивна енергија треба за еден актер/актерка за да одглуми добра престава.
А околу цената да додадам дека за ученици, студенти и лица до 27 години цената вое театар 50% поефтина :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Гласав за филм меѓутоа како што кажа Смрт за зони и пајак не може да се споредат едно со друго.
И двете се супер, но малце потешко се наоѓа друштво за во театар, а за во кино и сам би одел ако има некој филм што сакам да го гледам :cool:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Театар затоа што е невидена магија, дејството е тука на неколку метри пред тебе во живо. Актерот ја моделира улогата додава, одзема, импровозира. Гледаш монолози и дијалози го слушаш крцкањето на штиците што живот значат. Контактот на актерот со публиката во театар ми е поинтересен и повозбудлив од контактот преку филмот. Неспоредливо е пред тебе да е еден Мето Јовановски, Владо Јовановски, Ѓорги Јолевски во однос кога истиот е на филмско платно. Секогаш театарот ќе ми биде пред филмот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Повеќе сум за театар, затоа што не сум некој филмоман, имам два-три жанра кои ги сакам и 10 филма кои ми се на repeat и ги сакам, ама не сум нешто којзнае колку заинтересирана. Најчесто за тоа што излегло од филм го дознавам или на форумов или од другарки. Едноставно не ме интересира толку, ако ми препорачаат некој филм ќе го гледам, плус некако во последно време и не ме воодушевуваат филмовите општо. А театар ми има свежина, позитивна енергија и како што кажа Hank, импровизацијата е можеби и најубавото што го дава театарот, затоа што ја гледаш способноста на актерот да се снајде во секоја ситуација.
Баш лани кога бев на “Свадбата на Фигаро“, 100 посто сум сигурна дека Сашко Коцев имаше моменти кога импровизираше, затоа што дури и тие што беа со него на сцена се обидуваа да не прснат од смеа, човекот се отвори...:pos:
Театар - жал ми е само што не одам толку често колку што би сакала, што картите претежно им се даваат на фирми, па тешко е да купиш карта ден претходно, мора два-три дена унапред да купиш...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.187
Поени од реакции
107.824
Театар дефинитивно иако поретко ги посетувам од кога појдов на факултет, бидејќи имам помалце време. Голем уживател сум и на филмови но сепак предност ќе му дадам на театарот каде актерот нема право на грешка, или ако згреши мора неприметно да се извади од ситуацијата. Во Македонија има доста квалитетни актери и многу сум задоволен од нив и нивната глума. Досега највеќе ми се допаднала “Сомнително лице“. :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.508
Поени од реакции
33.671
Во нормални услови би одбрал филм, но поради неможностите од театар а филмовите далеку само неколку клика, одбирам театар. 3 претстави годишно гледам и некако ми се премногу слатки, дека се ретки. Нема да навлегувам зошто е подобро, има стотици оскари и награди доделено за глума каде актерот импровизирал сам од себе, а ниту театарот е толку инстант оригинален, има пробни, истата претстава 3 месеци ќе ја изведуваат, итн. Зависи од многу работи, иако во суштина се со иста цел, нудат два вида различни забави, како што театарот има предности имаат и филмовите. Претставава на пример вредеше повеќе од сите 30 последни гледани филмови соберено, беспрекорно горчливо-смешна, инаку да не се разбереме погрешно, Dogville би го гледал 100 пати врз сметка на 1000 театарски претстави. И тоа е една од позитивните ствари, што од филмовите може да вкусиме светскиот квалитет, од театарот "нашето најдобро". Како што реков, и театарот и филмот нудат квалитети од различни аспекти, и таму и онаму има негативности и убави работи, затоа не ги осудувам според квалитет, или незнам импровизацијата како аргумент, туку поради што не сум во можност да идам на театар секоја недела, дека нема театар секоја недела овде. (n)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Во нормални услови би одбрал филм, но поради неможностите од театар а филмовите далеку само неколку клика, одбирам театар. 3 претстави годишно гледам и некако ми се премногу слатки, дека се ретки. Нема да навлегувам зошто е подобро, има стотици оскари и награди доделено за глума каде актерот импровизирал сам од себе, а ниту театарот е толку инстант оригинален, има пробни, истата претстава 3 месеци ќе ја изведуваат, итн. Зависи од многу работи, иако во суштина се со иста цел, нудат два вида различни забави, како што театарот има предности имаат и филмовите. Претставава на пример вредеше повеќе од сите 30 последни гледани филмови соберено, беспрекорно горчливо-смешна, инаку да не се разбереме погрешно, Dogville би го гледал 100 пати врз сметка на 1000 театарски претстави. И тоа е една од позитивните ствари, што од филмовите може да вкусиме светскиот квалитет, од театарот "нашето најдобро". Како што реков, и театарот и филмот нудат квалитети од различни аспекти, и таму и онаму има негативности и убави работи, затоа не ги осудувам според квалитет, или незнам импровизацијата како аргумент, туку поради што не сум во можност да идам на театар секоја недела, дека нема театар секоја недела овде. (n)
По таа претстава имаше уште минимум 10, плус по 3-4 претстави дневно на Ристо Шишков. :D
Често има, само колку сме заинтересирани да се информираме е прашањето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom