Интересен текст превземен од ФБ:
#Досие Карангелевски: Ликвидацијата на Генерал Карангелевски
Генералот што сакаше македонска територијална одбрана
#УДБА Васко Карангелевски (Брусник, Битолско, 7 јули 1921 - Македонски Брод, 3 февруари 1977) бил народен херој на Македонија, првоборец и генерал-полковник на ЈНА.
Васко Карангелевски (1921-1977) е македонски воин, генерал-полковник и народен херој. Роден е во битолското село Брусник, каде што многу рано активно се вклучил и станал член на СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија). Кога се формирал првиот Партизански одред во брусничкиот регион, во 1942 година, Карангелевски веднаш се вклучил во него. Одредот најпрво изведувал помали диверзантски акции снабдувајќи се на тој начин со оружје и со муниција. Младиот Карангелевски посебно се истакнал со својата храброст, па станал командир на чета. Во текот на зимата во 1943 година со баталјонот „Стив Наумов” учествувал во партизанските акции од Егејска Македонија, па сѐ до Козјак. Повторно како истакнат борец и офицер, во февруари 1944 година добил командна функција овојпат како командант на баталјон во Третата ударна бригада. Оваа бригада учествувала во пролетната офанзива по која значително се зголемила слободната територија во Македонија. Од Третата ударна бригада се одделил еден баталјон, кој заминал во источна Македонија. Наскоро на тој терен се формирала Четвртата бригада, a Карангелевски станал заменик-командант. Подоцна истата должност ја вршел и во Петтата и во Седмата македонска народно ослободителна бригада. Крајот на војната го дочекал како командант на Четириесет и деветтата македонска дивизија. По ослободувањето бил офицер со чин генерал во ЈНА. Стигнал до највисокиот воен чин генерал-полковник.
Генерал Карангелевски важел за еден од најспособните офицери во ЈНА (за време на војната, единиците под негова команда ги добиле речиси сите битки). По првиот и единствен Македонец началник на Генералштабот на ЈНА, Михајло Апостолски, генерал Карангелевски бил единствениот македонски кандидат за највисоката команда врз југословенската војска (според тогашниот систем на ротација). Но, не го поставиле. Наместо тоа, бил долго време командант на Скопската армиска област (подоцна преименувана како Трета армиска област).
Карангелевски е офицер кој забележал како ЈНА сѐ повеќе претставува српска армија бидејќи огромното мнозинство офицери (дури две третини) биле Срби. Како реакција на тоа, тој барал единиците на Територијална одбрана да бидат составени само од припадници на републиките во кои се наоѓаат тие единици. Тоа би значело во македонската територијална одбрана да служат само Македонци, идеја која воопшто не му се допаднала на раководството во Белград. Тајно-воената команда на ЈНА (веќе комплетно во рацете на Србите) го поставува Ратко Младиќ, денес добро познатиот српски националист и воен злосторник од босанската војна, за неофицијален командант на Скопската армиска област, кој има сопствена екипа на агенти на КОС во Македонија.
Карангелевски е убиен во 1977 година на падините на планината Караџица додека со пријателите бил на лов. Токму еден од нив по грешка, како што е официјално соопштено, пукал во него и го убил. Интересно е тоа што по истрагата воопшто не е извршено балистичко вештачење на орудијата. Бидејќи убиството го направил близок пријател на Карангелевски, јавноста лесно била убедена дека станува збор за несреќен случај. Околностите на случајот се мошне сомнителни, особено што дел од ловците подоцна се осудени на долгогодишни затворски казни за други убиства. Сепак, до денес нема најави за отворање нова истрага.
По неговата смрт, Младиќ е поставен за командант на Скопската армиска област. Кога избија војните во Југославија, Младиќ беше прекомандуван во Босна. Неговите злодела таму се добро познати.
......................... Досие Карангелевски: Ликвидацијата на Генерал Карангелевски 4
Карангелевски бил запознаен од Тасески за намерите за негова ликвидација, но иако тоа го сваќа сериозно, сепак одлучува да тоа јавно не го манифестира. Водел редовен живот како и дотогаш, бил во постојана комуникација со истите луѓе од неговото опкружување, со единствена намера да војната безбедност открие суштината за неговата ликвидација.
Од страна на Тасески бил предупреден да не се однесува така лабаво и да нема голема верба во безбедносните структури на КОС, од причина што тие во последните неколку месеци, поточно од Јуни месец 1976 година во Македонија поставуваат паралелен Командант на КОС за Македонија, тоа го прави српското генералско крило на ЈНА. Најголема верба српските окупатосрки власти полагаат во Ратко Младиќ кој има поставено добра агентура во Македонија, ги знаел сите слабости на својата агентурска мрежа, а која воедно била блиска и до Карангелевски, и тоа добро го користи. Карангелевски на десетина дена во 1976 година патува за Љублјана во Клиничкиот центар во посета на свои пријатели, и во тој вакум простор на неговото отсуство се донесува одлука за операцијата „РУДИШТЕ 2“, или во превод, Рудиште војно име за Охрид на бивша СФРЈ, а 2-ка, има значение за ликвидација на две личности,Тасески и Карангелевски.
Знаеќи да Карангелевски бил голем љубител на Ловот, паѓа одлука да истата ликвидација се спроведе на Лов, а сето тоа да наликува на несреќен случај, а за се заташка целата работа потребно била соработката на Полицијата и одредени Судии кои трабало да ја потврдат приказната са самоубиство или несреќен случај. Ги користат ресурсите на нивната поставена агентура, олицетворена во тогашни Управници на Угостителски претпријатија во Охрид, како и докажани шпиуни –оперативци, кој биле спремни за одредена парична надохнада и братот да го жртвуваат. Таквата операција на крај ќе се покаже како успешна.